ТОЛЕ-ПАША - ВТОР TOM - СТАЛЕ ПОПОВ

Уредник ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ
НИК „НАША КНИГА"
СКОПЈЕ 1976.

ТОЛЕ ВОЈВОДА
Преку Вепрчани и Гудјаково Толе прејде преку Црна уште истата вечер, и веќе се советуваше со Риза Ушков во Врпско на кој начин да се набави што повеќе оружје.


—    Така, браќа, така. Ќе и мешаме капите со агите, шо' ќе и мешаме, ами гледајте прибирајте понекое пусатче да ви се најде, — им зборуваше Толе па Врпчанци, Жиовци, Витоливци, Полчивци и другите селани од неговиот реон, покажувајќи им ја својата куса малихера, накована со жолти черечиња и половини лири.
И навистина, уште истото лето од секое село беа одредени по два тројца луѓе и отидоа в поле, на жетва, со аргатите по разни турски чифлизи. Тие фатија „трговија" со полјаците, ќаите, та дури и по понекој чифлигар и сите се вратија со по една две пушки, а потоа продолжија со „трговијата".
—    Та за што ти се, Митре, тебе две три мартинки? Да не мислиш да бркаш валијата од Битола? — некако се приближи до вистината Раиф Ефендија од Дедебалци кога Митре Гулев му се довери и побара да му најде некоја и друга мартинка за „добри пари".
—    А бре, Раиф Ефенди, јас ни су го бркал, ни ќе го бркам валиата, ни кадиата, току најду будала луѓе од нашите; даваат по некоа и друга лира за тие 'рѓосаните железа, та науми и така слегу овдеа, да се прицна до тебе, ако сакаш да ми помогнеш, не правиш лошо. Да зема и јас некоа лиричка со лесно. He гледаш, со работа тешко се вадат тие пустињи, та затоа и те прашам и моља ако имаш некој приател, земи и ти на твое име, прибери и, та ќе се врата по некој пазар и друг, ќе и прибера и ќе ти и броа паричките. Земи и ти некоа за заметот, та валиата и кадиата нека не се плашат. Сигурно на ниј нема да пукнат. Знајш какви се нашите кршоборци. Се скарале, се сќорлиле околу жените и ајде — за пишчоли. Ете зашчо му требаат, да се петелат еден на друг. Токо, тие нека си и вадат очите, па ако сакаат и нека се истепаат, ами ние да си земиме по некоа паричка кога има будали — го кандисува Гуле Раифа и одвај чека да го слушне понатака.
—    А велиш, по две лири за мартинка и по лира за кокинка ќе дадат? — поомекна Раиф и веќе си замисли педесетина лирички во ќесето за продадените педесетина мартинки, што ќе ги купи од Остречани по лира, а Митре ќе му ги плати по две, та дури и во таа „трговија" ја виде и помошта на валијата и падишахот, оти христијаните сами меѓу себе ќе си ги вадат очите и ќе се тепаат.
— А бре, ако сакаат да имаат добри пушки, ќе дадат. Ако не дадат, нема да се кокорат кај мариовките, — го убедува Митре Раифа и уште на кинисување завитка две мартинки во сакмата и му ги товари на куцото магаре, та ги однесе во Градешница. Едната ја задржа лично за себе, а другата му ја теслими на Гуцето — селска да остане.
Во вршидба време отиде во Битола со десетина селани и на излегувањето сите изнесоа по две три.
Раиф ефендија си достоја на зборот. Рифат од Острец над Битола се соортачи со Расима и ги прати неговите качаци некаде по Арнаутлакот и тие за неколку дена донесоа секој по две три пушки, купени по половина лира или опљачкани од колибарите; Рифат му ги продаде на Раифа по лира, a овој на Митрета по две.
Тргуваа луѓето со што можеа; Раифа не го гризеше совеста што продава пушки на христијанин. Тој тргуваше со нив како Јаков Евреинот со јагнешките кожи.
Трајко Бешот пак, потера две крави и еден вол за Воден и ги понесе стоте Толеви лири да побара оттаму некоја грчка берданка. На патот за Сабоцко преноќева кај Горѓи Ѕерѕев во Пожарско и го ополномошти да побара од Мегленијата десетина — дваесет, та кога ќе се врати да ги преметне преку Кравица.
Ѓорѓи беше „купил" дваесет берданки таканаречени „гра" и цел сандак фишеци, му ги теслими така заковани во долги сандаци, уверувајќи го Трајка дека се нови од фабрика и Трајко му ги даде стоте лирички — шеесет за берданките, четириесетте за фишеците. Шака не е. Нови берданки за по три лири кој ти дава?
Арно ама, кога ги раскова дома сандаците имаше што да види. Место берданки, Трајко најде суровици, измешани со стари палечници — да тежат, а место фишеци — сандакот беше полн со песок.
—    Бога, душа, пушки ми покажа тој пес Етим од Сабоцко, — се правдаше сиромав Ѕерѕе пред Толета кога овој на пладнина му отиде в село да си ја види сметката.
—    Затоа ли јас и собира тиа лири, да ми продаваш мене суровици и песок? — грмеше Толе на сретсело и тука пред сите селани му тргна на Ѕерѕета еден куршум од својата манлихерка, та слезе со другарите дури во Сабоцко да си ја види сметката и со Етима што му ги продал пушките на Ѕерѕета.
Етим беше си ја имал мувата на капата и беше се засолнил дури во Солун, та Саботчани имаа задоволство да се огреат вечерта на неговата кула, а чифчиите таа ноќ имаа гости на неговиот чифлик во Биџова маала. Толе ја запали и оваа Етимова кула и собра што можеше да се тера нагоре. Преметнаа сега наваму од Кравица стотина — двесте овци, десетина говеда, коњи, магариња, а Бешот ги отера со пет шестина селани во Прилеп и ги натокми стоте лири што му ги зеде Етим со измама.
—    Co зорт и мака се печалени и ќе одат тамо каде му е местото, — зборуваше Толе кога Бешот ги донесе парите од продадената Етимова стока.
—    Ќе и пратиме во Софија да се купат манлихери, како ваа моата, — предложи Толе и така направи Трајко.
Толевите двесте и педесет, и уште толку собрани од цело Мариово, му ги теслимија една вечер на секретарот на Толета — Шаќира и овој се преоблече во мариовски алишта и, со пушката под сакма, со пазарџиите отиде во Прилеп.
—    Овие пари, петстотини лири, ми ги дадоа Трајко и Толе да ви ги предадам за пушки — им рече Крсте на Грабула, Бајракот и брата му Алекса и им го подаде црното шамивче во кое беа врзани.
—    Бравос, бре мариовци, — извикаа сите тројца и ги прибраа парите, а Крстета го одведе Бајракот кај Алимасковци да преденува, па вечер да го испратат назад во четата.
По излегувањето од Алимасковци, Бајракот се наврати кај Бабовчето и овој го внесе во визбата да му соопшти некаква новина од Мариово. Се зачуди Алекса кога во визбата го виде Јована Ѓуров, кој таа пролет се врати од Бугарија и се придружи кон Толевата чета.
—    Каде е Шаќир, чичко Алекса? — го праша Јован Бајракот.
—    Зошто ти е Шаќир? Од каде идеш ти, Јоше? — се чуди Бајракот.
—    Имам нешто важно да му пренесам од војводата, — му одговори Јован и почна да го моли да го стави со Шаќира.
Колку да му беше сомнителен во прво време, сепак се реши да го одведе, да му ја пренесе наредбата од војводата, за која Јован рече дека му е речено лично на Крстета да му ја пренесе.
—    Добро, — одговори Алекса, — иди по мене назорум, ќе те одведам — и тргнаа: Бајракот напред, Јован по него на десетина петнаесет чекори, убедени дека никој не ги виде.
Кога Алекса влезе во бакалницата од Алекса Бабовчето виде полно селани — Мариовци. Се поздрави скоро со сите, пријателски, како со свои луѓе и не забележи дека еден средовечен човек во нови алишта необично го погледна. И кога Бабовчето стана од пангото и го воведе Бајракот во визбата, овој ја заврте главата и потскришум се насмевна, мислејќи си во себе:
„Аха! Вистина ќе биде шо ми велеше мудурот. Требе тука да му е врталишчето на виа грацките кумити шо сакаат да не запустат" — и почна да му реди на Пецето Бабовско разен бакалак: две оки шеќер, полока кафе, стодрам црвен пипер, една вреќа сол, тенеќија газија итн. дури Алекса, Бајракот и Ѓуро не излегоа од визбата. Кога Петко (така се викаше селанецот во новите алишта) го виде самиот Ѓуро јасно му стана дека го' погодил местото каде да ги бара „дивите" в град. Набрзина ги нафрла работите во торбата и ја остави до вреќата со солта и тенеќијата со газијата и му рече на Бабовчето да постојат тука додека да го продаде сирењето, да земе пари, да му ги плати.
Алекса не се изненади, а Петко излезе веднаш по Бајракот и Ѓура та и тој назорум тргна по последниов на пет шеесет чекори. И сега Бајракот напред, по него Јован, a пo Јована Петко.
За да не предизвикаат некакво сомнение, ниту Бајракот, ниту Ѓро се обѕрна назад. Дури кога дојдоа на ширината пред Вандевци, каде што се продаваа воденички камења, Бајракот се заврте и му стори ишарет на Јована да побрза. Во тоа време околу камењето се врткаше мариовец и ги разгледуваше двата камења, еден горни, еден долни и потскришум ги гледаше двајцата како си даваа ишарет; но не му дадоа никакво значение.
„Воденичарот" ги остави камењето што ги гледаше и дојде на горниот крај од ширината, откаде се гледаше уличето по кое одеа Јован и Алекса и почна да се вртка околу друга група камења, но не ги пушти од око двајцата.

Ha портата од Алимасковци се слушнаа три одмерени удари... а преку дворот женски налани. Се доближи стара жена до левата пола од старата искршена порта и погледна низ пукнатината. Го позна Алекса, та без да испушти ни збор, ја отвори едната пола и овие влегоа, a пo нив портата се затвори.
—    Ти водам уште еден, бабо Цвето, — промрмори Бајракот и веќе ја отвараше вратата на малото куќарче од Јордан Алимаска, кое одвај се држеше плитар на плитар.
—    Добредошол, добредошол, само дали не ве изварди некој — одговори бабата, влевајќи по Ѓура и потскришум кршејќи ги зглобовите на сувите прсти.
—    Белким не — ја утеши Бајракот и седна на миндерлакот во „убавата" Јорданова одаја, па и се обрна на старата:
—    Викни го нека излезе побратимот, го бара еден од неговите.
Бабата влезе во тесниот дреалник, a пo минута две излезе со Крстета заедно.
—    Сабаларолсун, Шаќирефенди! — го поздрави Алекса Крстета по турски и му го покажа Ѓуровчето со глава:
—    Те бара побратимов Ѓуро.
И Шаќир како Бајракот не малку се изненади кога го виде Ѓура в град, но овој веднаш им ја објасни работата на обајцата:
—    Me пратиа војводата и Бешот да и донеса и виа пари; — и бркна во пазамарката од мариовската кошула, та извади и тој црно шамивче и му го подаде на Шаќира.
—    Одврзи и брои. Ми рекоа оти токму сто се. Да и пратите и ниј во Софија за пушки. И донесле откако тргна ти; да не ставаат две праќања ми и дадоа да и донеса.
Шаќир ги одврза, ги преброија двајцата со Бајракот и Шаќир му ги теслими и нив на овега, кој стана и си излезе, ветувајќи им на Толевите четници дека вечер ќе им испрати човек да ги изведе од градот.
Шаќир и Ѓуро удрија на шаки и смев, спомнувајќи си некои приклученија од комитскиот живот, а особено за Толевите односи кон жените.
—    Се поправи, море, откако го втеравме во Организацијата, — констатира Шаќир како на фалба, бидејќи тој го кандиса Толета да го напушти арамилакот и да се придружи со нив.
— Mope, в'кот домаќин и Толе поправен, токо нема каде. Ќе го видите ако бидете живи — сомнително одговори Ѓуро, познавајќи ја слабата страна на Толета. — Гледаш? токо напиња да а земеме Миша со нас. He му се седи без женичка и во планината. А и таа ороспија! „Ќе ида, вели, кај ќе умре он — нека умра и јас". Ама мерак, мајкатааа! Нишчо живо не сакаше да остане со Неда моа во Софија. Mope шо и сториме и јас, и Неда. He, бре брате! „Без него не седа, — вели, — па цела Софија и цела Бугарија да ми а аризате". И... виду — не виду, а испрати и, ете а, како на трн седи кај браќа и во Витолишча.
 И пушка мора да и купа и и купи исто како неговата — куса.
—    И ја пренесе преку граница?
—    А пренесла, бре, болка да а отепа, кој знае како не а ватиа?
—    Mope, жена јуда, што викаат старите. Ги заслепила агите, потиснала некој онбашија, му намигнала на некој чауш, и тие сиромаси заслепеле, та и топови да носела ни ги видувале; — го заврши Шаќир разговорот за Митра и пак почна со други шеги.
„Воденичарот" ги разгледа камењето, ама виде и луѓето каде влегоа и, веднаш по нив и тој помина гope по уличето, убаво запомнувајќи ја искршената порта од Алимасковци.
„Аха! Сега ќе ве сошиа јас вас со самарната игла, токо чекајте! Ќе видете вие како се јадат Петкови брави и јаловици, срце ќе ве изеде!" — си пробрбори Петко за себе и забрза да излезе на Битолско џаде.
Како нарачан се испречи пред него еден заптија и Петко го запре на сред улица:
—    Ефенди, ондеа во една порта сега влезе еден кумита.
—    Кумита? — подрипна заптијата и се фати за пиштол.
—    Кумита, кумита, токо бргу сардисајте а куќата да не се премести некаде да ни откине. Бргу, јас ќе постоа и ќе поварда.
Заптијата летна по улица нагоре и за неполни десет минути се врати со десетина другари и Чами чауш, оној истиот што го бркаше Толета со Митра.
Петко ги поведе назад по уличето им ја покажа портата од Алимасковци и пак отиде да се шутка кај воденичките камења.
Чаушот нареди да се сардиса куќата од сите страни, а еден од заптиите прати да го известат муљазимот и кајмакамот.
И токму кога Шаќир му направи на Ѓура една таква смешка, од која овој се закикоти, железото на портата почна силно да тропа, а на ниското каленце се навртоа пет шест манѕери кон малото куќарче.
Бабата Цвета како без душа дотрча и се појави на вратата, но кога ги фрли очите во портата и каленцето, имаше што да види: — навртени цевки од пушки.
—    Теслим, бре ќерата, — извикна Чамичауш, слушајќи ја вратата што се отвори.
Бабата се заврте назад и сакаше да влезе во одајата, каде што се смееја Шаќир и Ѓуро, но тие веќе беа нарипале од тропањето на портата, а гласот од чаушот ги запрепасти.
—    Сардисани сме? — испушти Шаќир прашање кон бабата.
—    Така ми се чини — одговори затресена таа и почна да шетка низ малото ходниче.
—    Ами чаре? — изусти и Ѓуро.
—    Чаре, низ малото вратниче ако можете да излезите — ги опомена Цвета и летна пред нив да провери дали е слободна таа страна.
Но штом го одгрна вратничето и оттаму се слушна оној ист глас како од чаушот:
 —    Теслим, бре ќерата! — и бабата се тргна назад, плашејќи се да не ја фати куршумот ако запукаат заптиите.
Јован и Шаќир застанаа на сред ходничето замајани.
—    Ами сега? — почнаа да се прашаат еден со друг.
—    He предадоа виа пци за парите, — промрмори Јован, сомневајќи се на Бајракот и другите, од прилепското раководство.
—    He ќе бидат они, Ѓуро. Мене не ме фаќа умот тие тоа да го сторија. Толку повеќе што и брат ми Алекса е во нив. Ова ќе биде селска работа, — се приближи Крсте до вистината.
—    Кој да е, откаде да е, ама ние сме, ете, в стапица! Думај шо да правиме. Ќе се теслимиме или ќе се браниме? Кажувај побргу! — почна Ѓуро да бара совети од Шаќира, кој како секретар на четата требаше да измисли нешто.
Во тоа време портата уште посилно затропа и дебелиот глас од Чамичауш пак се слушна:
—    Излевај, бре ќерата, дури не сум дошол да ти сокршам коските!
Но место одговор, од малото пенџерче на Алимасковото куќарче грмна манлихера и куршумот ја продупчи старата дабова штица на портата и се сплеска во дебелиот клинец и неговата широка глава; падна пред Чамила. Среќа негова. Да беше на сантиметар лево или десно, со првиот куршум ќе настрадаше.
—    А, така ли е работата? — се провикна искусниот чауш и го фати каленцето крај неговите заптии и издаде заповед.
—    Атеш чуџуклер;" ) — и сам ја наврте манѕерата кон прозорецот откаде пукна Крстевата манлихера.
Заптиите истурија еден залп. Куршумите просвиреа над главите на Шаќира и Јована и удрија во ѕидот во одајата, а тие што не погодија во прозорецот удрија во болмето под него и околу него, и од секој куршум се отвори по една дупка колку човешка глава да се протне.
—    Ами сега? Оваа пустиња не ги држи куршумите. Ќе ја издупчат агите и ќе не видат, — се притапка Јован и ја кладе и тој својата манлихера на една од дупките.
—    Сега? Што сега! му се врекна Шаќир. — Гледај да ги продадеме кожите поскапо. Тоа е сега. Да оплескаме барем тројца аги, да не бидеме на зијан — му одговори Шаќир и почна да стрела.
Се заврза сражение.
На првите истрели се збуни целата полиција, а и заптијата веќе беше ги известил муљазимот и кајмакамот и овие трчаа со сите заптии и оружани слуги што ги имаше по Прилеп. За час опсадата зеде големи размери. Стотина заптии ја обиколија целата маала, а веќе кај Алимасковци затреште и првата бомба што ја фрли Шаќир.
—    Слушај, Ѓуро — му вели Крсте на Јована. — Ова, ќе се умира што ќе се умира, ами гледај лежи право со главата кон куршумите да не не погодат некаде на друго место, та живи да не печат. Вака, в глава, на место, ќе си останеме, да не тргаме маки и јадови.
И продолжија да стрелаат обајцата насменка.
Куќарчето веќе го изрешетаа заптиите на кои им се придружија и сите Турци што имаа оружје; слободно можеа да ги видат дека се само двајца. Се обидоа двајца заптии да го прескочат ѕитчето и да им се доближат до прозорчето, но паднаа смртно погодени од двете манлихерки.
Значи, овие не се шакуваат, — се замислија кајмакамот и муљазимот и наредија да не се прескака.
—    Ќе ги држиме сардисани дури да ги изгорат фишеците, па око не се теслимат, тогаш ќе им влеземе и живи ќе ги фатиме, или најпосле, ќе запалиме куќава и бити вајде — донесоа решение заповедниците, а веќе и самиот бимбашија од кашлата пристигна со целиот табур војска од пет шестотини души.
Се пристапи кон преговори:
—    Теслим, бре пезевенци, што кршите жегли уште, кога гледате оти сте во стапица! — викна самиот кајмакам и им се кажа кој е.
—    Ако теслимите, ете јас кајмакамот прилепски, ви ветувам дека нема да бидете расипани. Ќе одведам Битола, лично јас, жими вера, и ќе предадам на валијата. Таму правдајте се пред него како знаете.
—    Да се предадеме, Крсте, белким ќе ги спасиме, главите, — почна да настојува Ѓуро, гледајќи ја здравата опсада.
— А бре, да се предадеме. Лесно е за предавање, но срамно ќе умреме — почна и Шаќир да се колеба.
—    Јас вела да се предадеме, лели запиња толку и се к'ни кајмакамот оти тука не не дава да не расипат. А тамо, во Битола, пред валиата и кадиата белки ќе измајсториме нешчо. Ќе се растрчаат нашите луѓе, со пари, со молби, ветувања, не е чудо да не осудат на затвор. А ти а знајш наа народната: „Од роб се излегуа, ама од гроб никогаш".
—    Кој знае! — се чуди Крсте и ја врти главата, ама и него го поколеба народната поговорка. Па како да се присети нешто се обрна веднаш кон Ѓура:
—    Најпосле, нека биде на твоето. Еве да се предадеме, но ќе треба уште овде да се договориме како ќе се браниме на судот; барем едниот да излезе надвор и да им објасни на војводата и раководителите дека не сме криви и како попаднавме во оваа клопка. Ајде да се фатиме кусо долго кој треба да биде прав, а кој крив пред судот, — предложи Шаќир и веќе скина од метлата две сламки — една подолга — една покуса и ги стисна во раката:
—    Ајде, тегни, подолгата е живот — покусата смрт.
—    Значи, кој ќе ја извлече подолгата, подолг му бил животот, а кој ќе ја извлече покусата — покус, а?
— Така, тргај сега, па после ќе го кроиме планот за одбрана, — рече Шаќир и му ги подаде стиснатите сламки.
Јован се затресе целиот. Раката се подаде и двата прста ги фатија обете сламки, но тој не оптегна веднаш да ја извлече едната. Се возбуди силно и во себе си помисли: „ситна работа — сламка, од која зависи еден живот". Долго се мисли. „Ама ако ја извлечам покусата? Страшно го штрекна главата, а нозете почнаа да му се тресат.
—    Тегни де, што си се затресол? — го прекори Шаќир. — Неоти ако не тегниш ќе ја остават агите главата? Вака може и да ја спасиме барем твојата та мојата иако отиде.
Јован замижа и оптегна. И кога ја погледна сламката, длабоко воздивна, како тежок товар да му се симна од грбот.
—    Е, твој бил такциратот, — рече Ѓуро со леснина на душата, ама и срам во очите пред верниот другар.
—    Мој бил, мој. И не срами се. Ништо ти не си крив тука. Може гледа господ? Ете, ти досега немаш расипано човек, лели?
—    Немам, одговори Јован — и не мисла да расипуам дури можа со друго средство да се служа.
—    Добро, добро. Ете, крвта од оние јас што ги имам расипано може да ја бара и мојата крв. Правдата нека се задоволи и по овој пат, — рече Шаќир и се помири со судбината што му ја реши една сламка од метлата на бабата Цвета.
—    Ceгa крој го планот ти како да излезиш пред судот прав, a јас крив. Мисли, бидејќи јас сега нема што да мислам, осем ка смртта.
Јован се поразведри и почна да мисли како да се претстави оваа нивна ортачка работа. Почна да си шепоти сам за себе разни неврзани зборови:
Најпосле го праша Крстета.
—    Ќе ги земиш ли ти сите кривици на тебе?
—    Што, да не ми тежат ако измисли многу? — место одговор му постави Шаќир прашање.
— He. Туку да не речеш „јас тоа не го направив, а Јован сака да ми го товари на правда бога".
—    Остави ги тие марифети сега, ами мисли како ќе излезе за тебе најзгодно.
—    Тогаш вака ќе направиме: Јас ќе ја претставам работата дека слегов в град да и се пријавам на власта оти си дојдов од Бугарија. И така бргу сум дојден, та ќе ги убедувам агите оти не сум ни бил в планина.
И ќе речам дека навратив кај побратимов Јордана да се одморам, а ти дојде да ме бараш и да ме заколиш како шпиун. Мислам дека ќе фати оваа боја, а?
—    Убаво си ја скроил. А кога ќе те прашаат за четата, Организацијата?
—    Се знае — ѓормедум. Јас ништо од тие работи не знам. Бев во Бугарија полјак во Бурилово, крај Софија, ама и таму ме запашкаа овие Шакировци, та побегнав да се запазам во својот роден крај.
—    Мошне убаво. Чок ѓузел, што велат аште. Така нека биде. Ете јас ќе речам дека дојдов да те колам. А за другото понатака лесна работа. Ти ќе кажуваш дека ништо не знаеш, а јас ќе тврдам дека ти си осуден од комитетот на смрт како шпиун и мене ми падна лотата да те убијам.
—    Се убаво, ама оваа пустиња? — се обрна Ѓуро кон Шаќира и му ја покажа пушката.
И нејзе ќе и го најдеме чарето. Бабата Цвета ќе ја суреди. Итака пукавме на смена, и ќе речам дека само мојата пукаше, — го 'ослободи Шаќир Ѓура и ја викна бабата Цвета, та и ја предаде Јовановата манлихера, а оваа ја смести во сурмето на малото вратниче, каде уште во ѕидањето имаше резерва место за една пушка зад сурме.
Кајмакамот пак почна да вика за предавање. My се придружија муљазимот и бимбашијата; Шаќир врза на пушката едно бело шамивче и го подаде низ прозорчето.
—    Браво, браво, а така де! — повикаа во еден глас сите тројца заповедници кога го видоа белото шамивче и зачекаа да се појават комитите на вратата и да се предадат.
Но во тој момент се истури залп од десетина пушки од аскерот. Шаќир се тргна од прозорецот со продупчен ракав над лактот од еден куршум и почна да вика и псуе:
—    Таков е значи вашиот збор кучиња низедни, со измама сакате да не отепате? — и место предавање почна и тој да стрела.
—    Јалнаш, бре комито, бре, јалнаш од аскерите, бре, синко, бре. Чекајте, не пукајте да се разбереме, — почна да вика пак кајмакамот од зад кале. — Погрешија тие пезевенци, не разбраа работава, — просто почна да се правда.
—    Јалнаш, не јалнаш, ние вам не ви се предаваме живи. Во вас навистина немало вера. Удрите дури можете, ќе удриме дури можеме — им одговори Шаќир и зачеха тие да пукаат, та и тој да им одговара.
Јован се затресе во ќошот од одајата. Таман се поослободи дека ќе ја спаси и сега главата, ете — работата се испрпли! И како што се стискаше на задниот ќош, се довлечка лазејќи до Шаќира и му прошепна:
—    Речи им бре, речи им. Ако дојде рускиот консул од Битола ќе му се предадиме нему, а вам никако.
—    Речи им ти, зошто јас? А знаеш убаво дека агите не го мирисаат Московот, та и на тоа не ќе кандисаат — му одговори Шаќир, малку заинтересуван за својот живот, бидејќи и да се предаде тој има да биде погубен. Дали обесен на ат пазар или застрелан овде во ниското одајче, сега нему му беше сеедно.
Јован почна да вика:
—    Кајмакам, ефевди! Само на рускиот конзул од Битола ќе се предадеме, кога веќе вие не си го држите зборот.
—    He олур, не олур? — праша бимбашијата кој не знаеше македонски да зборува.
Кајмакамот му ги преведе Јовановите зборови и овој се намршти.
Е, баш да не му се предадат на тој пезевенк Московот, анани... ана, — испсува бимбашијата и силно извикна кон аскерот како Чамичауш кон заптиите пред неколку саати.
—    Атеш чуџуклер. Живи да се фатат овие пезевенци.
He требаше повеќе. Од сите страни загрмеа манѕерите, а една група од пет шест заптии и војници нарипаа од ѕитчето за да ги фатат живи комитите. Но и овие веќе беа спремни на секаква изненада, та Јован ја фрли и својата бомба низ прозорчето. На три чекори пред заптиите и аскерот таа грмна и ги покри со густ дим, од кој се слушнаа пискотница и псовки. Кога се дигна димот, во даорот лежеше еден од заптиите, а двајца се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат метеризот.
Се замислија кајмакамот и бимбашијата, а веќе и мракот провлече.
—    Ќе гориме вас живи, жими вера, ако не теслимите, — пак се провикна кајмакамот и му ги преведе на турски своите зборови на бимбашијата.
—    Токму така, живи ќе ги изгориме овие пезевенци — ги потврди и овој кајмаковите зборови и веднаш се распореди да се донесе газија и шмркови да се запали куќата.
—    Гореле, печеле, вареле, ние вам живи не ви се предаваме. Нека дојде најпосле кој бил од битолските конзули, ќе видеме, — му одговори пак Јован и си ја приготви и другата бомба.
Престанаа со пукањето и едните и другите, но Турците, таман се затемни убаво, ја запалија племната од комшијата Стевана и целото куќарче го осветлија, та Шаќир и Јован не можеа да го направат предвидениот препад зад куќата и да го скинат опсадниот обрач.
Така ги фати полноќ кога пристигна газијата и шмрковите.
Пак кајмакамот ги повика да се предадат, а овие пак одбија со истиот услов — само на конзул ќе се предадат.
Се чудеа, се умеа кајмакамот и бимбашијата. Црна срамота ги изеде. Илјада души аскер и заптии, не можат двајца луѓе да налегнат, та се принудени да ги горат живи. Што ќе рече валијата во Битола, што ќе рече пашата? Толку ли чурук се кајмакамот и бимбашијата?
Во тоа думање и чудење, веќе и петлите почнаа да пеат. Ноќта ќе прекрши, та не е чудо да довтаса навистина некој од битолските конзули, та да излезе работата по нивното Јовановото и Шаќировото — да му се предадат нему, а тие — кајмакамот и бимбашијата да останат посрамени пред своите началници. И решија да свршат работа со време — дури не е разденето. И и го дадоа огнот на куќата.
Зората забеле откон Будимеш, куќарчето од Јордана Алимаска беше обвиено со црнозелени димови.
Бабата Цвета писна да таже и со една бовчичка в раце истрча преку дворот и падна до самата порта, молејќи за милост. Кога виде дека не стрелаа на неа, се поткрена, ја отсурми и ја отвори едната пола та излезе на уличето. Уште со појавувањето, ја грабнаа кајмакамот и бимбашијата и набрзина ја распрашаа колку пушки имаат, колку бомби и фишеци, но таа кажа само колкумина се, a за другото ги стегаше раменците.
Гредите од куќата почнаа да пукаат, ќерамидите да паѓаат на таванот, но овој не се потпали наеднаш, бидејќи Јордан беше го засипал со земја за да му држи топло зиме. По таа причина огнот во одајчето не можеше веднаш да се појави.
—    He испекоа живи агите, промрмори Јован, тресејќи се во својот ќош, колку нешто да проговори.
—    Ќе не испечат, ако не не испекоа. Слатки ти беа печените брави од Петка во Бзовиќ? — удри на шега Шаќир. — Така кој пече и ќе го печат, кој коле и ќе го колат, ја! Што ти се чинеше тебе? „Јас куртулив и овдека, а? — му потфрли зајадливо Шаќир на Јована, стискајќи ја манлихерката цврсто во двете раце.
Во тоа исчекување да се испечат, веќе и денот фати. Се развиде убаво и кајмакамот се ослободи оти нема веќе да му куртулат комитите. Готови се, печени во вистинската смисла на зборот.
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката. Грабињаат двата сиви коњи како да се натрчуваа со самовилите, а двајцата луѓе викаат со страшни гласови:
—    Варда, варда конзул ефенди ѓелди, — и за миг се створија пред портата на Алимасковци. Пајтонџијата ги стегна уздите и коњите се исправија на задните нозе; почнаа вознемирени да тропкаат на едно место, баш пред кајмакамот и бимбашијата.
Уште коњите не смирени, од пајтонот изрипи средовечен господин, спортски облечен, со сива шапка на главата и црн бастун во рацете.
—    He бу, бре ефендлиер? Бен'м Италијан конзули, — се провикна господинот европеец на турски јазик и застана да гледа како огнот ја голта малата сиромашка куќичка.
—    О, ош ѓелдум, конзул, ефенди, ош ѓелдум — Му одговори намрштен кајмакамот на турски, па заврте на македонски. — Добро донесе Ала да свршиме еден голема работа, — и во кратко му ја опиша целата работа со комитите што се во куќава, а не чекајќи го конзулот да проговори, нададе да вика:
—    Еве и ефенди конзулот ваш, бре пезевенци! Ајде излегујте да не печите таму како риби на жар.
Јован и Шаќир веќе се спремаа да му одат на свети Петрета, но кога го слушнаа и гласот на конзулот, просто се здрвија на место.
И веќе конзулот тргна преку дворот со бимбашијата и кајмакамот. Таќир и Јован го видоа и истрчаа низ врата, та се исправија пред нив во дворот.
Конзулот им даде знак да го фатат под мишка и овие се зачипчија за него.
Без ниеден збор, набрзина влегоа сите тројца во пајтонот и пајтонџијата ги сврсна бујните коњи, а овие полетаа преку начичканото уличе со аскер и разен башибозлук што се насобра да види што ќе стане и како ќе изгорат комитите. Истурка неколку души и се изгуби по битолското џаде, а кајмакамот и бимбашијата останаа да се ѕверат по него.
—    He бу, бре кајмакам ефенди! )
—    He бу, бре бимбаши ефенди! ) — ама пајтонот одлета долу Могевите воденици и го фати за неполни три саати Битола.
—    Ах анани!... ах аврадини...!, се изнапсуваа сите Турци оти не ги видоа печени комитите и си отидоа сите по своите места.
Кајмакамот, муљазимот и бимбашијата долго го коментираа случајот со конзулот и се чудеа откаде никна тој човек уште в зори, кој можеше да го извести и најпосле се загрижија од мислата: „аџаба навистина италијанскиот конзул беше тој господин? Неговата светкавична работа така ги замаја, та не се сетија да му побараат некакви докази дека навистина е италијанскиот конзул.
Кајмакамот се присети на случката во битолскиот затвор кога Гоце го насамари мудурот, претставувајќи му се како господин Модијану од Солун, и страшно се возбуди, плашејќи се да не го насамарија сега и него како мудурот во Битола.
Ho овој ред од таа страна беше поштеден, бидејќи кога стигна во конакот затече суварија штотуку беше слегол од црниот ат и му подаде писмо од самиот валија со кое го известуваше дека навистина тргнал италијанскиот конзул на кого ќе треба да му ги предадат комитите, доколку немаат свршено работа со нив.
Издивнаа сите тројца утешно, и по истиот суварија испратија секој на својот началник опширни извештаи за настанот.
Кога пукна Шаќировата прва пушка, a пo неа залпот од Чамичаушовите заптии, Бајракот, Грабула и Гермовчето ги пребројуваа лирите што ги донесоа Јован и Шакир, во темното и тесно одајче кај Грабула. Темниот татнеж ги возбуди и тие нарипаа од местата.
—    Предавство? — извикаа сите тројца одеднаш и летнаа секој на своја страна со една цел — да проверат каде пукнаа тие пушки.
И не им требаше многу да слушаат за да разберат дека грмежите идат баш откај воденичките камења. Сите тројца се створија кај камењето и ја разбраа работата!
—    Предавство — пак повторија и се загледаа в очи.
—    Да се извести рускиот конзул, — изусти Грабула.
—    Ништо друго, — одговорија во еден глас Алексовци.
По половина саат излезе по битолско џаде пајтон само со еден патник и штом го напушти градот коњите летаа долу Алинци, a патникот викаше од пајтонот:
—    Брзо, брзо, Андоне. Нека пукнат со отпрегањето во Битола, ќе купиме други, само да стигнеме навреме.
По се изгледаше дека и пајтонџијата сакаше да стигне навреме макар и цркнале коњите уште неиспрегнати, та не го заставаше камшикот ни минута.
Co грабаница ја претрчаа света Недела и застанаа пред анот на Мита Црнамара отунати во бела пења, а пајтонџијата сиот гола вода од пот.
Изрипа патникот, влезе во анот и за минута две излезе заедно со самиот анџија Мита и со брзи чекори двајцата тргнаа кон саатот; за час се најдоа пред двата конака на свети Димитрија — грчко маало, каде на едниот пишуваше: „Рускии конзулат" а на другиот: „Consulato de L'ltalia".
—    Кај рускиот велиш? — му се обрна патникот на Мита.
—    Кај него, каде на друго место, — му одговори црниот Мито.
Гавазот на портата ги задржа, но Мито му тутна во раката една бела меџудија и овој, како стар и чест посетител, ги пушти, та веднаш се најдоа пред вратата на конзулот Ростовски. Овој не се изненади кога го виде Мита, бидејќи Мито често идеше кај него за интервенции.
—    Пак некоја каурка грабнале агите? — го пречека Ростовски Мита со прашањето и ги развлече дебелите црвени муцки, бидејќи во тоа време беа зачестиле грабежите на каурки од разни бегови и паши, та Ростовски со владиката интервенираа и протестираа против тие насилија.
—    Големо нешто, господин конзуле, големо. Нека кршат глава каурките, туку сега помагај, — му одговори Мито и во кратко му ја опиша положбата на Шаќира и Ѓура во Прилеп.
—    Аха! — се замисли силниот Ростовски, и стана од столот да се прошета низ широката одаја за да донесе решение по оваа сериозна работа.
—    Ќе појдите, чорбаџи Мито, по оваа работа кај колегата мој — италијанскиот конзул, — промрмори конзулот и седна на масата, та напиша два три збора на француски и му го подаде на Мита книжулчето.
—    Побрзајте, — му рече, — јас денеска заминувам за Стамбол, та не ќе можам лично да ви ја свршам оваа работа.
Мито го зеде книжулчето и длабоко воздивна, правејќи го тажно лицето како да е брат му на умирање.
Конзулот го забележа тоа и го утеши:
—    He жалости се, Мито, и не губи го времето. Ние сме се разбрале со колегите — конзули. Биди ѓенеш, ќе се сврши, море, и оваа работа како што се свршиле толку пред неа!...
И навистина се сврши. Самиот италијански конзул набрзина презеде мерки. Ги извести сите свои колеги, а овие направија заедничка постапка пред валијата и му ставија до знаење дека сите го делегираат италијанскиот свој колега да отиде на самото место и ја извиди работата. Ако ги затече живи „бунтовниците", тој лично ќе му ги предаде нему — на валијата, да им суди судот, ако имаат кабает.
Но оваа церемонија зазеде доста време, та конзулот тргна дури по полноќ, но сепак токму навреме стигна.

ТОЛЕ-ПАША - ВТОР TOM - СТАЛЕ ПОПОВ

Уредник ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ
НИК „НАША КНИГА"
СКОПЈЕ 1976.

ТОЛЕ ВОЈВОДА
Преку Вепрчани и Гудјаково Толе прејде преку Црна уште истата вечер, и веќе се советуваше со Риза Ушков во Врпско на кој начин да се набави што повеќе оружје.


