Cebren

Во минатото манастирскиот комплекс Чебрен бил еден од најбогатите и најпознатите во Мариово и пошироко. Неговата поволна стратешка позиција и фактот што во Мариово за време на турското владеење немало исламизација на населението, го направиле еден од најбогатите во Македонија.

chebren mariovo 02

Скица со реконструкција на изглед на средновековниот град Чемрен со обѕидието зајакнато со неколкуте кули.

Booking.com

chebren mariovo 02 01

Карта од 1890 г со Манастир Чебрен и некои од поважните патишта во тоа време

Ова може да се забележи и преку темелите на стариот манастир Св. Димитрија (XV век), кој во тој период бил со импресивни димензии, а од него останал само олтарниот дел, кој денес е вграден во новиот објект. Во своја сопственост манастирот имал воденици со 12 воденички камења, многу стока, ниви, ливади, големи површини со шуми и пасишта.
Според пишаните документи манастирот во XIX век имал и свое ќелијно училиште на старословенски јазик. Во ова училиште се подготвувале свештеници и учители за другите мариовски села.

chebren mariovo 03

Остатоци од мостот на Црна Река во близина на манастирот

chebren mariovo 04

Камени скали до утврдувањето на ридот.

chebren mariovo 05

chebren mariovo 06

Остатоци од Св.Димитриј пред реконструкцијата. Фотографии од 1980 г

chebren mariovo 07

Влез во манастирот

chebren mariovo 08

Св. Димитриј
Во близина се наоѓа и црквата Св. Спас, помала црква позната по своите фрески кои датираат од XVI век.

chebren mariovo 09

Св. Спас

Како до Чебрен

Комплексот Чебрен е лоциран по течението на Црна Река на 5,5 км од с. Зовиќ. Пред селото се скршнува лево и се вози приближно 1 ч по пат наменет единствено за теренски возила. Втора варијанта претставува прошетката низ живописната природа, која зависно од временските услови трае приближно час и половина од с. Зовиќ.
Манастирот го слави Ѓурѓовден (5 и 6 мај) кога во него се собираат приближно 200 посетители. Располага со конаци со капацитет од 12 легла, гостинска соба и кујна, а осветлувањето е со агрегат.
Во согласност со црковниот одбор на с. Зовиќ, можни се организирани ноќевања.

 

cebren_360_th

VIRTUAL Panorama 360

 

contentmap_plugin
Booking.com

Мапа на Мариово

mapa na mariovo

Настани во Мариово

itar pejo kalendar na nastani th

4х4 Екскурзии низ Мариово

Откријте ги големиот број на живописи локации преку незаборавни 4х4 екскурзии низ Мариово Повеќе информации...
Топ Дестинации

Топ дестинации во Мариово

Топ Дестинации

Лековити растенија

Билки и лековити растенија

Лековити билки

Мапа од Мариово

Најди на мапата

Мапа

Песни од Мариово

Песни од Мариово

Песни од Мариово