Zovik Most

На местото на сегашниот Камен мост, до 1950 година постоел дрвен мост кој не бил многу сигурен и бил тесен.

Според кажувањето на селаните, мостот се преполовил под товарот на еден локален селанец (Трајкоски Велко), кој преку мостот водел претоварена воловска кола. Кога стигнал до средината на мостот, истиот се преполовил и Велко заедно со колата и воловите паднале во реката. За среќа во воденицата под мостот биле и воденичарите кои веднаш истрчале и ги извадиле Велко и воловите.
Велко бил однесен во болницата во Битола, и покрај сериозните повреди преживеал и со одреден степен на инвалидитет доживеал и длабока старост.
На местото на стариот дрвен мост, селото решило да го изгради постојниот камен мост, со цел повторно да се обезбеди комуникацијата со другата страна на реката.
Со залагање на месното население и колективите камениот мост бил изграден во 1955/6 година. Мајстор бил извесен Ѓуладин или Џуладин по потекло од село Лабуништа, струшко, кој заедно со своите работници живееле во селото додека се градел мостот и секоја куќа имала за задача одреден период да се грижи за нив.

most s zovik 05

Мостот во 80-тите години на XX век. фото: Благоја Стојановски


Иако целото село носело камен за да се изѕида мостот и биле донесени многу дрва и цел мост бил шелуван, истиот не бил довршен од страната на с. Зовиќ. Така мостот останал недоѕидан подолго време, со што врз него се појавиле поголеми оштетувања, и повторно се појавила опасноста од негово рушење.

Мостот се вбројува меѓу најубавите архитектонски дела во Мариово. Изграден е од камен, односно делкани и приделкани камени блокови. Има лачна форма и прилагоден е на конфигурацијата на теренот.  Во долниот дел во непосредна близина на реката од страната на селото Зовиќ изградена е Воденица, која населението ја користело за мелење на житарици. Воденицата е изградена од камен и била покриена со камени плочи.

most s zovik 02

most s zovik 03

Живописот со приказот на свети Ѓорѓи датира од поново време, односно од 1925 година која е испишана заедно со имињата на дарителите.

most s zovik 04

Сместен е во правоаголна насликана рамка која во горниот дел завршува лачно. Рамката е насликана лента од три линии; во средината црвена која е најширока и е ограничена со потенка бела лента од внатрешната и црна од надворешната страна. Централно поставена е фигурата на свети Ѓорѓи на бел коњ и со развиорена црвена наметка како го убива аждерот. Фонот е обоен со светлосина боја. Во долниот дел на фонот претставен е карпест пејсаж. Во горниот дел на фонот со црковно словенски испишана е со бела боја кратенка од името на светецот - Велико Маченик и цело име Ѓеорѓи. Живописот на карпата е реставриран  во 2006 година од НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола.

zovik most pano 01 thВИРТУЕЛНА ПАНОРАМА

Воодушевен од убавината на мостот, најпознатиот македонски режисер Милчо Манчевски, сними дел од својот филм „Прашина“, токму на ова место.

zovik most pano 02 thВИРТУЕЛНА ПАНОРАМА

zovik most pano 03 thВИРТУЕЛНА ПАНОРАМА
Под мостот на една висока карпа е насликан светецот Свети Ѓорѓи, како еден вид на остаток од црквичето кое постоело таму.

contentmap_plugin

Мапа на Мариово

mapa na mariovo

Настани во Мариово

itar pejo kalendar na nastani th

4х4 Екскурзии низ Мариово

Откријте ги големиот број на живописи локации преку незаборавни 4х4 екскурзии низ Мариово Повеќе информации...
Топ Дестинации

Топ дестинации во Мариово

Топ Дестинации

Лековити растенија

Билки и лековити растенија

Лековити билки

Мапа од Мариово

Најди на мапата

Мапа

Песни од Мариово

Песни од Мариово

Песни од Мариово