—    Така, браќа, така. Ќе и мешаме капите со агите, шо' ќе и мешаме, ами гледајте прибирајте понекое пусатче да ви се најде, — им зборуваше Толе па Врпчанци, Жиовци, Витоливци, Полчивци и другите селани од неговиот реон, покажувајќи им ја својата куса малихера, накована со жолти черечиња и половини лири.
И навистина, уште истото лето од секое село беа одредени по два тројца луѓе и отидоа в поле, на жетва, со аргатите по разни турски чифлизи. Тие фатија „трговија" со полјаците, ќаите, та дури и по понекој чифлигар и сите се вратија со по една две пушки, а потоа продолжија со „трговијата".
—    Та за што ти се, Митре, тебе две три мартинки? Да не мислиш да бркаш валијата од Битола? — некако се приближи до вистината Раиф Ефендија од Дедебалци кога Митре Гулев му се довери и побара да му најде некоја и друга мартинка за „добри пари".
—    А бре, Раиф Ефенди, јас ни су го бркал, ни ќе го бркам валиата, ни кадиата, току најду будала луѓе од нашите; даваат по некоа и друга лира за тие 'рѓосаните железа, та науми и така слегу овдеа, да се прицна до тебе, ако сакаш да ми помогнеш, не правиш лошо. Да зема и јас некоа лиричка со лесно. He гледаш, со работа тешко се вадат тие пустињи, та затоа и те прашам и моља ако имаш некој приател, земи и ти на твое име, прибери и, та ќе се врата по некој пазар и друг, ќе и прибера и ќе ти и броа паричките. Земи и ти некоа за заметот, та валиата и кадиата нека не се плашат. Сигурно на ниј нема да пукнат. Знајш какви се нашите кршоборци. Се скарале, се сќорлиле околу жените и ајде — за пишчоли. Ете зашчо му требаат, да се петелат еден на друг. Токо, тие нека си и вадат очите, па ако сакаат и нека се истепаат, ами ние да си земиме по некоа паричка кога има будали — го кандисува Гуле Раифа и одвај чека да го слушне понатака.
—    А велиш, по две лири за мартинка и по лира за кокинка ќе дадат? — поомекна Раиф и веќе си замисли педесетина лирички во ќесето за продадените педесетина мартинки, што ќе ги купи од Остречани по лира, а Митре ќе му ги плати по две, та дури и во таа „трговија" ја виде и помошта на валијата и падишахот, оти христијаните сами меѓу себе ќе си ги вадат очите и ќе се тепаат.
— А бре, ако сакаат да имаат добри пушки, ќе дадат. Ако не дадат, нема да се кокорат кај мариовките, — го убедува Митре Раифа и уште на кинисување завитка две мартинки во сакмата и му ги товари на куцото магаре, та ги однесе во Градешница. Едната ја задржа лично за себе, а другата му ја теслими на Гуцето — селска да остане.
Во вршидба време отиде во Битола со десетина селани и на излегувањето сите изнесоа по две три.
Раиф ефендија си достоја на зборот. Рифат од Острец над Битола се соортачи со Расима и ги прати неговите качаци некаде по Арнаутлакот и тие за неколку дена донесоа секој по две три пушки, купени по половина лира или опљачкани од колибарите; Рифат му ги продаде на Раифа по лира, a овој на Митрета по две.
Тргуваа луѓето со што можеа; Раифа не го гризеше совеста што продава пушки на христијанин. Тој тргуваше со нив како Јаков Евреинот со јагнешките кожи.
Трајко Бешот пак, потера две крави и еден вол за Воден и ги понесе стоте Толеви лири да побара оттаму некоја грчка берданка. На патот за Сабоцко преноќева кај Горѓи Ѕерѕев во Пожарско и го ополномошти да побара од Мегленијата десетина — дваесет, та кога ќе се врати да ги преметне преку Кравица.
Ѓорѓи беше „купил" дваесет берданки таканаречени „гра" и цел сандак фишеци, му ги теслими така заковани во долги сандаци, уверувајќи го Трајка дека се нови од фабрика и Трајко му ги даде стоте лирички — шеесет за берданките, четириесетте за фишеците. Шака не е. Нови берданки за по три лири кој ти дава?
Арно ама, кога ги раскова дома сандаците имаше што да види. Место берданки, Трајко најде суровици, измешани со стари палечници — да тежат, а место фишеци — сандакот беше полн со песок.
—    Бога, душа, пушки ми покажа тој пес Етим од Сабоцко, — се правдаше сиромав Ѕерѕе пред Толета кога овој на пладнина му отиде в село да си ја види сметката.
—    Затоа ли јас и собира тиа лири, да ми продаваш мене суровици и песок? — грмеше Толе на сретсело и тука пред сите селани му тргна на Ѕерѕета еден куршум од својата манлихерка, та слезе со другарите дури во Сабоцко да си ја види сметката и со Етима што му ги продал пушките на Ѕерѕета.
Етим беше си ја имал мувата на капата и беше се засолнил дури во Солун, та Саботчани имаа задоволство да се огреат вечерта на неговата кула, а чифчиите таа ноќ имаа гости на неговиот чифлик во Биџова маала. Толе ја запали и оваа Етимова кула и собра што можеше да се тера нагоре. Преметнаа сега наваму од Кравица стотина — двесте овци, десетина говеда, коњи, магариња, а Бешот ги отера со пет шестина селани во Прилеп и ги натокми стоте лири што му ги зеде Етим со измама.
—    Co зорт и мака се печалени и ќе одат тамо каде му е местото, — зборуваше Толе кога Бешот ги донесе парите од продадената Етимова стока.
—    Ќе и пратиме во Софија да се купат манлихери, како ваа моата, — предложи Толе и така направи Трајко.
Толевите двесте и педесет, и уште толку собрани од цело Мариово, му ги теслимија една вечер на секретарот на Толета — Шаќира и овој се преоблече во мариовски алишта и, со пушката под сакма, со пазарџиите отиде во Прилеп.
—    Овие пари, петстотини лири, ми ги дадоа Трајко и Толе да ви ги предадам за пушки — им рече Крсте на Грабула, Бајракот и брата му Алекса и им го подаде црното шамивче во кое беа врзани.
—    Бравос, бре мариовци, — извикаа сите тројца и ги прибраа парите, а Крстета го одведе Бајракот кај Алимасковци да преденува, па вечер да го испратат назад во четата.
По излегувањето од Алимасковци, Бајракот се наврати кај Бабовчето и овој го внесе во визбата да му соопшти некаква новина од Мариово. Се зачуди Алекса кога во визбата го виде Јована Ѓуров, кој таа пролет се врати од Бугарија и се придружи кон Толевата чета.
—    Каде е Шаќир, чичко Алекса? — го праша Јован Бајракот.
—    Зошто ти е Шаќир? Од каде идеш ти, Јоше? — се чуди Бајракот.
—    Имам нешто важно да му пренесам од војводата, — му одговори Јован и почна да го моли да го стави со Шаќира.
Колку да му беше сомнителен во прво време, сепак се реши да го одведе, да му ја пренесе наредбата од војводата, за која Јован рече дека му е речено лично на Крстета да му ја пренесе.
—    Добро, — одговори Алекса, — иди по мене назорум, ќе те одведам — и тргнаа: Бајракот напред, Јован по него на десетина петнаесет чекори, убедени дека никој не ги виде.
Кога Алекса влезе во бакалницата од Алекса Бабовчето виде полно селани — Мариовци. Се поздрави скоро со сите, пријателски, како со свои луѓе и не забележи дека еден средовечен човек во нови алишта необично го погледна. И кога Бабовчето стана од пангото и го воведе Бајракот во визбата, овој ја заврте главата и потскришум се насмевна, мислејќи си во себе:
„Аха! Вистина ќе биде шо ми велеше мудурот. Требе тука да му е врталишчето на виа грацките кумити шо сакаат да не запустат" — и почна да му реди на Пецето Бабовско разен бакалак: две оки шеќер, полока кафе, стодрам црвен пипер, една вреќа сол, тенеќија газија итн. дури Алекса, Бајракот и Ѓуро не излегоа од визбата. Кога Петко (така се викаше селанецот во новите алишта) го виде самиот Ѓуро јасно му стана дека го' погодил местото каде да ги бара „дивите" в град. Набрзина ги нафрла работите во торбата и ја остави до вреќата со солта и тенеќијата со газијата и му рече на Бабовчето да постојат тука додека да го продаде сирењето, да земе пари, да му ги плати.
Алекса не се изненади, а Петко излезе веднаш по Бајракот и Ѓура та и тој назорум тргна по последниов на пет шеесет чекори. И сега Бајракот напред, по него Јован, a пo Јована Петко.
За да не предизвикаат некакво сомнение, ниту Бајракот, ниту Ѓро се обѕрна назад. Дури кога дојдоа на ширината пред Вандевци, каде што се продаваа воденички камења, Бајракот се заврте и му стори ишарет на Јована да побрза. Во тоа време околу камењето се врткаше мариовец и ги разгледуваше двата камења, еден горни, еден долни и потскришум ги гледаше двајцата како си даваа ишарет; но не му дадоа никакво значение.
„Воденичарот" ги остави камењето што ги гледаше и дојде на горниот крај од ширината, откаде се гледаше уличето по кое одеа Јован и Алекса и почна да се вртка околу друга група камења, но не ги пушти од око двајцата.

Ha портата од Алимасковци се слушнаа три одмерени удари... а преку дворот женски налани. Се доближи стара жена до левата пола од старата искршена порта и погледна низ пукнатината. Го позна Алекса, та без да испушти ни збор, ја отвори едната пола и овие влегоа, a пo нив портата се затвори.
—    Ти водам уште еден, бабо Цвето, — промрмори Бајракот и веќе ја отвараше вратата на малото куќарче од Јордан Алимаска, кое одвај се држеше плитар на плитар.
—    Добредошол, добредошол, само дали не ве изварди некој — одговори бабата, влевајќи по Ѓура и потскришум кршејќи ги зглобовите на сувите прсти.
—    Белким не — ја утеши Бајракот и седна на миндерлакот во „убавата" Јорданова одаја, па и се обрна на старата:
—    Викни го нека излезе побратимот, го бара еден од неговите.
Бабата влезе во тесниот дреалник, a пo минута две излезе со Крстета заедно.
—    Сабаларолсун, Шаќирефенди! — го поздрави Алекса Крстета по турски и му го покажа Ѓуровчето со глава:
—    Те бара побратимов Ѓуро.
И Шаќир како Бајракот не малку се изненади кога го виде Ѓура в град, но овој веднаш им ја објасни работата на обајцата:
—    Me пратиа војводата и Бешот да и донеса и виа пари; — и бркна во пазамарката од мариовската кошула, та извади и тој црно шамивче и му го подаде на Шаќира.
—    Одврзи и брои. Ми рекоа оти токму сто се. Да и пратите и ниј во Софија за пушки. И донесле откако тргна ти; да не ставаат две праќања ми и дадоа да и донеса.
Шаќир ги одврза, ги преброија двајцата со Бајракот и Шаќир му ги теслими и нив на овега, кој стана и си излезе, ветувајќи им на Толевите четници дека вечер ќе им испрати човек да ги изведе од градот.
Шаќир и Ѓуро удрија на шаки и смев, спомнувајќи си некои приклученија од комитскиот живот, а особено за Толевите односи кон жените.
—    Се поправи, море, откако го втеравме во Организацијата, — констатира Шаќир како на фалба, бидејќи тој го кандиса Толета да го напушти арамилакот и да се придружи со нив.
— Mope, в'кот домаќин и Толе поправен, токо нема каде. Ќе го видите ако бидете живи — сомнително одговори Ѓуро, познавајќи ја слабата страна на Толета. — Гледаш? токо напиња да а земеме Миша со нас. He му се седи без женичка и во планината. А и таа ороспија! „Ќе ида, вели, кај ќе умре он — нека умра и јас". Ама мерак, мајкатааа! Нишчо живо не сакаше да остане со Неда моа во Софија. Mope шо и сториме и јас, и Неда. He, бре брате! „Без него не седа, — вели, — па цела Софија и цела Бугарија да ми а аризате". И... виду — не виду, а испрати и, ете а, како на трн седи кај браќа и во Витолишча.
 И пушка мора да и купа и и купи исто како неговата — куса.
—    И ја пренесе преку граница?
—    А пренесла, бре, болка да а отепа, кој знае како не а ватиа?
—    Mope, жена јуда, што викаат старите. Ги заслепила агите, потиснала некој онбашија, му намигнала на некој чауш, и тие сиромаси заслепеле, та и топови да носела ни ги видувале; — го заврши Шаќир разговорот за Митра и пак почна со други шеги.
„Воденичарот" ги разгледа камењето, ама виде и луѓето каде влегоа и, веднаш по нив и тој помина гope по уличето, убаво запомнувајќи ја искршената порта од Алимасковци.
„Аха! Сега ќе ве сошиа јас вас со самарната игла, токо чекајте! Ќе видете вие како се јадат Петкови брави и јаловици, срце ќе ве изеде!" — си пробрбори Петко за себе и забрза да излезе на Битолско џаде.
Како нарачан се испречи пред него еден заптија и Петко го запре на сред улица:
—    Ефенди, ондеа во една порта сега влезе еден кумита.
—    Кумита? — подрипна заптијата и се фати за пиштол.
—    Кумита, кумита, токо бргу сардисајте а куќата да не се премести некаде да ни откине. Бргу, јас ќе постоа и ќе поварда.
Заптијата летна по улица нагоре и за неполни десет минути се врати со десетина другари и Чами чауш, оној истиот што го бркаше Толета со Митра.
Петко ги поведе назад по уличето им ја покажа портата од Алимасковци и пак отиде да се шутка кај воденичките камења.
Чаушот нареди да се сардиса куќата од сите страни, а еден од заптиите прати да го известат муљазимот и кајмакамот.
И токму кога Шаќир му направи на Ѓура една таква смешка, од која овој се закикоти, железото на портата почна силно да тропа, а на ниското каленце се навртоа пет шест манѕери кон малото куќарче.
Бабата Цвета како без душа дотрча и се појави на вратата, но кога ги фрли очите во портата и каленцето, имаше што да види: — навртени цевки од пушки.
—    Теслим, бре ќерата, — извикна Чамичауш, слушајќи ја вратата што се отвори.
Бабата се заврте назад и сакаше да влезе во одајата, каде што се смееја Шаќир и Ѓуро, но тие веќе беа нарипале од тропањето на портата, а гласот од чаушот ги запрепасти.
—    Сардисани сме? — испушти Шаќир прашање кон бабата.
—    Така ми се чини — одговори затресена таа и почна да шетка низ малото ходниче.
—    Ами чаре? — изусти и Ѓуро.
—    Чаре, низ малото вратниче ако можете да излезите — ги опомена Цвета и летна пред нив да провери дали е слободна таа страна.
Но штом го одгрна вратничето и оттаму се слушна оној ист глас како од чаушот:
 —    Теслим, бре ќерата! — и бабата се тргна назад, плашејќи се да не ја фати куршумот ако запукаат заптиите.
Јован и Шаќир застанаа на сред ходничето замајани.
—    Ами сега? — почнаа да се прашаат еден со друг.
—    He предадоа виа пци за парите, — промрмори Јован, сомневајќи се на Бајракот и другите, од прилепското раководство.
—    He ќе бидат они, Ѓуро. Мене не ме фаќа умот тие тоа да го сторија. Толку повеќе што и брат ми Алекса е во нив. Ова ќе биде селска работа, — се приближи Крсте до вистината.
—    Кој да е, откаде да е, ама ние сме, ете, в стапица! Думај шо да правиме. Ќе се теслимиме или ќе се браниме? Кажувај побргу! — почна Ѓуро да бара совети од Шаќира, кој како секретар на четата требаше да измисли нешто.
Во тоа време портата уште посилно затропа и дебелиот глас од Чамичауш пак се слушна:
—    Излевај, бре ќерата, дури не сум дошол да ти сокршам коските!
Но место одговор, од малото пенџерче на Алимасковото куќарче грмна манлихера и куршумот ја продупчи старата дабова штица на портата и се сплеска во дебелиот клинец и неговата широка глава; падна пред Чамила. Среќа негова. Да беше на сантиметар лево или десно, со првиот куршум ќе настрадаше.
—    А, така ли е работата? — се провикна искусниот чауш и го фати каленцето крај неговите заптии и издаде заповед.
—    Атеш чуџуклер;" ) — и сам ја наврте манѕерата кон прозорецот откаде пукна Крстевата манлихера.
Заптиите истурија еден залп. Куршумите просвиреа над главите на Шаќира и Јована и удрија во ѕидот во одајата, а тие што не погодија во прозорецот удрија во болмето под него и околу него, и од секој куршум се отвори по една дупка колку човешка глава да се протне.
—    Ами сега? Оваа пустиња не ги држи куршумите. Ќе ја издупчат агите и ќе не видат, — се притапка Јован и ја кладе и тој својата манлихера на една од дупките.
—    Сега? Што сега! му се врекна Шаќир. — Гледај да ги продадеме кожите поскапо. Тоа е сега. Да оплескаме барем тројца аги, да не бидеме на зијан — му одговори Шаќир и почна да стрела.
Се заврза сражение.
На првите истрели се збуни целата полиција, а и заптијата веќе беше ги известил муљазимот и кајмакамот и овие трчаа со сите заптии и оружани слуги што ги имаше по Прилеп. За час опсадата зеде големи размери. Стотина заптии ја обиколија целата маала, а веќе кај Алимасковци затреште и првата бомба што ја фрли Шаќир.
—    Слушај, Ѓуро — му вели Крсте на Јована. — Ова, ќе се умира што ќе се умира, ами гледај лежи право со главата кон куршумите да не не погодат некаде на друго место, та живи да не печат. Вака, в глава, на место, ќе си останеме, да не тргаме маки и јадови.
И продолжија да стрелаат обајцата насменка.
Куќарчето веќе го изрешетаа заптиите на кои им се придружија и сите Турци што имаа оружје; слободно можеа да ги видат дека се само двајца. Се обидоа двајца заптии да го прескочат ѕитчето и да им се доближат до прозорчето, но паднаа смртно погодени од двете манлихерки.
Значи, овие не се шакуваат, — се замислија кајмакамот и муљазимот и наредија да не се прескака.
—    Ќе ги држиме сардисани дури да ги изгорат фишеците, па око не се теслимат, тогаш ќе им влеземе и живи ќе ги фатиме, или најпосле, ќе запалиме куќава и бити вајде — донесоа решение заповедниците, а веќе и самиот бимбашија од кашлата пристигна со целиот табур војска од пет шестотини души.
Се пристапи кон преговори:
—    Теслим, бре пезевенци, што кршите жегли уште, кога гледате оти сте во стапица! — викна самиот кајмакам и им се кажа кој е.
—    Ако теслимите, ете јас кајмакамот прилепски, ви ветувам дека нема да бидете расипани. Ќе одведам Битола, лично јас, жими вера, и ќе предадам на валијата. Таму правдајте се пред него како знаете.
—    Да се предадеме, Крсте, белким ќе ги спасиме, главите, — почна да настојува Ѓуро, гледајќи ја здравата опсада.
— А бре, да се предадеме. Лесно е за предавање, но срамно ќе умреме — почна и Шаќир да се колеба.
—    Јас вела да се предадеме, лели запиња толку и се к'ни кајмакамот оти тука не не дава да не расипат. А тамо, во Битола, пред валиата и кадиата белки ќе измајсториме нешчо. Ќе се растрчаат нашите луѓе, со пари, со молби, ветувања, не е чудо да не осудат на затвор. А ти а знајш наа народната: „Од роб се излегуа, ама од гроб никогаш".
—    Кој знае! — се чуди Крсте и ја врти главата, ама и него го поколеба народната поговорка. Па како да се присети нешто се обрна веднаш кон Ѓура:
—    Најпосле, нека биде на твоето. Еве да се предадеме, но ќе треба уште овде да се договориме како ќе се браниме на судот; барем едниот да излезе надвор и да им објасни на војводата и раководителите дека не сме криви и како попаднавме во оваа клопка. Ајде да се фатиме кусо долго кој треба да биде прав, а кој крив пред судот, — предложи Шаќир и веќе скина од метлата две сламки — една подолга — една покуса и ги стисна во раката:
—    Ајде, тегни, подолгата е живот — покусата смрт.
—    Значи, кој ќе ја извлече подолгата, подолг му бил животот, а кој ќе ја извлече покусата — покус, а?
— Така, тргај сега, па после ќе го кроиме планот за одбрана, — рече Шаќир и му ги подаде стиснатите сламки.
Јован се затресе целиот. Раката се подаде и двата прста ги фатија обете сламки, но тој не оптегна веднаш да ја извлече едната. Се возбуди силно и во себе си помисли: „ситна работа — сламка, од која зависи еден живот". Долго се мисли. „Ама ако ја извлечам покусата? Страшно го штрекна главата, а нозете почнаа да му се тресат.
—    Тегни де, што си се затресол? — го прекори Шаќир. — Неоти ако не тегниш ќе ја остават агите главата? Вака може и да ја спасиме барем твојата та мојата иако отиде.
Јован замижа и оптегна. И кога ја погледна сламката, длабоко воздивна, како тежок товар да му се симна од грбот.
—    Е, твој бил такциратот, — рече Ѓуро со леснина на душата, ама и срам во очите пред верниот другар.
—    Мој бил, мој. И не срами се. Ништо ти не си крив тука. Може гледа господ? Ете, ти досега немаш расипано човек, лели?
—    Немам, одговори Јован — и не мисла да расипуам дури можа со друго средство да се служа.
—    Добро, добро. Ете, крвта од оние јас што ги имам расипано може да ја бара и мојата крв. Правдата нека се задоволи и по овој пат, — рече Шаќир и се помири со судбината што му ја реши една сламка од метлата на бабата Цвета.
—    Ceгa крој го планот ти како да излезиш пред судот прав, a јас крив. Мисли, бидејќи јас сега нема што да мислам, осем ка смртта.
Јован се поразведри и почна да мисли како да се претстави оваа нивна ортачка работа. Почна да си шепоти сам за себе разни неврзани зборови:
Најпосле го праша Крстета.
—    Ќе ги земиш ли ти сите кривици на тебе?
—    Што, да не ми тежат ако измисли многу? — место одговор му постави Шаќир прашање.
— He. Туку да не речеш „јас тоа не го направив, а Јован сака да ми го товари на правда бога".
—    Остави ги тие марифети сега, ами мисли како ќе излезе за тебе најзгодно.
—    Тогаш вака ќе направиме: Јас ќе ја претставам работата дека слегов в град да и се пријавам на власта оти си дојдов од Бугарија. И така бргу сум дојден, та ќе ги убедувам агите оти не сум ни бил в планина.
И ќе речам дека навратив кај побратимов Јордана да се одморам, а ти дојде да ме бараш и да ме заколиш како шпиун. Мислам дека ќе фати оваа боја, а?
—    Убаво си ја скроил. А кога ќе те прашаат за четата, Организацијата?
—    Се знае — ѓормедум. Јас ништо од тие работи не знам. Бев во Бугарија полјак во Бурилово, крај Софија, ама и таму ме запашкаа овие Шакировци, та побегнав да се запазам во својот роден крај.
—    Мошне убаво. Чок ѓузел, што велат аште. Така нека биде. Ете јас ќе речам дека дојдов да те колам. А за другото понатака лесна работа. Ти ќе кажуваш дека ништо не знаеш, а јас ќе тврдам дека ти си осуден од комитетот на смрт како шпиун и мене ми падна лотата да те убијам.
—    Се убаво, ама оваа пустиња? — се обрна Ѓуро кон Шаќира и му ја покажа пушката.
И нејзе ќе и го најдеме чарето. Бабата Цвета ќе ја суреди. Итака пукавме на смена, и ќе речам дека само мојата пукаше, — го 'ослободи Шаќир Ѓура и ја викна бабата Цвета, та и ја предаде Јовановата манлихера, а оваа ја смести во сурмето на малото вратниче, каде уште во ѕидањето имаше резерва место за една пушка зад сурме.
Кајмакамот пак почна да вика за предавање. My се придружија муљазимот и бимбашијата; Шаќир врза на пушката едно бело шамивче и го подаде низ прозорчето.
—    Браво, браво, а така де! — повикаа во еден глас сите тројца заповедници кога го видоа белото шамивче и зачекаа да се појават комитите на вратата и да се предадат.
Но во тој момент се истури залп од десетина пушки од аскерот. Шаќир се тргна од прозорецот со продупчен ракав над лактот од еден куршум и почна да вика и псуе:
—    Таков е значи вашиот збор кучиња низедни, со измама сакате да не отепате? — и место предавање почна и тој да стрела.
—    Јалнаш, бре комито, бре, јалнаш од аскерите, бре, синко, бре. Чекајте, не пукајте да се разбереме, — почна да вика пак кајмакамот од зад кале. — Погрешија тие пезевенци, не разбраа работава, — просто почна да се правда.
—    Јалнаш, не јалнаш, ние вам не ви се предаваме живи. Во вас навистина немало вера. Удрите дури можете, ќе удриме дури можеме — им одговори Шаќир и зачеха тие да пукаат, та и тој да им одговара.
Јован се затресе во ќошот од одајата. Таман се поослободи дека ќе ја спаси и сега главата, ете — работата се испрпли! И како што се стискаше на задниот ќош, се довлечка лазејќи до Шаќира и му прошепна:
—    Речи им бре, речи им. Ако дојде рускиот консул од Битола ќе му се предадиме нему, а вам никако.
—    Речи им ти, зошто јас? А знаеш убаво дека агите не го мирисаат Московот, та и на тоа не ќе кандисаат — му одговори Шаќир, малку заинтересуван за својот живот, бидејќи и да се предаде тој има да биде погубен. Дали обесен на ат пазар или застрелан овде во ниското одајче, сега нему му беше сеедно.
Јован почна да вика:
—    Кајмакам, ефевди! Само на рускиот конзул од Битола ќе се предадеме, кога веќе вие не си го држите зборот.
—    He олур, не олур? — праша бимбашијата кој не знаеше македонски да зборува.
Кајмакамот му ги преведе Јовановите зборови и овој се намршти.
Е, баш да не му се предадат на тој пезевенк Московот, анани... ана, — испсува бимбашијата и силно извикна кон аскерот како Чамичауш кон заптиите пред неколку саати.
—    Атеш чуџуклер. Живи да се фатат овие пезевенци.
He требаше повеќе. Од сите страни загрмеа манѕерите, а една група од пет шест заптии и војници нарипаа од ѕитчето за да ги фатат живи комитите. Но и овие веќе беа спремни на секаква изненада, та Јован ја фрли и својата бомба низ прозорчето. На три чекори пред заптиите и аскерот таа грмна и ги покри со густ дим, од кој се слушнаа пискотница и псовки. Кога се дигна димот, во даорот лежеше еден од заптиите, а двајца се влечкаа кон ѕитчето за да се префрлат кај здравите пак на своите места и да го фатат метеризот.
Се замислија кајмакамот и бимбашијата, а веќе и мракот провлече.
—    Ќе гориме вас живи, жими вера, ако не теслимите, — пак се провикна кајмакамот и му ги преведе на турски своите зборови на бимбашијата.
—    Токму така, живи ќе ги изгориме овие пезевенци — ги потврди и овој кајмаковите зборови и веднаш се распореди да се донесе газија и шмркови да се запали куќата.
—    Гореле, печеле, вареле, ние вам живи не ви се предаваме. Нека дојде најпосле кој бил од битолските конзули, ќе видеме, — му одговори пак Јован и си ја приготви и другата бомба.
Престанаа со пукањето и едните и другите, но Турците, таман се затемни убаво, ја запалија племната од комшијата Стевана и целото куќарче го осветлија, та Шаќир и Јован не можеа да го направат предвидениот препад зад куќата и да го скинат опсадниот обрач.
Така ги фати полноќ кога пристигна газијата и шмрковите.
Пак кајмакамот ги повика да се предадат, а овие пак одбија со истиот услов — само на конзул ќе се предадат.
Се чудеа, се умеа кајмакамот и бимбашијата. Црна срамота ги изеде. Илјада души аскер и заптии, не можат двајца луѓе да налегнат, та се принудени да ги горат живи. Што ќе рече валијата во Битола, што ќе рече пашата? Толку ли чурук се кајмакамот и бимбашијата?
Во тоа думање и чудење, веќе и петлите почнаа да пеат. Ноќта ќе прекрши, та не е чудо да довтаса навистина некој од битолските конзули, та да излезе работата по нивното Јовановото и Шаќировото — да му се предадат нему, а тие — кајмакамот и бимбашијата да останат посрамени пред своите началници. И решија да свршат работа со време — дури не е разденето. И и го дадоа огнот на куќата.
Зората забеле откон Будимеш, куќарчето од Јордана Алимаска беше обвиено со црнозелени димови.
Бабата Цвета писна да таже и со една бовчичка в раце истрча преку дворот и падна до самата порта, молејќи за милост. Кога виде дека не стрелаа на неа, се поткрена, ја отсурми и ја отвори едната пола та излезе на уличето. Уште со појавувањето, ја грабнаа кајмакамот и бимбашијата и набрзина ја распрашаа колку пушки имаат, колку бомби и фишеци, но таа кажа само колкумина се, a за другото ги стегаше раменците.
Гредите од куќата почнаа да пукаат, ќерамидите да паѓаат на таванот, но овој не се потпали наеднаш, бидејќи Јордан беше го засипал со земја за да му држи топло зиме. По таа причина огнот во одајчето не можеше веднаш да се појави.
—    He испекоа живи агите, промрмори Јован, тресејќи се во својот ќош, колку нешто да проговори.
—    Ќе не испечат, ако не не испекоа. Слатки ти беа печените брави од Петка во Бзовиќ? — удри на шега Шаќир. — Така кој пече и ќе го печат, кој коле и ќе го колат, ја! Што ти се чинеше тебе? „Јас куртулив и овдека, а? — му потфрли зајадливо Шаќир на Јована, стискајќи ја манлихерката цврсто во двете раце.
Во тоа исчекување да се испечат, веќе и денот фати. Се развиде убаво и кајмакамот се ослободи оти нема веќе да му куртулат комитите. Готови се, печени во вистинската смисла на зборот.
Но дури така Јован и Крсте си ја гледаа страшната смрт во тесното одајче, а кајмакамот и бимбашијата ги трлкаа задоволни рацете, оти за неколку минути или најмногу саат ќе ја свршат и оваа царска работа, по уличето откон битолско џаде се слушнаа прапорци од пајтон, а на местото од пајтонџијата не човек со црвен фес, ами европејска паларија, а до него исто таков друг, со шарен бајрак во раката. Грабињаат двата сиви коњи како да се натрчуваа со самовилите, а двајцата луѓе викаат со страшни гласови:
—    Варда, варда конзул ефенди ѓелди, — и за миг се створија пред портата на Алимасковци. Пајтонџијата ги стегна уздите и коњите се исправија на задните нозе; почнаа вознемирени да тропкаат на едно место, баш пред кајмакамот и бимбашијата.
Уште коњите не смирени, од пајтонот изрипи средовечен господин, спортски облечен, со сива шапка на главата и црн бастун во рацете.
—    He бу, бре ефендлиер? Бен'м Италијан конзули, — се провикна господинот европеец на турски јазик и застана да гледа како огнот ја голта малата сиромашка куќичка.
—    О, ош ѓелдум, конзул, ефенди, ош ѓелдум — Му одговори намрштен кајмакамот на турски, па заврте на македонски. — Добро донесе Ала да свршиме еден голема работа, — и во кратко му ја опиша целата работа со комитите што се во куќава, а не чекајќи го конзулот да проговори, нададе да вика:
—    Еве и ефенди конзулот ваш, бре пезевенци! Ајде излегујте да не печите таму како риби на жар.
Јован и Шаќир веќе се спремаа да му одат на свети Петрета, но кога го слушнаа и гласот на конзулот, просто се здрвија на место.
И веќе конзулот тргна преку дворот со бимбашијата и кајмакамот. Таќир и Јован го видоа и истрчаа низ врата, та се исправија пред нив во дворот.
Конзулот им даде знак да го фатат под мишка и овие се зачипчија за него.
Без ниеден збор, набрзина влегоа сите тројца во пајтонот и пајтонџијата ги сврсна бујните коњи, а овие полетаа преку начичканото уличе со аскер и разен башибозлук што се насобра да види што ќе стане и како ќе изгорат комитите. Истурка неколку души и се изгуби по битолското џаде, а кајмакамот и бимбашијата останаа да се ѕверат по него.
—    He бу, бре кајмакам ефенди! )
—    He бу, бре бимбаши ефенди! ) — ама пајтонот одлета долу Могевите воденици и го фати за неполни три саати Битола.
—    Ах анани!... ах аврадини...!, се изнапсуваа сите Турци оти не ги видоа печени комитите и си отидоа сите по своите места.
Кајмакамот, муљазимот и бимбашијата долго го коментираа случајот со конзулот и се чудеа откаде никна тој човек уште в зори, кој можеше да го извести и најпосле се загрижија од мислата: „аџаба навистина италијанскиот конзул беше тој господин? Неговата светкавична работа така ги замаја, та не се сетија да му побараат некакви докази дека навистина е италијанскиот конзул.
Кајмакамот се присети на случката во битолскиот затвор кога Гоце го насамари мудурот, претставувајќи му се како господин Модијану од Солун, и страшно се возбуди, плашејќи се да не го насамарија сега и него како мудурот во Битола.
Ho овој ред од таа страна беше поштеден, бидејќи кога стигна во конакот затече суварија штотуку беше слегол од црниот ат и му подаде писмо од самиот валија со кое го известуваше дека навистина тргнал италијанскиот конзул на кого ќе треба да му ги предадат комитите, доколку немаат свршено работа со нив.
Издивнаа сите тројца утешно, и по истиот суварија испратија секој на својот началник опширни извештаи за настанот.
Кога пукна Шаќировата прва пушка, a пo неа залпот од Чамичаушовите заптии, Бајракот, Грабула и Гермовчето ги пребројуваа лирите што ги донесоа Јован и Шакир, во темното и тесно одајче кај Грабула. Темниот татнеж ги возбуди и тие нарипаа од местата.
—    Предавство? — извикаа сите тројца одеднаш и летнаа секој на своја страна со една цел — да проверат каде пукнаа тие пушки.
И не им требаше многу да слушаат за да разберат дека грмежите идат баш откај воденичките камења. Сите тројца се створија кај камењето и ја разбраа работата!
—    Предавство — пак повторија и се загледаа в очи.
—    Да се извести рускиот конзул, — изусти Грабула.
—    Ништо друго, — одговорија во еден глас Алексовци.
По половина саат излезе по битолско џаде пајтон само со еден патник и штом го напушти градот коњите летаа долу Алинци, a патникот викаше од пајтонот:
—    Брзо, брзо, Андоне. Нека пукнат со отпрегањето во Битола, ќе купиме други, само да стигнеме навреме.
По се изгледаше дека и пајтонџијата сакаше да стигне навреме макар и цркнале коњите уште неиспрегнати, та не го заставаше камшикот ни минута.
Co грабаница ја претрчаа света Недела и застанаа пред анот на Мита Црнамара отунати во бела пења, а пајтонџијата сиот гола вода од пот.
Изрипа патникот, влезе во анот и за минута две излезе заедно со самиот анџија Мита и со брзи чекори двајцата тргнаа кон саатот; за час се најдоа пред двата конака на свети Димитрија — грчко маало, каде на едниот пишуваше: „Рускии конзулат" а на другиот: „Consulato de L'ltalia".
—    Кај рускиот велиш? — му се обрна патникот на Мита.
—    Кај него, каде на друго место, — му одговори црниот Мито.
Гавазот на портата ги задржа, но Мито му тутна во раката една бела меџудија и овој, како стар и чест посетител, ги пушти, та веднаш се најдоа пред вратата на конзулот Ростовски. Овој не се изненади кога го виде Мита, бидејќи Мито често идеше кај него за интервенции.
—    Пак некоја каурка грабнале агите? — го пречека Ростовски Мита со прашањето и ги развлече дебелите црвени муцки, бидејќи во тоа време беа зачестиле грабежите на каурки од разни бегови и паши, та Ростовски со владиката интервенираа и протестираа против тие насилија.
—    Големо нешто, господин конзуле, големо. Нека кршат глава каурките, туку сега помагај, — му одговори Мито и во кратко му ја опиша положбата на Шаќира и Ѓура во Прилеп.
—    Аха! — се замисли силниот Ростовски, и стана од столот да се прошета низ широката одаја за да донесе решение по оваа сериозна работа.
—    Ќе појдите, чорбаџи Мито, по оваа работа кај колегата мој — италијанскиот конзул, — промрмори конзулот и седна на масата, та напиша два три збора на француски и му го подаде на Мита книжулчето.
—    Побрзајте, — му рече, — јас денеска заминувам за Стамбол, та не ќе можам лично да ви ја свршам оваа работа.
Мито го зеде книжулчето и длабоко воздивна, правејќи го тажно лицето како да е брат му на умирање.
Конзулот го забележа тоа и го утеши:
—    He жалости се, Мито, и не губи го времето. Ние сме се разбрале со колегите — конзули. Биди ѓенеш, ќе се сврши, море, и оваа работа како што се свршиле толку пред неа!...
И навистина се сврши. Самиот италијански конзул набрзина презеде мерки. Ги извести сите свои колеги, а овие направија заедничка постапка пред валијата и му ставија до знаење дека сите го делегираат италијанскиот свој колега да отиде на самото место и ја извиди работата. Ако ги затече живи „бунтовниците", тој лично ќе му ги предаде нему — на валијата, да им суди судот, ако имаат кабает.
Но оваа церемонија зазеде доста време, та конзулот тргна дури по полноќ, но сепак токму навреме стигна.

Толе Паша 2

 


2.
Конзулот си достоја на зборот и му ги теслими на валијата „бунтовниците" Шаќира и Ѓура пак со интервенција да им се суди по царските закони, и овие се најдоа уште истата вечер во Катилана.
Се знае. Кој доспеал во тој затвор не ќе се пофали со добра постапка; нема да помине без тесни долапи, ситен синџир на гуша, белегзии на раце и тежок тумрук на нозе. А особено ако дигнал рака на падишахот и неговите силни слуги. Па затоа и Крсте и Ѓуро поминаа на тој ред и одлежаа по десет дена во тесните ќелии, стенкаа под тешкши тумрук и сите други стеги, но по десетте дена веќе беа во една од широките темни одаи, со уште дваесетина како нив, и почнаа да кркаат од тавите печено бравско месо и кисело млеко што им идеше од градот.
По лубениците и грозјето што им идеше разбраа дека летото поминало, а потоа и воздухот ја мени својата температура, та се уверија дека и зимата дошла.
И еден таков, студен, зимен ден га изведоа и нашите бунтовници на суд.
Скроениот план во Алимасковото одајче уште за малку ќе се извршеше и Јован имаше да биде пуштен, а Шаќир да плати за сите сторени и несторени греови.
Арно ама „што не покрил господ — човек не може да покрие" велат старите, та кога мудриот кадија ја праша бабата Цвета:
—    Кој дојде прв кај тебе, бабо? — оваа ја кажа вистината и одговори.
—    Овој, Крсте што го викате.
—    A! a! а! — извикна задоволен кадијата. — Значи Јован барал Шаќира, а не Шаќир да заколит Јована? е, е, е! Се разбра работата. Кој бегат од колачот не одит кај него да му носит главата да пресечит — заклучи кадијата и им ја прочита својата пресуда: Крсте Гермов — Шаќир — идам — 101 година — доживотно, а Јован Ѓуровчето „шубе — тарафанда", — две години сургун.
—    Стоте вам, едната мене, — се слушна од оптуженичката клупа од Шаќировата уста.
И ги вратија во својата одаја во Катилана да чекаат спровод за Диар Беќир, Ерзерум, Љум Куле, Едикале или некој друг од многуте казнени заводи во турската голема царевина.
Се разбира дека и двајцата се жалија на пресудата, та останаа да чекаат резултат од жалбите.
Дури тие го чекаа овој резулат состојбата во нивната одаја секој ден се менуваше. Нови идеа, старите излегуваа.
Едно утро се простија со еден бушав и страшен човек — Алекса — Леко го викаа, дотеран и тој како нив, кој не се врати веќе. Разбраа дека го обесиле на ат пазар во Битола баш до шадрванот, каде што пазарџиите си ги појат добиците вода. А народот по тој случај запеа:
Црно му било пишано
На Александар Турунџа
шеснајсгодишен војвода...
Потоа дотераа еден „наивен" кираџија што носел ориз од Штип и Кочани, кој исто така не се вратил назад во одајата. Но затоа се пренесе шепот дека тој, кираџијата, кој се викаше Дончо, го испратиле агите без никаков суд на оној свет, бидејќи колџиите му нашле во оризот некакви „железни јајца" за кои тој „не знаел откаде дошле и кој му ги турил во вреќите"...
И на сите во одајата им стана јасно дека ќе го мрсат ортомчето, било јавно како Алекса, било тајно како Дончета, та еден ден излезе еден млад човек висок, со руса убава брадичка, пред сите со еден предлог:
—    Ќе не каснат агите што ќе не каснат; таа се виде, луѓе, ами ајде да побараме некое чаре.
Сите дваесетмина триесет, колку ги имаше во одајата, (колушот) се собраа околу момчето, кое некако отскокнуваше од нив и со умот и со лицето.
—    Е кажувај го бре, Кољо, чарето? — му се обрнаа неколку гласа одеднаш.
—    Ете, ние сме овдека сите од една траба, што се вели, сите луѓе од Организацијата. Кажувај што можеме да направиме? — продолжи нашиов Шаќир, на кого не му се одеше 101 година сургун, а можеби уште на втората и третата да му го најдат чарето агите и да го испратат кај Алекса и Дончето ќираџијата.
—    Јас велам да организираме бегање од оваа пустиња, — излезе со предлогот младиот Никола.
—    Бегање? — се испушти од триесет грла. — Убава работа, но каде се излегува од Катилана? — се затапкаа сите, не гледајќи некакви можности во предлогот.
—    Бегање, бегање, другари. Ако се согласиме сите, мене ми се чини дека ќе успееме. Одамна го имам намислено ова, ама сам, без вас сите, не се може. А ако сте согласни, да ви го изнесам мојов план.
—    Што е тоа несогласни, море, туку кажувај да слушнеме и сите да поразмислиме — одговори еден за сите.
—    Ако некој не е согласен, ќе може ли да додржи, барем да не не издаде — праша момчето место да почне со изнесувањето на својот план.
—    Шпиуни меѓу нас нема, а страшливците ќе си ги сошијат устите, — се провикна Шаќир и му се опули на Јована в очи, познавајќи го како колеблив и плашлив.
( — Добро, тогаш, — почна момчето. — Јас одамна ги гледам нужниците и се распрашувам кај наши луѓе каде води ѓеризот, колку е широк, каде истечува итн. Сите гледенија што ги добив до сега ми ја подгреваа надежта, дека ќе можеме по него да излеземе. Нам ни треба сега само едно. Одовде, од оваа пустиња да отидеме до него — до ѓеризот. А колку се научив тој не е далеку од нас.
—    Како ќе се провлечеме преку ѕидов? — се слушна сомнително прашање.
—    Ќе ви кажам, — рече момчето. — Јас со конец и камен го мерив нужникон колку е длабок. Безбеле, на таа длабочина е и ѓеризот. Може нешто и подлабок но тоа нема да ни попречи. Ние зимава треба да ископаме овде во еден ќош една дупка толку длабока. И ако темелите се подлабоки, што не верувам, ќе дупиме натака дури да удриме на него — на ѓеризот. Ќе го искршиме првиот ќунк на парчиња и ќе ги раз'рваме другите по него и така ќе се промолкниме еден пo друг. A ми рекоа дека надвор од двориштево ѓеризот е ѕидан со плочи, четвртаст и толку широк што не ќе има потреба да го прошируваме. Води право во Драгоров над самиот пиш од водениците на Арслановци, та сите ќе попаѓаме во вирот без да се плашиме оти Драгор ќе не однесе.
Ете го мојов план накусо: ние треба да почнеме со копањето уште веднаш, та до пролет да ја свршиме оваа работа, ако сте согласни, — заврши иницијаторот на бегството Никола Каранџулов и застана да ги слушне своите другари.
Еднодушно го одобрија планот сите и веќе секој пајдос и по два пати се враќаа во клозетите со по едно ќесе земја врзано за учкурот од гаќите.
Така почнаа. Ноќе копај во ќошот, со разни парчиња железа што им беа доставени од луѓето на Организацијата, полни ги ќесињата што ги направија од своите крпи за лице, а дење турај ја земјата во клозетите, која водата ја носеше надолу по ѓериз и ја исфрлаше во Драгорот.
Радоста беше неопишана кога после два три месеци навистина удрија на ќунците од ѓеризот. Точно беше ја измерил Никола длабочината и правецот и тие веќе за десетина дена ги изнесоа парчињата од ќунците и удрија на калдрмисаниот ѓериз доволно широк да може човек помешечка да се провлече стотина метра надолу.
И една ноќ, при крајот на март, одајата се испразни. Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
Така се образува четата на Коле Каранџулов, во која попаднаа и нашите пријатели Крсте Шаќир и Јован Ѓуров и поодија со него дури да го најдат својот војвода Толе Паша и да тргнат со него.
Валијата и пашата испратија големи потери по бегалците и не знаејќи кој е нивниот војвода, ќе почнат да се распрашуваат кај бабите по селата.
— Нешто ќе те прашам, бабо
Право да ми кажиш...
Кој војводи беа, бабо
У тебе на гости?
Дали Толе Паша бабо
Дали дедот Коле?

