dzip-baner

za-mariovo

mariovo-mapa-golema

istorija-na-mariovo

destinacii

pesni-od-mariovo-golema

crkvi-i-manastiri-vo-mariovo

itar-pejo

FacebookTwitterRSS Feed

Прочитајте повеќе за...

Најди во Мариово

Custom Search
 

За Мариово

Мариово е лоцирано во јужниот дел на Република Македонија, долж средното сливно подрачје на Реката Црна, од сите страни заградено со пространи планински масиви: Ниџе и Кожуф од југ, Селечка Планина од запад, Дрен Планина од север и Козјак со ограноците на Кожуф Планина од исток.

 

Границите на Мариово, главно се движат по сртовите на споменатите планини и се наоѓа помеѓу 40° 32' 56" и 41° 15' 07" северна географска ширина и 22° 32' 56" и 22° 04' 15" источна географска должина.

 

Во овие свои граници просторот Мариово спрема некои автори зафаќа површина од 1.038 км2 и претставува 4% од вкупната територија на Република Македонија, со просечна надморска височина од 700-1000 м.

 

Во опишаните граници на регионот биле често населени повеќе од над 40 населби од кои денес и неколку не постојат под ударот на турските зулуми, миграцијата, емиграцијата и суровите услови на живеење.

 

Денес во Мариово ги нема селата: Трново, Врпско, Гудјаково, Петалино, Клиново, Туманово, 'Ржаново, Костеново, Лешница, Лисец, Сатока, Црничани, Мелница, Пешта и Калиште.

 

Денес во Мариово постојат (односно живуркаат) следните населби: Вепрчани, Витолиште, Бешиште, Живово, Дуње, Кален, Кокре, Крушевица, Манастир, Пештани, Полчиште, Чаниште, Брник, Будимерци, Градешница, Зовиќ, Ивени, Маково, Старавина, Рапеш, Орле, Груниште, Рожден, Галиште и Мајдан.

 

Споменатите населби спрема народот на Мариово се простирале во Горно и Долно Мариово. Па и самите Мариовци така се нарекувале.

Посетители

Имаме присутни 68 гости и нема членови

Links

macedonia-logobitola-tourist-logobesiste logomakedonska-riznica-logowhat-is-logo