А бабата ќе им одговара:
Дејди Турче, Турче, море
Итро ем будало,
Та лели ме прашаш, Турче,
Право ќе ти кажа!
Ни војводи беа, аго,
Ни кумити беа,
Туку тие беа аго
Кутри затворници!
Апцана дупнале, аго,
Они испаднале,
Војвода им беше, Турче,
Кољо Каранџулов!
И се разнесоа овие прашања и одговори по цело Мариово, пеани од устите на сите мариовци и мариовки.

Толе Паша 3

 

 

3.
Во знак на преголема радост, четниците на Толета вртеа на ражни на Баѕерот над Будимерци два брава и една јаловица. Се дочекуваа воскреснатите другари Шаќир и Ѓуро, кои оживеа и се вратија во својата чета.
—    Та така, Крсте? Ја дупнате, велиш Катилана?
—    Их! дури пет да речеш, — одговараше Шаќир на прашањето од Трајка, Најда, Андона и другите четници.
Бравите се испекоа и четниците се наручаа беговски, та почнаа по ледината да се борат и валкаат.
—    Јас ќе се борам со Шаќира, да видиме како го ранел царот зимава — се провикна Трајко Брниклијата, а Шаќир не дочека да му се рече двапати. Се слекоа по кошули и се грабнаа да се борат.
Крсте беше млад и јак, но со Трајка не можеше да се мери, та за час се најде под него.
—    A! a! а! не го ранел добро царот, не! — се пронесе смев од целата дружина.
Во тоа време под големиот бор седеа Толе и Јован, сами и тивко шепотеа.
—    Та така, Јоване, така. Неа друг освен тебе не а познава. Само ти тоа добро можиш да ми го направиш. Да не ме издадиш пред другарите, а јас сам нема да се издада. He бери гајле.
—    Добро, бре Толе. Токо она да не се издаде, како ќе се доварди од толку очи?
—    Нишчо, нишчо. И таа си а знае работата. Алишча има, пушка велиш си и купил, косата ќе а потсече. А колку шо паметуам и едното уше и е зараснато, та една обетка ногу и од машките носат како амалии, та и од таа страна работата е ујгун. Само ти, ти да не не издадиш.
—    Тогаш да а прибереме. И така таа ошче не е пријавена во уќуматот. Се крие кај браќа и во Витолишча. Баре тамо а остави јас, та шо направи зимоска, не знам.
—    Тамо е, тамо. He мрднала ни чекор од дворот. И само нарачуа да а прибера. He може таа без мене. А право да ти кажа и јас некако осамотен се осеќам без неа. Шо ќе ни пречи ако а прибериме? Ете, јас слушна за некој си Мише Ќосото, што паднал апцана, та ќе се претстави дека и таа како тебе му се искубала на агите и не најде нас.
—    A јас ќе потврда дека го познавам од затворот, та ќе се уреди сета работа, а?
    Ошче поарно. Тогаш и твоите блиски муабети со неа нема да им паднат в очи на друтарите.
—    Mope, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го олободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
И навистина, една вечер доведе Мисирлијата од Витолишча во четата на Толета еден „четник".
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник. Само женственото лице и обетката на десното уво можеа да предизвикаат во прво време малку сомнение, но четникот рече дека му се амајлија од баба му та ништо чудно не се предизвика со тоа.
Мисирлијата му го претстави на војвода Јован и го ослободи Толета дека збор нема неговата чета, а Јован им објасни на другарите дека го видел овој четник во Катилана на пајдосот, та дури го убеди и Шаќира во тоа.
—    Добредошол, добредошол! — повикаа сите четници и се избакнаа со новиот другар.
—    А како те викаа другар? — Запраша Трајко, восхитувајќи се на убавината и доброто здравје на својот нов другар.
—    Митре ми е името, ама, како шо знајте мајките не викаат на галено, та Мише се викам сега. А бидејќи немам мустаќи ме викаат Мише Ќосото. И за вас нека бида Мише Ќосото.
—    Да си жив, да си жив, јунак. Ајде, нека има и кај нас еден маж без мустаќи, само срцето нека е машко, та мустаќите ни помагаат, ни пречат, — се нашакува задоволен Толе и ја зачисли својата светијованка Митра во својата чета како Мише Ќосото и го продолжи комитскиот живот во нејзина близина.
—    My се бендиса на војводата Ќосото и стално со него го води. — Направи забелешка Шаќир кога Толе почна често да се одделува од четниците само со Ќосото.
—    Поризливо е детето, затоа му се бендиса, — одговараа другите четници и не му даваа особено значение на тие блиски нивни врски.

*
He помина ни месец од вракањето на Шаќира и Ѓура во Толевата чета, Шаќир доби писмо од Петрета Ацев во кое му пишуваше да го замоли војводата Толета да се стави со него, како знае, овие дни и да поведе еден од своите најдобри другари. „Има да свршиме една важна работа" — нагласуваше Петре.
—    Шо мислиш, шо работа ќе биде, та без мене шо не може да се сврше? — го запраша Толе Шаќира, а во себе си помисли. „Сигурно му имаат поткажано за Ќосото та ме вика на пеење".
—    Ами шо... Сигурно некој ага треба да се проплеска, та вели војводата, ти си стар мајстор за тие работи; што може друго да биде? — му одговори Шаќир на кое Толе се израдува, а како утеха за „пеењето" си додаде во себе: „Зар, пак војводата Петре не се вртка околу Пацето во Вепрчани? Само нека ме гибне по таа работа, лебами, ич нема да му се, плаша. Ќе му го реча в очи и ќе си замина, — си донесе Толе решение и го зеде Трајка со него, та еден убав пролетен априлски ден, по канал, пак преку Врпско, прејде во Гудјаково, а оттаму преку Никулица отиде во Вепрчани. Го најде Петрета во колибата на Костевци, навистина со Пацето, кое беше дошло да му донесе на бацка си Петрета алишта за преслекување. Толе на лице се убеди дека и „дедот" Петре си има посестримка, иако не ја води како него со четата, та се ослобди од таа страна.
Но Петре веднаш го испрати Пацето в село, а го тргна Толета на страна, оставајќи го Трајка со четниците и почнаа разговор двајцата:
—    Слушај, брат Толе! — почна Петре. — Овие дни ние со тебе и со твојот другар ќе треба да го минеме Полето и да отидеме по една важна работа онаму, во Демирисаријата. Ќе можеш ли ти да се протутнеш преку Поле и да не одведеш? Ама ни господ не ќе треба да разбере.
—    Таа ли е толку важната работа шо не исплаши со Крстета! — се провикна Толе и се удри в гради. — Јас. Кога сакаш — тогаш. Ако сакаш ошче денеска денски. Го познавам Полето мошне убаво, а ако ни притребе и некоа помош, во секое село имам свои луѓе. Зошчо толку години оди арамиа, лели за пријатели и душмани да наваќам. И... дал господ и такви, и такви. Ќе појдеме, ако сакаш и во Елбасан по тутун и маслинки — му одговори горделиво Толе и разговорот се сврши.
My ја остави Петре четата на Костета Тројачанчето и го покани Толета да го води.
—    Правец: селото Смилево, — му проговори Петре и потона во мисли„ та цела ноќ не проговори ни збор.
Толе напред, Петре по него, Трајко по Петрета; меѓу Мусинци и Канатларци го фатија Тополчани за да прејдат на мостот, оти Црна во април не се газеше. Тоа беше најкритичното место, но Толе не му придаваше никаква важност.
—    Ако има стража, или двајца или четворица се. Повеќе не можат да бидат — го тешеше Толе Петрета и му го покажуваше силниот Брниклија, кој со нокти му ја извади душата на војникот во Брник.
Но за среќа, мостот не беше поседнат ноќеска, или можеби стражата спиеше, та го минаа без никаква тревога и ја фатија планината над Бела Црква и Воѓани и уште непрозорено се најдоа над самото Смилево, во Миховите колиби во месноста „Голем Гар".
Оддалеку ги пресретна „овчарот" и проговори: „Солун", на кој збор Петре му одговори: „Слобода". Без збор ги поведе кон колибите и тука Петре му рече на Толета да влезе во првата колиба со „овчарот", а самиот тој продолжи до втората, што беше само на десетина метра оддалечена од првата.
Толе и Трајко влегоа по овчарот и овој им ги претстави на тие што беа внатре.
—    Co прилепскиот војвода се другариве,
—    а кон Толета и Трајка:
—    Овие другари се со други војводи дојдени, вардете, бидете азар за секој случај.
Десетината петнаесет четници што беа во колибата се поздравија со Толета и Трајка по комитски: „Смрт или слобода!" — и се распрашаа меѓу себе кој со кој војвода е дојден, та падна збор и кој како се вика.
Кога Толе си го кажа името и прекорот
—    Паша, сите четници се загледаа еден со друг и го засипаа со разни прашања, очигледно доволни што им се даде можност да го видат лично легендарниот арамија Толе Паша за кого одамна имаа слушано безброј легенди. На сите некако им се олесни на душите, бидејќи имаа слушано дека Толета куршум не го фаќа и по таа причина агите избегаваа да се судруваат со него. Како да дојде маѓосник меѓу нив, таква самоувереност ги опфати, та почнаа дури и да ја потпеваат Толевата песна: „Нешто ќе те прашам, бабо".
Толе ги распраша сите каде одат, со кого дошле и зошто!
—    Ние сме со Никола Карев, — одговорија двајца.
—    Ние со Сарафов идиме дури од Софија, — горделиво рекоа други двајца.
—    Ние сме од четата на Чакаларов, — одговорија трети.
Од разговорот Толе подразбра дека ноќеска се собрани овдека во овие две колиби војводи и четници од сите страни и дека ќе има нешто важно да се решава, но што ќе биде, никој точно не знаеше да му објасни. Сите рекоа дека тие се охрана на војводите во случај на опасност, а што ќе решаваат овие, ќе слушнат одутре.
—    Демек, ние ќе бидеме заштита на војводите дури тие решаваат нешчо? — запраша Толе и некако се сневесели, дека, ете, такви војводи ќе решаваат, а сами не можат да се вардат. И како да се навреди што во случајов е само четник на Ацев а не и војвода, како што му рече Петре на Ливада кога му ја врати пушката.
—    Добро, нека му е аирлија работата. Ќе и вардиме кога му е толку стра од агите.
—    А тебе ич ли не ти е страв, брат Толе? — го праша некој од четниците.
—    Да ми беше стра не оде јас толку години сам, со Трајка овдеа и другите другари, даи бркам гордо одговори Толе и почна да им раскажува како сите потери се вардат од него, место тој да се варди од нив.
Дури Толе разговараше во оваа колиба со четниците, Петре се поздравуваше во другата со Дамета Груев, којшто како местен работник и човек им го претставуваше на тие што не го познаваа.
И оваа колиба, како првата, беше полна со „горски" луѓе. Тука беа, покрај Груев, и сите главни војводи и раководители на Организацијата.
Тој ден (19 април 1903 година) Смилево беше празнично расположено. Луѓето не излегоа на работа, а жените од зори се зафатија да готват. Се намесија погачи, се насукаа баници, се напржија кокошки, та дури и неколку јагниња се однесоа на фурната. Се спремаше селото да ги дочека претставителите на Организацијата.
—    А бре, што ќе бидат она војводи што се насобрале во Миховите колиби? — го праша Секо Маруш месниот војвода Ѓорѓија Чурана, кога се врати од стража пред колибите и ги виде сите што дојдоа таму.
—    Си имаат работа, Секо. Ете, нашево село го избрале да се соберат и да се разговорат, — му одговори Чуран и се запати од куќа до куќа да провери како стојат работите со ручекот и вечерата.
Ручекот се однесе во колибите, а за вечерата Даме му рече на Ѓорѓија да се спреми в село.
—    Ќе нарачаш еден конак за дваесеттина души кај сватот Колета Коштрета. Знаеш, неговата куќа е на крајот и има поголема одајка. А другите ќе ги кладеш во блиските три четири куќи по десетина. И... добро води сметка? Еве, да ти кажам оти на нашево село му падна таа голема чест да ги прими и угости најголемите и први дејци на нашата Организација. Ќe имаш можност да ги видиш сите наши раководители. Тука се сите, — и му ги наброја сите војводи и раководители што беа собрани во колибата.
—    Гледаш? Скоро целиот Централен Комитет е сега кај нас, и ќе остане неколку дена — три четири — може и повеќе. Затоа добро отворете ги очите да не стане некое предавство, да го запишеме Смилево во црната книга, — заврши Даме.
Ѓорѓија си ги поткасна долните муцки и слезе в село не прашајќи го Дамета зошто се збираат, и тоа баш во неговото село. Ги собра десетарите и им ја пренесе Дамевата порака, а овие се распоредија понатаму да ги осигурат животите и мирната работа на војводите.
Околу мракот Ѓорѓија со тројца десетари пак накачи на колибите и во вечерната мугра гостите тргнаа кон селото. Ѓорѓија напред, Даме по него со војводите, а десетарите зедоа по десетина души четници и ги сместија по одредените конаци. Селската стража веќе ги фати пристапните места кон селото.
Облечени, обуени, со пушките в раце и сакмите на рамена, изнаседнаа по долгите клупи во Коштревата одаја сите два триесет војводи и раководители, а стрина Цвета Колевица веќе влезе со кафето. Редот ја носи. Гости чека иако е Петровден по три месеци. Ги дочека да го испијат кафето, ги собра филџаните и излезе, а Даме му нареди на Ѓорѓија да постави еден од десетарите на вратата и никого да не пушта во одајата без негово одобрение. Сам излезе пред гостите и со два три збора им пожела добродошлица и успех во работата, па му даде збор на Лозанчев како претставител на Централниот Комитет од Солун. Овој стана од местото и дојде кај Дамета, та го отвори собранието, поздравувајќи ги присутните делегати.
Во текот на петдневната дискусија се изредија говорници „за" и „против" општо востание, дури најпосле Даме со неколку збора не ја прекина расправијата.
„Бре, луѓе, не си го губите времето да го разрешувате прашањето: ќе има ли востание или не, зашто тоа е решено од нашето раководно тело ЦК. Зборувајте сега за востанието како да го правиме и кога, а не дали да го правиме".
Петре дочека да заврши конгресот со работата и со голема тежина на душата ги прими директивите за дејствување во неговиот реон. Тој ги зеде Толета и Трајка и се врати кај четата по Ливада. Таму го најде Перета, зачуден, и кога се сретна со него и му ги пренесе добиените директиви, овој длабоко

воздивна и промрмори преку заби: — Ах, Петре, што направија, од дрво нога, од камен глава да си направат; го фрлија народот во оган без време!

Толе Паша 4

 

 

4.
Толе ја разбра салам сета работа на Конгресот од Петрета и доби од него упатства што треба да работи.
—    Ти сега ќе гледаш што повеќе оружје да се внесе во народот, — беше последниот збор што му го рече Петре на Толета.
Толе си дојде во својата чета во Полчишко и се замисли како да дојде до оружје.
Гледајќи ги Шаќира и Ѓура, се сети дека есеноска испрати по овие двајцата шестотини лири за пушки, та сега ги закачи нив за таа работа.
—    Камо пушки за парите шо ви и дадоме есеноска со Бешот, бре побратими? — им вели Толе и им запрети оти ќе ги обеси ако не стигнат пушките уште за некој и друг, месец, кога ќе треба да се употребат.
Шаќир и Јован се бранеа дека ги предадоа парите на прилепското началство, а што стана понатака тие не можеа ништо да разберат од затворот. Затоа Толе реши да го прати Јована во Бугарија по пушките.
А овој, откако ја намириса работата дека ќе ги мешаат капите со агата, се зарадува на предлогот од Толета и во мај замина по канал за Софија.
Ги најде шестотини лири и навистина купи сто и дваесет куси манлихери за нив, а од војните магацини украдоа со некои прилепчани две три илјади патрони и ги испрати за внатрешноста. Но место за Прилеп, ова оружје замина за Пирин со кое Сандански навистина наоружа стотини свои востаници. Барем така се правдаше Ѓуро кога се врати по востанието.
На три четири дена пред Илинден, на тумбата Становица, над селото Жиово, се собраа прилепските војводи со своите чети да го направат планот за напад на мудурлакот во Витолишта.
Најпосле настапи судбоносниот ден да се обиде рајата со агата.
Екна борба во битолската револуциона област. Смилево се запали, огнот го видоа по сите ридишта од Кожув и Албанија и ги запалија сноповите 'ржење што беа приготвени од пред два три месеци.
И во Мариово светнаа пламени на Гумништа, Панделе, Висока, Смечот, а тој на Кравица можеа да го видат и во Солун при јасната јулска ноќ без месечина.
Во Невеска, Баница, Рупиште, Екшису и по целата железничка линија зовреа пушки, пиштоли, бомби. Востаниците ликуваа во ослободените населби.
Карев со другарите го нападна и презеде Крушево, но нашите востаници задоцнија. Толе ги обиколи сите села по старо Мариово и насекаде бараше едно:
—    До вечера, до утре, сакам илјада души со оружје в рака да го нападеме мудурот и јузбашијата во Витолишча.
—    Co ошчо бре, Толе, со ошчо да тргнеме кога оружје немаме в рака? — се жалаа селските раководители кога Толе наредуваше.
—    Ами кога ви веле јас од лани: пусат, море луѓе, пусат прибирајте, вам шо ви се чинеше, а? „Се шакуа Толе". Еве како излезе вистинска таа моа шака. Сега како знајте: секирите, косите, крклизите, шо имате со тоа излегувајте. Инаку ќе му го дада огнот на селото и ќе ве испеча како глувци сете! — грмеше Толе со својот длабок глас и им се закануваше дека сите ќе ги избеси на врбите во ливаѓето.
И селаните се спремаа, место во Градешница на Илинден на гости — во Витолишта на бој.
—    Го гледате шишот мој? Муш, муш, муш! Ќе измушкам најмалку десет аскери со него во Витолишча, — се шегуваше Илко Корунов од Бешишта, одејќи по Бешишкото Поле со сакмата нарамо и еден крклиг врзан на стап со подвеската од десната нога.
—    Остави и, море, шо ти сториле шо ќе и мушкаш, токо да пратиме некој да му рече да сварат повеќе пилав и да го остават да се лади, оти жежок не се јаде, — му одговараше Саботко Неданов, фаќајќи се за кубурите и фалејќи се како по двајца аскери ќе тепа наеднаш.
Ho какви такви, Толе поткрена неколку стотини души од своите села, a со оние што ги доведоа Андон, Петко, Стојо и дедот Коле се собраа над илјада и се ставија на расположение на војводите.
Јордан Тренков им одржа говор во Жиовските ливади под Становица.
—    Момчиња! — (макар да имаше и старци од шеесет години). Часот на слободата тропна. Ноќеска ќе му влеземе на мудурот и јузбашијата и ќе ги исколиме сите ако не избегаат. — Ноќеска, велам, ќе го заградиме селото од сите четири страни и ќе му влеземе на мудурот во конакот, ќе го симнеме од столот и ќе си седнеме ние, ќе се ослободиме и од него, и од неговите заптии — да не ги глодаат веќе коските!
— Mope, арно со мудурот ќе свршиме, господин војводо, токо кога ќе разбере Џавидпаша кај ќе одиме? — се провикна некој од купот.
—    Џавид. Дургут, Халил, Хилмипаша, на сите ќе му дојдиме доак, не плашете му се, не сме сами. Ете, цела Македонија е веќе на нога. Слушате ли оти во Крушево веќе вријат пушките? Така е низ целата земја. Ние да си ја свршиме нашата работа, овие одовде да ги нападиме, та со пашите, има и друг да се расправа. Тука се браќата Б'лгари, тие ќе му удрат в грб и ќе си ја соберат пашите опашката дури во Анадол, откај што дојдоа. Само напред ноќеска! — повтори Јордан по десети или стоти пат за братската помош од Бугарија пренесена од Сарафов.
—    Е, море, напред напред! — им се испушти од грлата на стотина души голораки селани.
—    Ќе ваќаме со гола рака змиа, нема чаре! — рече Гуцето и ги поведе своите градевци кон витолишките гробишта, откаде требаше да го нападнат селото.

Толе Паша 5

 

5.
Витолишкиот мудур Арсланбеј седеше еден поручек во својата одаја, два три дена пред Илинден, наднесен над едно писмо и ѕуреше во него преку очилата, очигледно замајан од неговата содржина. Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува:
— Бак, бак, бак, пис милет, бреј! He сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван. Ќе туркат ѕид со глава, а оти ќе кршит лејката не му текнуват!
Се замисли длабоко, па како да се присети нешто, плусна со рацете.
На вратата се појави заптијата Ибраим и направи темане:
—    Бујрум, мудур ефенди!
—    Оди, Ибро, викни го јузбашијата од кашлата.
— Евет, мудур ефенди, — изусти Ибро и излезе низ врата поведен во знак на послушност, а мудурот пак ги кладе очилата и пo десетти пат го прочита писмото дури да дојде јузбашијата. Чита и цука, се чуди, се лути, псуе каурска вера, мајка, живи, мртви. Најпосле тропна и влезе јузбашијата.
—    Бујрум, мудур ефенди! — праша младото забитче и направи скромен поклон со раката на градите, повеќе поради староста на мудурот отколку на неговата положба.
—    Те викав, Сефедин, те викав и има зошто да те викам. Повели, седни... и... еве читај, —го покани бегот својот заштитник, командирот на оружаната сила што беше пратена да го варди уќуматот — царската власт во овој најзафрлен дел од големата турска царштина.
Јузбашијата, уште не седнат убаво, го дочитуваше краткото, но јасно писмо од кајмакамот, кое со својата содржина ги вознемири претставителите на султанот. Кајмакамот пишуваше:
„Од мене, прилепскиот кајмакам, Салиефенди до тебе стари пријателе Арсланбеј поздрав и молитва да ти го чува алах здравјето, главата и власта.
Овој час наш човек ми кажа дека овие дни — салам и тој не знае кога — ќе имаш гости од планина. Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел па чекај ги и кај тебе некоја ноќ и приварди се да не те најдат на спиење и да те испечат жив во конакот.
Толку за сега. Потаму ќе ти јавам ако излезе нешто ново, а и ти веднаш чини абер ако забележиш нешто слично во твојот мудурлак".
—    Е! Прочита што пишува казмакамот? — му се обрна стариот мудур на младото офицерче и го покани да седне на столот од десната страна.
—    Прочитав, мудур ефенди, ама не ме израдува многу — му одговори кратко јузбашијата и, седнувајќи на покажаниот стол, ја извади кутијата со тутун, та му понуди на стариот Арслана.
Завитка мудурот, завитка и Сефедин и со апетит тргнаа од килибаровите чибуци, длабоко замислени.
Најпосле мудурот проговори!
—    Што мислиш, Сефко, по оваа работа? Гледаш што пишува кајмакамот? Да се вардиме да не не испечат некоја ноќ живи. Што треба да направиме да не го доживееме тој резил?
Сефедин почна да го теши старецот:
—    Без гајле, мудур ефенди, без гајле. Моите анадолци се секогаш готови да те одбранат и тебе, и мене и честа на нашиот падишах. Јас сега ќе наредам деврие низ селото, караули по сите патишта, а еден чауш лично кај тебе ќе караули. Само ти гледај да подразбереме кога се ружаат да нападнат.
Мудурот се поослободи и нешто се присети та пак плусна со рацете.
На вратата пак се појави Ибраим.
—    Оди, Ибро, да викнеш коџабашијата. Трајка.
—    Евет мудур ефенди, — пак повтори Ибро и се изгуби низ врата.
—    Ceгa ќе разбереме се што ни треба, — му се обрна мудурот на јузбашијата и двајцата почнаа да кројат планови како ќе се заштитат при евентуален напад.
Додека тие се советуваа какви мерки да преземат, Ибраим го дотера коџабашијата Трајка.
—    Да ви се ногу години, ефендилер, — проговори Трајко и со длабок поклон ги поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го вика мудурот за добро. А кога го виде и јузбашијата, крвта му се здрви.
—    Бујрум — бег, си ме викал? — проговори како со туѓа уста.
Мудурот го направи пријатно лицето, му се насмевна под мустаќ и го покани со најљубезен тон претставителот на селото:
—    Бујрум, коџабаши, бујрум, повели седни да направиме еден муабет! — и му ја подаде тутунарката. '— Повели, направи еден тутун. Знаеш, тутунот го правит лезет муабетот.
Трајко седна и завитка цигара, му ја врати кутијата и ја запали цигарата. Седна како на трње и зачека да слушне зошто го викнаа денеска на конакот и тоа обајцата главабашии.
Мудурот почна оддалеку:
—    Знаеш што викав тебе, коџабаши?
—    Да чујам, мудур ефенди!
—    Еве, по два дена идит тој вашиот Илија Грмелија, како викате вие. Јас имам ниет да отидам и овој година на гости во Градешница на Илинден, та реков да земам и тебе, да правиш мене кумпатага. Знаеш како ти ет. Јас стар човек, та не ми се одит со овие младите — ќатипче, јузбашија, чауши, башчауши. Сите ќе гледаат во нив, мене никој не ќе погледат. Вака — јас стар, ти стар, белким ќе опулит некој младо невеста во нас — божем се нашакува Арслан и го погледна под око Трајка.
„Аха, си помисли Трајко, — оддалеку почна да посега бегот", но се направи да не разбра дека и него го вика.
—    Убаво си наумил, бег, убаво. Оти да не појдиш; оди прошетај се, како да е ќе се опуле некоа, ако не млада, оно од постарите!
—    Ама јас ќе го одам, џанум, токо канам и тебе, и во тебе да опулит некој млада, а? Што велиш, ќе правиш мене дружина или да викам Мисирлијата?
—    Сполај ти бег, сполај ти. Јас вој Илинден немам ниет да ода на госје. Ошче не ми е собрана седбичката, ете и на страгата ме викнаа вие дни, да си го зема тоа млекцето. A ти оди со здравје и погледај некоа и за мене, ако е и постара — пак на шака ја тера Трајко, ама му жежи столот и само што не подрипнува кога Арслан го кани.
При овој одречен одговор од Трајка Арслан го погледна јузбашијата и незабележено ги развлече муцките.
—    Тогаш да викам Мисирлијата; ја кажи ти некој што ќе одит, да одиме заедно. Мене, жими вера, од некое време шубе да излезам сам надвор од селото. Ете, дал господ диви луѓе што не мирисаат нас Турците, та да не сретнат мене сам некаде, да одерат на стари години! — се приближи со дикат Арслан до темата за која го викна коџабашијата.
На Трајка му заигра долната клепка од десното око што тој си го протолкува како знак за несреќа и уште толку се наежи.
„Ќе ме топат виа пци денеска. Треба да имаат нешчо намирисано" — си помисли во себе, но почна да го разбива мудуровото мислење, па му вели:
—    Mope бег, ако се плаше орачот од врапците — не сее просо, токо гледај си ти ќевот. При царцката живот и сила никој напреку не може да ти се опуле, не да те дере. Шо ми зборуаш такви детинцки муабети. Кој е тој шо ќе крене рака на царцки човек? Ќе му се исуше!
—    Ха, ха, ха! — се насмеа мудурот, a пo него и јузбашијата.
—    Што убаво местиш муабетот, бре коџабаши. Како убаво што зборувате така убаво да работите, топ не разбиват ни вас ни нас жими вера, — стана од столот и му се приближи.
—    Мислите, ние трева пасиме, бре чорбаџи Трајко? „При царцката живот и сила немало кој да кренит рака на мене", а вие спремате и на самиот падишах да кревате рака; Мижи Асан — да ти бајам, правите вие работа, а? Толе Паша собират селаните да бркат нас од уќуматот и кашлата, а ти мене маслосуваш и тураш вода под рогузина.
My се наднесе над лицето, го фати за раменици и му се заѕури во очите.
—    Зошто не одиш на гости во Градешница, бре ќерата? Мислиш ти не знаеме ние оти ќе кревате ѓурунтија овие дни? Кажуј, кажуј бргу кога, или да викам Ибраима да затворит во визбата и наместит коските! — и почна да го тресе за гуната за која го исправи.
Трајко стана и почна да се правда:
—    Аир ефендум, шо е тој лав шо ми го велиш? Кој е тој што ќе кревал буна против царот; кабул не го права јас тој страм. Толку години, ете, сме заедно; сме си поминале како господ што рекол, аир. Ни за буна знам, ни за нишчо. Си го направил некој ќевот, ме накодошил да ме страмите.
—    Слушај Трајко, слушај стар пријател, — го симна гласот Арслан и почна испитувачки да го подмамува. Сам рече дека толку години поминавме како господ што рекол. Сум јал еден залаг леб во твојот куќа, си пил и ти кај мене пекој кафе, си запалил некој цигара. Демек, ние со тебе не сме си душмани. Сакам и понатаму да не бидеме душмани, ако не можеме да бидеме пријатели. Затоа сега ти ќе кажеш се што знаеш по овој работа, да чинам абер на кајмакамот и валијата, оти ако разберат од друг, ќе обесат обајцата нас. Жими вера и имаат право. Таков магаршчилак да се токмит кај нас, а ние да не знаеме и да не кажеме, навистина за бесење сме.
Трајко ги собра рамениците и повтори.
—    Аир ефендум; ни знам, ни абер имам за такво нешчо. Оти има по планините лоши луѓе како Толета шо го рече сам, та го знајте и вие, го знае и царот. А за некоја буна во народот јас не су чул, ни су разбрал. Па дип веќе ако се крие од мене, тоа може, ама јас не знам.
На овој Трајков одговор мудурот пожолте, а јузбашијата позелене во лицето.
—    А што е ова, бре ќерата? — му се врекна јузбашијата и го извади од џебот на блузата писмото. Почна да чита:
„Каурите се спремаат да ја уриваат нашата царштина од темел..."
—    Што велиш? Лажит овој што испратил овој писмо до мудурот?
—    А бре, ефенди, јас не знам нишчо, та тој лаже ли или и него го излагале, и тоа не знам.
—    А не можеш да одиш на гости во Градешница? Седбата, млекцето, несвршени работи? Mope, море! Ќе кажиш, жими вера, туку доцна ќе бидит. Ти си стар човек; после, половина царцки чоек, немој да тераш со сила да кршиме коските. Толку повеќе што си стар пријател на Арсланефенди... Кажи, кажи, да не носам тебе во кашлата кај Расимчауш. Таму ќе го кажиш и што не ет за кажување, ама да не бидит со лошо.
—    Аир ефендум, по стопати аир! — се правда Трајко и сиот се тресе.
По самото негово држење видоа дека знае, но не сака да каже, затоа мудурот му намигна на јузбашијата и му проговори.
— Земи го, јузбаши ефенди, кај тебе ноќеска, па утре ќе го продолжиме муабетот. Трајко се зачипчи за стариот свој пријател.
—    Аман бег, аман ефенди, аман пашум, аман татче! Ти татко, ти мајка, да не сториш кабул на стари години да ми гниат коските! Дотука ли беше нашето пријателство од пред двајсет години.
—    Трајко, јас не можам да помогнам сега тебе. Ти сам викаш бељата. Кажи што знаеш — оди дома, бркај работа, ако веќе не сакаш да го идеш на гости со мене во Градешница — го отстрани Арслан Трајка од себе и му го предаде на јузбашијата.
Трајко почна да се бори со себе:
„Да кажа — ќе ме заколе четата; да не кажа — ќе ме отепа ноќеска Расим чауш, — и застана сред одаја да се чуди.
—    Ајде, коџабашиа, ајде пред мене, што чудиш? — го поткани Сефедин стариот коџобашија, и пак почна да го искушува:
—    Слушај коџабаши, слушај синко. Жалам тебе, ама повеќе жалам мене, мудурот овдеки и царот наш. И јас сум јал леб во твојот куќа и не сакам да правам тебе кедер, ама рече ефенди Арглан, сам ќе носиш кабаетот. Ти знаеш Расимчауш многу убаво. Ќе предадам вечер нему и до утре или ќе кажиш или ќе одиш на оној свет. Зашто да тргаш мака кога може без неа да поминеш? Ние знаеме дека ти за тој работа не крив. Ами да оправдаме и нас, и тебе пред кајмакамот и валијата, да чиниме еден абер, та понатаму, тие нека му мислат. Зошто за ваков ситна работа да гнијат тебе коските и предвреме да лежиш во гробот?
Трајко се свитка. Тој знаеше мошне убаво кој е Расимчауш и како ќе помине ноќеска кај него во кашлата. He ќе може да издржи под тешкиот ќотек и ќе признае, ќе каже што знае. Тогаш што печали што јаде ќотек? Ништо. Најпосле се реши да каже. Ако дојде до колење подобро нека го заколат четниците, отколку да се влечка улугав без нога, без рака, слеп без око или со искршени ребра од Расимчауш. Се издиши длабоко и му ја побара кутијата на Арслана да завитка уште една цигара.
Турците се успокоија.
— Бујрум, Трајко, бујрум. Завиткај пет, не една. Јас тој сум Арсланбеј, твојот пријател. Бујрум. Седни, море, да свршиме работа, та не плаши се од нив. Ние знајме оти страв тебе од комитите, да не колат. Такви сет царцките работи. Ако не колат комитите — ќе бесит валијата нас, ами да држиме појакиот, та да протутниме уште некој и друг година.
Седни, седни запали цигарата! — го покани пак Арслан Трајка и му чкрапна кибрит, водејќи го кон столот на кој седеше прегеска.
Плусна со рацете и му нареди на Ибраима.
—    Јап јуч татли, Ибро (Направи три слатки кафиња Ибро.)
Ибраим ја затвори вратата, Трајко и Турците седнаа и почнаа нервозно да тегнат дим од запалените цигари.
—    Е, да чуеме, коџабаши, — проговори јузбашијата очигледно нервозен од неизвесноста, дали Трајко ќе каже или пак само гледа да помине времето да не оди кај Расимчауш.
—    Mope, бре, ефендилер, шо не покрил господ — човек не може да покрие. Шо да ви кажа. Слушам од тебе — од мене оти најсна ќе правеле тиа неранимајковци некој бунт, ама кога и каде, право да ви кажа и мене не ми кажуат. Се плашат како царцки човек да не ви чина абер вам. Ете, на Градешница слабо кој ќе оде на госје; гледам повеќе селани каде се иставаат од селото по колибите. Носат повеќе јадење отколку што требе, си наоѓаат разни мани само да не се в село; криат по јамите алишча, благота. Ете, од два три дена ваки нема да стапне човек од другите села кај нас, та шо се крои, што се шие, ви реку оти не знам и не знам, ако веруате бога. Распрашуам — распрашуам по приатели, по роднини, никој салам нема да ми каже. Некој велаат во сета земја врие, други велаат угу кај нас е вој стра, инсан како инсан, кој може крај да му вати на разни муабети? А оти се мати водата — се мати. И вие сами гледате. Ете јас шо има да кажа. А па вие привардувајте се виа дни по воа денот да не не најдат апанс'с и да не испечат живи, како шо пишуа во книгата. Друго нема шо да кажа. Биле, колиле, бесиле, било такцир ќе се страда на правда бога.
На Турците не им се направи ќефот. Гледаат дека Трајко сака да седи на два стола. Нешто поткажа и ги предупреди „виа дни привардувајте се" ама кој ќе бидат „виа дни" Трајко не сака да каже.
Влезе Ибро со кафињата. Пак завиткаа цигара, зачурија и ги испија кафињата.
Мудурот сака да ја дотера до крај работата.
—    Та така, велиш, Трајко, виа дни, а? Салам, салам да подразбера кога?
—    А бре, бег, салам нишчо не знам и не разбра. Ви реку јас оти така се зборуа во селото. Виа дни, сигурно на денот, пред денот или по денот — не знам. Ама тука се вртат муабетите. Околу Илинден, та ѓаволот да и знае. Ама за секој случај ви реку и пак ви вела, позавардете се дури да помине матилешот. Шо трици ќе јадат, токо пак, коа тој шо рекол: „покриеното млеко   мачките не го локаат". Та и ние така, да се позавардиме, да не се сторе некој ќедер апанс'с. И разговорот се сврши.
— Е, така Трајко, така. Било та се рекло, море: „Ески досдушман олмас". ). Ете, за малку работи ќе расипевме нашиот стар пријателство. Само гледај сега и ти ако разбереш нешто, по пиле да знајш да го чиниш абер, оти и тебе ќе дерат кожата. А ние ќе гледаме да не дојдит дотаму. Јузбашијата овдеки ќе земит гајлето да довардит нас двајцата, — го утеши Арслан Трајка и му стави до знаење никому да не кажува за разговорот.
Трајко се ослободи од тешкиот страв од Расимчауш и стана, си отиде да мисли како ќе се спасува од четите ако разберат оти ја откри најголемата тајна на Организацијата.
Мудурот и јузбашијата го испратија Трајковиот одговор до прилепскиот кајмакам и ги ставија на нозе сите свои оружани сили, главно да се заштити власта — мудурот и казармата.
Двестете души војници и десетмината заптии не ги остава пушките од раце. Претполагаа дека востаниците дење нема да нападнат, но сепак беа во припремна состојба. А штом ќе паднеше мракот селото беше блокирано, а баш најлошиот Расимчауш со педесет војници се сместуваше во црквеното кале за да го брани конакот од мудурот, кој беше десетина дваесет метра оддалечен од црквата. Деврието патролата — крстосуваше низ село и секаде каде што ќе видеше светлинка влегуваше да се убеди што луѓе има во таа куќа. Но и ќуќите опустеа не само ноќе што се светеа, ами и дење скоро сите беа затворени. Народот се точеше надвор од селото под разни изговори — оди на работа — жетва, вршење бачило.

Толе Паша 6


6.
Под таква околност дојде и Илинден. Но Толе позадоцне и ги доведе луѓето дури утредента, по Илинден, та нападот се одреди дури другиот ден. А за тоа време мудурот веќе беше известен од кајмакамот за сето она што стана во Смилево и Крушево.
На Становица гората се измеша со луѓе. Колку дабје што имаше толку луѓе стоеја до нив или седеа под нив, секој со сакмата и торбата на рамо и пусатот в раце. Тие што имаа огнестрелно оружје ги прегледуваа кремењето, чарковите, капсите, штракаа по десетти или педесетти пат дали работат нозете и петлињата на кремењачките и капсалиите, а тие што носеа секири, балтии, коси, крклизи — го остреа своето ладно оружје со егиња и ги вртеа главите, секој сакајќи да не дојде до употреба на ова нивно „оружје".
На лединката „Чегревите нивчиња" каде што сонцето одвај пробиваше, седеа крај ладното кладенче војводите и го разгледуваа планот на нападот. Веќе четири дена како се разгледува тој план. Според него ќе треба да се нападне селото преку ноќ. Главната сила ќе удри на северниот крај на селото откај гробиштата. Ако се заврзе бој, камените гробови се нарачани за метеризи и заклон. Од јужната страна ќе се јават стотина востаници да ја разделат силата на аскерот, а од запад Толе со своите четници ќе навлева во селото да му се доближи на конакот и да му влезе на Арсланбеј како пред неколку години што му направи кај Сивета во Старавина.
Околу пладнина Тренков си ја даде својата последна наредба на војводите:
—    Ајде сега, другари, соберете ги луѓето и право на чешмата во жиовските ливади! Тивко, со мукает слегувајте.
Пред самиот мрак, над илјада души четници и востаници ги исполнија ливадите и направија тркало околу самата чешма. Дури да слезат до чешмата, низ растот останаа пет шеесет може и стотина од селаните, што на Толета не му откина од острото око, бидејќи сите в глава ги познаваше. Затоа тој го растрча својот бел коњ околу собраниот народ и со страшен глас се провикна:
—    Слушајте, луѓе и браќа! Гледам дека некои од дојдените сакаат да се вратат назад и да не остават сами да се бориме. Нека разбере секој таков, а особено нивните десетари, дека таквите ќе бидат обесени ошче утре на сретсело, а нивните деца и жени изгорени во нивните куќи. Затоа секој десетар да си и собере луѓето. Каде ќе гинеме ние, нека гинат и тие.
А селаните знаеја дека Толе никогаш не се шегува, та не му тежи умот да го направи ова што го зборува, толку повеќе кога утре ќе ги нема агите да го бркаат.
—    Ајде, боже, поможи, — се провикна Тренков и тргна напред, пред оваа собрана армија, за да ја одведе на бојното поле — селото Витолиште.
Десетарите ги собраа луѓето и тргнаа по војводите, а мракот веќе падна.
На Пеливарската чешма Јордан застана. Тука ги сретна трите товари барут, испратени од Битола, и почна со неговото распределување.
—    Кој носи пусат да земе барут и олово, — се разнесе пак Толевиот дебел глас во ноќната тишина и темница.
Се нагрвалија околу вреќите. Шаќир почна да тура секому по еден грст црн прав и по една рака куршуми.
—    Нема кај да го тура, бацко Крсте. — се провикна едно младо голобрадо момче од Врпско.
—    Капата, бре пес! — го искара Крсте детето и ова го симна од главата својот извалкан фес и го прибра барутот и сачмите, а откако се истави од Шаќира, си ја нарами кремењарката, фати горе Жиовскиот дол, та си отиде дома, мислејќи во себе. „Како да не! Ке ода да и го арча златен барут и сачми на Турците, кога можа со него да си отепам десетина лесици", — си префрли преку Становица, оставајќи го својот десетар Ушка да вика во темницата: „Кај вати, Петкоооо!"
Петко убаво го слушаше Ушка, но молчејќи си го продолжи својот пат за дома.
Се раздаде барутот и се расподели народот по планот. Градевци, Бешивци, Полчивци, со дедот Колета и Бешот на чело, тргнаа први, да го заобиколат селото и да се најдат на јужната негова страна. Селските војводи почнаа да ги тешат десетарите, a овие своите десетини.
—    Mope, шо му се плашите, ослепаго, на еден стар дркул; ќе го налегниме како вол, — им влеваше кураж Бешот на другите селски војводи, псуејќи го стариот мудур, Арсланбеја со кого беше долгогодишен пријател, како коџабашијата Трајко од Витолишта.
—    Mope, да не се тиа двестете околу него, лесно е за него, Бешу, токо кога ќе залачкаат тиа, кај ќе одиме? — му одговараше песимистички расположениот градешки селски војвода Гуле.
—    Ќе залачкаат нивните, ќе залачкаат и нашите, — горделиво ги бодреше Андон од Дуње, кој со Толета требаше да му влезе на Арслана во конакот.
Секако на аскерот не му откина од ушето оваа врева спроти село, и караулот го извести јузбашијата, а овој се најде на ритчето Бранов стол над селото, та и сам ја слушна вревата. А токму по тоа време — околу полноќ — на Коста Тучков му се испушти капсалијата, пукна пустињата во сред таа нема тишина и ја издаде целата работа.
— Навистина идат, си пробрборија јузбашијата и мудурот и ги впија очите во мракот, небарем ќе ги бројат.
—    Треба да се баеги собрани, — му прогвори Арслан на Сефедича и пак го опомена на своите задолженија и обврски кон падишахот.
—    Тестир на аскерот да не го напушта селото оти не гори огнот. —
—    Без гајле, мудур ефенди, без гајле, — го успокои Сефедин стариот Стамболија на кого почнаа вилиците и брадата да му се терсат. — Расимчауш ги држи метеризите околу конакот. Дури стои неговата глава, немај гајле. А ти со заптиите држи го калето од конакот. Ќе се обидеме. Ако рекол алах, најпосле ќе ги дадеме и главите за нашиот падишах и верата алахова.
Co овие утешенија го испрати Сефедин мудурот со една патрола во конакот, а сам ги обиколи сите стражарски места, па и Расимчауша и им стави до знаење дека ноќеска ќе има нешто — добро да се држат.
Дедот Коле ја зазеде јужната позиција, војводите се приближија до гробиштата од север, а Толе влезе со своите осум четници од западниот крај в село, не разделувајќи се со Мише Ќосото. Уште при влегувањето, го слушна чеканото прашање од стражарот.
—    Ќим сн сен!
Но место одговор Бојко чкрапна со малихерката и војникот падна смртно погоден.
—    Ах, анани!... ах аврадини...! се провикнаа неговите другари и го напуштија постот, бегајќи кон црквата за да му се придружат на Расимчауш зад црквеното кале.
Гласот од Бојковата пушка го слушнаа војниците во гробиштата на кои удри главната востаничка сила со војводите и почнаа да стрелаат, заклонети зад гробовите. Гробовите беа добри метеризи, но не за востаниците, како што беше во нивниот план, ами за аскерот.
Се заврза борбата. Почнаа и војводите да пукаат, им се придружија четниците и останатите востаници, но укрепениот аскер не ги остави своите метеризи — гробиштата и не попушти, а веќе и зората забеле, та војводите наредија повлекување да не ги фати денот. Востаниците тоа и чекаа. Еден по еден ја фатија долината на Задна Река и уште до пладнина си разотидоа по домовите како ништо да не било.
Толе со своите четници ајдути влезе в село и се запати право кон црквата и конакот. Ќе го турка Арслана од мудурскиот стол за да го намести Тренков или некој друг. Нему му беше сеедно кој ќе седне на него — само да го турне агата.
Од црквеното кале го дочека Расимчауш со педесет мамзери, а Толе го фати калето од Врвцовци и ја заврза борбата.
—    Теслим, бре ќелешковци ниедни, ако сакате главите да и спасите! — се провикна Толе и ја испразни својата куса манлихерка кон калето отакде пукаа мамзерите.
—    Теслим вие, бре ќерата, ако сакате да не печиме живи! — се слушна одговорот од Расима со уште посилен глас кон аскерот:
—    Атеш, чуџуклар, атеш! ) Грмежите в село го привлекоа јузбашијата што беше во гробиштата, па гледајки дека од неговиот „фронт" бунтовниците отстапија, го собра аскерот и му притрча во помош на Расимчауш. Удри в грб на Толевци и овие беа принудени да се повлечат без свршена работа. А и денот веќе фати. Се провиде убаво.
Дедот Коле пропука на казармата и гледајќи дека главната сила, што ја предводеа војводите откон гробиштата, се откажа од борбата, и тој како Толета се повлече и ги фати блиските чукари „Шупливец" да гледа што станува в село.
Толе се извлечка од селото, но не ги напушти згодните метеризи гробиштата, ами гледајќи дека јузбашијата ги напушти истите за да му помогне на Расимчауш, сега тој зазеде тука позиција, надевајќи се дека главната сила со војводите е тука за да ја продолжи борбата. Но војводите за неполн саат, додека Толе се расправаше со Расимчауш беа го поминале селото Жиово и пак на старото место, на Жиовските ливади, се собрале и се ладеа на студената чешма.
Аскерот ги забележа голораките дедо Колеви востаници по чуките, а сигурен дека немаат оружје, се назагнаа живи да ги излови. Тогаш Толе се јави од гробиштата, сега тој на аскерот в грб, та овој пак се врати во своите метеризи околу конакот и казармата, а селаните се разбегаа кој каде види по чукарите и си отидоа дома.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША

 


III   ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША
Толе остана сам со своите осум опробани другари. Виде оти ја напуштија борбата сите, им удри уште неколку залпови во правец на конакот и казармата, си го јавна својот коњ и со другарите, го напушти и тој „бојното поле" со тешка тага на душата што не го турна Арслана од мудурлакот.
Налутен како рис прв дотрча кај војводите и уште од педесет метра почна да вика и псуе:
—    Ами вака ли, море коркари, ќе го падеме Турчинот, слепци да водите што го зедоте на душа народот, аир да не сторите во очите да рече господ златен! Ти иих, шо такцират имале сиромаси со вас да тргаат, да би орлите ви го тргале месото на живота!
Па се обрна кон селаните и четниците што останаа крај војводите.
—    И гледате? Господа војводите на бравите и кокошките волкави во грчмаците, a кога замириса барут, ватиа лимја гора, да не се вратат. Ами на кого и оставите ниа сиромашки синови, голораки да и дере сега јузбашијата, море мурдари! Шо мислите сега и каде ќе и криете тиа вашите тикви шо не размислиа како ќе излезе работата?
Или само „ајде да му појдиме на мудурот и да го земеме конакот", како да е заек, ќе се исплаши и ќе побегне од смреката, — па се исправи пред Тренков.
—    Е, господин коркар војводо? Шо мислиш сега, да ти а тргам малихерката или сам ќе се обесиш на дабот? Гиди брлива главо, ѓиди! Оди, Толе, собирај шо повеќе луѓе да свршиме работа, а тој ни капка крв не виде и а намачка како кукавица. Така се истеруал Турчииот со валби и петелеље прел селаните. Mope крвавење, брату, крвавење сака, та да го оставе конакот, не само валби. Co валби се плашат децата и бабите, а не Арсланбеј и неговите заптии и аскери шо носат оружје од пред петстотини години. Токо, ајде најдете го од ѓаволот. Јас се излага и си реку оти мажи одат по планина, а тие и од стрина Богдана биле подолни. Јаз'к за името шо го носите — „војводи". Такви се војводите како вас, клечковци — им се навика Толе в лице на сите војводи, па дури и на Петрета Ацев што го кандиса да му се придружи, го дупна коњот и ги повика своите опробани и верни другари уште од арамискиот занает.
—    По мене, деца, по мене, ако сакате да се вршат работи, a со виа коркаровци ќе и дадиме вересиа главите.
Војводите останаа замајани од истапот на Толета, се тргнаа настрана под сенката на големата јасика и почна и тие да се препи раат.
— Си има право Толе, другари, си има. И јаз'к да му е сега нему што не ја отпетла манлихерката да не отранче сите како зајаци — прв почна да му одобрува на Толета Пере, којшто последен го напушти сражението во гробиштата.
—    Што право бре, Петре, не виде ли и сам оти аскреот сиот беше на нога? Кај ќе се справиме ние со двесте мамзери утврдени зад такви метеризи? — почна да го правда своето бегање Тренков, што на Ацев и Тошев им ги отвори устите.
—    Ами, кога лачкавме ние во Смилево оти не сме готови, ти што велеше, бре Орде? Народот ја бара борбата, ние само да го поведеме. „Камо ти го, бре машко, тој народ што ќе се нафрли со голи раце на оружаниот аскер? Еех! греови, греови ќе гледаме ако останеме живи. Двесте души не исплашија и не нападија со еден плотун како чавките Дервиш полјакот во Бзовичко, та ќе го дочекаме Џавидпаша со две, а може и дваесет илјади души. Туку пак ќе речам: вие да ја имате на души што ја фрливте сиромаштијата во устата на волкот. По стопати берете му го гревот — заврши Пере и длабоко воздивна, вртејќи ги очите од Јордана да не му го гледа суратот.
—    Е, море, ние, ние. Тоа се стори што се стори, туку сега ставајте да се позасолниме во растов, оти агите лесно можат и овдека да не оплескаат со мамзерките. Што велиш ти, Петре, која страна да ја фаќаме?
—    му се обрна Јордан Ацев на чиј реон беа собрани.
Дури тие така се разговараа под јасиката, селаните што беа дошле дотука со нив нога за нога, кој по нужда, кој отворено се разотидоа, та дури и Ушко од Врпско не му рече ни збогум на „дедот" Петрета, со кого беше одличен и личен пријател.
Намуртени, озлојадени, загрижени, тие брзаа да се доберат до некоја колиба или трло каде што ги оставаа кременачките, косите или крклизите и бараа пекој обичен, предмет — јарем, палечник, плаз, некој сноп 'ржаница да кренат на рамо и со него да си влезат в село, незабележани, оти знаеја што ги чека дома сите оние што беа им се придружиле на комитите.
Војводите со своите четници пак се искачија на високата, со гора обрастена, тумба
—    „Становица". Оттаму почнаа да ја наслушуваат надежта. Тивката августова вечер им помагаше да можат да слушаат далеку. И штотуку падна мракот Тренков, восхитувајќи се, почна да им обрнува внимание на другите војводи и четници:
— Слушајте, слушајте! ридиштата одѕеваат нешто.
И навистина од Црна ечеше некаков монотонен длабок ек, којшто се одбиваше од голите Галишки и Гудјаковски скрки. Бучеше нешто, како тапан некаде да бие без прекин, но од каде идеше, уште не можеше да се разбере, бидејќи воздухот уште беше исполнет со денешната врева.
Дури околу стари вечери почна гласот да се пораспознава. Се слушна и првиот силен звук на топ, а и неговиот правец можеше да се определи.
—    Откон Селечка, луѓе, од Селечка иде гласот, — радосно извикна Пешковчето, обрнувајќи го своето лево уше право на запад.
—    Тие се, тие, нашите го напаѓаат Прилеп и агите се бранат со топовите — му се испушти и на Ацев радосен извик, макар да беше притиснат и тој како Перета од денешниот неуспех.
—    Mope, тие арно му се примолкнале, ете, на Прилеп, туку ние како ќе се јавиме утре пред нив, ќе ни црвее образот, — се јави еден од Петревите четници којшто не можеше да си објасни зошто војводите без никаква жртва ја напуштија борбата со витолишкиот аскер.
—    Е, море, ако свршат работа тие, како ќе се јавиме — јавиме, па и нека не обесат нас, туку да не излезе и нивната како нашата, та да не не збере никоја — пак песимистички проговори Пере, ја наведе главата и длабоко се замисли.
Колку ноќта навлегуваше, толку топовите појасно се слушаа, а околу полноќ јасно се распознаваа и пушките. Дури едно време по полноќ можеа да се забележат и секавици, кога грмеа топовите.
—    Аха, — промрмори Тренков. — Треба Никола во Крушево да се расправа со агите, не ќе бидат оние молњи од Прилеп, — ја приближи тој вистината и цела ноќ престоја потпрен на пушката под високиот даб на самиот врв на Становица.
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
—    Та, така Бешу а? Ошче не замирисал барутот — вие со Гулета а намачкате? Ами вака ли ме кандисуаше, побратиме, да ви се придружа? Леле, леле пуста организациа ваша! Да знае, ич да не ве праша, да му влезе еден ден, ќе и нападе како јаребици од трње. Ама јас си вела ваа сила шо се собра, не двесте, ами две илјади да се ќе побегнат. А ние шо направиме? He му дадоме ни да разберат оти дојдоме, а скинаме назад, — почна уште истата вечер Толе да го тевтише реонскиот началник за Мариово, Трајко Бешот, во Полчиште, каде што со своите другари наврати да се одмори, а Мише Ќосето да се види со тетка си Мита по толку години.
—    За вечера сакам една јаловица и три тепции алва, — му заповеда строго Толе на Бешот. — Самиот ти ме вовлече во вој алабак табури и за јадење да страдам со своите луѓе. Ако си остане Толе Паша како што си оде сам, немаше вој страм да го јада.
—    Е, море имаш право, Толе, и главата да ми а скршиш со бардакот, токо да ли е само до мене кривицата. Ете, ни војводите од другата страна не издржаа, — почна да се правда Бешот, ветувајќи му ја на Толета бараната вечера.
—    Војводите! — со иронија го произнесе Толе звучното име — војводи! Кои војводи? Такви се војводите, како ниа нашите коркари? Е, море, е? Колку сака до војводи! Војвода да бидиш сака првен ти да а кладиш главата в торба, та после другите да и поведиш по тебе. Војводите одат напред пред четниците, како забитите пред војската, а не како козарот по кози, како шо направиа нашите војводи. Токо пушчи му го ним в'кот, шо сториа ќе најдат. Ќе и вида сега во кое дупче ќе се пикнат кога ќе и поткачи Сефедин со аскерот. А ако дојдат овдеа кај тебе и побараат леб, ќе те обеса јас лично на ореот во твоата градина, ако чуа оти си и прибрал и си и наранил? Слушна?
—    Слушна, брат Толе, слушна. И кој ќе ме слуша мене сега да му дада? Нивната сила се виде. Народот разбра со кого има работа, та тешко ќе биде сега да се повела. Па неоти ќе не остават сега агите живи? Којзнае шо ќе стане со нас по ваа ѓурунтиа! — се приближи Бешот до вистината на блиската иднина на сите оние што учествуваа во бунтов.
— Шо сака со вас нека стане, кога немате семки во главите. Јас дури су жив од својот пат не скршнуам. Co вас или без вас, јас си а знам работата моа. Ако ми паднат на колај, ќе се расправа и со Арсланбеј и со Тренков војвода. Ама ми е жал оти не му го тргна одма куршумчето кога избега од гробишчата или во ливадата.
Co такво расположение Толе ја преседе ноќта по борбата во Полчишта и во зората го дочека и Мише Ќосото, кое оваа ноќ ја проведе со тетка си, и уште неразденето си го јавна коњот со дисагите, полни месо, леб и алва и си ја фати неговата златка Сливина, да си го продолжи својот стар занает — арамилакот.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 2


2.
Во карпата над чешмичето, од каде пред десетина години го нападна онбашијата за да го одбрани дедот Паленѕа и сина му Бојка, ги остави своите седум души опробани другари да си ги споменуваат тие стари спомени, а тој со Ќосото се оддели и го фати честарот во Суши Кутол.
— Ќе појдиме ние со Ќосото до кај Папради да ватиме врска со Градешница, а вие денувајте тука. Чекајте не кај ужината, — им рече Толе на другарите и се изгубија двајцата со Митра.
Сериозните подготвителни работи, особено збирањето на востаниците и самата акција на Витолиште беа му го одвратиле вниманието на Толета од Косото, та речи си, цели недели и месеци се немаше видено на рает со него. Многуте луѓе околу него просто не му даваа слободно да дише, а камо ли да мисли на некакво лично задоволство. Навистина, Ќосото беше стално крај него, но во тие моменти тоа беше само негов најверен и најхрабар четник и другар, и ништо повеќе. Во извесни моменти тој и не чувствуваше дека Ќосото е неговата милосница Митра Брлева од Полчишта. Сета негова душа трепереше од возбуда и напрежение што побргу да се турне Арсланбеј да се напади аскерот од Витолишта за да отрча кон Прилеп, Битола, Лерин, Воден, Солун, па да му отиде и на султанот во Стамбол да го турне од столот, за да не му мириса веќе никогаш на турчовина. Тогаш на рает ќе има време за се па и за Ќосото.
Арно ама, ете не излезе тој план како што го кроеше Толе во својот ум. He било така лесно со коси, секири, крклизи и кременачки да се урива царштина од пет стотини години.
Но Толе вината за овој неуспех не ја најдуваше во него. Тој од своја страна направи се што можеше да направи, ама ортаците го изневерија. И така, правдајќи се пред самиот себе, далеку од секаков командант и поголем од него, одврзан од секаква обврска, се најде во слободната негова планина и тој слободен како неа, та му текна дури и за некакво лично задоволство. Затоа и ги остави седумте свои другари над чешмичето и си отиде во честарот да ја ублажи својата тага за неуспехот, крај неговото четниче Мише Ќосото.
И Мише како Толета за поминатите неколку недели и месеци се чувствуваше како вистински Толев четник. Тоа не покажа ни знак на колебање, на уплав, или некаква непослушност на неговите наредби. Тоа се држеше, ако не подобро, барем како сите други седум Толеви другари. Прво рипнуваше на Толевите наредби; рамо до рамо со Брниклијата напаѓаше на Расимчауша и уште за влакно што не падна на место од еден од аскерските куршуми што му просвире крај ушето со обетката. Тоа го гледаше Толета дека е зафатен со друга, поважна работа, затоа ни еднаш не побара да му оддели некоја и друга минута нему.
— „Да бркаме работа сега, — си велеше таа во умот — па кога ќе си седниме слободни, тогаш ќе му се изнамилуам".
И ете, место слободни дома, тие останаа слободни во дивата природа.
Колку да беше тивко времето, колку сонцето силно да печеше, овдека, во Суши Кутол, жегата не можеше да ги испоти патниците од брзото одење на наугорништето. А тие брзаа. Брзаа со широки чекори, понекаде дури и поттрчнуваа, задишени водејќи се за раце, плашејќи се да не се изгубат, иако беше пладнина при ведро небо и јасно сонце. Брзаа и трчаа да стигнат некаде уште послободни, уште посами, уште во поскришен честар, каде ни господ одоѕгора не ќе може да ги види.
Тивкото бучење на боровата гора ги нервираше до некое време, но потоа им стана едноставно, та дури и пријатно, како на воденичар траскањето на штракалата од каменот, без кое траскање тој не може да заспие. Се водеа по тесното патче од Кучкин Камен кон Суши Кутол и се грижеа да ги заборават сите непријатности што ги поднесоа овие два три месеци, зафатени со таа општа работа. Толета најмногу го печеше неуспехот во Витолиште, а не гледаше оправдани причини за него. „Да беа паднале баре десетина — дваесет жртви, еден двајца од војводите, и кое како. Ами вака, срамно избегаа ошче не ни започната борбата" — си мислеше тој и се јадосуваше оти не остана со војводите да го знае кој е заправо од нив виновникот за ова предавство.
Одејќи и мислејќи така веќе ги наближија Маклата и седнаа во високата папра крај студеното кладенче под сенката на високиот и разгранет бор.
Мише се оптегна по меката папра, размешана со гороцвет, од чии цветови идеше опоен мирис, и ги фрли очите во гранките на борот, барајќи прозорче да достигне со погледот до синото небо.
Се изнамилуваа до наситка, станаа, се измија на изворчето, поручаа и се напија студена водица и се заколнаа еден без друг да не умират.
Си ги нарамија пушките и навртоа пак на бичкијата од Налевци на Уруп, да фатат врска со Градевци. Толе претчувствуваше дека по нападот на Витолиште ќе тргнат потери по него, та требаше да се позасолни некаде подалеку. А најзгодно му беше Градешница каде имаше и свои лични пријатели како Гулета и Гуцето.
Ја воспостави врската, нарача во недела да дојде Гуцето со леб и тутун и уште кај зајдисоице се вратија кај другарите на Сливина со добри известија: дека таму уште немало излезени потери.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 3


3.
Откако се тргна и Толе со своите другари од позицијата во гробиштата и се разбегаа востаниците, јузбашијата и мудурот наредија да се блокира селото и сите селани да се дотераат пред конакот. Но за нивно сожаление в село беа останале десетина старци и коџабашијата Трајко. Терајудри, аскерот им ги дотера овие луѓе на мудурот пред конакот и јузбашијата си го излеа својот гнев прв на нив, удирајќи им и тој по десетина грбачи преку очи и плеќи, та во тој бес не го заштеди ни самиот коџабашија.
— Браќ, бе, брак, јузбаши ефенди — му се обрати стариот мудур на младото забитче кога тоа почна да мава и на Трајко.
—    Е, коџабаши? Бидна овој работа, а? Како излезе? — почна Арслан да го праша Трајка од кого пред тричетири дена подразбра и се спреми да го дочека нападот.
—    Е, море, бег, ете бидна една детинцка, аџамичка работа, токо деца како деца, нека е жив царот, риџа идерум, прошчавајте, ви го расипаа раетот една ноќ, да му се невиди, што можиме ние старите да му правиме?
—    Ахаха, детинска, аџамичка работа, а? Жими вера, ако не најдеа апан'с токму машки ќе правеа, туку благодарение на јузбашијата и аскерот, та излезе детинска. А сега, како велито вие: децата јадат сливите — на старите трпнеат забите. Ете, токму така излезе. Децата прават — старите оддеваат. Де сега за пет декики да собериш селаните сите овде пред конакот, да побараме тие деца и да пратиме на кајмакамот, да правит малку тербиет тој, кога не можите вие старите да повелате вашите деци. Слушна? До ручек време не доведе до еден селаните, ќе наредит Сефедин на аскерот да дадит оган од долни крај на селото до горни крај, да изгорат и мачкитe и глувците. Ајде, пезевенци низедни! Ќе туфкате ѕидот со глава.
А вие, бре, стари магариња, зашто не учите вашите деца да гледаат работата, ами правите ајдути од нив? Гиди маскара, ѓиди, — им се обрна Арслан на старците и им удри и тој по еден камшик преку очи, плукајќи секого в лице и псуејќи со најгнасни псовки.
Коџабашијата отиде на ритчето над село откаде стрелаше утринава Толе и почна да вика кон блиската шума „Грбавец", не гледајќи никого, но знаејќи дека половината селани се засолнати во растот, пештерите и во Николовите колиби:
— Еј, селани бреееј, уоооо! Прибирајте се дома оти мудурот ќе го запале селото, ееееееј!
Се заврте кон сите четири страни на светот и ги повтори истите зборови во воздухот, се издиши длабоко и му олесни на душата, како на работник, кога успешно ја свршил својата тешка работа. Ги обиде и сите селски улици, викајќи си повеќе за себе отколку за селаните, и веќе тие што беа скриени во јамите, во племните и амбарите, во кочините и разни други скривници, почнаа да излегуваат, прашајќи го што стана, како стана и што мислат сега агите.
— Шо мислат, ѓавол да и знае шо мислат, ама арно сигурно не мислат. Ако се прибере народот сигурно ќе и бараат бунтовниците, а ако не се прибере — отиде селото, — им објаснуваше Трајко и ги кршеше прстите, молејќи секого да ги прибере своите домашни што побргу.
Co група од пет шеесет луѓе и жени Трајко дојде кај ужина пред конакот и го замоли својот стар пријател Арслана да му даде мувлет до утре и изим да распрати луѓе по мегданот, да го прибере народот. Кој не ќе сака да се врате, ете му ги куќите, што знае уќуматот пека прави.
—    Така нека бидит, бре коџабаши, така. Еве, мувлет мувлет. Ти велиш еден ден јас го давам тебе два. Ама стана ноќески некој друг магарштилак, да знајш никаква риџа, никаква прочка немат. Ќе обесам првен тебе овдеки, на сретсело, па после горам селото. Ете, оди, праќај луѓе да собериш селаните. Тоа сакам јас. Да видам мојот раја пред очите, после што ќе правам правам, моја работа.
Co тие зборови Трајко се раздели со Арслана и распрати гласници по сите колиби да се прибере народот за да се спаси селото. И се прибраа. Што ќе прави голорак и напуштен народ? Да остане и без покривач над глава?
—    Биле — умреле, да се вратите, барем сете да умираме ако е за умирање — им порача Трајко на поповите, даскалот Бина, Младена Чкулот и други повидни селани. А и тие сами видоа дека нема на што да се надеваат, та стиснаа раце и срце и се вратија, чекајќи си ја својата горчлива судбина.
Се вратија, и како што му рече Арслан на Трајка, дека сака да ја види својата раја со неговите очи, нареди на другиот ден цело село да се собере на сретсело: „Машко — женско, старо — мало, до куче сакам да видам пред мене! — му се провикна Арслан на Трајка. „Кој ќе останит дома, аскерот ќе заколит на прагот од куќата", — беше последниот заканителен збор на јузбашијата којшто и на аскерите им ја пренесе оваа наредба.
И се собраа. „Кај сила — нема правина" вели народната поговорка.
Се качија Арслан, јузбашијата, заптиите и коџабашијата Трајко со азите на Влашкиот ан, а Расимчауш со петшеесет војници, со штиковите на пушките, ги загради селаните на сретселото. Арслан се обрна прво кон коџабашијата и азите:
—    Е кој направи, чорбаџи, овој магаршчилак некни?
—    Аир ефендум, откај знаеме ние кој го направи, — во еден глас одговорија осумте души одборници на чело со коџабашијата Трајка.
—    Аха! He знаете, а? Добро, добро! — Па се провикна кон собраните селани:
—    Абре ѓаури, ќе прашам сега нешто вас и ако не излажите мене ќе пуштам секој дома. Ама ако не кажите, жими вера, сите ќе избесам тука на јаболкницата. — Селаните занемеа, а Арслан продолжи:
—    Сакат царот да знаит, кој беа тие пезевенци некни што нападнаа уќуматот негов и аскерот? Ајде бакалум. Нека излезат напред и нека кажат: „Ние бевме и тоа и тоа сакаме". Жими вера, ништо не правам. Ќе јавам на царот што сакаат, па може и да дадит ако ет за давање! Зашто вака со лошо да се барат?
Народот молчеше. Секој во себе се прашаше што сака Арслан со ова да направи, иако сите знаеја што бара.
—    Аир ефендум, шо знајме ние калнокапците кој биле тиа пезевенци и шо барале? — се провикна од купот стариот поп Димитрија за сите. — Ние си а гледаме нашата работа, орање, копање, жетва, вршење, што знајме шо прават и кој се батакчиите.
—    Аха, така папаз, така. Така те сакам, да не знаеш. Излези, попе, на страна, — промрмори Арслан и му нареди на Рушидчауш да слезе со петина заптии да ги варди тие што ќе ги оделува на страна.
Попот ја слушна Арслановата наредба, но место да излезе напред, се заврте назад кон народот, бидејќи и така стоеше во првите редици, та ги поткрена рацете и очите кон небото и почна да брбори некои молитви, a потоа им се обрна на селаните:
—    Селани, браќа, не оставајте ме сам да ме к'ваат орлите! — Народот се зби кон него, а Рушид слезе и заптиите почнаа да го влечат попот. Народот го опколи.
—    Или сете, или никого! — се слушна гласот од Стојана Мисирлијата, којшто толку години оди фарија да ги брка комитите и со тоа не мала услуга му направи на Арслана, а преку него и на самиот падишах.
—    Што слушнав, што слушнав? — се провикна од високиот чардак Арслан.
—    И ти, Мисирли, бунтовник? — А кон Рушида. — И него со попот на страна.
Заптиите, кои веќе го одвлечкаа стариот поп до ѕидот на анот му се спуштија на Мисирлијата. Овој почна да се буни, ќе чинел давија на валијата, дури на царот, но еден од заптиите го стегна за гуша и го турна пред попот, каде неколку души војници веќе овега го врзуваа.
—    Уште некој да кажит нешто? Ајде, де? Камо јунаците сами да издезат машки? Немат. Немат, ама вие велите немат, a јас велам имат. Имат и ќе најдам, жими вера, ќе најдам. Еј сега, ќе слезам и ќе најдам.
И ги покани сите што беа на чардакот да слезат со него.
Кога слегоа му ги предаде на Рушида сите осум кази и коџабашијата.
—    Врзете и овие магариња како оние двајцата таму, да побарам јас уште некој.
И тргна кон народот со камшикот в раце, а јузбашијата по него со петина аскери. Народот се стаписа назад и задните се допреа до Мисирлиовото кале, притиснати силно од првите. Секој сакаше да биде поназад, но некој мораше да биде и напред. Арслан и другите Турци направија една прошетка од едниот крај до другиот и ја измерија првата редица старци, кои заштитувајќи ги своите млади синови ќерки и внуци ги изложуваа своите голи рунтави градници и бели глави пред силникот.
—    Кој од вас овдеки комита, бре ердули? — намрштено се провикна Арслан и ги измери домаќините на селото кај кои толкупати имаше правено визити и јадено кокошки и алви.
—    Аир ефендум, ошче за кумити сме ние старите. He гледате, едната нога веќе ни е во гробот, — му се испушти на стариот Главчета кој ги беше фатил 99те и и се надеваше на стотата, која сигурно ќе ја фатеше ако не беше пријателот Арслан.
—    Е, чорбаџи Главче? Вие старите не, младите не. Ами кој нападна, бре ќерата, некни? Ајде, кажуј да не кршам коските на староси.
Главче почна да се правда дека тој од дома не може да излезе, а камо ли кумитлак да брка. Ги напсува сите тие што го направија и кревајќи ја раката до челото во знак на поздрав и молба, направи двапати поздрав „да ти се ногу години, да ти се ногу години, бег, ти и господ. Ние твои луѓе сме, царцки луѓе, да не чиниш кабул да пострадаме".
Co тоа му даде да разбере на бегот дека ќе му даде десет лири да не го задева него и неговите домашни. Но тоа Арслана уште повеќе го раздразни и почна да се дере на него и да мава со камшикот.
—    He требит мене твојот ногу години, анасеци... ана. Кажуј кои сет лошите луѓе или и тебе ќе обесам како оние магариња таму.
—    Аир ефендум, кај и знам јас лошите луѓе, — пак почна Главче да се правда. Но Арслан му го предаде и него на Рушидчауш и овој го затера кај поп Димитрија и другите одделени селани, кои веќе беа изврзани со ортоми, та и Главчета го спетлаа заптиите.
Потоа Арслан си направи пат со камшикот и влезе во средето на народот. Се заврте лево и десно, го погледна вџашениот и нем народ и очите уште толку му закрвавеа. Ги виде сите свои робови и робинки пред себе; ги виде и убавите и млади невести Доста и Дунава Макреви, ја виде и бела Бојана Жиовката, па погледот му падна и на Доста Рожденката,  околу која толку години се вртка, но сега кај него немаше ни зрнце милосрдие, ни зрнце мерак, ни зрнце човештилак. Тој сега стоеше на високо и под себе гледаше непокорна раја шо се дигнала да го брка неговиот падишах, а преку него и самиот алах, та затоа сите му беа мрски и недостојни за неговото внимание. Така гледајќи ги, крвнички, тој бараше само едно: да ги најде вистинските бунтовници, иако сега сите му се гледаа кумити и бунтовници, та во својата врела глава си ги претставуваше и децата од две години како пораснале и станале кумити.
— Се под нож, море, ова да се кладе! Семе да не остане од овој писмилет! — му се испушти од грлото, а брадата и косата му се наежија и засугравија од гнев. Но не ја издаде таа наредба на јузбашијата и Рушида, ами замава со камшикот надесно за да му направат пат. Народот се стаписа и тој тргна низ шпалирот, не престанувајќи да мава и молчи.
Пред едно красно дваесетгодишно момче се запре, како да удри на тоа што бараше.
—    Ах, тебе барам бе ќопек. Тука ли криеш ти од мене? — го грабна за затилокот од кошулата и му го предаде на Рушида без да му проговори ни збор.
Спискаа еден старец и една старица и паднаа пред нозете на Арслана, но тој ги клоцна во ребрата и ги пречекори, та одбра уште десетина како овега и му ги предаде на заптиите, кои ги одведоа кај поп Димитрија и другите.
Најпосле го догледа и даскалот Бина, стиснат до Ташковиот ѕид и како да се поразведри, му се приближи.
—    Е, драскал ефенди! Ќе правиш кумпанија на попот и коџабашијата или ќе ги оставиш сами?
Даскалот замрзна и почна на турски да се моли да не го срами пред толку свет да го врзува.
—    А ти мене сакаш да туркаш од конакот, да седниш ти на мојот место. Мислиш јас не знам што есап правиш. Ќе падиме Арсланбеј, ќе седнам јас на мудурскиот столица. Ела, бе, синко, ела. Седни ако држит тебе петлето. Но сега првен кажи кои сет твојот ортаци, па кога ќе туркаш мене иди слободно. Ама знај оти...
—    Аир беј, какви мои ортаци. Јас не знам ништо од оваа работа. Што е овој зулум од тебе денеска? — Почна и Бино да се правда како тие пред него.
—    He знајш, a? А деците учиш да пеат: „арш марш — Македонија наш". He даит царот лесно Македонија а синко, не!
—    Водите и овој ќопек кај оној магаре попот, — нареди Арслан, а Рушид уште оттука замава на наијнтимниот свој пријател, даскалот Бина, со кого немаше ден да не игра папаски кај Балето, Чкулот или Колобана на ан.
—    Брак, бре Рушид чауш! Дотука ли беше нашето пријателство? — почна да го моли Бино Рушида.
—    Нема драскале, нема. Нема пријателство кога сакаш ти да вјавнеш мене. Секој вардит својот грб. И јас вардам мојот — и го затера и него кај сите.
Арслан се врати по истиот пат на сретселото и им се обрна за последен пат и на селаните и на врзаните:
—    Е, што велите вие сега? Ќе предадите мене лошите луѓе или сам да одредам кој сет. Жими вера, кажете кој сет, донесете мене нив овдека, бркајте вие работата. Инаку сите под нож ќе клавам.
Никој глас не пушти. Тоа уште повеќе го налути стариот беј и го повтори своето прашање, и го потрети.
—    Тогаш сите вие кумити, нема што. Штом не кажувате кои сет, значи сите сте такви! — се развика бесно и му се обрна на јузбашијата.
—    Еден тестир на сите овдека. Ќотек до смрт да паднит! И никој да не мрднит од обрачот надвор. Кој ќе обидит да кинит обрачот — на штикот! А овие магариња да се обесат тука на јаболкницата со надолу глава дури да кажат. He кажаа ли, сатарот. Да сотриме еднаш овој кучкин семе, да не дачкат нас повеќе.
—    Евет, мудур беј, — одговори наежен јузбашијата и нареди уште сто души аскер да дојде за да ја зајакне одбраната, ако се обиде народот на сила да ја кине блокадата.
На јаболкницата пред самиот влашки ан веќе наврзаа ортоми. Им се видоа малку гранките од ова пустиња, наврзаа ортоми и на гредите од самиот ан. Ги најдоа и касапските ченгили на кои Колобан ги обесуваше закланите мрши за да го покажува убавото телешко и јагнешко месо и првин му го навреа едниот ченгил на поп Димитрија за жилата над петици и го оставија да виси со надолу глава обесен за едната нога; другиот му го закачија на Мисирлијата.
—    Еве, Мисирли, што помага ти толку години на падишахот; не бесиме тебе со удолу глава — и му ги закачија војниците обете куки од ченгилот на двете раце на жилата во киската. Остана да виси и пишти, но само со тоа „олеснение" — со нагоре глава.
—    Убав работа излезе овој со ченгилите, — му се испушти од грлото на Арслана, но бидејќи Канабаш имаше само два, тоа му удри во умот да ги собере и кантарите од сите четири аништа и така натокми и за коџабашијата, и за даскалот, и за сите аази.
Кого за врат, кого за ребро, кого за бутови, им ги накачија ченгилите во месата на сите врзани, а младите ги потиснаа да ги бијат.
—    Аман ага, аман пашум, аман татче, — пиштеа обесените, клоцаа мавтаа со рацете на кои им беа слободни, псуеја најпосле: живи, мртви, вера закон но ниту молбите помогнаа, ниту псовките и заканувањата ги заплашија инквизиторите.
—    Кажете бре, ќопеци, кажете кои сет лошите луѓе, сега ќе сгмнам, — беше единствениот одговор на Арслана и јузбашијата.
А кој кого да каже кога речиси сите беа! Најпосле Турците не се задоволија со овие мачења.
—    Оган да се навали на сретсело, оган! — се провикна на турски јузбашијата.
За неполн саат на сретвселото гореше оган десетвпати поголем од коледарски.
—    Курешници под носот, запалени курешници на обесените, жар на градите на овие што лежат — си ја даде најжестоката наредба Арслан.
Се задими целото сретсело и засмрде на курешници, што им ги ставија под главите на обесените, а тие што беа испружени и стенкаа со искршени коски од бој, почнаа одново да пиштат. Аскери со кации им тураа на градите жар и ги држеа по тројца да не го отстранат од градите.
Народот спиште при овие глетки. Некои мајки чии синови беа пребиени и на животи се печеа, изгубија свест и се растрчаа да им помогнат на своите чеда, но се натакнуваа на голите штикови и се враќаа со раскрвавени раце, нозе и гради.
Се скинаа жилите од Мисирлиовите раце и тој падна онесвестен врз лопатата жар и курешниците, чија смрдеа му го размати мозокот и изгуби свест.
Самиот мудур ја извади острата своја кама и му ги насече жилите и на поп Димитрија, кој одамна беше изгубил свест. Падна и неговиот труп врз лопатата со жар и курешници. По него ги пресече ортомите и на другите обесени и овие се истегнаа наземи.'
—    Вода момчиња! — извика на турски мудурот.
Ги потурија сите со по една кофа вода и некои почнаа да покажуваат знаци на живот, а дедот Главче и едно од децата не се освестија. Ги испрати Арслан во рајот да ги поздрават оние стари мариовски бунтовници од Пешта коишто вака за „крст чесен и слобода златна" ги жртвуваа своите животи.
—    Е ,ќе кажите, или да сечиме главите! — им пристапија мудурот и јузбашијата на освестените.
—    Сечите, дерите, горите беј. Ние шо имаше да кажиме веќе кажаме, — за сите одговори Мисирлијата... — Ако има господ и правина се ќе излезе на бело видело, само спомените лоши ќе останат довек.
—    Ајде, Мисирли, ајде. Сега овдека јас господ, јас богородица. Кога ќе дојдит твојот господ ти ќе бесиш мене вака — му одговори Арслан потсмешливо и си ја даде и втората наредба.
— На сите овдеки добар ќутек и да си одат по куќите, — па се обрна кон затресениот народ.
Сега ќе пуштам да одите дома, ама да не лажит умот некој ноќески да бегат од дома, оти, ете, аскерот сардисал селото. Кого ќе видит да мрднит ќе отепат наместо како куче.
Во тоа време јузбашијата им ја пренесе на аскерот наредбата за ќотекот и овој ги грабна пушките за цевки и се втури во купчето народ, та почна немилосрдно да мава каде што ќе му се згодеше. Co плач и пискотници се разбегаа жени, деца, луѓе и на сретселото останаа само тепаните.
— Затворете овие магариња во авурот од конакот мој и добро вардете ноќеска! — си ја издаде Арслан наредбата и се прибра во конакот да ги успокои своите напрегнати нерви.
Претепаните ги одвлечка аскерот во авурот. Пискаа, стенкаа, се советуваа што да прават живот да спасат барем тие што ќе останат по ќотеков денешен и решија да му понудат на бегот поголема сума пари да га остави барем живи, та маките ќе ги тргаат што ќе ги тргаат, алипни до живживоти.
Па како да се пренесе оваа мисла и на Арслана. И тој цела ноќ мисли што да прави утре со затворниците и застана на тоа:
„Да земам некоја пара повеќе, та иако дојдит за бегање, барем да не одам со гола рака во Стамбул", — си заклучи и го викна утрото рано јузбашијата да се договорат колку пари да земат и како да ја изведат таа работа.
—    Ако не дадат, жими вера, пак ќе врзиме ортомите каде вчера и вистински ќе обесиме, — го прифати предлогот и јузбашијата, кој му се виде некако несправедлив; бегот да земе триста а тој двесте лири, но од друга страна и редот си е таков. Бегот е претставител на султанот, та ќе треба и тука да се знае кој е погоре, кој подолу.
—    Значит, петстотини ако дадат ќе оставиме да носат главите до кајмакамот, ако не нека одат кај Петре нивни, — беше последниот збор на бегот.
—    Иди, доведи тој магаре коџабашијата да видиме што ќе речит на овој лав. Само ти ќе правиш намуртен суратот, како да не кандисуваш, оти којзнае дали пак тој ќе кандисат на толкав сума, како баеги пари сет.
—    Евет, евет, мудур беј, — потврди младиот Сефедин и отиде да го изведе Трајка.
Водејќи го лично Сефедин под мишка, Трајко одвај се качи по скалите и влезе кај Арслана. Овој го погледна крвнички и ни знак на познанство, та остави пријателство, не покажа. Уште од врата почна на високо: — Е, коџабаши, како, како? Како помина ноќески, а? Болат коските зар не?
—    Е, море, болат, беј, како да не болат од толку ќотек, — почна да се превива претепаниот коџабашија.
—    Ништо, ништо. Ќе проштаваш. Ете, пак пријател тебе Арсланбеј. He даде да обесат сосема. Туку, што мислиш сега ти? Ќе кажиш арамбашите од вашиот село или да врзувам ортомите на јаболкницата, вистински да обесам. Жими вера, ќе обесам половината село. Од дваесет години нагоре машко не ќе претнит ако не кажите кој беше некни на ѓурунтијата.
—    А бре, Арслане, а бре беј, а бре мудур ефенди. Силата ти е во раката. Шо сакаш можиш да направиш. Токо, шо ќе добиеш ти од тоа шо ќе и избесиш и криви и прави. Најистина, еве и сега да ти кажа како и некни пред ѓурунтијата шо ти поткажа, оти има во ниј и криви. Има и шо беа, ама ногу ќе земеш и на душа, ич абер шо немаат. Но ти, ти шо ќе добиеш од тоа шо ќе не избесиш. Од еден греј на душата шо ќе си кладиш нишчо друго. Криви прави, сете се прави. Ако не отидеа тиа тамо, ќе и заколеа кумитите. Отидоа, еве ќе и обесиш ти овде. Шо е крива раја, бре мудур ефенди, шо паднала меѓу два огна? Ами јас би рекол нешчо друго да направиме ние ако сакаш да ме послушаш, — и тука Трајко се опули со Сефедина, прашајќи го со веѓите стариот свој пријател Арслана дали да зборува отворено пред него.
—    Кажи, кажи. Кажи слободно, Трајко. Сефедин мој човек, наш човек. Ако чинит да направиме.
Мислите им се сретнаа и Арслан се поразведри.
—    Седни де, ај седни, седни, па кажуј, да слушнеме што мислиш. Ако кажиш кои се тие пезевенци, нека платат тие со главата свој, зошто да одит твојот глава за туѓ олеле. Седни, земи, запали еден цигара. Па иако бесам тебе денески, пријателски ќе бесам јас, — удри и на шега Арслан.
—    А бре ќешки ти да ме бесиш, токо јас би рекол никој никого да не беси. Било шо било — на попот се збило, шо велиме каурите. Вие се поисплашите малку, ние го окркаме копанот и тоа затоа да ни биде на двете страни. Да не се бркаме, да не се бесиме, да поминиме ошче некоа и друга година, па после бумбар патласан, ако сака с'нце нека не грее кога ќе и затвориме ние очите.
—    Како „било што било?" He разбирам jac тебе! Да простам за овој магарштилак? Може сакаш да правиш ти мене будала, а? Види, види кого нашол Трајко да маслосуват?
—    He бре, бег, не. Никаков будала, никакво маслосуање. Ами јас ти реку и пак ти вела: шо ќе добиеш ти ако не избесиш нас и цело село, како шо велиш? Ами... да направиме некако како чини и за вас, ама и за селото... Да му земеме, море, некоа пара повеќе. Нека го платат најпосле страот шо го пребрате таа ноќ со ефендиата овде и да поминат со послескум. Шо велете вие на вој збор? — се искажа Трајко и тргна од цигарата.
—    Ха ха ха! — се насмеаја обајцата отоманци задоволни од Трајковиот предлог.
—    Ами кога ќе разберит кајмакамот и валијата, што велиш ти, не ќе обесит нас со Сефедина?
—    Ех, ќе ве обеси! Шо има да ве беси? Лесно ќе се оправдате вие. Ќе кажите: нападна Толе Паша со неговите арамии, нападнаа комитите од Петре Ацев. Зар кајмакамот и валиата не знаат оти такви има. Ќе се држите вие за нас — ние за вас. Ние ќе речиме оти тиа пезевенци беа. Народот — рајата си а гледа работата и бити вајда. Ќе се сврши сета работа. Зати и така беше. И тиа сиромаси шо тргнаа по некој со ниј, со сила Толе и собра, неоти некој сакаше да влегуа во оган. Па неоти и некој ќедер голем сториа! Еден аскер падна, бог да го прости, царот има илјадници такви; токо речи колку пари да собериме и дај башлама на народот да си оде по работата, да не проникне седбата, да гладуа на зимо.
—    Убаво потковуваш нас, коџабаши, убаво; да дадиме нашите глави за вашите, а?
—    пробрбори Сефедин колку да не разбере Трајко дека ги погоди на мислата.
—    А бре, убаво лошо, јас го реку, ефенди. Од една умирачка повеќе нема. Па сега, ако е за моата глава, еве а, стопанкаи. Кај со неа и без неа. Токо, ми се чини оти со нишчо не су а заслужил таа смрт, што ми а ружате, та на тој век и јас ќе ви се кача на грбот со моите греови.
—    А бре, Трајко, а бре стар пријател. Овој резилак што направија тие пезевенци со никакви пари не се плаќат. Туку лели не се прави голем ќедер, а како што велиш и сам, дека народот — рајата не толку крив најпосле да направиме некако ако фаќат умот тебе. Велиш да платит нешто селото. Аџаба ќе кандисат селото да платит?
—    Само речи, беј, речи колку, та потаму моа работа. Ќе плати, шо ќе прави? Ела зло, без тебе полошо, вели нашата поговорка. Бели пари за црни дни... Па кој неќе да плате, ене му го кајмакамот, ене му го валијата, нека оде, нека се разбира со ниј.
Арслан го погледна Сефедина, небарем ќе го праша што мисли тој по оваа работа.
—    He сулејсен сен, бе Сефедин? ), — но како што знаеме од понапрешниот нивни разговор Сефедин беше согласен. Сега требаше тој да се тегави за да извлечат што повеќе пари.
—    А бре, мудур ефенди, овој работа можел ли со пари да се плати? Колку пари чинит животот на аскерот мој што падна? Јас, жими вера, не продавам мојот аскери за пари. Тие служат падишахот наш не за пари, ами за чест, ама нивниот глави скапи сет. Ако најпосле ти наоѓаш за згодно да платат неговиот глава, тогаш јас сакам за неа барем петстотини лири. Де бакалум. Ако зеде рајата главата и сака да платит — нека платит.
Трајко ја разбра работата и подрипна од столот кога ја слушна сумата.
Петстотини лири беа многу пари. Тоа Трајко добро го знаеше уште кога најдобар вол и коњ се продаваа по две три лири, но од друга страна се ослободи дека со пари ќе ја спаси и својата и главите на сите затворени селани, та затоа стана од столот и му се приближи на Арслана како на свој стар пријател што и овој за таков му се претстави, барем со збор.
—    Шо велиш ти, мудур ефенди? He рече ли многу ефендиата? Сега оти се направи еден ќедер на асќерот, се направи тој е намегдан. Токо, јас вела да го плате селото како шо се плаќа секоа глава шеесет па еве и сто нека го плате; земете и вие за страот и шо ви го расипаа раетот една ноќ, по стотина, та се на се да собереме триста лири, ми се чине не се малку пари.
—    Бак, бак, бак! — избувна Сефедин со сета своја жестина. — Зарем магаре пазариш, бе коџабаши? Јас реков, кога веќе загина човекот и сакат селото да оперит крвта со пари, тогаш друг лав не остават од оној што реков јас. Ако не, оди со здравје. Сега знам дека во сиот овој работа замешан сите каури од овој село. И ако дојдит работата да запалам селото, ќе запалам, жими вера, со ќеф, од се срце, без да мачит мене некој мисла, ниту на грев да помислам. Нека горит овој бунтовен милет, да се знает кој наш душман, а кој пријател.
При овие зборови крвнички го погледна Трајка и нервозно почна да трга од запалената цигара.
Трајко го осети гневот, но ја осети и спремноста на обајцата да земат петстотини лири за да ја прекинат инквизицијата, та пак куражно одговори:
А бре ефенди, така си е. Си имаш право во нешчо. Аскерот падна, ама јас пак на тоа си стоа. He се криви рајата, бре ефенди! Кај сила нема правина, бре аман! Ако не кинисале, сиромаси, немаше ли Толе Паша на место да и истепа како кучиња? Ќе и истепаше како нишчо! Тогаш да не го правиме ѓаволот толку црн колку шо не е. Примите и вие една риџа од еден стар ваш пријател — и му се обрна пак на Арслана:
—    Шо велиш ти, мудуобеј?
Сега и Арслан се намршти како Сефедина.
—    Јас ништо не реков и не велам по овој работа. Ти сам поткрена овој муабет и, ете, јузбашијата кажа тебе што имаше за кажување. Фаќат умот, ете — така нека бидит. Сефедин рече: петстотини лири собери, донеси, не кршам нему лафот. Ем да не речеш оти тие пари ќе земеме ние со него. Ќе праќаме, жими вера, на бимбашијата во Битола, па тој потаму што сакат нека правит.
Ние со Сефедина ќе браниме селото колку што можиме, ама и вие да браните нас. Ете, да правам еден добро и тебе и на селото. Оттука понатаму пак да живејме како досега. Ама, бесата бес. Да не дојди утре да нападниш нас оти опљачкавме селото. Санким некој ќе веруват тебе, ама јас сакам да не станит муабет никаде оти се дале пари, оти ако разберат кајмакамот и валијата што ќе речат: „Ааа, значит фаќал самарот овие пезевенци, та што дале толку пари! Значит тие криви по овој работа". И со тоа ќе издадите сами себе, та нам никој ништо нема да речит. Зедовме парите — дадовме на бимбашијата да пратит на мајка му на отепаниот аскер. Ете затоа ваше треба да бидит „ѓормедум" по овој работа.
На Трајка му стана јасно дека сакаат да лапнат петстотини лири и никој да не разбере од поголемите, та оти на мајка му на убиениот војник нема ни една да и дадат, тоа веќе знаеше и однапред. Се позамисли малку, се позатрлка, небарем триста болви го нападнаа, ама кога си ги припомни вчерашните маки, парите му се видоа ѓубре, та со светнато лице му ја подаде раката на Арслана, небарем ја постигна цената која требаше да се даде за купениот предмет или стока:
— Аирлиа нека е муабетот тогаш, мудурбеј! Еве, јас ќе ода кај луѓето и веруам оти ќе кандисаат. Само, ви се мола на обајцата, да си го држите зборот. Бесата бес, шо велаат Арнаутите. Шо да дојде, откаде да дојде, да се држиме рака за рака, шо се вели. Ние за вас, ама и вие за нас... Главно е, море, да не дадиме да се расипат луѓе, та сермиата, стопанка и, луѓето а печалат!
И мудурот и јузбашијата му ја стегнаа цврсто раката на Трајка и пак Сефедин го испрати и го втера во авурот кај затворените селани, клоцнувајќи го на вратата, за да им даде да разберат дека гневот уште не му е ублажен и дека ке треба да го ублажуваат со петстотини лири.
Трајко влезе во темниот авур, а Сефедин ја затвори вратата и застана пред неа да наслушува што ќе разговара Трајко со затворениците.
Трајко во кратко им исприкажа што направи на конакот и колку пари бараат за да им бидат спасени главите.
—    Пари, браќа, пари. Само пари да му пикнеме во очите, инаку не зеа ветришчата. Ќe и дадиме главите на чавките.
—    А бре, за пари нека биде работата, дробовите да му се попарат, токо да не ни и земат и парите и пак да не погубат, — беше одговорот од сите затворници.
—    Е, море, ѓавол да и знае, ама обата дадоа вера и клетва дека нема да ни напакостат, та дури и да не бранат ако дојде некоа поголема сила. Главно е, море, сега да и довардиме лејките, та потамо белки ќе поолабави, стопана му — се искажа Трајко и уште тука во авурот седна со азите да ги расфрла петте стотини лири на двесте куќи село.
 — Ами некој ако не даде? Ако нема или неќе да даде? — му се испушти на Стојо Сукала кој за прв и последен пат беше селски човеказа.
—    Е, море, кој рече „неќу" или „не давам", сам нека си го носи греот. Ќе му го доведеме на мудурот, шо знае нека му праве — му одговори Лесната и тропна на вратата за да му отвори стражарот. My рече дека има работа кај мудурот и овој го одведе.
—    Е, што велат коџабаши? — го пресретна Арслан со љубопитство.
—    Шо има да велат: Бели пари за црни дни. Токо пушчи не да и собериме, ако можиме, и за колку време мувлет да му дадеме.
—    Мувлетот тој. Еве, денески денот прекрши. Да речам довечера, сигурно ќе речиш малку. Ами до утре до ручек — носиш парите — кревам аскерот, не носиш — се знае. Огнот од долно до горно маало. Кучемаче, дете коте, што имат во него нека горит, барем да знам оти су чистил еднаш за секогаш овој село. Ќе донесам Анадолци овдеки, барем да знам оти нема да галатат алахот. Ајде, оди со ум работи. Да не лажит ѓаволот некој да обидит да бегат, оти ќе оставит главата на крајот на селото. Аскерот нема ни да прашат кај одит. Ќe пукат на секого кој сакат да излезит — беа последните зборови на Арслана, а Трајко си излезе заедно со заптијата
Ибраима, на кого мудурот му нареди да ги пушти затворниците од авурот.
Ибраим ја пренесе мудуровата наредба на стражата и претепаните селани се разотидоа по своите домови. Се наложија преку ноќ со толчени коприви, кромид и сол и утрото, уште рано, аазите заредија од куќа — на куќа, да ги собираат парите. Сиромасите кршија прсти каде да најдат по лира, но работата беше сериозна, та ниеден чорбаџија не врати никого да не му позајми, оти знаеше, ако не му даде на заем, ќе треба сам да ја плаќа оваа лира да не го дочека најлошото за својата куќа и семејството. Младен Чкулот, иако претепан, направи добра трговија. Купи пошто зошто од разни сиромаси разна стока: овци, волови, крави, прасиња, телиња —само да им „услужи" да ги сместат парите. На Ристето Куков, му го зеде детето за момоче до Ѓурѓовден за лира и половина; од Дана Дрманче — една бочва од 1200 оки; Пуцето го пазари за вршење и орање; така сите ги сместија расфрланите пари и коџабашијата точно на ручек му ги донесе на Арслана.
Кога ја одврза црната шамија и светнаа златните лири, Арслан задоволно ги протрлка дланките од своите меки раце и го опомена Трајка да не ги брои:
—    Брак, коџабаши, брак! Остави, верувам јас тебе како стар пријател, — му рече Арслан и го праша:
—    Колку сет твои од овие петстотини?
—    Е, море бег, пет даду и јас. He можа да се дела од село и селани — одговори со натажен глас Трајко.
Арслан одброи пет лири настрана и му ги покажа со очите.    *
—    Земи, Трајко, твојот пари и чини алав заметот што'собра овој другите, — па одброја уште пет и му ги подаде со рака:
—    На, земи овие пет лири аирпараси, врати по половина черек на селаните да не се правит некој ќедер на стоката.
И Арслан како и сите селани беше суеверен. Ако се земе нешто несправедливо или ако се украде може штетата да се прошири и на другата стока и да се запусти сосема домаќинот. А во овој случај во прашање беше едно царско село од кое царот секоја година прибираше барем по илјада вакви златници, та Арслан не сакаше тој да биде причина да се запусти овој богат извор на приходи за царската каса за некакви си пет лири пари. „Кај со нив и без нив", си рече тој и навистина, со алав му ги врати на Трајка.
Трајко ги прибра десетте лири, и излезе, а Арслан нарача по Ибраима да го викне Јузбашијата. Овој дојде и си ги прибра своите двесте оставајќи му на Арслана двесте и деведесет.
—    Сега ќе даваме башлама, ама аскерот нека го варди селото. Наутро ќе излегуваат селаните, на вечер до еден да се прибират дома. И леб — колку за денеска — се согласија двајцата управници и така им наредија на стражите околу селото, кое и понатаму остана блокирано.
Го викнаа пак Трајка и му ја предадоа и нему оваа наредба.
— Е, море, така, така. Како сте нашле вие за мунасип, така нека биде, — одговори Трајко и си помисли во себе „море лели и спасиме главите, другото сето налет нека биде! Дошло, ќе се трга. Малку од малку огнот позагасна".
Селаните се поиздишија кога Трајко им соопшти дека се слободни, но да гледаат позарана да си идат в село оти падна ли мракот — аскерот ќе стрела на секого било да влегува, било да излегува од село.
Претепаните останаа по дома да се ложат со коприви, кромид и сол, се облекуваа во пресни кожи; Мисирлијата и поп Димитрија ги лекуваа со сало и катран раните на рацете, и нозете, но жилите не можеа да ги врзат, та обајцата останаа сакати, првиот од рацете, попот од десната нога. Но главно главите ги спасија.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 4


4.
За сето останато мудурот уште на вториот ден испрати по еден од заптиите, преслечен во селски алишта, извештај до кајмакамот во Прилеп, но петте стотини жолтици го ублажија неговиот гнев, та сета оваа кривица ја префрли главно на стариот свој душман Толе Паша и на комитите од Организацијата, за која тој имаше точни податоци.
Си достоја на клетвата и бесата, та во писмото, не само што не ги нападна селаните, ами навистина ги бранеше.
„Рајата од мојот мудурлук со ништо во овој маскарлак не се провини. Иако понекој имаше да им го каже патот, тие со сила беа земени од тој ајдутин Толета и без оружје одеа, та при првите пушки од аскерот се разбегаа и никаков кедер не направија" стоеше во долгиот мудуров и јузбашиев извештај.
Јузбашијата дури и не бараше зајакнување.
„Доста се двестете мои мамзери за илјада нивни малихери" со гордост му пишуваше Сефедин на својот бимбашија во Прилеп.
Но не излезе така работата. Дури Тренков и другите организациони дејци, по страшните порази, се откажаа од борбата и од нападнувачка поминаа кон одбранбена борба, Толе си остана верен на својата клетва, дадена уште при напуштањето на кошарката од татка му Трајка во Крушевица, дека ќе се бори и ќе коле, тепа Турци изедници, а и нивни помагачи од која било вера.
И навистина, ете и сега, по големиот пораз, Толе пак зашета по Мариово како што шеташе и порано — слободен во своите густи борови гори, па и по своите мариовски села. Се раскара со Бешот и другите организациони луѓе, го протепа во Градешница и самиот селски војвода Гулета, ги тевтиши Старавинци, Вешивци, Грунивци што избегаа од Витолиште и ја почна пак арамиската.
—    Само ако слушна оти сте им дале еден залак леб на ниа коркаровци, сете ќе ве избеса на сретсело! — викаше еден ден Толе во Градешница, покажувајќи и на дело дека ќе биде немилосрден спрема секого како што е сега немилосрден спрема самиот селски војвода Митре Гулета, на кого пред сите селани му удри дваесет и пет стапови по дебелото месо.
—    Ај, орман да вати па сега вој! Малку Турците не глодаа и ќе не глодаат, сега па и од него беља, — се жалеа селаните по селата каде зашета Толе слободно, бидејќи аскерот и заптиите од Витолиште не се решаваа да излезат веднаш по нападот.
Вака, слободен од аскерот, слободен и од Организацијата, со право се наречуваше паша на Мариово.
—    Јас су ви паша, јас су ви валија, јас су ви султан. Од мене друг нема да признавате од денеска натаму — ги повторуваше Толе во секое село овие зборови и бараше да го почитуваат и се однесуваат спрема него како спрема вистински владетел. И со големи почести го пречекуваа, а уште со поголеми го испраќаа сиромаси селаните. Кокошки, јагниња, прасиња, алви за ручек и вечера, зоб за коњот, се се носеше по конаците каде Толе кондисуваше в село, секогаш: тој, Мише Ќосото и белиот коњ во една куќа, а другите седум другари во друга.
Распрашуваше во секое село каде фатија војводите и го следеше нивното движење, a исто така секој ден праќаше по еден селанец во Витолиште да разбере што прават, што мислат Арслан и јузбашијата, нема ли да кренат потери по него. Разбра се што стана во дните по нападот, но не го сожали Мисирлијата, попот, даскалот и другите.
— Арно му направиле кога се баби! Да ми се живи! Mope, кога не и оставиле да висат на јаб'кницата арам да му е верата турцка! — дури им се изнарадува Толе на постраданите витоливци.
Но и Арслан со Сефедина не седеше баш така без работа. Од истите оние селани што ги праќаше Толе да разберат што прави тој, тој разбираше што прави Толе во другите осумнаесет села од неговиот мудурлук. Се разбира, и на едниот и на другиот им служеше нашиот коџабашија Трајко за да ја додржи и тој клетвата дека ќе го помага Арслана, не откажувајќи се да го помага и Толета. И еден ден кога веќе Толе толку се осмели, та дури и му порачаа на Арслана да му го остави и Витолиште како што му ги остави сите други села, Арслан се навреди и реши да испрати една потера со Расимчауш на чело, барем да го подзбрка Толета ако веќе куршум не го фаќа да го отепа.
Од друга страна го заскокоткаа Арслана и Сефедина оние петстотини лири што ги зедоа од витоливци, та добро им дојде Толе да можат да ги уценат и другите села како Витолиште.
Тргна Расимчауш право за најблиското селце Мелница. Стигна по мракот и го блокира селцето, та ноќта ги претепа селаните сите со ред што дигнале рака на царот и ги прибра и тој, како Арслана и Сефедина, оние десетина петнаесет лири црквени пари што ги чуваше чорбаџијата Малче. Се знае, мало селце од петнаесет куќи толку може да плати. Па и грабачот Расим не беше ни мудур, ни јузбашија. На чаушот на педесет војници, доста му се петнаесет лири.
Толе таа ноќ спиеше со Ќосото баш кај тетка му на овега во Полчишта и нареди никој да не го беспокои ноќеска, па макар јузбашијата со сиот аскер да го сардиса:
—    Утре на видело ќе се расправам, кој сака нека иде! — беше последната негова наредба пред спиење.
И навистина така стана. Уште по полноќ дотрча еден од мелничани и стори абер дека аскерот излегол и се наоѓа во нивното селце, но никој не смееше да го разбуди Толета дури не пукна зората.
Толе стана пред зора и го побара Бешот и другарите, а овој на брзина му ја кажа новината и му го доведе мелничанецот да слушне лично од него.
—    He истепаа ноќеска Турците, господин војводо, — му се поплака момчето и му ги покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик.
—    Ќe ве истепаат, зар ќе ви постелат! — му се овргали Толе и на овега, гледајќи во секој селанец плашливец и роб.
—    Каде ќе оди аскерот од Мелница? — праша Толе.
—    Ами, којзнае! Ама, речиси, наваки треба да се ружа.
—    Аха, — си пробрбори Толе и го прати Ќосото да ги собере другарите од конаците, што беа по двајца распоредени.
—    Дури тие нас да не бараат, дајте ние ниј да и пречекаме по Мечи Дол, — им заповеда Толе и го јавна својот бел коњ, та бодна долу низ село.
Уште сонцето не искочи од ридот, Толе со дружината ги фати карпите во Мечи Дол и го опседна тесното патче. Фатија метеризи зад карпите, а Ќосото, како секогаш и секаде, застана зад Толета да го држи коњот. Во случај на неуспех и опасност Толе го клаваше Ќосото зад себе на коњот и така успеваше да излезе од обрачот на потерите.
—    Прво моата ќе пука, после вашите, — им рече како секогаш и се заплати зад карпата.
Нервозно го преседоа Толевци тоа претпладне во жешките карпи, но дојде и чеканиот час.
Расимчауш се напоруча, и сега како сношти, пржени кокошки, мазници, алви и тргна со аскерот за Полчишта. Тргна и запеа:
 He седи, Џемо, слободен, ајде,
Под таа круша горница, Џемо,
Крај таа река Ситница,
На таа нива орница.
Каури глава креноле, Џемко,
Сете мартинки купиле.
—    Ха ха ха! — се насмеа високо Расим кога го испеа стихот: „сете мартинки купиле", па како за себе гласно проговорид го слушнат и тројцата онбашии што одеа по него.
—    Помина модата на мартинките, море ѓаури, помина. Аламанија наоружа нас со манѕерки, плукам јас на тие ваши мартинки. Само елате пред манѕерките, та ќе видиме кој појунак. — и го продолжи следниот стих.
—    Дегиди, мајке Дебранке, ајде, Каурска пушка не пукат, мајке, Каурска пушка не дупит, Каурска сабја не сечит.
Во тој момент Толе рикна од карпата:
—    Слушај, аго, дали пука и варди дали дупи — и тргна за ногата од манлихерата. Оваа пукна и Расим падна наместо погоден баш во средината на голиот градник.
По него отворија залп и другите Толеви четници, та дури и Ќосото не можеше да се воздржи. И тоа ја отпетла манлихерата и почна да стрела, држејќи ги уздите од коњот наврени на левиот лакт.
Турците спиштеа. Паднаа наместо уште двајца онбашии и двајца војници, а двајца лесно ранети, крвави, побегнаа назад кон Мелница. По нив се назагнаа Толевци со бесно викање и стрелање, та не им дадоа да се вратат во сношното селце, ами со залпови ги избркаа, како овчар волците да не му грабнат некоја овца.
Живите онбашии им раскажаа на јузбашијата и мудурот како ти нападна Толе. По белиот коњ, што јасно го видоа како трча по нив, тие знаеја дека е тој.
—    Тој е, тој Толе, господ да заколе; другите кршија глава, ама тој пезевенк ќе го расипит раетот наш — се изјадува Арслан и почна да се мисли. — „А, ха! Оваа работа не води кон мир во мојот мудурлук", — си рече сам за себе и го викна јузбашијата кај него.
—    Е, Сефедин ја виде ѓаурската клетва и беса? Ја сега што правиме?
—    А бе, јас знаев оти вака ќе излезе, ама ете, се излагавме двајцата. Да правиме абер и да бараме помош уште некој табур аскер. Навистина срамота од еден батакчија да се плашиме, ама ете, големи планини. Риба во море можеш да фатиш, та и него во оние пустињи?
И правија абери обајцата, секој на својот старешина.
Го собраа целиот аскер и отидоа на местото каде што лежеше убиен Расимчауш со онбашиите и војниците. Бидејќи патот ги водеше преку малото селце Мелница, се вратија во него, но тука веќе жива душа не најдоа. Селаните по сражението избегаа со семејствата и нешто пљачкуринки што можеа да понесат, во пештерите и гората и однаспоред гледаа кога Турците прво ги опљачкаа нивните домови, а потоа се дигна густ дим за да премине во пламен. Мелница го запалија и изгоре до темели.
Првиот „ќеш" го направија Арслан и Сефедин, но оставија голема стража да ги варди труповите на паднатите аскери дури да дојде комисија од Прилеп, а тие со остатокот војска влегоа во Полчишта да ги бараат од голораките селани виновниците за пролеаната крв
—    Тој бре ефенди, тој. Тој беше сношчи овде и од него е ваа работа, името да му се запусте, да рече господ златен! — им објаснуваше полчишкиот коџабашија Илко Рошко, дочекувајќи ги едновремено и двата грбачи — од Арслана и Сефедина.
—    Тој, бе, Рилко, тој, Толе. Ама кој ранит, кој вардит тој Толе, бе ќерата? Зошто давате леб, месо, зошто криете од потерите? Ете што криви вие. Да кажите на аскерот каде кријат тој едепц'з; па да фатите некој ноќ сами да заколите, бре! Да донесите главата мене на конакот, жими вера, потаму не велам вам. Ем ќе дадам десет лири за пиење. А вие раните, вардите него, а тој тепат ли тепат. Е, сега вие ќе оддевате за него. Ќе оддевате. Царот барат лошите луѓе и ќе најдит. Ќе врзам ете тебе, азите, цело село, ќе праќам во Анадол. И ете така ќе сечам жилите и на тој Толе Паша ваш.
Се изнамаваа Турците и на овој коџабашија, аази и повидни селани, ги затворија скоро половината од селаните, зедоа и тука двесте лири, и пак ги пратија сите во Прилеп да ги плаќаат Толевите греови.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 5

 

5.
Извештаите од Арслана и Сефедина не го изненадија прилепскиот кајмакам и бимбашијата, бидејќи тие беа однапред известени за востанието и дури им се израдуваа на овие извештаи кога прочитаа како лесно бил одбиен нападот. Тие за секој случај го известија битолскиот валија и за овој напад во дивото Мариово, но тој тогаш си имаше поголеми главоболии со оние востаници што ја презедоа Баница, Невеска и Смилево, a особена грижа му задаваше Крушево, откаде Никола Карев со своите четници и востаници го напади јузбашијата Сулејмана со целиот негов гарнизон и сета турска власт и ја прогласи Крушевската република. Искинатите телефонски мрежи и железничкиот сообраќај меѓу Битола и Солун, запалените беговски чифлички кули и слами, оружаните напади во целиот битолски револуционен округ, поразите на аскерот скоро во сите операции, му задаваа сериозни грижи не само на валијата и пашата во Битола, туку го натераа сериозно да се замисли и Хилмипаша во Стамбол, а преку него и самиот султан Абдул Хамид.
Навикнат да слуша извештаи за побуни во целата своја огромна царевина, кои секогаш ги задушуваше во крв, султанот го повика својот одговорен службеник за Европејска Турција, Хилмипаша, и кратко му нареди:
— За дваесет и четири часа сакам мир во твојот реон. — А тоа значеше задушување на востанието во неговата прва фаза, во самиот почеток.
И Хилми си ја зеде грижата да ја исполни султановата наредба. Побара, како инспектор за овој дел на царевината, да му ги стави воениот министер на расположение сите гарнизони војска во Македонија и Одринско, а сам се пресели во Сулун, да може отпоблизу Да раководи со задушувањето на востанието. Кога му се видоа малку овие вооружени сили во Европа, Хилми побара зголемување и од преку Босфорот. Падишахот му го испрати Дургугпаша од Измир со неговите Анадолци и така со Алипаша солунски, Бахитијарпаша јанински, Џавидпаша елбасански и Мустафапаша битолски, го направи својот триста илјадит корпус регуларна војска, на која и се придружи целата фанатизирана турчулија од битолскиот вилает, предводена од назловените бегови и агалари, чии чифлизи гореа по леринско, воденско, кукушко, костурско и битолско поле.
Изгореа Баница, Невеска, Крушево и стотици села; проплакаа илјадници мајки, жени и деца, се наполнија затворите со илјадници невини граѓани.
По тој повод народниот пеач ја запеа оваа песна:
Ојти вие агалари,
Агалари пашалари,
Кажете му на султанот
Нека коли нека беси,
Македонија нек се треси!
А пак вие, Македонци,
Запрегнете машка сила
Македонија за да биде,
За да биде што е била
Самуилов црвен бајрак,
Нек се вие нек се носи,
Мечот негов паши, аги
Нека сече, нека коси!
И ги запрегаа Македонците своите машки сили, и се виеше Самуиловиот црвен бајрак, и сечеа нивните мечови, и косеа манлихерите на дружините од Питу Гули, Ордан Пиперката.
Притиснати од силите на Дургут, Али и Бахтијарпаша од југ, од оние од Џавидпаша од северозапад, сите востанички водачи се најдоа еден ден баш во ова Толево Мариово, каде тој во вистинска смисла на зборот пашуваше. По случката со аскерот во Мечи Дол, мудурот и јузбашијата не посмеаја да праќаат потери по него додека не добијат уште некој табур војска од Прилеп. Востаниците ја разбраа оваа положба и побрзаа да се склонат во оваа непристапна област, чии паша, Толе, не признаваше ни цара ни везира, ниту пак некакви горски штабови, началници и војводи.
Така бркани од силниот аскер членовите на востаничкиот штаб — Сарафов, Гарванов, Тале поп Христов, Лука Џеров (без Дамета), со стотина свои истоштени четници, — седеа еден ден под широките ели на Копанките, под самиот врв Кајмакчалан, длабоко замислени, не знаејќи какви мерки да преземат барем нивните глави да ги довардат.
—    Во тешка положба се наоѓаме, — рече, длабоко издишувајќи се, Гарванов и се налакти на десниот лакт. — Аскерот ни иде по трагата и бргу ќе не открие. За некаква сопротива, ми се чини, ни збор не може да стане. Момчињава толку се истошени, та ни оган не ќе отворат.
—    He џанум! Каква сопротива, какво сражение по сево ова. Туку да бараме некое чаре, да се поприбериме поблизу до границата, да видиме ќе има ли некоја надеж оттаму или да се прибираме внатре, — проговори како со туѓа уста Тренков.
—    А на кого ќе го оставиме народов? — со тага процеди преку заби Сугарев, на кого му се придружи Џеров.
—    На кого?... На тој што го имаше и досега, — на султанот, — потфрли и не сакајќи Сарафов, кој веќе беше решен да се прибере во своето гнездо во Софија, каде што го чекаше пријатен пречек на неговите работодатели и награди за успешно свршената работа.
Во тој момент еден овчар, од кого разбраа дека во овој крај уште нема потери, доведе еден Мегленец, селанец од Пожарско, кој штотуку си дошол од Воден, испратен со специјална порака до самиот востанички штаб. Пораката беше усна и гласеше:
Се слуша дека Хилмипаша веќава бераети за сите оние востаници што немаат крвни злочини. Да се вратат по своите домови во срок од десет дена; нема да бидат земани на одговорност ни прогонувани. По овој срок аскерот ќе ја продолжи својата работа и власта не ќе има никаква милост спрема сите оние што не ќе се теслимат.
Овие зборови им дојдоа како мевлем на рана на членовите на штабот. Борис подрипна од местото:
—    Во добар час дојде, момче, Седни, седни одмори се. Или, оди кај четниците, барај нешто за јадење ако си гладен! — му рече тој на момчето повеќе да го отстрани од нив, отколку што мислеше за неговиот умор и глад.
—    Слушнавте? — им се обрна Борис на другарите. — Одлична идеја ни даде момчево. Ќе ја пренесиме сега ние оваа новина до сите наши војводи и началници и ќе им соопштиме дека штабот е известен од самиот Хилмипаша оти дал веќе амнестија, та во срок од десет дена нека се предадат сите наши луѓе, а ние што побргу да ја фаќаме границата.
—    А колку е точна таа вест што ја донесе момчето? — направи забелешка Лука и страшно се намршти.
—    Верна неверна, тоа се стори, Луко. Ние не смееме да заборавиме дека нашите глави и понатаму ќе му требаат на овој народ и мораме некако да ги спасуваме.
—    Тешко му на народот со нас! — иронично потфрли Сугарев и ја удри главата в земи. Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна:
—    Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не идам со вас да ја спасувам мојава глава. He ја напуштам родната земја дури главава стои на рамената. Па и откако ќе ја пресече душманот сакам таа да лежи во оваа земја што се напои овие дни со толку маченичка крв. Збогум за навек, народни предавници! — плукна пред Бориса и се оддели од нив, цврсто решен да не го остави народот во најтешките страдања.
Овчарот се изгуби, момчето што го донесе извештајот за амнестијата си ја нарами торбичката и си киниса, ветувајќи им на војводите дека нема да ги предаде на аскерот.
Предвечер стана една мала тревога во штабот. Борис со биноколот забележа како откон селото Будимерци се движи народ; препозна дека не се селани, ама не личеа ни на аскери. Пред овие луѓе јаваше човек на бел коњ, по него три четворица на маски, a остатокот од пет шест души наоружани, но измешани со селани мариовци со бели гаќи и широки кошули.
—    Што ќе бидат оние луѓе, аџаба? — му се испушти од грлото, а вилиците веќе му се затресоа. — Да се аскер, не се аскер. Сигурно некој башибозук од Џемаилбег од Агларци, — им проговори на другарите и сакаше да даде заповед на војводите да ги соберат четниците и да се истават повнатре во гората дури да фати мракот, па потоа да се влечкаат некако кон исток.
Но во тој момент се зададе пак овчарот со насмеан сурат. Се приближи, им ги покажа луѓето што идеа:
—    Го гледате Толе Паша на белиот коњ? На војводите им се олесни на душата.
—    Како Толе Паша? He се потери по нас? — го прашаа двајца од војводите овчарот.
—    He џанум! Какви потери! Јас лели ви реку дека кај нас ошче нема потери. Толе е ној на белиот коњ, токо ниа шо вјаваат по него не знам кои ќе бидат. Ошче сабајле јас прати едно од децата да му стори абер на Толета оти сте тука. Таква заповед од него има, шо ќе видиме во неговиот реон да му чиниме абер. Тешко на тој мариовец шо не ќе а слуша и најистната негова заповед. И ене го, иде да се ставе со вас, да виде кој сте и кај одите.
Додека овчарот расправаше за Толевите подвизи, додека војводите се советуваа како ќе се држат со Толета, додека го утврдија планот за амнестијата, Толе со дружината се зададе на чистината од преслопта. Овчарот зави како волк, а детето ги поведе луѓето кон елакот каде што седеа Борисовци. Толе го бодна, просто го разигра белиот коњ и дотрча прв. Го запре кошот пред нив и со еден сожалителен и презрив поглед ги измери сите војводи, па громко ги поздрави.
—    Добровечер, господа војводи! Добре дошле во куќата моја!
—    Добровечер, Толе, добровечер, домаќине, — го отпоздрави Апостол кој многу ги ценеше овие самородни и смели борци и војводи во чиј ред и тој спаѓаше.
—    Каде вака, бре браќа, без препита и изим влегувате во туѓи куќи? — почна Толе половина на шега, половина навистина.
—    Е, море, дојдовме, Толе, ете, без изим, туку ќе проштаваш. Па да видиме и што домаќин си, што паша си, — почнаа Гарванов и Сарафов на шега.
Дури Толе го водеше овој разговор пристигнаа и другите коњаници со пешаците. He малку се изненадија и едните и другите кога им се сретнаа погледите и си ги слушнаа гласовите.
—    Ооо! Добровечер, Борисе, Апостоле, Иване, Луко, Василе... добровечер, бре другари! Be донесе ли господ да се видиме живи здрави по победата? — иронично се провикнаа Пере Тошев и Петре Ацев, коишто заедно со Тренков, Коле Пешковчето, Шаќира, со целата своја чета се прибраа во Толевиот пашалук и се ставија со Толета, молејќи го да им осигура заклон и леб, бидејќи народот почна да ги отпадува од себе, а тие немаа морална сила да го повелаат како порано. Скоро сите организациони луѓе или беа тргнати со нив, или се криеја од нив за да не паднат в очи утре кога ќе нападне аскер. А обичните селани не сакаа да слушнат за некакви чети и војводи. Дури им претеа дека ќе чинат абер на аскерот во Витолиште и Битола, како и што го направија на многу места.
Толе на очи ги измаскари Перета, Тренков и Ацев, а особено неговиот бивш секретар Шаќира што побегнаа од Витолиште; ги потценува и понижува со разни епитети: кокошкари, мазникари, но си ја зеде грижата да не ги даде в раце на потерите и на смртта од глад, та така од една висока точка се постави како нивен заштитник. А кога му стори абер овчарчето во Будимерци дека нападнале и други чети во неговиот „пашалук" тој ги поткани прилепските војводи да го придружат, да видат кои се овие сега што нападнале во Мариово.
—    Сигурно некои коркари како вас, — не престануваше Толе да ги навредува.
—    Останавме, ете, живи, но желни да тргаме и понатака маки, — одговори Гарванов за сите.
—    Е камо ги бре другари, триста илјадите бајонети и пушки в грб на аскерот? — ја започна Пере кавгата.
—    „Камо ги"... Чекај, уште не е доцна, може и тоа да биде. He брзај, тебе многу ти се брза насекаде, — му одговори осорно Борис.
—    О, ох! Брза да ве однесе, што го зедовте народот на врат, да би аир во очите не виделе. Што стана. Ајде, кажувајте! Вие сте раководството, горскиот штаб; што ќе правиме сега, а? Ќе ја продолжиме борбата, да паднеме побргу да ги платиме гревовите или ќе се криеме во глувчева дупка?
—    Е, море, таа се стори што се стори, другари, — почна Борис сериозно. — Туку сега да ви одговориме ние, штабот, на вашето прашање:
Штабот, гледајќи ја безизлезната положба зеде решение четите да се расформираат, луѓето да се приберат, оружјето да се запази по складови, бидејќи само така конзулите обеќаваат амнестија за сите оние што немаат крвави престапленија. Таквите луѓе можат да се приберат по домовите без да бидат земени на одговорност само затоа што по некоја случајност учествувале во востанието. Тоа нешто, ете, и ние, штабот го прифативме и решивме да ги ослободиме од секаква обврска таквите наши луѓе, да си одат по дома и да си ја гледаат работата. А ние, се знае. Ќе мораме да се прибереме во внатрешноста да видиме што ќе стане.
—    Слепило, слепило во очите да ви застане, другари, слепило! Ама верувате ли вие во таа амнестија и во турската милост? — пак започна зајадливо Пере.
Од збор на збор се скачкаа уште тука Борис и Пере. На Борисова страна покрај Гарванаов се придружи и Тренков, Чакаларов а на Перева страна покрај Ацев, Шаќира, им се придружи Лука Церов, и други. Така се направија два противнички табора.
Четниците се насобраа и ги слушаа кавгите, та и тие се накострешија едни на други.
Борис испадна и пред четниците со решението на главниот штаб.
—    Другари, — се провикна тој. — Штабов наш денеска доби абер дека султанот дал башлама за сите оние востаници што немаат лично крвави злочини. Од наша страна, од страна на Организацијата, слободни сте да си одите по вашите домови без да бидете во опасност од уќуматот. Кој сака да иде со нас во Бугарија, нека остане да ги делиме маките додека ја префрлиме границата!
Многу од четниците и востаниците, што одеа и со едната група, и со другата, одвај го дочекаа ова соопштение. Дури не сакаа ни збогум да им речат на своите досегашни началници војводи. Си ги нарамија пушките и кинисаа да ги делат страданијата со своите блиски и роднини в село.
Други, попроѕирливи, ја разбраа работата дека војводите сакаат да се откачат од нив; длабоко се замислија и почнаа да јачат:
—    Е, е, се виде таа, џанум, оти не оставате на агите, туку ајте ми со здравје. Ако дојде редот пак да ни солите памет од преку граница, тогаш ќе се прашаме! — одговори еден од Борисовите четници и помина во другиот табор, инстинктивно чувствувајќи кој е со народот, а кој против него.
—    Другари, четници! — се провикна потем Пере. — Нашиов штаб, како што слушнавте, ќе се прибира во Бугарија, да ги спасува своите глави. Од овој момент тој за мене веќе не постои и ништо не ме обврзува спрема него, бидејќи тој ја изневери борбата на народот. Затоа јас останувам овде, во земјава наша, да го поделам злото со народот. Кој сака чесно да умре за тој излаган и намачен народ, нека повели со мене. Предавниците нека си одат кај нивните господари и нека се гордеат со своето предавство. Но затоа нека знаат дека народот ќе им плати на сите по нивните заслуги.
—    Многу се затрча, Пере. Немаш право никого да навредуваш кога и сам гледаш дека друг излез нема засега од ситуацијава, — почна да протестира Сарафов.
—    А кога Пере лачкаше во Смилево, што велевте вие сите тројца, бре другари? Камо ви го подготвениот народ да се бори? Камо ви го оружјето од братска Бугарија? Камо ви триста илјади бајонети и пушки? И да не навредувам? Mope, пиштолот за вас, крвници народни, што го фрливте народот сред оган и сега го оставате да се пече, бегајќи да не ве привлече и вас на жарот да изгорите. Ќе избегате сега, но народниот гнев ќе ве стигне па и во глувчева дупка да се скриете! — Се изнавика Пере и којзнае дали не ќе ја дотераа работата до оружје да не се испречи на среде Толевата огромна фигура. Co сила што чувствуваше дека е непобедлива, со гордост на слободен и независен од никого, со право кое никој овде не можеше да му го оспори, тој се замеша во разговорот. He се замеша, но просто заповеднички извика:
—    Доста од обете страни! Јас не ве стави да се карате и еден со друг да си и вадите очите, ами да ве зас'на од потерите и да ви дада по парче леб да не умрите од глад. Шо беше за правење — се направи. Направите од кука нога — од камен глава. Се виде таа, шо се виде, но ако сакате да протутните ошче некој ден и друг, кавги неќу да слушна. Инаку, кршете глава од мене! Барајте си меќан надвор од мојот реон, — и им се обрна на неговите арамии:
—    Чуте шо реку? Дури ќе бидат мирни, нека се врткаат вадева, ќе му се носи потроа леб. Почнаа ли да матат вода во аван, се знае. Ронка леб нема, а и оружјето долу. Тој е законот на Толе Паша во Мариово.
Ги слушнаа овие громки зборови и едните и другите и ја прекратија кавгата. Еден прост овчар селанецот Толе Кулиќев ги умири сите востанички водачи со два збора.
Дали Толе можеше да го изврши тоа што го рече? Никој во моментот не се сомневаше, бидејќи и едните и другите бараа уточиште од него, а тој ја имаше уште силата и авторитетот во народот за да го направи реченото. Тоа го почувствуваа сите и не се сомневаа дека Толе што зборува и прави. Тоа Толе стотици пати со дела го имаше потврдено. Затоа престанаа и се покорија на неговата заповед.
—    Добро, Толе, добро. Само уште некој ден ќе ти бидеме гости, не плаши се нема многу да ти додеваме, — му одговори Гарванов божем навреден од неговата остра постапка.
—    Ден, два,три — за мене е сеедно, но сакам да се слуша мојот збор во моата куќа, — беше последниот збор на Толета по тоа прашање.
—    А сега, ако су јас домаќин и ме почитувате за таков, повелете сете кај мене в село на госје, — ги покани Толе сите и си го јавна Белчето.
Тој напред, четите по него — ги одведе во Будимерци каде што навистина им приреди пријатен одмор. По два дена ги одведе во соседното село Градешница каде преседоа четири до пет дена и добро се одморија.
Но за подалечен пат не можеа да се решат. Сите извештаи што идеа, а тие идеа со помошта пак Толева, кажуваа дека аскерот систематски го претресува секое село, секоја куќа, та дури секоја смрека и грмушка по мегданот и прави неопишани зулуми над населението. Од некакви башлами и бераети нема ни трага. Вардар се пази од синџири — аскер, границата е преплетена со жив плет од башибозуци, та изглед за префрлање не можеше да се наѕре за скоро време. Затоа нашиов штаб не се решаваше да го напушти овој сигурен меќан во Толевиот „пашалук" — Мариово.
Од друга страна пак почнаа да пристигаат лоши гласови и за оваа оаза.
Дургутпаша ги очистил костурските и битолски планини, Џавидпаша кичевските, Бахтијарпаша свршил со Крушево и сите тројца се собрале во Прилеп и им ја нашле трагата на водачите од востанието.
—    Каде можат да бидат на друго место ако не во Мариово? — го изнесе своето мислење Џавид кој имаше долго искуство во бркањето на арнаутските качаци по Албанија.
—    Мариово, Мариово. Зар таму нема да ги најдеме? — проговори Дургут и му се испули на Бахтијара.
—    Ќе си ја земиш ли ти таа грижа со твоите Анадолци да ја свршиш уште таа работа? — го праша Дургут Бахтијара, што требаше во исто време да значи и заповед за акција, бидејќи Дургут беше главен заповедник на сите овие вооружани сили.
И си ја зеде Бахтијар грижата да го докусури востанието со фаќањето и ликвидирањето на самиот востанички штаб, кој по сите сведенија беше склонет во непристапните мариовски планини. А сведенијата беа, ете, точни. Токму тука се најдуваа сите раководни лица на востаничкото движење. И Бахтијар со четириесет илјади души аскер тргна да брка четири стотини души востаници.
Претпазливо, како секој искусен стратег, ги распореди своите единици од Скочивир до Беловодица и почна претрес по целата Селечка Планина и Смечот. Само тој со три илјади души кондиса во Маково, давајќи си ги своите наредби на потчинетите бимбашии, јузбашии, чауши, башчауши и други воени лица. Откако ги претресе селата по левиот брег на Црна, дојде редот и на Толевиот „пашалук" — старо Мариово, по десниот брег на Црна.
За овие дваесетина — триесет дена Толе организира известувачка служба од сите села, та уште кога Бахтијар излезе од Прилеп, тој ја разбра работата. Од Крушевица негова дотрча братучед му Петко и се му раскажа.
—    Значи, ќе ме газат и мене агите! — си промрмори тој и им ја пренесе новината на војводите во Градешница.
—    Ами чаре, Толе? — почнаа да се тапкаат Сарафовци и компанија.
—    Чарето тоа е. Да се ваќа орманот: Кравица, Добро Поле, Соколот; ако може мајката планина да не зас'не — им советува Толе и ги изведе еден ден на врвот на Соколот, на границата меѓу Мариово и Меглен, та ако дојде зорт, да можат да се преметнат некако во Пајак.
Фати врска со Саботско и Воден. Цела Караџова врие од аскер, а Мегленските Турци станале сосем кучиња по комитите. На исток Тиквешијата — бетер. Повеќе беља од башибозуците отколку од редовната војска. Тиквешките и Мегленските потурченици — помаци — ги надминаа азијатските Турци од битолско прилепското поле со своите зулуми над своите еднородни браќа само од верски фанатизам и материјална корист — пљачка.
Од северозапад Бахтијар го стега обрачот, југоисток го држат башибозуците со тиквешките и мегленски гарнизони, и така востаниците немаше каде да се издутнат без борба.
—    Овде, другари овде. Ако орманот не не спаси, отидоме кај свети Петрета, — им советува Толе на сите раководители на пропаднатото востание и им ја покажува цуцката „Соколот" со густата елова и букова гора.
    Е, море, тука тука. Било речено да ги оставиме коските по овие пустелии, нема што — тажно промрморија скоро сите Сарафови приврзеници кои до пред некој ден мислеа дека се веќе надвор од опасноста и скоро ќе се најдат „во слободната мајка Б'лгарија" да ги понесат венците за услугата што му ја направија на Кобурга. Но не излезе така лесно како што го предвидуваа тие. Бахтијаровите Анадолци во верига ги претресуваа не само селата, колибите и пештерите каде што можеше човек да се заклони, ами и сите смреки и грмушки, небарем зајаци бараа.
—    Вар комитлар, бре ќерата? — беше првиот збор што му го проговараа на секој човек, му удираа по неколку кундака и го собираа со нив да им ги каже комитите. Страшно се лутеа офицерите и чаушите ако некој од селаните речеше: „јок", на таквите им удираа стопати повеќе бој отколку на тие што велеа „вар". Тоа селаните го пренесоа едни на други и за да не јадат бој скоро сите одговараа дека има комити. А кога Турците прашаа: „нерде ди?" тие ја покажуваа со глава и раце пространата планина со еден единствен збор: „балкана".
И навистина таму беа комитите, во „балкана", ама во кој „балкана" Турците сакаа да знаат и да ги најдат. Затоа и ги собраа сите селани од деветнаесетте мариовски села да ги бараат заедно со нив.
Овие пак, по советот на Толета, ја фатија крајната точка од тој голем „балкана". На врвот на „Соколот" ги фатија карпите и зачекаа да им дојдат потерите.
—    Така, господа војводи! Овде ќе се чукнеме со аскерот и ќе го скинеме обрачот. Тиа шо ќе останат живи со трчанка да a преминат Црна и да а ваќаат наа висока тумба преку река. А гледате ли? Највисока е од сете ридишча на Селечка, — им го правеше Толе планот и им ја покажуваше високата чука „Маргара" над селото Чаниште во мало Мариово.
—    Аскерот е сиот одоваде река, та ќе можеме да се поиздишиме и да поразмислиме за понатака.
Но потерите не брзаа. Расчистија прво со селата и почнаа систематски да ја претресуваат планината, така подробно и полека, што поминаа веќе две недели, а уште не стигнаа до комитите.
—    Што ал правиме за леб, бре Толе? — почнаа да се тапкаат војводите кога погладуваа два три дена, бидејќи се што носеа резерва на шесте маски се изеде.
—    Е, леб, вода, тоа е господа. Ако сакате да се откриеме побргу, да пратиме некого од четниците, но само побргу да се откриеме, a за донесување леб ни збор да не става. Селата се сардисани, луѓето изловени, кој ќе ти даде сега леб, та остави шо нема од каде да го дадат. Онолкава ордиа се нарануа ли со леб? Сигурно се имаат изедено агите — им одговараше Толе, но како да се присети нешто, па рече:
—    Има ошче еден начин да се нараниме некој ден и друг, само којзнае дали ќе кандисате.
—    Mope, само кажи, не гледаш оти умираме гладни,, та не ќе сме кандисале!
—    Се наоѓа ли ошче малку сол? — праша Толе.
—    Има уште петшест оки — одговори еден од четниците кој беше одговорен по снабдувањето.
—    Тогаш, другари, не чудете се. На ден по една маска, ќе протутниме ошче печес дена, — се провикна Толе и сам стана да ја заколе првата маска.
Ја сварија само на вејки и пламен и глоднаа по некој сто драма маскино месо, мрштејќи се скоро сите од мислата дека на маската и е татко магарето, чие месо само волците го бендисуваат.
—    А што сме ние ако не волци? — потфрлаше Толе на оваа забелешка. — Да сме домаќини ќе си седиме дома и ќе јадиме шо јадат домаќините, а планината лебами не paѓа леб. Затоа, шо ќе најдиме — тоа ќе јадиме.
И јадоа шест дена маскино месо. Борис и Пере пак се зајадоа.
—    Како ти се чинеше тебе?    Викаше Пере. — Ќе му се загниме на агата и во два дни ќе го претераме преку Босфорот, а ние ќе се распиштолиме во Македонија. Е, ех! Колку пусти гаќи ќе останат дури да се напади агата! Ама ете, ги изедовте триците во Смилево, та ќе ги плаќаме сега греовите сите, и криви и прави.
—    Ти, Пере, не можеш да дишеш ако не зајадуваш, — го опомена Гарванов, заштитувајќи го секогаш и секаде својот побратим Сарафова.
—    Оставете ги зајадувањата, ами да поразмислиме за главите, оти ене и агите, веќе наближуваат, — ги прекина пак Толе сред заострениот разговор. — Тие веќе знаат дека сме вадева, но точното место ошче не им е јасно. Сега ќе требе голема тишина од наша страна, да не не разберат оти сме на цуцката и да се соберат од сите страни, да го зголемат обрачот та да не можеме да го скинеме. Вака како шо одат, разредени, лесно ќе се издутниме. Според мене и мојот мариовски ум требе ние да слезиме малку под цуцката. Да истуриме една чета од стотина момчиња; некој од нас да излезат напред, со готови бумби за врлање. И кога обрачот ќе дојде до ниј да му и отпетлаат бомбите одеднаш. Тие ќе се стаписаат лево и десно, останатите триста пушки ќе припукаат одозгора и бумбашите ќе го претрчаат обрачот, ќе се распрснат во стрелци зад грбот на потерата и ќе дадат оган со своите пушки. Дури да се приберат крилата одлево и оддесно, ќе претрчаат и главните наши одреди и со бегање ќе му се издутниме. А зад обрачот нема голема сила што би не задржала. Така ноќеска ќе а ватиме Маргара, како шо ви реку, та ќе најдеме и некој комад лебец од Чанишча. Навистина, Маково е близу и Бахтијар има резерва војска, ама не ќе може така лесно да разбере дека сме му отишле на госје, — го заврши Толе својот план со извесен хумор на крајот.
— Добар ти е планот, брат Толе, добар. Ти си стар мајстор за синџири кинење, — му поласка Сарафов и ја даде наредбата да се постапи по него.
Манол Розов, Коле Пешковчето, и самиот Толе со неговите арамии доброволно се јавија да ги предводат бомбашите. И дури се спремија, ги расподелија бомбите, ги спремија багажите и навртеа под цуцката да го заземат положајот, денот веќе попрекрши, а и потерите веќе наближија. Четниците, засолнати зад карпите можеа веќе да ги забележат претстражите од потерата како се вовираат низ честарот, собрани во групички по три четворица, но држејќи врски меѓу себе. Главниот обрач идеше со пушките на готово по нив. Толе и тука даде наредба да го чекаат него за команда. Тој излезе десетина метра напред со своите осум души и коњот и фати здрава пусија, оставајќи го Ќосото со коњот на два метра зад себе.
Потерата наближи на домет. Четворицата војници и еден селанец како да наслутија нешто и позастанаа. Почнаа да се ѕверат низ честарот, погледнувајќи ги своите другари лево и десно, а селанецот го забележа Белчета во букашот, си ја поткаса долната муцка и подзина да викне, но во тој момент Толевци изрипаја од карпите со страшен натприроден вик и ги фрлија готовите бомби кон групите. He дочекаа ни да експлодираат сите бомби, се назагнаа кон збунетите војници, кои препалени од настанот летнаа еден преку друг надолу и се изгубија.
Се разнесе грмогласно „ураааа!" од четиристотини грла и залпови од пушки. Гората екна од грмежите на бомбите, а доловите го презедоа татнежот и секој за себе го повтори.
Јурнаа напред сите четиристотини востаници со еленска брзина, но во тој момент сета гора загрме. Потерниот обрач се запали. Секој војник почна да стрела во правецот откаде идеа гласовите и грмежот на бомбите. Обете крила се умножуваа, стрелаа бесцелно само да се јават, да не удрат на нив комитите, та за некое задржување никој не мислеше. А кога се собраа по стотина души на секое крило, разбраа дека обрачот е скинат и дека бегаат комитите низ тој процеп. Сите почнаа во тој правец да стрелаат и псујат.
Толе го јавна коњот на седлото, со Ќосето зад него, и му ги забоде мамузите во ребрата. За'ржа и тој, врисна како пастув по кобила, носејќи ги двајцата низ стрмните урвини. По него летаа бомбашите, по нив фрчеа куршумите од залегнатиот аскер, дури еден од стотиците куршуми не го погоди Манола и тој на место остана да ја цеди крвта што му штрекаше од двете слепоочници.
По бомбашите се извлекоа сите четници и војводи со исклучок на Лаќи од Магарево, Тодор од Арматуш, кои во последниот момент паднаа малку подолу од Розов.
По половина час, откако се поутишија пушките и викотниците низ планината, на врвот од Соколот засвире аскерската бурија. Бимбашијата го собра аскерот и до самиот мрак вршеше иследување и ги бараше виновниците за неуспехот. Тука и преноќуваа, варејќи манџа во комитските казани и чудејќи се на остатоците од маскините глави.
А патот на востаниците веќе се знае: Маргара над Чаниште.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 6

 

6.
—    Што стана, бре Иге, попе, Милане, Тоше? Што направивте овие дни овде? Имате ли некои врски со Перета, Петрета? Кај фатија тие мажи? Ја ослободивте ли пуста Македонија? — ги засипа со прашања Ѓорче Петров во еден од првите септемвриски дни беловодичките раководители Игета, поп Пана, Милана и Тошета, кој со сто и триесет момчиња и осум маски џебане се проби низ Кратовско Кумановскиот реон, го прејде Вардар над самиот Велес и преку Азот ја фати Бабуна, да може некако да помогне, ако е за помогнување.
—    Што направивме, Ѓорче брату, што направивме се виде! Од кука нога — од камен глава, ете што направивме! Направивме тоа да не можеме, ете, цел месец да се прибериме дома, им го дадовме оганот на нашите села; ги оставивме жените, децата и старците да се тресат на пепелиштата, а луѓето ги фрливме по темниците да скапуваат. Ете што направивме! Земи каменот — столчи ни та главите прво нам овде, па после оди расправај се со Борисовци, Перевци, Петревци и Тренковци твои — му одговорија Иге и поп Пано во еден глас и ги нурнаа главите ничкум, небарем тие беа главните виновници за несреќата што ја постигна нивната Беловодица и сите други села во Македонија.
—    Пропадна, значи, секаде работата?
—    Пропадна! Пропадна ами не! Co гола рака се фаќала, аџаба, змија? Го фрлија народот во нерамна борба, сега ќе ги плаќа нивните грешки, ќе страда до страдање.
—    А кај се сега нашите војводи, имате некоја врска или ве распердушија агите?
—    Кај се! Кој ги знае кај се! И ние ги бараме, ете! Се поврткаа некоја недела онаму по Мариово и овдека по Ливада наша и кога им се поткажа Бахтијарпаша, рекоа дека ќе ја фаќаат Бабуна на велешко, ако можат да се извлечкаат некако, може ќе ја фаќаат Бугарија. Така им предлагаше Јордан, ама Пере и Петре не му дадоа збор, та кој ги знае, таму ли преметнаа или пак ја прејдоа Црна, да го фаќаат Кожув и Пајак.
—    Е, ех! Што трици изедоа тие Тренковци, Сарафовци, Гарвановци никогаш народот нема да им прости — длабоко се издиши Ѓорче и се замисли.
—    Значи, немате никакви врски со нив? — пак запраша.
—    Од еден абер дека се врткаат вадева Бабуна или старо Мариово друго не знаеме, но ќе разбереме.
Бахтијар го претресе мало Мариово одоваде река и не се слушна да удрил на нив. Значи, тука се на двете места, ако не се извлечкаа преку Кожув или Паек, ама не верувам. Па кој ќе ни каже и нам? И ние како волци се криеме по овие наши ридишта. He бараа потукум и нас, но не се прибравме, a не тргнавме тогаш ние со нив макар Јордан да не канеше да одиме во Бугарија, да сме се одмориле. Каква срамота за нас, Ѓорче, каква! Ја свршивме овде големата работа, та да одиме Бугарија да сме се одмореле! Туку, ете, се стори грешката, нема што! Жив в земи не се влева! — се искажа селскиот работник Тоше и тој отепан од судбината што го постигна после пропаѓањето на бунтот.
—    Сакам да се ставам со нив, другари, и ќе ве молам да ми помогнете колку што можете — ја упати Ѓорче својата молба кон овие свои стари познаници и организациони луѓе.
—    Помошта наша мала ќе биде, но кога веќе си дошол, ќе ги бараме заедно.
Во тој момент Црна почна подмолно да јачи. По неа екот го прифатија и долиштата.
Слушајте,   слушајте!   —  му се испушти радосен извик на Ѓорчета.
—    Уште вријат бомбите. Значи не се налегнати сите наши борци!
—    Сигурно ги нагази негде Бахтијар по Ниџе, Крвавица и Добро Поле — се приближи поп Пано до вистината.
И кога ги начулија сите ушите, навистина татнежите идеа откон  Добро Поле, во чија близина се наоѓа Соколот, каде што нашите востаници навистина беа откриени од потерите и уште даваа сопротиви, та дури и се извлечкаа од обрачот со незнатни жртви.
—    Ќе ги најдеме и ние нели ги најде Бахтијар, — му проговори Иге на Ѓорчета:
—    Тие што ќе останат живи знаат дека овдека поминаа потерите и ќе ја прејдат Црна ноќеска, ќе не побараат нас. Кај ќе одат на друго место. Отсекаде врие аскер.
Ѓорче се замисли и долго ги слуша грмежите од бомбите. My се стори дури дека го гледа и чадот од нив во гората под Добро Поле. Најпосле, се тргна од мислите и, како да се присети нешто, им се обрна на беловодичани:
—    Знаете што, луѓе! Дури да ве бараат вам тие овде, јас велам ајде ние ноќеска да ги побараме нив. Сигурно ќе прејдат ноќеска на Скаклевите воденици и ќе ја фаќаат „Висока" ја „Смечот". Но ако знаат, а сигурно знаат дека е олабавена Селечка, сигурно ќе гледаат да ја фатат неа, а оттука да се влечат кон исток.
—    Право ти е предвидувањето, брат Ѓорче! Ако немаш шубе да навлегуваш во Бахтијаровата ордија, нека биде и така. Ние ќе те одведеме до Писокал, Висока, па ако сакаш да ги видиш шаторите на Бахтијарпаша, можеме да те приближиме и до нив, да ја фатиме Маргара и ќе ти дојде Бахтијар како на тепсија под тебе. Само да не е ризично, оти сигурно тој не е останат сам. Секако држи околу себе барем три четири илјади души аскер.
—    Ризикот е ризик, попче. Ние сме тргнале на ризик. Но главно е да се сретнам јас со нив.
И навистина се сретна.
Уште истата вечер Ѓорче тргна со остатокот од својата чета и беловодичките раководители по самиот срт на Селечка. Околу полноќ беше на Будимеш, откаде преку ден во Прилеп се гледа и движењето на луѓето, но ноќта ги криеше и белите ѕидишта, та Ѓорче само си претстави во умот дека тука, долу, негде во темницата, спие неговиот Прилеп, та ни една светилка нема да светне. A тој чекаше баш од него — од Прилеп да светне сонцето на слободата. Застана за минут наместо, замолча небарем одаваше посмртен почит на паднат херој, а потоа си промрмори.
— Ах, Прилеп, Прилеп! Оросписки град. Пред дваесет и пет години ти собра потписи да се вратат Русите од Велес, сега со прст не мрдна да помогнеш. Спи во смрдевата и никогаш не разбуди се! Збогум мој Прилеп, да би оган те изгорел со сите твои Аџи Рамповци, Аџи Илиовци и сите христијански бегови и паши! Чудо, човече, ни од таа голотијата не стана некој да помогне! Што се чудам пак? Кој ќе ја поведе голотијата и против кого? На чорбаџиите им е арно, сиромаштијата спие и ете ти бездејство.
Се наприкажува Ѓорче сам со себе и тргна пред четниците, за кое време тие се собраа околу него.
Пред зори, кога Деницата веќе искочи над Перун неколку остени, стигнаа на „Висока" и беловодичани предложија тука да се денува. Чешмата вода има, гората засолниште, сигурно нема да бидат забележани.
• И остана Ѓорче со дружината — поп Пана и Игета —тука, а Тоше и Милан тргнаа да ја фатат со ноќ Маргара и да видат ќе има ли однекаде некој абер или паднаа вчера в раце
—    Ако никој друг, Толе сигурно им има побегнато на агите — го уверуваше Иге Ѓорчета. — Тој маж досега на сто пусии паднал, ама ниедна го нема задржано.
И не се излага Иге.
Толе ја прегази прв Црна баш на Скаклевите воденици каде што претполагаше и Ѓорче, и под самото Чаниште ги дочека четите. Ги испрати со Трајка да ја фатат Маргара, а сам со другите свои другари влезе во селото и нарача десет брави, десет фурни леб, тутун, ракија и се друго што им се „следуваше" во она време на четите кога ќе бидат „на гости" во реонот на некое село.
—    Четите ќе бидат на „Студената вода", утре таму го сакам јадењето. Да не ве лаже умот да чините абер во Маково оти змија лута ќе ве клукне! Ќе ве испеча сете како глувци"
—    им се закануваше Толе на аазите и коџабашијата од кои го бараше јадењето.
—    Немој бре Толе, не пусти го селото, бре брату! He гледаш ли колкава сила не налегнала па и ти сакаш да не дозапустиш!
—    молеа селските луѓе, но востаниците беа гладни и истоштени, а Толе им вети дека ќе најде леб оттаде река.
—    Ами кога ќе разбере Бахтијарпаша,
шо џуап ќе даваме, бре Толе? Оди во Крушевица твоа; малку е подалечку од аскерот, белки не ќе се забележи толку колку овде пред носот негов! — ја повторија и потретија селаните молбата, но Толе си остана на своето и нареди преку ноќта да му се зготват пет шест кокошки и толку мазници за неговите луѓе и остана да преноќува в село.
Го дочека изутрина лебот и бравите, ги натовари на пет коњи и нарача за другиот ден пак толку.
—    Дури ќе бидат тука четите таинот го сакам навреме, — си ја даде наредбата кога излезе од селото.
—    Е море, ќе проштаваш, Толе, за утре, туку излези денеска од село! — си помисли коџабашијата во себе и отиде кај поп Ристета да се посоветува што да прави да се спаси селото од очигледна пропаст.
—    А бре, што, Митре... Да чиниме абер ноќеска во Маково, та што сака нека праве Толе најпосле. Еднаш се умира, стопанка му. Ако не не изгоре Толе — Паша ќе не изгоре Бахтијарпаша. Толе е со осум души; нека има другари, според лебот што го нарача, најмногу три, четири до петстотини, а Бахтијар има четириесет илјади. Од кого велиш повеќе да се плашеме? Силата на четите им се зеде, Бахтијар ги брка како зајаци и ќе ги отпаде откај нас сигурно. Затоа јас велам да чиниме абер еден во Маково, еден во Старавина ноќеска и утре место леб и брави да им се поткаже аскерот откон Острилата... ќе фатат горе „Висока" или „Смечот", ќе се истребат откај нас, ете не сите спасени од бељата.
Додека вака се разговараа коџабашијата и поп Ристе четите лакомо јадаа на „Студена" од донесените печени брави и топол леб, кога по ридот одоѕгора се зададоа двајца селани. Тие го видоа караулот, а и тој ги виде и ги дочека да му се приближат:
—    Вила, другар, вила! — викна од десетина дваесет метра Тоше, што караулот го умири и одговори:
—    „Вамо", другар „вамо", ајде, побргу влегувај во растот да не се парталиш на пресопта.
Тоше и Милан влегоа во растот, се поздравија и со другиот четник што беше на стража и побараа да ги одведат веднаш кај војводите.
Навртоа на чешмата „Студена" под самата тумба Маргара и ги најдоа „распашани" сите војводи: одмараат по добриот ручек и заморен ноќешен пат.
Co два збора им кажаа дека ги бара Ѓорче, кој иде во помош со педесетина четници и осум товари џебане.
—    Доцна, другар Ѓорче, доцна! Го испуштитвме пилето, избега! — му се испушти на Толета, а другите се израдуваа.
—    Сега ќе разбериме ќе има ли некоја помош од Бугарија или ќе се прибираме сите внатре. Сигурно Ѓорче ќе ни каже — промрмори Сарафов, иако знаеше дека никаква помош нема да дадат неговите пријатели.
—Ќе имаме еден маченик повеќе да ги делиме страданиите и ништо повеќе — песимистички одговори Пере, — но ајде побргу, Тоше, и ти Милане, одете, доведете го; барем да се видиме уште еднаш! — им се обрна на дојдените.
Тоше и Милан покаснаа од тоа што беше останало и бргу отрчаа до „Висока". Во самата вечерна мугра се влечкаше Ѓорчевата чета по ридот кон југ и за неполни два часа дојде до Маргара каде што се стави со главниот штаб и сите што беа со него.
—    Како сте, Пере, Петре, Луко, Митре? — им се обрна љубезно Ѓорче на своите другари и единомисленици, па колку за адет ги поздрави и Борисовци:
—    Како сте и вие, господа војводи? Ја ослободивте ли, бре мажи, мајка Македонија?
—    Кажувај, Ѓорче, кажувај какви новини носиш однатре. Се спремаат ли браќата да удрат на агата или не?
—    Mope, пушка златна да ги удре и брадва да ти ги пресече, Борисе, тие твои браќа, туку не парај ми го срцето со линџа! Какво спремање, какви тикви стамболки! Волкот ако не си ја врше работата сам — тешко нему! И ние така. Нели сами си го истуривме млекото, ќе сркаме киселина сега. Туку вие како сте, останавте ли живи, — па нарочно разгледа горедолу, барајќи со очите некого во оние што го обиколија и сериозно запраша:
—    Камо го Дамета, бре луѓе? Да не го испративте кај свети Петрета? Или отиде да преговара со Хилмипаша во Солун? Зати тој е и е учен во Беас Куле, Адакале, ДиарБекир, Шам, Ерзерум.
—    Mope, остана жив желен по Демирхисаријата, туку којзнае до кога. Го викавме со нас, но Даме како Даме, се нарогуши и ја наметна: „Одете, — рече вие по вашиот пат, јас по мојот. Еднаш ме вапцавте вие, уште еднаш ќе имате здравје" и остана; што можевме да му правиме! — му одговори Гарванов.
—    Си има право човекот! Кој ќе се попари од млекото, ќе дува и на маштеницата, потфрли Сугарев отстрана и разговорот се сврте за положбата што настана  по  неуспехот.
Ѓорче им раскажа каква е положбата во Бугарија:
—    Народот со симпатии ја следи нашата борба и готов е да ни притекне во помош, но правителството се изговара дека се најдува во тешка политичка положба и не позволува никаква акција во наша полза. Турскиот конзул секој ден протестира против исфрлањето на чети, та одвај и јас ја минав границата. Уште малку ќе бев вратен од Ќустендил назад со целата чета. Ете каква е положбата! Таква!
Пере и Петре му ја изложија нему каква е положбата внатре, и Ѓорче ја удри главата в земи, a пo малку продолжи:
—    Излез, другари?
—    Излезот го нема никаде — побрза да му одговори Борис. — Ние се спремаме да одиме во Бугарија, да ја поразбистриме работата, но во тоа прашање не сме едногласни. Некои од другариве сакаат да останат како Даме што направи — и покажа на Перета и други нивни едномисленици, кои веќе беа определени во својот став по ова прашање, та дури веќе и на една страна стоеја.
—    Значи, да ги оставиме сите наши дејци од народот на милост и немилост? — праша Ѓорче.
—    Па, што можиме и да им помогнеме, бре Ѓорче? Нашето присуство само ќе ги дразни Турците, та поголеми зулуми ќе прават. Ами вака: Ние ќе ја напуштиме земјава, луѓето ќе се приберат. Co малку маки и страданија ќе помине и оваа бура како сите вакви досега, и ајми со здравје — го поткрепи предавничкиот став и Тренков, додавајќи дека „ете, Хилмипаша ветил амнестија, та ќе им биде полесно на луѓето без нас, отколку со нас".
—    Убаво сте ја свршиле, џанум! Мошне убаво! Токму тоа и се бараше од вас да ја растурите Организацијата. Мислите дека ја растуривте, но мене ми се чини дека не ќе оди така лесно таа работа како вие што си ја претставувате, — па се обрна кон Перевци:
— Другари! Јас дојдов да помогнам, не да го победиме Хилмипаша но да го победиме Кобурга и неговите агенти и да не ја дадеме нашата Организација да пропадне или да премине во туѓи издајнички раце. Кој сака, каде сака нека оди, нам местото ни е меѓу нашиот народ. Тој треба да види и осети дека не е оставен од своите синови и да црпи од нив сили за натамошна борба. Само така, помогнат во најтешките дни, ќе ја задржи верата во себе и ќе ги сплоти сите свои сили за да може еден ден да си ја извојува скапо платената своја слобода без ничија помош. Ако сега, во најтешките моменти, го напуштиме, тој ќе ја изгуби таа вера во себе и ќе го вратиме делото за пет стотини години назад. А за сето тоа проклетството ќе падне на нас. Кој е за оставање, другар сум му до последно издишување. Кој е за бегање — патот му е прав — нека си оди со здравје, — го заврши Ѓорче својот краток, но пламен говор сред дабовата корија и порача на еден од неговите четници да му подаде вода.
Сарафовци се накиселија, но однапред го знаеја Ѓорчевиот став, та ништо не ги изненади. Гарванов само промрмори колку да каже нешто:
— Секој си е сајбија на својата глава, Ѓорче! Ние, штабов, такво решение зедовме и по него ќе постапиме. Ако не му се бендисува на некого нека не се придржува, но и последиците ќе бидат негови.
Најпосле се јави и Толе, којшто со внимание ја слушаше препирката:
— Оставете и кавгите, џанум, токо гледајте, правете планот и како ќе се извлечкаме одутре одовде, оти Бахтијар може да не намириса, та се пусти гаќи ќе останат. А ошче утре ќе бидите мои госје. Ќе седите овде, a јас ќе отрчам до Орле да осигурам јадење, оти виа пезевенци Чанивци како непара се за вера. Да не му текне да откажат, та да трпиме цел ден. А сакам да ви пригода по некој сомун за пат, оти веќе време е да се разделиме и секој да си а гледа работичката, кога веќе му се издутнаме на Бахтијара вчера.
И си ги викна Толе своите арамии, си го јавна Белчета и околу полноќ му влезе на Орле.
Останаа да се дечкаат до некое време Перевци и Борисовци, додека најпосле пред зората не ги навали сонот да продремат.
Грижата за заштита му беше поверена на официрот од српската војска, Црногорецот Јозо Ивановиќ, кој како искусен војник ја оцени месноста и со заштитницата на знамето се оддели од главните сили и го поседна вечерта врвот „Касматова Тумба", кој доминира над Маргара, а од исток на Острилата постави двојна стража.
Така заштитени војводите и четниците ја дочекаа зората.
Таа ноќ во селото Чаништа, откаде Толе зеде брави и леб, и откаде требаше и за утре да се однесе пак јадење на Маргара ни леб се месеше, ни брави се печеа. Само двајца луѓе со пo една маска излегоа на мракот од селото и тргнаа во два разни правци.
Коџабашијата Митре, забраден со бела марама, небарем заб го боли, ја јавна маската и ја бодна долу Скаклевите воденици, ја прејде Црна баш каде што прејдоа четниците вчера вечер и за неполни два часа влезе во Старавина — никој да не го забележи. Отиде право на караколот, го најде бимбашијата што га бркаше на „Соколот" четите и му кажа дека нападнале вчера вечер кај него и утре ќе денуваат на високата чука Маргара над нивното село.
Поп Ристе ја остави дома поповската шапка, тури црвен фес на главата, се наметна со ќулката од сакмата; и тој ја јавна својата маска и го фати Топли Дол, та не оди ни саат, дотрча до турските шатори под Маково во ливадите. Co два збора го побара и го најде Бахтијар — паша, истегнат под својот „сарај" од платно, и му ги шепна истите зборови што и коџабашијата во Старавина на бимбашијата. И работата се разбра!
Комитите утре ќе денуваат на Маргара!
— Тоа се барат од вас, бре синко! Да кажите каде сет, а за фаќање имат царот луѓе. Царска рака долга, ќе фатит батакчиите.
И уште пред зори двајцата предавници се вратија секој дома, ги врзаа маските на јаслите и легнаа да мигнат, ако можат, без да ги забележи некој кај беа ноќеска.
Веднаш по кинисувањето на коџабашијата од Старавина, засвире аскерската бурија на узбуна. Аскерот нарипа, но дури се спреми, построи и доби заповед за тргнување, веќе и петлите пропејаа, а на Црна го забели и зората. Трчаше пред аскер бимбашијата на својот арапски коњ, им даваше зорт на јузбашиите, мулазимите, башчаушите, чаушите и онбашиите да го стегаат аскерот, што побргу да накачува на нагорништето, за да дојде до целта незабележан уште неразденето убаво, но аскер како аскер, се влечкаше тромо и, спротивно ка офицерските желби, не сакаше да влегува во борба ноќно време, оти не можеше да види што ќе нагази и откаде да се пази. Затоа сонцето го огреа баш во селото Чаништа, оттука до чуката Маргара имаше уште цел час одење, та тие што беа на чуката слободно можеа да го видат неговото движење.
И Бахтијар нареди узбуна во маковските ливади та и тој тргна со своите две илјади Анадолци кон Маргара, со таа разлика што тој беше поблиску, та уште в зори се најде под самата чука. Но додека го правеше распоредот на трупите и планот за напад, и него го фати сонцето и тој виде како се точка старавинската војска во правецот на чуката. Бимбашијата ја виде оваа од Бахтијара   и двајцата заповедници се ставија во „Липје" и го утврдија планот.
Според тој план Бахтијаровиот одред ќе ја опсади чуката од југ и запад, а тој на бимбашијата, од илјада војници, ќе ја опсади од север и исток и така, заградена од сите четири страни, ќе се нападне на знак од Бахтијара. Обрачот ќе се стега додека не се ликвидира и последниот бунтовник.
*
По препирките на Студена, војводите и четниците продремаа по некој половина час, но веднаш ги изненади стражарот од „Боцкин Камен" со вест дека слушнал аскерска бурија откон Маково.
Нарипаа сите, спремни за борба или бегање, а Пере прв проговори:
—    Има право Толе што не потсети дека луѓево од ова село не се за вера. Никакво чудо не е да сме предадени, — и се заслушаа сите: ќе чујат ли и сами некаква бурија. И не се излагаа. Тивката јасна и свежа есенска ноќ даваше можност да се слушнат и петлите како пеат во Маково, Рапеш, Чаништа, та дури и тие од преку река во Бзовиќ и Старавина и на големо нивно изненадување, сега се слушна аскерската бурија не од Маково, туку од Старавина.
—    Се виде таа, џанум! — му се испушти и на Бориса; — предавство! И на двете војски овие пци им сториле абер, но ајде да поразмислиме малку што да правиме, — предложи тој.
—    Да се иставиме, туку каде ќе се задржиме кога ќе се раздени и кога ќе не поткачи Бахтијар? — му упадна Митре Влавот.
Сите се замислија. Навистина во тешка положба се најдуваа. Можеби уште во потешка отколку некни на „Соколот". Таму беа скриени во густата гора и аскерот не ги знаеше каде се. А овдека чуката од двете страни е гола, а што е најглавно, ги знаат точно каде се, та ќе го насочат нападот точно на нив, ќе ги опколат и сите живи ќе ги изловат. А ако го напуштат овој положај, ќе ги фати денот, ќе ги стигне аскерот можеби на некој незаштитен терен и сите ќи ги избие.
Дури така беа во недоумение, дотрча одозгора и Ивановиќ којшто исто ги слушна буриите. Сите нему му се обрнаа како на воено лице.
—    Јасно, јасно ми е се, — рече тој. — Ние денеска мораме да примиме борба. Но што ќе ја примиме неподготвени и незаштитени, ние ќе ја примиме подготвени овде. Теренот ни дава изглед да можеме да ги одбиеме нападите и да се држиме некако довечер. А падне ли мракот — ноќта е наш сојузник и заштитник. Ќе му се обидеме и верувам ќе го скинеме обрачот, ќе се извлечкаме некако. Само добро да се распоредеме, — заврши Јово и им го соопшти планот за одбрана.
Според тој план четите требаше да се распоредат околу чуката и да ги фатат големите карпи. Аскерот мора да напаѓа отворено, одоздола нагоре, и четниците ќе можат од заклоните да стрелаат и одозгора бомби да фрлаат. А тој — Јово со Цилета и со заштитата на знамето ќе остане на своето место, „Касаматова Тумба", и во случај таа да остане надвор од обрачот, што прирадно и беше, бидејќи беше одделена неколку стотини метра од Маргара, тој ќе даде оган в грб на аскерот и ќе го раскине обрачот.
Според планот и постапија. Добро им дојдоа бомбите и патроните што ги донесе Ѓорче. Ги разделија по четниците и ги фатија определените места.
—    Ајде, боже, поможи! — се прекрстија сите и се разделија, договорувајќи се каде ќе се собираат тие што ќе останат и ако останат живи.
—    „Висока", „Висока"! Правец на север, на онаа висока тумба! — им предложи Ѓорче. Јас оттаму дојдов и згодно место е сртот. Секаде ќе бидеме одозгора ако случајно не поткачат агите — беа последните зборови на Ѓорчета, чијшто предлог сите го одобрија.
Одеднаш чуката оживе. Колку внимателно да ги фаќаа четниците метеризите, аскерот ги забележи, а командантите со биноклите можеа да ги видат како се сместуваат зад големите карпи.
—    Бак, бак, бак! — му се испушти на бимбашијата кога прв ги забележи и му ги покажа на Бахтијара.
—    Значи, ќе не чекаат оние пезевенци на чукана, — рече пашата и се насмевна, потценувајќи ја смелоста на востаниците.
—    Треба да се баеги — му одговори бимбашијата.
—    Според сведението што го донесе сношти попот тие зеле десет брави месо и десет фурни леб. Од четири петстотини души не можат да бидат повеќе, — ја направи точната сметка Бахтијар. — Значит, седумосум, наши на еден нивни; не ќе свршат работа?
—    Ќe свршит како ништо! — одговори некако со недоверба бимбашијата кој веќе имаше искуство со герилските борби на востаниците.
Дури се договараа, дури издадоа заповед за напад, сонцето веќе искочи и часовниците покажуваа повеќе од осум.
Аскерот се разви во стрелци, толку густо, што ако се фатеше за рамо, можеше да направи танец од оро, на чело со „танчарот" бимбашијата, а опашката би ја држал Бахтијарпаша.
Co пристигањето на десниот фланг бимбашијата издаде заповед за напад. Од север, исток и запад се слушна бука од илјадници човешки викотници. Сите Анадолци подивеа и почнаа да се дерат, да псујат, да зборуваат неврзани и неразбирливи зборови. Повеќе од нив се слушаше: „теслим, бре, кумитлар", и сите под команда почнаа да стрелаат во чуката.
Од исток веќе накачи аскерот до врвот „Боцкин Камен". Претстражата од Сугаревата чета мораше да се јави прва. Штом Рифатчауш излезе напред на својот коњ, тргна караулот и тој падна од коњот.
Пукањето на првата четничка пушка и паѓањето на чаушот направи забуна во блискиот до него аскер. Сите полегнаа на земја и почнаа да стрелаат. Комшиите лево и десно позастанаа. Но бимбашијата дотрча и бргу ги дигна во напад. Овие накачија, — го „презедоа" речениот камен и се запатија кон самата чешма „Студена", каде што денуваа вчера четите. Од север, по долот „Света Петка", и од југ, преку „Пупулеги" и „Шопово трло", аскерот го стегна обрачот и напна нагоре да накачува. Еден одред од две три стотини души се растегна малку налево, да ја заобиколи чуката и од запад и се спремаше што побргу да ја префрли преслапта зад чука и да фати врска со северниот одред од бимбашијата. На тој начин Бахтијар сакаше да ги опколи востаниците и да ги држи макар цела зима, за да ги принуди на предавање.
Но токму кота требаше да се врзе синџирот на преслопта; згрмеа пушките од Ивановиќ и Цилета од „Касматоа Тумба", која по неговото предвидување остана надвор од обрачот. Бахтијар и бимбашијата не го познаваа местото и не предвидоа дека може некоја чета да ја опседне таа тумба и да ги бие одѕади.
Се заврза борба прво тука; аскерот се стаписа — кој лево, кој десно, без да успее да го врзе обрачот. Но сега Бахтијар заповеда јуриш на Маргара додека не се извлечкани преку слободниот простор.
—    Теслим бре, ќерата, оти сите ќе изгинете, — викаше секој Турчин и пукаше во чуката зад која се криеја четниците со Ѓорчета, Перета и Митре Влавот начело. Кога веќе аскерите наближија под самата чука, војводите дадоа знак за борба на „целиот фронт".
—    На нас тргаат агите, Пере, на нас. Ми се чини тука е главната сила на Бахтијар, — му велеше Ѓорче на Перета, кој ја стискаше манлихерата цврсто и право „на месо" стрелаше.
И навистина Бахтијар на овој дел ја фрли поголемата сила.
Аскерите трчаа нагоре, четниците стрелаа, потоа затрештеа бомбите и целата чука се замагли.
Од „Студена" караулот што го отепа Рифатчауш се накачи да им се придружи на другарите и да им помогне во борбата. Аскерите од Рифата го погодија смртно и тој падна наместо.
Ивановиќ не им даде да го врзат обрачот на преслапта, но затоа плати со своето десно око. Го погоди куршум преку носната 'рскавица и му излезе под десната веѓа, та можеше со левото око да ја види својата зеница од десното.
—    Брак, бре будали, бре, брак! Што загтањате како биволи на угорништето, — им викаше Пере на аскерите, фрлајќи бомби и куражејќи ги своите четници да издржат додека фати мракот за да се извлечкаат од обрачот.
Бахтијар ја осети сериозната положба и нареди можеби десетти јуриш, а порача и појачање од Маково каде еден бимбашија остана со илјада души аскер.
He малку се испрепали аскерот од западната страна на чуката и не малку се изненади Бехтијар кога околу пладнина почнаа од наспоред, од исто така високата чука „Гарван", да грмат в грб на аскерот десетина манлихери. Аскерот се стаписа надолу и сега немаше опасност од врзувањето на обрачот. Целата западна четвртина од Маргара беше слободна.
—    Кој ќе бидат оние браќа што маваат од чукана? — се запрашаа војводите.
—    Може некој одред аскер ја има фатено таа чука да мава од високо на нас — проговори Тренков.
— А бре, како на нас, не гледаш оти ги распадија агите под нас? На нив маваат, а не на нас, — му одговори Борис. — Само кој може да биде тој наш спасител? Ене, ги не, фатија агите пустиња долу долот, — и покажа со рака на одредот војници што бегаа оти оној од „Гарван" ги имаше наспоред на голото како на тепсија и скоро секој куршум на место погодуваше, та пискотниците од ранетите им го забрзуваа бегањето на здравите.
—    Слушајте, слушајте! Манлихери пукаат, — ги позна Ѓорче грмежите на пушките. — Имате некоја чета само со манлихери наоружана?
—    Петре просто воскликна:
—    А бре, Толе наш е, со своите арамии, бре! Ех, господ здравје да му даде! Токму навреме се намести на чукана! Е, е. He берете гајле, нели се замеша и Толе и тоа на онакво место! Ќе го брани тој долот дури да падне мракот, а во темницата ќе се извлечкаме. Имало господ и од оваа клопка да се издутниме, — заврши Петре со утешителното и пријатно разјаснување на настанот и ги окуражи своите четници, соопштувајки им ја и на другите војводи ново настанатата положоба во нивна корист со Толевата појава на „Гарван".

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 7

 

7.
Во селото Орле кое се наоѓа токму зад онаа висока чука што се вика „Гарван" Толе нарача, како во Чаништа, десет брави и десет фурни леб; за него со другарите пак пет шест кокошки и две тепсии алва и реши да ја проведе оваа ноќ во една одаја со Мише Ќосото, а утре да го однесе јадењето на Маргара и да се збогува со своите не многу сакани гости.
Но кога се раздени убаво дотрча еден од аазите и му соопшти дека Бахтијар ја кренал војската во правец на Маргара.
—    Нека оди кој кај сака; вие гответе го јадењето! — ладно му одговори Толе и ги собра другарите да се напоручаат убаво „оти ќе имаме троа работа денеска" — им рече. Во тоа време, кај осум саатот запукаа и првните пушки околу Маргара. Но Толе не брзаше.
 — Ќе останат и за нас Турци, мајка му стара, ќе протепаме колку да сакате, не брзајте многу! — Им рече на другарите.
И околу девет десет саатот стана, си го јавна Белчета и за час се најде на спротивната чука.
Погледа сеир некој саат и друг и кога виде дека Бахтијар има намера да ги опколи сосема четите, им запукаа в грб на аскерите и ги распади долу долот.
Кон ужина пристигна и засилувањето на Бахтијара и со него Велиага од Маково со своите катили, кој од „Бучкур" почна да му вика на Толевиот четник и другар Петка Кормакот од Маково:
—    Предај се Петко, брееееееј! Не гини лудо, бре, ќе простит царот, бре!
Но место предавање Петко му запна еден куршум и коњот падна под агата, а тој старски побегна назад за Маково, оставајќи го Бахтијара сам да се расправа со бунтовниците.
Започна и дваесеттиот јуриш, но силата на аскерот беше земена. Паднатите трупови од нивните другари ги обесхрабрија, а Толе не им даваше да се појават на западната страна на чуката, та го држеше слободен тој простор за повлекување.
Борбата се продолжи како што предвидуваше Ивановиќ — до самиот мрак, кога се даде заповед за повлекување кон запад. Сите знаеја дека таа страна ја осигури Толе и немаше што да се двоумат. Ја напуштија Маргара, оставајќи ги своите осум другари да ја топат со својата топла крв и оваа чука, како Соколот што го натопија Манол Разов и двата четника
Толе ги пречека војводите над самото селце Орле, на преслапта „Мал Гарван", со сите останати четници. Орленци го разнесоа лебот и месото и Толе им го раздели.
—    Е, сега, другари, ајте ми со здравје кој за каде сте! Мојот домаќинлак толку беше. Гледајте да не попадните пак во некоа клопка, оти Бахтијар ошче утре ќе ве запашка — се збогува Толе со своите гости и си го јавна Белчета за Крушевица.
На разделување Борис љубезно го покани Толета:
—    Ајде, брат Толе, да те водиме во Бугарија, да се одмориш малку.
Толе се закикоте на коњот:
—    Голема работа свршивме, господин Борис, та ќе се одмориме, токо ајте ми со здравје! — и го дупна коњот, ги остави.
Колку да не се мирисаа Ѓорче, Пере и Петре со Бориса, Гарванов и Тренков, положбата во која се најдуваа им наложуваше да се помагаат.
—    Е, што велиш ти, Ѓорче? Кој правец да го фатиме сега одовде? — му се обрна Борис на Ѓорчета. — Ете, ние веќе ти ја изложивме нашата намера оти сакаме да се прибереме во Софија. Ти сега оттаму идеш, каква е положбата; ќе се пробиеме ли некако до границата?
—    А бре, кога сте решиле, што да не се пробиете! Еве ви ги беловодичани, ќе ве преметнат преку Дервен, ќе ја фатите Бабуна. Само преку Вардар ќе треба да бидете претпазливи. Но ќе се нареди и таму. Нема таква сила по велешко како овде, — им го кажа своето мислење Ѓорче и ги повика беловодичани што го доведоа него.
—    Е, попе, Иге, Милане, Тоше! Пак назад по трага откај што дојдовме. Ќе ви бидеме некој ден и друг пак вам гости, кога Толе ни го откажа своето гостопримство...
—    Мојот предлог е да одиме заедно до Ливада, та таму малку понараат ќе се договориме кој каде ќе фати. Мораме да се делиме. Ошкава олелија не ќе можат селата да кријат и хранат.
И беловодичани тргнаа назад по истиот пат по кој го доведоа Ѓорчета вчера вечер.
Бахтијар остана замајан од неуспехот. Ги испцу своите бимбашии, јузбашии, милазими и други нему потчинети офицери, та место да тргне утредента да ги гони востаниците, тој се зафати со пренесување на ранетите и закопувањето на истепаните двесте души аскер.
Така слободно, ноќта, по сражението, се извлечкаа четите по сртот на Селечка и останаа да денуваат на Ливада, на синорот Беловодица, — Плетвар — Лениште — Кокре, токму крај она кладенче каде што пред година Шаќир му го доведе Толе Паша на Петрета Ацев.
—    Е, сега кој за каде е? — запраша самиот Ацев во чијшто реон се сметаа.
—    Костурци — во костурско, — се провикна Циле Кономладски.
—    Леринци во леринско, битолчани во битолско! — загрмеа момчињата од сите страни и се раздвоија на групички, предводени од своите месни војводи, кои не сакаа веќе да му се покоруваат на штабот, бидејќи и луѓето од штабот, од една покана да одат со нив во Бугарија, друго ништо не знаеја да им заповедаат.
И вечерта се разделија. Сарафов со своите луѓе и стотина четници месни раководители што сакаа „да се одморат" се збогува со тие што не сакаа „да се одморат" и предводен од Тошета и Игета од Беловодица, околу полноќ го пресече џадето Прилеп Градско меѓу селата Плетвар и Лениште и до зора ја фати Бабуна и Никодинска планина за да го продолжи својот пат преку Вардар.
—    Борис го помина благополучно џадето, не се слушна никаква пукотница, — им се обрна Пере на Ѓорчета и Петрета. Ќе ја фаќа или веќе ја има фатено Бабуна.
—    Сигурно е поминат штом не се врати, — му одговори Ѓорче. — А ја фати ли Бабуна — ќе се свлечка; натаму нема големи потери, ќе се одвлечка, како јас што се довлечкав.
—    Арно ќе направиме и ние да се префрлиме на таа страна, — предложи Петре — ќе го фатиме Ореовец мое и Крстец. Ако не спотераат агите, Баба нека е жива, Никодинска планина. Како полабаво таму ми изгледа. Ова пустино Мариово зовре веќе од аскер. He гледате? За три дена две сраженија имавме.
—    Арно, вие ќе ја фатите Баба и Никодинска, ами ние кај ќе кршиме глава? — се јавија Лазар поп Трајков и другите костурци и леринци со Сугарев.
—    И јас тоа се мислам, луѓе! Да дојдете со нас, треба цела Бабуна, Мукус, Крушевските планини и Пелистер да ги одите дури да ги фатите леринските планини. Да се вратите откај што дојдовме, којзнае дали не ќе ве згашти пак Бахтијар! — почнаа да се мислат Петре, Пере и Ѓорче.
—    Одавде, со нас, белким е послободно, но бестрага е далеку. Назад по Селечка и Смечот, да го фаќате Скочивир и да и прејдете на Шемница, многу е блиску, ама многу е ризично. Ич не знам што ќе правиме со вас — пак се мисли Петре.
—    Ризично не ризично, јас велам да се вратиме откај што дојдовме. Ако не начека Бахтијар, најпосле и нека погинеме, неоти кај нас не чека свадба! Ние и таму ќе ги крвавиме гаќите дури стојат главите, и тука. Барем од патот ќе скратиме, — предложи Иван Попов и ги погледна своите другари.
—    Што велите вие другари? — им се обрна лично.
—    Согласни сме, Иване, зошто да не! Што ќе губиме недели, може и месеци по оние ридишта, да му ги дадиме главите на Џавидпаша, да му ги однесиме на нашиот Дургут паша, ако ги спасиме од Бехтијара, — одговори Циле за сите.
—    Тогаш и со вас да се делиме, макар со тага на душата, — проговори Ѓорче, a Петре ги замоли поп Пана и Милана од Беловодица да им бидат на услуга уште некој ден и друг на костурци и да ги испратат барем до Скочивир, да ја прејдат Црна, та понатаму нека си водат сметка тие.
Така се разделија прилепчани од костурци.
—    Одете со здравје и гледајте, не оставајте го народот во очајание. Насрчувајте, бодрете, убедувајте дека не е се пропаднато. Ќе светнат посветли дни, ќе се исправат грешките и ќе дојдеме до слободата. Само трпение и цврстина препорачувајте. Да не се распадне Организацијата и народот да се почувствува немоќен, та да ја изгуби верата во себе и своето раководство. Ние пак ќе се собираме и понатака и ќе кроиме планови. Ајте ми со здравје и вардете се! Вардете ги вашите глави баш за тоа народно дело! — беа последните зборови на Ѓорчета. Се прегрна со сите, се избакна со солзи во очите и ги остави, а тој тргна со прилепчани на север.
Костурци останаа на милост и немилост на судбината.
—    Да тргаме уште ноќеска дали не е ризично? — почна со предлогот Сугарев.
—    А бре, да одмориме уште утре овдека, убаво е местото, високо. Ене, Мариово сето се гледа како на длан, белким ќе видиме некои знаци на движење војска, белким ќе накачи некој селанец, барем малку од малку да знаеме кај одиме, да не му рипнеме на волкот право в уста — проговори Попов. — Еве ги луѓево што ни ги оставија Ѓорче и Пере; ќе потслезат до преслапна, ќе најдат некој овчар, ќе подразберат, — па им се обрна на попот и Милана:
—    А, попче? Што велите вие? Ќе можеме утре да подразбереме нешто од некого? Или да тргаме уште ноќеска?
—    А бре, браќа, по мое мислење ризично е да тргаме, ризично е и да останеме. Бахтијар може да биде замајан еден два дена, на третиот чекајте го по цело Мариово и Селечка. Ќе си имаме уште расправии со него. Туку, и да тргаме ноќеска, еве, ноќта прекрши. Ќе стигнеме најмногу до „Висока". Токму ќе му појдеме на волкот в уста, што рече еден пред малку. Да преденуваме, најпосле, уште утре овдека, па утревечер уште совреме да му се обидеме; ако можеме да се извлечкаме некако! Но јас би рекол нешто друго ако сакате да ме послушате.
—    Да чуеме!
—    Да се разделиме и ние ноќеска, за секој случај. He видовте некни на Маргара. Ако не беше Циле со оној другар, Ивановиќ ли, како се викаше? — со знамето на другата чука лошо ќе поминевме сите на едно место! Затоа, ако сте согласни, едниот од нас со Милана да остане со половината од вас овде, а едниот и другата половина — да ја фати онаа друга чука — Лигураса се вика — па ако, биде нападната и опколена едната група, другата да може да и помогне, наоѓајќи се надвор од обрачот.
После: таму, зад Лигураса, има едно селце, Вепрчани се вика; ќе гледаме да се добереме и некој сомун леб да пригодиме. Ако тргнеме по ридиштата без залак леб, ќе позастанат момчињата, не ќе можеме да ги одведеме, — заврши поп Пано со својот предлог.
—    Се прима, попче, се прима! Вие сте тукашни и верни луѓе. Како ќе речете, така нека биде! — се изјасни за сите Лазар.
И се разделија. При тргањето го утврдија правецот на движењето:
—    Што да стане стане; зборно место ќе биде селцето Паралово зад Смечот, — им рече Попов кој остана со Сугарев, Цилета и своите четници. А Смечот веќе сите го знаеја, бидејќи оттаде дојдоа во Мариово. А ако не се случи нешто лошо, Милан утревечер пак ќе ги врати сите и заедно ќе тргнат по сртот на Селечка.
Милан ги остави четниците на чуката и во утрешната мугра тргна за Вепрчани. Но кога наврте на долот, на пет шест стотина метра од чуката, од растот испадна војник со пушката на готовс и громко извика:
—    Теслим, бре ќерата! — и просто му ја допре цевката од пушката на Милана в гради.
Милан ги крена рацете во знак на „теслим" и војникот го отера кај онбашијата. Овој кај чаушот, та дојде и до јузбашијата.
—    Камо комитите, бре ќерата! — го запраша јузбашијата Милана, а Милан се прави недоветен.
—    Воловите, ефенди, воловите ми побегнаа навака, ги барам.
—    Воловите, кравите, коњите, маските, тоа вие барате, анасени... ана! Сите вие воловите барате, а криете и раните комитите. — My се овргали јузбашијата и нареди да го кутнат и бијат.'
Списка Милан колку грло што го држеше, повеќе за да чујат четниците отколку од болките, но беше веќе доцна.
—    Каде се комитите, бре пезевенк! Кажувај оти сега ќе одерам жив! — почна да го тевтиши сега бимбашијата Милана, кога јузбашијата го извести за фатениот селанец.
—    Аир ефендум, какви комити барате од мене, мирна раја! — се правда Милан, но ќотекот се продолжи, и по заповед на бимбашијата Милана го обесија на еден даб. Душа испушти, но збор не испушти каде се комитите.
Ги слушнаа Милановите пискотници четниците на врвот на чуката и се вомјазија.
—    Било, речено, ќе ги оставаме главите овдека, — тажно проговори Железаров.
—    He правиме белким лошо да се иставиме дури е рано. Ете, од спротивната страна ништо не се забележува, — предложи Златков. Се согласија Апостол и Пешковчето и еден викна:
—    По нас, деца!
Четниците тргнаа по војводите на спротивната страна од Милана, назад кон Ливада, со надеж да се искачат на тој највисок врв и да ги најдат своите другари Попов, Сугарев, и Цилета и да ја поделат борбата и судбината, но на двесте триста метра под чуката просто нагазија на залегнатиот аскер, кој ги дочека со плотун од десет метра растојание.
—    Оооф, мајке мори! Me изеде! — писна Пешковчето и падна на место. Другите залегнаа во растот и отворија оган, a пo кратко време затрештија и бомбите, но аскерот не се раздвои. Напротив, на самата преслоп Лигураса засвире буријата и од сите долишта се назагнаа војници во правецот на сражението, зацврстувајќи го обрачот. А веќе почна да се разденува.
Педесетината момчиња, колку што дојдоа со овие војводи, почнаа да фаќаат поудобни метеризи, но Турците ги опсипуваа со град куршуми, та уште несместени паднаа пет шест од нив, меѓу кои и Коста Младенов од Дуње, којшто прво реши да оди во Бугарија со Борисовци, но на Ливада се попишмани и тргна со Пешков, како вешт на местото да ги доведе, а десетина беа тешко ранети и онеспособени за борба.
Нерамната борба се разврза откако се понаместија четниците и аскерот. Над илјада души аскер ја опаша со неколку редици чуката и нарипуваше секој половина час на јуриш. Бомбите ги одбиваа јуришите, но од пладнина почнаа поретко да грмат, бидејќи беа на привршување.
Зад еден плочест камен фати метериз Димитрија Миндев од Карамани, четник на Пешков, а на долниот крај се довлечкаа над педесет аскери. Дури дојдоа до плочата Димитрија кутна шестина, но другите не се откажаа. Фрлија и тие бомба зад плочата и Димитрија се запрпелка во правот, но остана сиот облеан во крв по лицето. Беше го закачило парче во десниот образ.
—    Теслим, бре ќерата! — извика чаушот од зад плоча и рипна напред да го налегнува Димитрија.
—    Имам уште за тебе, бре куче! — извикна Димитрија и тргна со берданката. Го изарчи и последниот фишек што го чуваше за себе. My го „подари" на чаушот од кој овој падна на плочата пред самите негови нозе.
Co пушката за цевка рипна трипати по плочата и се најде пред десетина штикови. Замавна лево и десно со кундакот и кутна уште двајца, но рацете му се олабавија, a забите почнаа да му чкртаат. Офна силно и се фати со двете раце за двете слабини во кои веќе беа закачени два штика. И тој падна мртов, продавајќи ја својата глава за десетина турски. Аскерот се насобра по педесет души на еден четник и нарипа живи да ги фаќа, но овие се држеа зад стените и Турците секое нарипување го плаќаа со по еден два убиени другари и пак залегнуваа и тие зад своите метеризи. Фати пладнина време. „Кој ќе издржи до мрак?'се прашаше секој четник во себе, а бимбангијата се плашеше да не се замрачи, та и оттука да му се извлечкаат комитите.
„Каде ли се Иван, Циле и Горѓи што ги нема да се јават? — се прашаа во себе Тодор, Петре и сите живи четници, не можејќи да ги слушнат грмежите од пушките и бомбите од Ливада, каде и нив Бахтијар ги нападна, но благодарение на честата гора овие лесно се префрлија на Ленишко, кое не беше опседнато, та над самото селце го заметнаа трагот и удрија кон југ, заблудувајќи го аскерот со сражението на Лигураса. Турците помислија дека четите се движат кон исток каде на ЛиЃураса веќе беше започнато сражението од Златков, Железаров и Пешковчето, та место да трчаат по овие што побегнаа кон југ, тие се назагнаа на исток, убедени дека натаму бегаат. Затоа Попов, Циле, Сугарев и другарите не им помогнаа на овие што беа сега овде опколени, но затоа пак тие се извлечкаа без жртви и опасност од опколување.
„Ех! Камо сега некој Толе Паша да се јави однекаде в грб!" си помисли Златков и длабоко издивна. „Не е секој ден Велигден, Тодоре, не е!" — почна да очајува, не гледајќи излез од тешката положба.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 8

 

8.
Кога се раздели Толе од војводите, со него, покрај неговите осум души арамии и Мише Ќосото, останаа од прилепската чета сите четници што беа родум од Мариово, меѓу кои и Стојо Којде од самото Орле и Петко Кормакот од Маково.
— Е, деца, како шо гледате и ние останаме баеги на куп. Јас вела и ние да се разделиме на две три чети, за да можеме полесно да се криеме и раниме! — им предложи Толе на овие другари.
—    Добро, бацко Толе! Ка ќе речеш ти така нека биде, — одговори Стојо, — ама пак ние тебе те сакаме да ни бидиш главабашија.
—    Лесна работа е за главабашија, џанум. Главно е сега да и довардиме главите, та за главабашии, буљукбашии сете веќе сме печени, — му одговори Толе и ги раздели на четири чети:
—    Еве ти, Стојо, земи и виа твојте орленци, марулчани, мојте крушевчани и чанивци пет шест души, и држи а Маргара, до кај Будимеш. Петко нека и земе маковци, бончани, рапешани, црничани — нека го држе „Смечот" ондеа; на Андона — ќе му и дајме неговите дунчани, вепрчанци, пештанци, кокрчани и каленци — нека се вртка по Ливада и Дренска планина, a јас со Трајка, Ќосото и други прекуреканци ќе прејда одонаде река во старо Мариово, ако можеме да и поносиме главите ошче по некој ден и друг.
И уште истата ноќ и тој се раздели со Стоја и Петка и тргна со Андона кон Крушевица, откаде го зеде со себе помалиот свој син Велјана да не падне и тој во рацете на агите, како постариот Трајко кој веќе, заради татка си, беше затворен пред една година.
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери. И така, кога Сарафовци денуваа на „Ливада" и кога ноќта се разделија, Толе почиваше крај своето Ќосе во Вепрчани, а Андон крај Андоница во Дуње, за да дотрча околу полноќ во Вепрчани и да му јави на Толета, дека Бахтијар ја испрати војската по нив по Селечка.
—    Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
Но уште убаво не беше разденето — почнаа грмежи од пушки и бомби на ЛиЃураса, која беше на петшест километри од селото.
Нарипаа четниците од Толета и Андона, дојде и Толе со Андона и Ќосото и почна да се чуди.
—    My реку јас побрго да се влечкаат оти ќе и згашчи Бахтијар, а тиа како брливи се заврткале тука! Тих; орман да ватат, пак сака да и откинуваш! Ќе не повлечат и нас да влеваме в оган, бесот да и вате! — се замисли Толе и нареди на еден од четниците да види што стана со ручекот — да го забрза.
—    Ќе причекаме, деца, да видиме белки сами ќе се ископелкаат некако. Ако и сардисаат како на Маргара, ќе се влева во бој, нема чаре. Кога веќе се најдоме тука греота и срамота е да и оставиме, макар тие да си го бараа сето воа.
—    Ти ка ќе речиш, башко Толе, ти. Ако е за влевање, ќе влеваме. Наши луѓе се сете тиа. Ако а грешиле сега, белки ќе а погодат утре, шо е тоа лав непомагање — се искажа за сите Ќосото како најблизок „четник" на Толета.
Ручекот втаса уште кај десет саатот. Се наручаа Толевци убаво и слушаат белким ќе престанат грмежите, но тие уште се засилуваа.
—    Аха! Виа побратими пак заглибиа! — почна да се чуди и тревожи Толе. — Ќе се оди, деца, ќе се оди, токо гледајте со ум. Гледајте во мене, јас шо ќе права — правите и вие. А ако дојде нешчо да не распердушат и нас, ќе се бараме преку Црна во Врпско. Кој каде ќе може нека а преоѓа Црна и нека a ваќа Становица златна — си ја даде Толе командата и го јавна Белчета тргнувајќи на сред бел ден во заштита на опколените Златковци и Железаровци на ЛиЃураса.
Турците, зафатени со сражението, не се сетија да погледнат назад и да видат што иде зад нив. А тие што се завртуваа, иако забележуваа некакво движење на луѓе, мислеа дека аскер од други табури им иде на помош, та Толевци слободно се приближија кон ужина до самиот нивен грб, на стотина метра, и користејќи ја шумата и карпите низ неа, како и доминантната положба на врвот (Толе секогаш гледаше да биде на повисоко од потерите и тоа го спасуваше), отворија оган од своите дваесетина манлихери и берданки пак в грб на аскерот.
Бимбашијата, којшто сето внимание беше го насочил кон сражението со Златков и Железаров, кога ги чу овие залпови просто се избезуми. Веднаш нареди на буризанот да засвири тревога. Ова ги узбуни сите војници и им го повлече назад вниманието. Некои разбраа дека буријата свири отстапување, толку повеќе што Толевци почнаа да фрлаат и бомби токму зад нив. Се направи во главите на офицерите и чаушите една збрка,та први тие летнаа да бегаат надолу. По нив аскерот, a пo него се спуштија четниците и уште со пo некоја запазена бомба го скинаа и овој кордон, како оној на Маргара.
— Вамо, бре едепц'зи ниедни, кај кршите глава по аскер, не гледате шо сила е! — почна да вика Толе од својот коњ кога го виде обрачот скинат, а четниците надвор од него.
Дадоа некако знак за повлекување на исток и се источкаа низ растот тие што останаа живи; се ставија со Толевци, оставајќи го Пешковчето и десетина петнаесет четници и на овој црн врв. Го прегрна Тодор Толета и го избакна. Се избакнаа и неговите четници со Толевите и Толе ги поведе по мракот сите кон Вепрчани, откаде уште истата ноќ ја прејдоа Црна и ја фатија жиовската Станоновица. Ги снабдоа вепрчани дента со леб и Андон ги испрати по сртот Зелка, Ѓурѓишта, Трибор, Перун, Козјак, Добро Поле, Соколот, го фатија Кајмакчалан и си отидоа на мушата: Леринско, Воденско и Костурско, да се сретнат со Иванов, поп Трајков, Апостола, но без Цилета, бидејќи и тој падна во ова време како Пешковчето на ЛиЃураса.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 9

 

9

Прилепската чета, со која отидоа Пере и Ѓорче, закрстари по Баба, Никадинска планина и Бабуна, но Бахтијар ги насочи потерите и на таа страна, та еден ден мораше и таа да се растура. Пере слезе в град да се крие и да работи на подигање духот кај старите работници, а Ѓорче намисли да отиде во Битола. Затоа го замоли Ацева да го префрли пак во Мариово, толку повеќе што Бахтијар ги истегна војските од старо Мариово и ги префрли по Селечка и Бабуна, та Толе пак остана слободно да „пашува" во својот „пашалук". и му ја исполни Петре желбата на Ѓорчета. По познатиот канал Беловодица — односно Ливада и Вепрчани, една ноќ ја прејде Црна и преку Врпско, по ридот, каде што се извлечкаа Златков и Железаров, се најде уште утрото на Кравица, откаде можеше да го види и Солун, не само Битола.
На бичкијата од Тошета најде селани од Градешница и разбра дека тие дни потерите се тргнале од кај нив и дека Толе господари со овие села.
— Ќе ме водите кај него — ги замоли Ѓорче и уште истата вечер тргна со двајцата свои четници. Другите ги остави со прилепската чета.
—    О, добредојде, господин Ѓорче, добредојде! Пак кај мене на гости? — го поздрави иронично Толе и се зачуди, зошто овој голем војвода не си отиде со другите во Бугарија.
—    Кај тебе, брат Толе, но не за долго. Ќе те молам за една услуга. Да ми најдиш еден човек што ќе ме одведе во Битола, — му одговори Ѓорче.
—    Битола? Ти стиска сега да одиш во Битола? Ами Бахтијар не е кренат сосема од Маково, а патот токмо преку него врви, — се зачуди Толе.
—    Таму сакам, Толе, таму да поминам. Но ќе ми треба човек што го знае патот, да не одам без пат, оти поризично ќе биде.
—    Тамо — тамо! Кога ти зела главата ветер! Ете, утре ќе одат пазарџии со штици, ќе тргнеш со ниј со едно магаре, оди ми со здравје, ама јас не одговарам за твоата глава, — се искажа Толе и го викна Гулета. My го предаде Ѓорчета со два збора:
—    Човекот сака да биде мариовец и утре пазарџиа за Битола. Најди му алишча, човек и едно магаре со штици.
Митре си ја зеде грижата. Толе ги беше научил луѓето од својот „пашалук" слепо да ги исполнуваат неговите наредби. Го одведе Ѓорчета кај Чачовци, го облече во Тодорова мариовска облека, (најискината и најизвалкана што беше); Ѓорче ги остави своите комитски алишта, пушката, нагантот, биноколот и убавите јанински опинци; заврза едни свински со сиџими и тури на глава еден калнав искинат фес. Co еден збор се направи мариовец и половина. И чекаше да се осамне за да тргне со самиот домаќин Тодора Чачев со двете маски и магарето.
Толе не можеше да дотрае, а да не види каков ќе изгледа Ѓорче како мариовец, та в зори отиде кај него. Кога влезе во куќата, го виде Ѓорчета да седи на билото, замислен. Погледна и ја опфати целата негова фигура, но веднаш се тргна нешто. My се приближи, го поздрави и го праша:
—    Е, готов ли си, господин Ѓорче?
—    Како што гледаш, брат Толе.
Толе се наведе пред него, го фати за големата црна брада и почна да му ја тресе главата.
—    Ами, метлата, господин војводо! Мислиш не ќе познаат агите оти ваа работа не е мариовска? Кој мариовец носи волкава брада? — и му се обрна на Тодора.
—    Дај и Тодоре ножиците да го направиме господинот токмо мариовец, да не си a земите обата бељата по Маково.
Ѓорче се скамени наместо кога прецени дека една таква ситна работа можеше да го издаде, и не мрдна од местото дури Толе со големо задоволство не му ја „искастри" брадата. Кога се помазни по лицето и виде дека од убавата црна брада останале само корењето, силно се натажи, та дури и обескуражи, небарем сета сила му се зеде. Но друг излез немаше и тој тргаа во зората со Тодора; вечерта благополучно стигна во Битола, врвејќи низ синџири аскер по Маково.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 10


10.
Најпосле остана Толе сам да „пашува" по неговиот „пашалук" — старо Мариово, со своите арамии.
Ги зареди слободно сите села. На Црна се стави со Андона и си ги даде своите наредби, бидејќи тој остана и понатаму главабашија на сите четири чети што се образуваа од неговата арамиска дружина.
— Ете така, Андоне; ќе му пренесиш на Стоја и Петка. Времето веќе наближуа за зимуање. Нека ваќаат меќани до пролет. A кога ќе закука кукавицата, ќе се најдиме пак во мајката планина. — Co тие зборови се раздели Толе од Андона и прошета уште некоја недела месец низ Мариово, барајќи од селата каде денуваше да го почитаат како единствен господар.
Почна Толе и да суди на својата територија, а не само да ајдукува.
Полчивци и Дунчани се караа за синорот Раково и Рамништето и сто години цели борби водеа чија стока да ја пасе тревата. Полчивци полагаа право на неа што ја купиле старите од султанат, кога изгорело селото Лисиче. Долга и широка беше таа историја со Лисиче, што ја кажуваа старците на своите внуци и правнуци.
Мариово, пред двесте триста години било етимско ничие; друга прикаска имаше: како тоа било хасчифлик лично на султанот, кој го подарил на својата султанија Мара — Кола Марија — и оваа ги ослободила мариовците од секакви даноци. Но едно беше главно: тие села по Мариово во тоа старо време беа слободни, без бегови и господари, та беа се поткренале и материјално.
И еден ден идат некакви Турци трговци од Битола во Лисиче и од осум куќи село, купуваат седумдесет волови. Ги плаќаат Турците воловите, но при тргнувањето еден ја завртел главата некако заканително. По одењето на Турците, селаните почнале да си го толкуваат вртењето на главата од Турчинот. Коџабашијата тоа го одгатнал вака:
—    Турците видоа дека од осум куќи село купија седумдесет волови. Значи селово е богато! И сега ќе си одат во Битола, ќе соберат свои луѓе и ќе дојдат да го опљачкаат селото.
—    „Ами чаре?" — повикале селаните.
—    Чарето тоа е. Да му се загнеме по нив и да ги оплескаме по Топли Дол, — им советува коџабашијата.
И така направиле. Ги отепале Турците — трговците во Топли Дол зад Чаниште и си ги вратиле назад продадените волови.
Власта ја иследила оваа работа, го изгорела Лисиче, ги истепала селаните, ги преселила децата и жените, а за судските трошоци го продала целиот реон од Лисиче (Раково и Рамништето) на Полчивци.
Подоцна тука блиску се заселило селото Дуње и почнало да ја пушта својата стока во ова пасиште, кое Полчивци го чувале за зимовиште, бидејќи летна паша имале во големата планина.
Ете, по тие причини полагаа право Полчивци на оваа земја, а на Дунчани им беше двор, и стотина години се караа, та дури и жртви даваа. На Дунчани им беше пред нос, на Полчивци пет шест сати далеку од селото, но си имаа тапија за него и не сакаа да му го отстапат. Кадијата од Прилеп секоја година земаше по стотина двесте лири од секое село и спорот не го решаваше.
Затоа Толе реши да и тури крај на таа кавга и пресуди местото да го користи Дуње.
—    Де ако смее некој од полчивци нека а погази ваа моа пресуда! — Им рече еден ден на сретсело.
—    Ќе го обеса секого кој ќе наврти да и брка Дунчани од Раково.
И го направи. Го обеси на дабот пред неговата колиба Петка Ромков што отиде во Раково, газејќи ја Толевата пресуда. Кога се разбра таа работа, ниеден полчишец таа зима не прејде преку река да ги вознемирува Дунчани.
И не само за такви големи работи Толе судеше.
Се скарале во Градешница две жени на чешмата, која прва да лее вода. Обесправената направи давија на бацка Толета и овој ја извиде работата на сретсело пред сите селани. Се утврди дека чорбаџивката Милка Мачкарова ја нападнала будаличката Стојна Мојанчева и и ја искршила стомната, та дури и една рака коса и искорнала од главата, сакајќи преку ред да залее вода.
—    Дваесет и пет на Милка по голо месо! — му нареди Толе на Брниклијата кого го одреди да ги извршува неговите пресуди. И овој пред сите ја грабна Милка за прцле и ја кутна. И ја засука кошулата и и наброја дваесет и пет дренови по дебелото месо, на очиглед на цело село.
—    Неќу кавга ни ѓурунтиа дури повелам јас овде! — викаше Толе во секое село кога ги собираше селаните да ги расправа нивните меѓусебни препирки. И повелаше, пашуваше, попуваше, та дури и владикуваше Толе. Се заинати поп Тодор во Градешница и неќе да го венча сина му на сиромашецот Васил Ватралката оти немал да му плати две лири, една за него, една за владиката.
—    Ќе венчаш, попче, како поп токо не мачи го Трајка. Јас су овде и владика и патрика, — му нареди Толе и му се опули на Брниклијата, кој веднаш рипна и го грабна попот. На молба од селаните не ги окрка дваесетипетте дреновци.
—    Јас немам апцани да ве затварам и да ве држа со месеци и години како Турците, ами вака: вртомчето и стапот нека ми се живи. — Кој не слуша ќе го мрси вртомчето или ќе го крка дреновакот — беше неговото разбирање за правосудието. И така постапуваше: за поголеми грешки — бесилката, за помали — дваесет и пет по голо месо.
И дури пашуваше тој по Мариово, ниеден селанец не стапна во турски уќумат да тужи некого. Се што имаше — им судеше Толе.
Но, времето си врвеше. Помина септември, октомври, та дојде и ноември со неговиот Митровден. Според српската поговорка „Митров данак хајдучки растанак" и Толе мораше да бара зимовиште, толку повеќе што востаниците ја напуштија борбата, та и тие се прибраа да се издишат, некои по Бугарија други, ете, по градиштата, како Пере и Ѓорче.
Бахтијарпаша отсекаде добиваше извештаи дека бунтот е смирен, само витолишкиот јузбашија и мудур му се плачеа оти Толе уште врлува во нивниот реон и оти тие не се во состојба да го смират него.
— Толку поарно, — си рече еден ден Бахтијар. — Имам мана да ја прехранам војската по овие села место да ја враќам назад по Анадол. А ќе можам да земам и уште некоја стотица лири од овие ѓаури.
И така направи. Четири бимбашии со по илјада души војници остави да зимуваат по селата во Мариово.
— Тестир ќе дадете на оваа песја вера. Нека пцовисаат до еден зимоска од студ и глад — им зборуваше Бахтијар на бимбашиите кога ги испраќаше на зимување.
—    Еден во Старавина, еден во Витолиште, еден во Дуње и еден во Маково ќе бидете. Во секое село по петина аскери на куќа. Истерајте ги од дома и мачките нека пцовисаат по племните и трлата. Јадење, пиење, зоб за коњите, огрев, облекло, обуш од нив. Нека видат и осетат дека султанот повела овдека, а не некакви Толе Пашовци, војводи и комити.
Co тие зборови се збогува Бахтијар и си отиде во Битола да ја проведе зимата, заплашувајќи ги бимбашиите дека ќе ги посети да се убеди дали оваа негова наредба ќе биде исполнета или не, што и го направи баш сред зимата, околу свети Атанас.
И токму настапија првите есенски дождови и лапавици, ги наполни аскер сите мариовски села.
—    Ајде, коџабаши, конак за осумстотини души аскер и тројца забити, — му нареди мудурот во Витолишта на копабашијата Трајка, а овој ги собра сите аази и одведе во секоја куќа по пет души војници Анадолци од груби погруби, од гнасни погнасни, погани, просто ѕверови. И првиот збор со затечените селани, жени, деца во куќите им беше:
—    Сик дишери, бе анасени ана, ѓаурлар. Дишери, дишери, дишери, ) — и не чекајќи овие да излезат, ги фаќаа за раменици и ги исфрлаа како партали во дворот на дождот и снегот сред вириштата и калта до колена.
— Племната, деца, ваќајте а племната; ако можите во сламата да се позатоплите, друго чаре нема, — им советуваше дедот Бале на своите десеттина членови од семејството. И овие го послушаа, ја отворија племната и се закопаа децата во сламата, а возрасните ги скрстија рацете и ги удрија главите ничкум.
Дома останаа да господарат Анадолците. Ги растоварија раниците, го распалија огнот и прва грижа им беше да се најадат, та почнаа да претураат по куќата.
— Бурда, бурда вар екмек, (Онде, оиде има леб. ) — радосно се провикна еден, отворајќи ги ноќвите и гледајќи ги топлите сомуни, што ги намеси денеска невестата на дедот Балета.
Но со лебот требаше и нешто друго. A затоа тука беа двассеттината кокошки за прва потреба, па после ќе дојдат на редот овците, козите, кравите, воловите, та не ќе куртулат ни магарињата кога ќе се свршат копитарите со расцепени копита.
И така аскерите ги зазедоа куќите, a селаните ги преселија децата во племните.
Co стискаа, мрзнеа, боледуваа; изумреа сите деца под една година и старците, додека пукна пролетта да се постоплат на сонцето тие што останаа живи.
Како за инат и времето им ги зголеми страданиите. Од Арангела, кога падна еден снег, до стреи, одвај кај Мученици се распраи времето.
—    Така, чорбаџи Трајко, Димо, попе, даскале, така. Сакавте да бркате мене и Сефедина со аскерот, еве уште осумстотини души ќе рагате, дури не се умирит овој пис милет, — им зборуваше Арслан на коџабашијата и другите селани кога идеа да се плачат од зулумите на дивите Анадолци.
—Ќе раните, ќе трпите и ќе пукните кога не седите мадро — им одговараше Арслан.
А дали се трпеа зулумите од овој алабак табури? И дали тие зулуми беа малку па да се истрпат?
Ретко ќе се најде перо и рака да ги опишат, но отприлика изгледаа вака:
— Аман ага, аман пашум, аман султанум! — пиштеше и се виткаше од ударите дедот Стојко Кусибоја налегнат во сред двор во тињата.
—    Аман — заман јок, нерде кумитлар анасени... ана! ) — викаше онбашијата и маваше по старецот со една недокастрена суровица.
He беше работата за комитите, но дедот Стојко не донесе мед што му нарача вчера Расим, та го окрка ќотекот.
Кај Батанџиовци една вечер станаа пискотници во племната.
—    Бабо, бабо, бабо! Нерде о невесталар? — почна да вика еден од чаушите што седеа кај нив, а зад него стоеја уште десетина такви. Бабата Стаќа се направи да не разбра што бараат, та тивко одговори:
—    He се тука машките, ефенди, не се тука, утре ќе си дојдат од колибата, — и сакаше да ја затвори вратата од племната, — но еден што разбираше по нешто македонски ја кладе ногата на прагот, ја задржа вратата и и се овргали на старата.
—    He требат нам машките, мори магарице. Камо невестите, сакаме да поправиме малку муабет со нив, да поминит времето.
Двете невести, Јова и Петкана, и дванаесет годишното девојче Митра ја разбраа работата и се закопаа во сламата како прасиња во буниште, но чаушите навлегоа во племната, ги грабнаа вилите, ја избуричкаа сета слама и ги извлечкаа скриените жени и девојчето, та им ги затнаа устите на трите со шамии.
Зимата продолжи. Амбарите почнаа да се празнат, овците, козите и говедата да се намалуваат, но налет сермијата што отиде, ами другите зулуми не се поднесуваа. Секој Турчин маваше на секој селанец, селанка па и на децата.
—    Нерде сагодина, бре ќопек! — ги дочекуваа аскерите селаните и маваа по очи — по глава само затоа што некој заборавил да го поздрави со омилениот им поздрав: „да ти се ногу години, ефенди".
Но најстрашно беше посегањето на жените. Откако дојдоа Анадолците ни една млада жена не смееше да се појави надвор од племната.
— Сак'н, мило чедо, не излевај да не си а земиш бељата, — беше првиот збор на секоја мајка и свекрва што имаа млади ќерки или снаи.
И ако се наложуваше некоја да излезе, таа прво си го гаравеше лицето со саѓи, се забрадуваше со црна искината и извалкана шамија, но и така ретко да беше спасена од срамот и нападите на аскерите, кои гледаа да дојдат до жена, та убава лоша, млада стара, немаше значење. За некое миење, преслекување и перење, ни збор не можеше да стане: жените станаа чуми, мажите — вампири, дивјаци. Отунаа во коси и бради, зовреа вошки во нечистотијата, а овие донесоа триста болести, та скоро половината население од селата изумре, а пустите куќи од ден на ден се умножуваа.
Па и тие — куќите — не поминаа подобро од луѓето и стоката.
Околу средето на зимата се досвршија дрвата по двориштата и аскерот почна да гори се она што беше од дрво направено.
Почна со јаслите од долни крај, продолжи со амбарите, каците, ноќвите, а кога и овие се досвршија им се загнаа на кочините, говедарниците, та дојде редот и на племните во кои живееја селаните. Co триста молби и придавачки нареди бимбашијата да не се откриваат барем половината племни во кои живеат луѓе, но затоа дојдоа на ред гредите, диреците, клештилата и желниците од самите куќи во кои живееја самите аскери. Откривајќи ги куќите, студот се повеќе и повеќе навлегуваше во покриениот, но одграден простор и огнот мораше да плапоти без престанок. А за тоа требаа дрва, кои селаните со своите гладни и мршави магариња не беа во состојба да ги донесат ни лебот да го испечат, та остави за греење.
Но времето си ја тераше својата работа. Околу Мученици се пораспарталија облаците и се прозаби небото за да може да се пробие некој и друг зрак од пролетното сонце. My се израдуваа тие што останаа живи и излегоа крај ѕидиштата да ги затоплат измрзнатите коски и да ја поискашлаат кашлицата што ги нападна уште пред два три месеци.
Тоа ги раздвижи и аскерите и овие почнаа да излегуваат од дома, а и бимбашијата нареди обука, та така куќите се поиспразнија и децата се поиздишија на припекот по двориштата.
Но селаните не и се радуваа сега на пролетта како порано. Колку да беше времето убаво за работа, тие немаше со што да тргнат. Маските, коњите, магарињата токму сега почнаа да пцовисуваат, воловите ги изеде аскерот, а овчарите останаа со стаповите в раце и ѕвонците по мутлите нафрлани, бидејќи се се изеде и изумре од глад, која затропа на сите селски врати. Но мајката природа секогаш притекнува во помош на своите рожби. Сонцето ги извлечка од земјата копривите, штавеот печурките и други билки од кои можеше да се свари зелјице и да се фаќа нова крв, та така децата по цел ден береа зелје, полжави, копаа корење од диви кочани и со сем земја ги полнеа своите празни стомачиња. He малку изумреа и од оваа лоша храна, но пак не се исполни желбата на Арслана да се заличи и семето од овој пис милет. Колку за семе останаа и машки и женски, макар половината; може и преку половината изумреа.
Нестанокот иа храна по селата ги загрижи бимбашиите, а и им се досади цела зима по пустите мариовски села, та предложија сите четворица да ги прибере Бахтијар во Битола, бидејќи и така немаа никаква работа. И навистина, преку зимата не се покажа потреба да бркаат некој комита. И кој би бил тој толку будала зимно време да брка комитлак? Кој можеше да се скрие од толку аскер во секое село кога земјата е посипана со бело брашно"?
Затоа и Бахтијар се согласи со предлогот од бимбашиите и во крајот на марта и почетокот на април ги прибра Анадолците во Битола.
„Ако се појави некаде некој трн, ќе ги пратам одовде", — си помисли тој во себе.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 11


11.
Кога виде Толе дека селата се наполнија со аскер, а и времето заклучи, народот војската го задржа во селата, јасно му стана дека не ќе може да презимува по меќанот — по колиби трла — како што правеше минатите години. Затоа реши и тој да се прибере во нефшлело од неговиот „пашалук", но сега не како паша, ами како обичен мариовец.
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди".
My побара на јагуменот поп Ристета еден такам женски алишта, го преслече Ќосото и срцето му запрва од радост кога го виде по толку години пак невеста, како што беше некогаш кога се запозна со неа кај Брлета. My ја остави пушката и седлото од коњот на попот, а со нив заедно Брниклијата, Најда и сина си Велјана за „момци" на манастирот до Ѓурѓовден. My кладе на Белчета негов еден самар од манастирските коњи, и една сабота, тој јаваница, Митра по него, околу мракот му отиде на Бешот во Полчишта, кој штотуку се беше вратил од затвор.
Поп Ристе го познаваше мошне убаво Толета и Трајка, но сега не посмеа ни да помисли за некакво предавство. Едно, што го гризеше совеста за она што го направи пред два три месеца кога ги предаде четите на Маргара; а друго: со ова сакаше да го задолжи Толета и да ја ублажи својата одговорност ако излезе еден ден на видело предавството. Затоа му услужи дури и со својата свештена облека и шапка и му вети дека ќе ги држи Трајка, Најда и Велјана како момци на манастирот без да ги тера дури и на работа.
Толе му стави до знаење што го чека во случај да го предаде и се раздели пријателски, дури оставајќи на дизгот во црквата десет лири пари, што ги собра летоска од црквите по селата.
Кога удри вечерта на караулот на крајот на Полчишта не се изненади.
— Ќимс'н сен? — извика војникот, но гледајќи го попот на коњот и жената по него си промрмори нешто за себе, во кое време Толе му одговори:
—    Бенјим папас ефенди, — и не запирајќи го коњот помина крај војниците откои едниот ја изгледа похлепно Митра и му ја покажа на другиот:
—    Бак, бак, кардаш, ѓузел ѓелин.(Види, види, брату, убава невеста.) Толе влезе во селото, го најде Бешот кој се изненади на неговата смелост и дрскост, но познавајќи му го убаво табиетот, ништо не му советува или препорача кога му рече Толе дека тука ќе зимува зимава:
—    Сега ти си знајш, брат Толе! Јас веќе немам збор во селото. Лаже, мате, отио напред. Некои ме слушаа, други со сила и натераме, ете, заедно со тебе, влегоа во огнот, некои пострадаа, ене и по апцаните; другите, еве, ќе страдаат на своите огнишча, без да можеме да им помогнеме ни јас, ни ти. Како те ваќа умот сега — така прави! Ич мене не прашај ме за нишчо, па ниту со нешчо ќе можа да ти поможа, — си ја кажа Бешот својата сегашна положба и го остави Толета сам да си ја реди работата.
—He сакам да ми помагаш, море, токо да не те лаже ѓаволот да ме издадиш, та за помагање нема што да ми помагаш ти мене, кога ни сам не можиш да се поможиш, — му одговори остро Толе и пак го нападна што беше причина баш тој — Бешот — Толе да влезе во Организацијата и да земе учество во борбата, која по трагичниот свршеток се претвори во црни резилаци и срамови, од кои еден дел и Толета го притискаа.
Си го зеде коњот и си отиде кај старите јатаци Цуцуловци, што го хранеа и криеја уште пред десетина петнаесет години. Митра стана снаа на Стоја Цуцулов, а Толе — најстар негов син и продолжија да си живеат. Селаните се затресоа прво кога слушнаа и кога го видоа дека Толе е тука, но од друга страна и се поослободија. Ако дојде некаков зорт и прашање за разрешување ќе го разреши најарно тој и ќе ја понесе одговорноста.
— Вие само во мене гледајте, — им велеше Толе на сите што го прашаа што ќе биде и како ќе биде. — Ќе се ранат за ранење, нема чаре, но гледајте баре од зулумите да куртулите. А за да и избегнете ниј, честете го јузбашијата, мулазимот, башчаушот и чаушите. Сучете мазници, зелници, алви и кокошки. Шо ќе а тураат сами они маста — гответе му вие; шо ќе и тепаат они кокошките — пржите му и вие сами, ни и ватил камен нозете, се стори тоа. He подлагаа Бешовци ваши овдеа, ќе се тргаат маки, токо само со помин да бидат. И воа ќе помине'. Ќе си одат Турците, море, за одење, токо којзнае какви ни се ружаат да не вјанат по ниј!
Така бујниот Толе, притеснет од положбата во која се најдуваше, ги советуваше селаните да се спасуваат со гоштавање и придавачки, а сам во себе вркеше од гнев, сега не само на Турците, што си ги бранеа своите петвековни државни права, ами повеќе на Борисовци, Тренковци кои „дојдоа од џенемиите" — од Бугарија — да ја запалат земјата и да го остават народот на милост и немилост на разјарениот душман".
И да видите, луѓе, фатија место Толевите совети. За среќа на полчивци, на самиот јузбашија, а најповеќе за среќата на Толета и Митра, овој јузбашија се погоди некако разбран и „кретен" човек.
Уште првата вечер го поканија десеттина домаќини на вечера и конак и тоа нему му направи голем впечаток. Тој доаѓаше со мисија да ги тероризира, истизува, да прави тевтиши и зулуми, како што им рече Бахтијар на бимбашиите, а овие наивни селани, место да се плашат и кријат од него, го викаат на конак. Ја сместија војската со азите и коџабашијата заедно и секаде виде како жените се растрчаа да готват за војниците; им ги симињаа раниците; им подаваа столчиња да седнат им го валеа огнот да се разгреат. Co еден збор, јузбашијата почувствува едно гостопримство, та неговата свест не му позволи да ја пренесе Бахтијаровата наредба за терор на војниците, ами напротив, им заповеда да се држат човечки додека и рајата така се држи.
— Ако забележи некој од вас некој пезевенлак од нивна страна, ќе ми кажете мене, јас ќе ви наредам што ќе правите после, — им стави до знаење на сите свои потчинети и ја прифати поканата од чорбаџи Чешелка да му биде гостин вечерва, а другите чорбаџии зедоа по еден мулазим, чауш или башчауш и сите вечерта добро го нагостија.
Овој марифет и Бешот им го препорача на селаните, но не зеде и не земаше веќе учество во селските работи, сметајќи се за виновен и компромитиран и молејќи ги да го остават малку понастрана и за нивно добро, бидејќи и Турците не ќе гледаат со добро око на него. Го оставија селаните, но само од директното учество, а советите ги прифатија и многу умно направија.
И сега, кога и Толе, како Бешот, им рече на азите и коџабашијата да ги честат офицерите, овие со сета своја сила се фрлија на таа работа. Место сами аскерите да фаќаат и тепаат кокошки — им вареа и пржеа самите домаќини; место сами да колат овци, кози и говеда — коџабашијата нареди луѓе за таа работа, кладе казани на сретсело, одреди фурни за леб, а јузбашијата лично им делеше таим на аскерите, со кое овие беа доволни дури и предоволни, добивајќи два трипати повеќе јадење од она што го добиваа од царот.
И слабо кој направи понекој мал истап, кои истапи јузбашијата уште во почетокот ги ликвидираше разумно.
Навистина сермија: брашно, маст, сирење, овци, кози, па и понекое говедо отиде, но главно од зулумот ова село се спаси.
На крајот се разбра работата од каде беше:
Мајка му на јузбашијата беше била каурка — Гркинка, но беше побегнала за некој си бег во Солун, ама од голем мерак што имале обајцата еден спрема друг, таа успеала да го кандиса да не ја потурчува, што значи тој беше од татко Турчин, а мајка христијанка, која во неговото детинство беше повлијала на неговото воспитание и разбирање за каурите.
Да го оттргне бегот сина си од ова влијание беше го испратил некоја и друга година во Стамбул на училиште, а тој се запиша потоа во военото училиште и со една група кадети отиде и проведе две години во Германија, та кога се врати, стана муљазим, a пред една година и јузбашија! Сето ова беше направило од овој Турчин културен човек, и тој како таков се покажа во Полчишта.
— Ќе а истутнеме зимата со овој човек,— се тешеа сите полчивци кога слушаа што се прави по другите мариовски села. А најмногу се тешеше Толе дека навистина без никакви потреси и непријатности ќе ја помине оваа лоша зима, од која есеноска баеги се уплаши.
И ја издутнаа полчивци сите здрави, сите живи.
Најпосле се крена аскерот и од Полчишта како и од другите села. Место пљачкање, тепање, псуење, овој јузбашија го построи и се збогува со сите селани што излегоа, та дури и Толе го стисна за рака и му ја подржа малку повеќе од другите селани.
— Ај ми со здравје, јузбаши ефенди. Господ да ти даде шо ти срце сака, убаво си поминаме, бериќетверсан. Ете, вакви луѓе требе царот да има, та да не се буни рајата, — му рече Толе и убаво го изгледа.
И јузбашијата го изгледа Толета и многу му поласкаа последните негови зборови. Го дупна коњот, излезе пред војската, оставајќи еден од муљаземите одѕади да не се врати некој војник да направи некој маскарлак. Излезе и се замисли длабоко. Како да му ги откри Толе причините за оваа народна буна.
„Право рече овој прост селанец. Еве, четири пет месеци преседов во ова ѓаурско село, едно влакно од косата не загина ни на еден војник, а камо ли мене. Од едно јадеше, пиење, гоштавање и чест ништо друго не покажаа овие луѓе спрема нас. Зошто тогаш се плачат нашите кајмаками, кадии, муфтии и разни спаии? Зошто најпосле се дигнаа овие мирни селани против нас? — почна да се праша јузбашијата и го најде одговорот, во својата личност, кој му го откри самиот Толе: „вакви луѓе требе царот да има, та да не се буни рајата".
А какви беа царските луѓе против кои се бунеше рајата?
Јузбашијата ги знаеше многу убаво, тргнувајќи од својот татко — бег во Солун и преку разните негови другари — бегови, спаии, кајмаками, кадии, м"_ртии, авалеџии, беглиџии, идеше до сите заптии и колџии и нивните пљачкашки дела.
„Ете, тие се злото на царштината и тие ќе ја урнат, а не овие домаќини луѓе што се креваат да си ги заштитат своите имоти и животи", — си заклучи тој и си отиде во Битола да му рапортира на својот бимбашија, а преку него и на самиот Бахтијара дека во неговото село зимоска убаво поминал без да имало причини за зулуми правење.
—    Како бре, јузбаши ефенди, како немало причини за зулуми? — се изненади бимбашијата на ваквиот рапорт.
—    Ами знаеш ли дека Сефедин и мудурот во Витолишта најмногу пиштат од тоа село? Таму е, велат, осарникот на сите пси што излегоа да ги бркаат нив од мудурлаќот и кашлата.
—    Како за кого, бимбаши ефенди! И осите не касаат кој не ги нагази. Елбете, нагазиле Сефедин и мудурот на осарникот, та ги искасале, — одговори иронично јузбашијата и поздрави во знак ва сврешен доклад.
—    Ништо чудно, — промрмори бимбашијата и го ослободи овој јузбашија за да ги прими рапортите од  другите.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 12


12.
Co кревањето на аскерот од Мариово и со разубавување на времето им се отворија очите на сите селани, а особено на Толета. Селаните тргнаа по работа, та реши и Толе да „излезе на работа". И еден убав априлски ден си го јавна својот Белче, си ја поведе „невестата" Митра по него и му отиде на поп Ристета на манастирот.
—    Презимуа ли бре, брат Толе? — срдечно го дочека попот и му ги изнесе неговите комитски алишта, пушката, пиштолот и дулбијата.
—    Mope, јас презимуа, токо ти како си со момците? — го праша Толе и ги побара Трајка, Најда и Велјана кои, плашејќи се од аскерот што се точкаше тие дни по Црна, беше ги испратил поп Ристе на колибата да се маткаат околу стоката, да не паднат в очи.
—    Арно си поминаме и ние, бериќатверсан. Тука се, кај стоката на колибата — му одговори попот задоволен што му услужи на Толета и со тоа го покаја оној грев од Маргара.
И Митра ги соблече невестинските алишта, си ги облече четничките, си ја прибра и таа пушката и од убава руса жена пак стана Толевиот четник Мише Ќосото.
Ги прибра Толе и другите четници и, речи си, уште неизмиени казаните во кои се вареше манџа за аскерот, тој со сета своја арамиска тајфа се истресе една вечер во Градешница. (Тука му беше повеќе врталиштето).
—    А бре ми, кај те носи матната, кај кршиш глава, в реката да појдиш да се удавиш, бре, кај одиш вака јавно на бел ден? He гледаш не испекоа Турците за тебе, бре Толе? — го засипа со клетви Гуле и почна да ги крши прстите. — Малку ли ни беа виа страданиа и маки, ѓупците да ве мачат, шо го зете народот на душа, бре? Ошче ли сакате да не истезаваат? Леле, мајко ти мила, шо сме имале да тргаме, орлите месата да ви и тргаат на белото видело, да рече господ златен!
—    Де, де, де! Сами си го викате и си го довикате! Шо не тргате маки кога јас сам си оде, токо кога нарипате вие со Бешот ондеа и ниа даскалите и офицерите шо ме подмамите и мене! Ако е за лутење — јас требе да се лута на вас, а не вие на мене. Токо, тоа помина ка помина, сега умот во главата ако сакате да не се врате! — му одговори и Толе наострен како Гулета.
—    Ете, агите јадоа, пиа, тепаа, гореа и пак живи останаме. Сега да си а прод'жиме нашата работа како есеноска. Никој да не стапне во Витолишча кај мудурот оти вртомчето и дреновицата ми стоат и си и носа со мене. Се разбраме, лели? Јас дури су жив
— мојто ќе се слуша. Кога ќе а видите главата моа одделена од рамената, шо сакате правите — им го повтори Толе својот закон на сите селани по сите села и си „запашува" пак како лани.
—    Бре, аман, шо ќе направиш, ќе го вратиш пак аскерот да не дозапусти! — се притапкаа сиромаси селаните, но Толе не се делеше од својот ум дека тој е паша на овој пашалук.
Покрај  јадењето, судењето, наложи и парични давачки — „за пашата" — од секое село, покрај оние што и собра есеноска од црквите. My требаа на пашата бели меџудии да ја подреси уздата на коњот; му требаа лири и половини лири за ќостези на саатите. А беше учен и ќемерот да не го носи празен, за да дава бакшиши по разни посестримки.
—    Кога ми е празен ќемерот не можа да спиа — им велеше на селските раководители кога им ги бараше и земаше наложените пари.
—    Ај, орман да фати да не се врати! — го колнеа селаните.
Го наполни ќемерот со жолти, ја нареси уздата од Белчета со киски и бели меџудии, го опна ќостегот со бели череци и зашета од село в село.
Слушне ли во некое село кавга, веднаш се најдува во него да пресуди со дреновицата; слушне ли да отишол некој селанец во Витолиште, макар по каква било работа, Толе го подложува на судење како прекршител на неговите „свети закони" и пак таа златната — дреновицата заигрува.
Се затресоа селаните повеќе од него отколку од сите Турци што ги имаше во Витолиште.
—    He а бива ваа со Толета, луѓе, — почна неговиот пријател Гуле. — Да правиме давии, да кажуаме на мудурот во Витолишча — ќе не избесе ако остане жив. А тој лесно не се дава в раце, па не е ни право да го дадеме. Ами ајде да правиме абер на началството во Битола, да му напишат некое писмо, да го поучат, понакараат, белки ќе се арниса од виа работи, — предложи Гуле и сам отиде еден ден „ на пазар" и му ја изнесе на Лозанчев и Дорев сета Толева работа.
—    Земи го писмово и однеси му го да видиш што ќе рече — му го подаде Дорев писмото и го испрати.
Кога му го предаде писмото Гуле на Толета, овој ја заврте главата и му рече:
—    He зборуа со мене, побратиме. Дај му го на кого сакаш, а мене кажи ми со уста да те слушна од кого е и шо бара тој шо ти го даде.
Гуле му рече дека бил во Битола, го нашле луѓе од окружниот комитет, кои слушнале што прави он по Мариово и во писмото го советуваат да не го диви народот, ами да гледа да се смири и да работи како што работеше во востанието, да ги прибира и бодри луѓето оти пак ќе ни требаат.
—    Хахаха! — прсна Толе да се смее. — Да не мислат пак да го тераат Толета да го брка Арслана и јузбашијата од Витолишча? Е, е, е! Се разбра таа, џанум! Сакаат да му го наметнат на Толета пак јаремот од нивната организација, ама на! — изговори Толе подругливо и го удри кундакот од манлихерката. — Еднаш Толе влезе во таа стапица, ошче еднаш нека ми проштаваат!
—    Ми рекоа, брат Толе, ако не можиш да вирееш по селата тие би те испратиле во Бугарија, да се зас'ниш и да се одмориш, — му ја пренесе Гуле поканата да го напушти Толе Мариово и да оди во Бугарија.
—    Ногу арно ми е мене овде. Кому не му чини, ене му и патишчата на сете четири страни, џенем ако сакаат нека ватат! — остро одговори Толе и си ја продолжи својата арамиска работа.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 13

 

13.
Мудурот и јузбашијата во Витолиште поседоа една две три недели откако се крена аскерот, такаречи, без работа, чекајќи да дојдат луѓе на уќуматот од другите села на мудурлакот, но за големо чудо никој не стапна. Распратија понекој од селаните со задача да проверат што има — што нема по селата, но овие се враќаа со извештаи дека ништо особено ни виделе, ни чуле, освен трагите од зимошните зулуми.
—    Значи, се истребија сите откај нас — задоволен констатира стариот мудур и се спремаше да му предложи на јузбашијата да излезат некој ден да ги видат пепелиштата и пустошот што го направија војските и да ги покараат и поучат селаните да си седат мадро, да не се поврати злото пак. Но во тој момент му падна на памет есеношната случка со Толета во Мечи Дол, та реши да ги испратат со мифтишот шесте мина колџии, по двајца в село, и тие, како свои луѓе, да им донесат извештаи за положбата.
И ги испратија: двајца во Полчишта, двајца во Бешишта, а Асан Јајата и Џемаила во Градешница. Овие ги нарамија пушките и пак ја запејаа омилената песна.
„Не седи Џемко слободен...
Кавурска пушка не дупи...
Макар и Арнаутите да се бунтуваа по тоа време, оние Арнаути што беа на служба во државната администрација страшно ги мразеа каурите и жестоко постапуваа со нив во време на востанието. А такви имаше во сите државни служби, особено заптии и разни колџии.
— Пука, бре, агачко, и дупи! Шо ве дупнал ѓаволот да идете на в'кот в уста? — им се испречи Толе на патот во Крлигово на тие што одеа за Градешница и ги опколи со своите арамии.
Ги тевтиши што му згазиле во неговата „света земја"; ги псува, ги галати, но донесе пресуда даим удри Брниклијата по дваесет и пет дреновици и ги пушти да му носат поздрав на Арслана, дека Толе се свампирил и не пушта никого во својата територија.
—    Кој ќе сака да дојде вамо, да побара изим од Толе Паша. Така ќе му носите здраво живо на мудурот, јузбашијата и вашиот мифетиш! — им рече, испраќајќи ги преку Сатока.
—    He вар, не јок () бре Асан, Џемаил? — се изненади мифетишот кога, уште истиот ден зарана, се вратија претепаните колџии.
—    He вар — не јок, ич бише () само тој арамија, Толе Паша, ни ги искрши коските!
—    Бре, што зборувате? Бре каков Толе, каков паша по толку потери? — се фати за глава мифетишот и веднаш му ги одведе своите службеници на мудурот и тој да ја слушне оваа работа од нивните усти.
—    Така беше, мудур ефенди, и така ни рече — ги потврдија колџиите зборовите од мифетишот, којшто прв му раскажа на Арслана како поминале денеска неговите колџии.
—    Ах, анасени! ах, авардини! — се изнапсува и начуди стариот мудур, изненаден од дрската постапка на Толета.
—    Бити вајда, ќе пустит тој пезевенк овие села. Жал ми е, жими вера, имат добри луѓе во нив; ама, ете, има и едепц'зи што го кријат тој арамија, и крај сувото — ќе горит и суровото, — изусти Арслан и го викна јузбашијата да му ја сопшти „пријатната" новина — дека го поздравил Толе Паша и му нарачал да оди да се види со него.
Откако се советуваа двајцата со Сефедина, напишаа секој за себе по еден краток извештај и ги известија своите старешини.
—    Ќе му одам уште утре, нели нарачал, та за видување — ала билер () — му одговори Сефедин на мудурот и нареди вечерта да се спреми целиот табур за потера.
Излезе Сефедин вечерта по темница никој да не го види и според кажувањето на колџиите, ги насочи потерите по оние села каде што се врткаше Толе.
—    Како да е ќе го најдеме, ако не во Градешница — во Старавина; ако не Полчишта — Бешишта — им рече тој на своите чауши, башчауши и онбашии. — Само добро држите да не ни куртули и овој сефер, оти сите ќе ве избесам на црниците пред кашлата! — им се закани јузбашијата. — Зошто толку се плашите од него? Неоти тој не е од месо и коски? Неоти него не го дупи куршум? — почна да ги насрчува кога ги виде замислени, а во себе и сам се запраша:
„Зар може навистина да не го фаќа куршум како што се слуша?" И сам се утеши: „Да не веруваш! Пак којзнае! Ѓаурска работа, може и тоа да биде; инаку како се доварди од толку потери и пусии на кои падна овие десетина дваесет години арамилак!
Го распореди аскерот во три табури по педесетина души, а педесетина остави да ја вардат кашлата и конакот, да не му текне пак на Толета да ги нападне и во самото Витолиште, кога ќе разбере дека кашлата е празна.
„Не му тежи умот и тој магарштилак да го направи", — со право си рече во себе Сефедин.
И навистина, на Толета не му тежеше умот за ништо. Што му паѓаше на ум — не се враќаше назад. Но тој немаше наумено да го напаѓа сега сам мудурот и јузбашијата, оти тоа сега не му требаше, но им порача по колџиите да не го вознемируваат и тие него, како тој што ве ќе га вознемирува нив. Но кога разбрал дека Сефедин излегол да го брка и — тој презеде една „дипломатска акција".
Уште на вториот ден по Сефединовото излегување, Толе се преметна од запад на исток од Витолиште, и од Жиово му прати порака на мудурот:
—' Еве сум во Жиово со сите мои арамии, и ако сакам вечер ќе ве испечам во конакот и кашлата, бидејќи Сефедин со аскерот не в тука. Но јас од тоа не ќе имам никаков аир, та неќу да си товарам на душата греови. Ами, разбери се еднаш и не праќај го аскерот да лупа за бадијала. Ако пак мислаш оти ќе ме ватиш, на староси се лажиш!
А Жиово е на четири километра од Витолиште и дури да пристигне  Сефедин од другите села, Толе можеше навистина да му припука ноќта.
Се затресоа мудурот и чаушот што останаа со војниците и пак го фатија нокта црквеното кале — да се бранат ако ги нападне Толе, како што направи лани на Илинден. Но не се појави таа ноќ никој, та утредента Арслан го испрати селскиот протуѓер Шиклата да го бара Сефедина, на кого му ја соопшти положбата, молејќи го веднаш да се врати со аскерот.
Толе преку Врпско ја прејде Црна и во Гудјаково го најде распиштолен Андона со своите четници. Заедно со него го прокрстари и овој реон — мало Мариово, ги најде по Крушевица и Рапеш Стоја и Петка, си ги даде директивите како арамбаша на сите четири чети и пак прејде на Скаклевите воденици да „пашува" по Бзовиќ, Груништа, Старавина, Градешница, Полчиште и Бешиште. Мудурот и јузбашијата се затворија во Витолиште и не посмејаа веќе да испраќаат потери.
Андон ги догоре чифличките кули и кошарки во Крушевица, што останаа лани лето недогорени; Петко и Стојо — тие во Маково и Рапеш, такашто Мариово го очистија од турчовина во сите села, освен Витолиште, та му удрија едно своеволие секој во својот реон, а Толе во цело Мариово како врховен заповедник. Јадење, пиење, па и по некоја пара вергија од чорбаџиите за алишта, опинци, саати, костези.
Толе, изгледа, му се насити на Ќосото и почна да пребира други мариовки.
—    Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на сретсело, да знајш? — ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други ѕрнѕурки.
Оваа, уплашена од Толевото ортомче, мораше да бара средства да го спаси животот, но знаејќи дека кај Толета нема аманзаман, прибегна кон тоа средство најмногу што дејствува кај машките.
—    Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада локумчиња, шиќерчиња? — му одговори таа слободно и му намигна со левото око. — Зар тебе не ти се каснуа пиленце? — И не дочека Толе да си ја каже вистината дека, му се каснува и нему пиленце како што е таа, му се фрли на вратот и почна да го бакнува.
На Толета не му ни требаше повеќе. Женските бакнежи го разнежија и неговото арамиско срце, и тој, место осуда, и ги врати бакнежите двојно и тројно и ја испрати да си оди во Старавина, но со строга наредба да не му ги плаќа на Мушона прстењето и локумите со својата младост, ами со петте лири што и ги даде тој.
Ho Толе не беше секогаш во Старавина за да биде крај Марија. Кога беше во друго село, требаше некоја да ја замени и Марија и Ќосото, кого почна да го распоредува на конак со другите четници, а не со него.
Затоа во Градешница Толе кондиса кај убавата Неда Романова, со која проведе два три месеци, па како да се присети на својот случај со црното Кате пред дваесет години кога му го наметна Адем, и тој намисли да ги смести своите Катиња, Нешиња, Мариња, та еден ден ја викна Ѓурѓа Ватралкова, мајка на убавото момче Митрета Ватралков и и нареди да ја земе Неда „негова" за сина си Митрета.
—    Mope, како така, бацко Толе, ами роднина сме! — почна да се брани Ѓурѓа, знаејќи ја Неда како негова посестрима и расипана девојка.
—    Рода, не рода, јас повелам овде! — и се провикна Толе и му се опули на Брниклијата, а овој ја налегна Ѓурѓа и замава со дреновицата.
—    Гроб, гроб за ваа кучка шо не сака да го слуша Толе Паша! — нареди Толе да се копа гроб за Гурѓа.
Виде невиде се согласи Ѓурѓа, и Неда му стана невеста на Митрета, како Ката од Стевана ковачот што стана Толева невеста под притисокот од Адема.
И така со ред по сите села си фати посестримки, а Ќосото сосема го забатали. Дури почна и да ја тевтиши и навредува.
—    Ах, Толе, Толе, да би од куршум не куртулил, да рече господ златен, шо ми a г'тна младоста! — почна и таа да го колне, леејќи порои солзи во темните ноќи, кога си мислеше колку го сакаше и сака, и колку маки и страдании крај него истрга, решена да умре со него заедно.
И кога Толе еден ден дојде во Полчиште, Митра му ја остави пушката и четничките алишта на Бешот, се облече во женски алишта од ќерка му Петра, и отидо кај браќа си во Витолиште, да си ја оплакуна горчливата и несреќна љубов по арамијата Толета.

** *
Бахтијарпаша страшно се разлути кога го доби извештајот од витолишкиот јузбашија дека Мариовото ушто не е смирено. Валијата му го препрати писмото од мудурот со извесна напомена дека ја истргал војската без да сврти работа. Затоа овој го повика оној бимбашија што беше зимоска во Витолиште, му ги покажа двете писма и строго го укори:
—    Се вративте, бимбаши ефенди, со несвршена работа, — и го погледна напорки.
Овој си ја поткасна муцката и омодре, но ништо не проговори.
—    Што мислите сега да преземете, ефенди, по овие писма? — го праша Бахтијар место да му нареди нешто.
—    Што ќе заповедате, пашум тоа ќе преземам јас.
—    Јас заповедав есеноска да не се враќате дури не ги исчистиме тие трње, а вие сите четворица со четири илјади души аскер не фативте еден арамија, та налет комитите што ви избегаа.
—    Крив сум, паша ефенди, пред тебе и пред падишахот, ама кој се надевал дека крај толкава сила ќе се осмелел некој и понатака да буричка и мати вода. Заповедај, готов сум да ја исполнам секоја твоја наредба, — одговори натажено бимбашијата и поздрави по војнички со удирање на топуците од чизмите.
—    Како знаеш да ја ликвидираш оваа работа до есен, да не мрзне и гладува аскерот и на зима.
—    Евет, паша ефенди! — пак тропна бимбашијата со чизмите и направи налево круг да излезе.
Бахтијар се поуспокои и го врати.
—    Ќе го земиш твојот табур и ќе отидеш таму во тоа пусто Мариово, да би се опустело да рече алах! Води сметка што помалку жртви да дадеш и дури не ја видиш главата пред тебе од тој разбојник да не ми излеваш пред очи. Води сметка што пишува мудурот овдека. „Без помош од самите каури не ќе свршиш работа". Затоа сега, за разлика од зимоска, помалку тевтиш и зулуми. Фати ја работата со добро, прибери некој и друг селанец да ти помогнат, да го предадат, оти ако го кријат тие, никогаш не ќе го фатиш или убиеш. Ете, мудурот пишува дека и селаните од него почнале да пиштат. Толку поарно за нас. Ќе им се скисне и ним од неговите самоволија, та белким ќе го предадат. Друго чаре нема, — му даде Бахтијар инструкции на бимбашијата и го испрати некаде околу Петровден да го брка Толета по Мариово.
Како што носеше местото, почна прво со мало Мариово. За две три недели ги нагази Стоја и Петка по Маргара и Смечот. Двајцата паднаа со по некој и друг четник, а другите му се придружија на Андона.
—    He се издржуа, бацко Толе, шо не се издржуа, токо ајде да а ваќаме и ние Бугарија како тиа лани! — му предложи еден ден Андон на Толета.
—    Џенем ваќајте! Кој кај сака — кршите вратот! А виду јас и таа нивна Бугарија шо сермиа е. Дури ќе стое лејката, јас одовде не мрдам — му одговори Толе и се раздели од него, испраќајќи го до Плетварски Дервен, да не го згаштат уште тука агите. Го преметна преку џаде и се врати назад со тие што не сакаа да одат со Андона. Останаа со Толета: Брниклијата, син му Велјан...
Дури бимбашијата го претресуваше мало Мариово, Толе се врткаше по старо Мариово преку Црна. Кога овој прејде преку река, Толе прејде на другаот брег.
—    Ќе го мотам ваха како лисицата шо го мота загарот со пашката! — задоволно Толе им зборуваше на селаните кога преоѓаше од едното во другото Мариово.
И го мота навистина цело лето. Побарај го по десниот брег на Црна, тој јави се на левиот; прејди му на левиот — тој кажи се на десниот.
—    Е, арамбашо, мрда, мрда, домрда — се провикна еден ден бимбашијата кога наполно ја разбра Толевата тактика.
—    Значи, треба да го поделам табурот на два дела. Половината од едната страна, половината од другата, — си заклучи бимбашијата и така направи.
Остави тројца јузбашии со петстотини војници по левиот брег, а сам тој со двајца и толку аскер почна систематски да ги претресува селата и планините по десниот брег. My се придружи и витолишкиот јузбашија со стотина војници и положбата на Толета се влоши.
И не само со ова се влоши положбата на Толета.
Разбиената лани Организација почна да се созема. Останатите војводи јавија глави понекаде и ја засилија будноста на Бахтијара и неговите сили, Но и друго нешто му ја отежна положбата.
Битолскиот окружен револуционен комитет си ја присвои функцијата на бившиот Централен комитет и во името негово, којзнае по каква штура идеа, им испрати на сите организации едно окружно писмо, што јазастрани вистинската борба и ги расцепи и тие малку останати сили во народот.
Писмото сега даваше директиви не за борба против заедничкиот непријател, ами борба меѓу селаните. Имено: тоа писмо им наложуваше на раководствата да ги натераат сите дотогашни патријаршисти, што се сметаа за Грци, да се откажат од патријаршијата и да станат екзархисти или Бугари.
—    Ете, бугарските чети сакаат и верата да ни а менат, — им ја објаснуваше даскалот Димо Гулушов еден ден на своите Старавинци содржината на писмото и ги викаше да не признаваат отсега натаму никакви бугарски чети ни војводи, ниту пак да ги хранат и кријат.
А бидејќи Толе лани дојде да ги вика селаните во борба заедно со четите чии војводи Сарафов, Тренков, Гарванов, Чакаларов беа Бугари, тоа Димо им го објасни дека и Толе е бугарски војвода, та ќе треба и него, не само што да не го слушаат, ами дури и да го бркаат.
—    Така, брат Толе, така. Отсега потамо нема леб за бугарски војводи кај нас — му се исправи еден ден Димо лично на Толета во Градешница.
—    За кого нема леб, бре пес, кај вас? — му се овргали Толе, а Брниклијата замава со стапот по Дима, уште неналегнат.
Селаните се узбунија и вечерта влегоа кај Толета петшеест души, еден поеден, да му стават до знаење, дека нема да го прибираат понатаму. За да го заплашат овие „Грци" „Бугаринот" Толета, влегуваа оружани со една мартинка в раце, која на вратата ја менуваа таа иста пушка, бидејќи само таа беше во селото, но на Толета му се стори дека има најмалку педесетшеесет такви.
—    Јас не признавам ни грнци, ни букари, и сакам мојот збор да се слуша! — провика утрото пак Толе. Но пријателите Гуле, Гуце, Тодор, Марко и друга му дадоа да разбере дека селаните се оружани и ако почне да прави некои лудории како што си имаше обичај порано, ќе го врзат и ќе го предадат на бимбашијата, којшто толку пати ги советува, та дури и замоли да му го предадат Толета: голем бакшиш ќе добиеле.
—    Аха! — се издиши Толе и се замисли. „Значи, близу ти е крајот и тебе, Толе!" — си проговори за себе, но никако не можеше да помисли за некое спасување со бегање.
„Отепа толку Турци, па нека отепаат и они еден Толе, мајка му стара", — си рече во умот и ја напушти Градешница со еден пророчки поздрав.
— Е збогум за последно видување, пријатели, и браќа. Јас не сака да ве права ни Бугари, ни Грци, како шо не су ни јас ни Бугарин, ни Грк, ами ваш брат Мариовец, Маќедонец. Реку да ве куртулам и од едните и од другите, а најногу од Турците, токо лели си и сакате вие — ќердосате си и сете. Само паметуате ми го лавот, дека сете ќе ве псуат и вјаваат како добици, и тешко ќе и симнете од грбот. Нека ви го берат греот тиа шо ве подлагаа и шо ќе ве лажат и натака! — се збогува Толе со својата „престолница" — Градешница — и со своите „поданици" мариовци, та тргна со четата на север, за да ја поварди главата уште некој и друг ден.

III ТОЛЕ МАРИОВСКИ ПАША 14

 

14.
Како што се очекуваше, бимбашијата му влезе во трагата на Толета уште утрото, по неговото збогување со градевци. Се разбира, даскалот Димо не можеше да го преболи срамот што му го нанесе Толе пред селаните, та испрати човек во Бешишта и му соопшти на бимбашијата дека Толе е одавде река. Овој ги фати сите пристапни места кон селата и Толе уште на втората вечер нагази на пусија крај бачилото Манчевско во Бешишкото поле.
— Ceгa по него, момчиња, — си ја даде бимбашијата наредбата на јузбашиите и мулазимите и овие му се зашија за врат на Толета.
Кршка лево, кршка десно, ги подлажува дека се вратил кон Градешница, но сега загарите не се подлажуваа со лисичината опашка, бидејќи и селаните правилно ги известуваа за Толевото движење, та не го оставаа ни да се издише.
Навистина, при секое среќавање со него паѓаше понекој од аскерите, по некој се рануваше, но тие беа толку многу што на секој Толев четник броеја по цела стотица, та бимбашијата не се плашеше оти Толе ќе ги истепа сите. Тој лично раководеше со гонењето и сакаше да го доведе до крај.
Толе ја осети сериозната опасност и сакаше пак да направи маневар со преоѓањето преку Црна. Ги домами војските до Становица над Жиово, скршна на југ, небарем се враќа назад кон Градешница и преку Врпско ја прејде Црна и кондиса во Гудјаково, мислејќи дека ќе се поодмори дури да го побара бимбашијата на оваа страна од реката.
Но овој ред бимбашијата не се излага како порано и не се врати да го бара Толета одавде река.
— Нека кршка, нека кршка, Неговиот правец е преку река, — им рече тој на јузбашиите и прати едно одделение да ги извести оние јузбашии, што беа по левиот брег на реката за да се приберат кон селата Вепрчани и Гудјаково и да го чекаат арамбашата Толета со неговата дружина.
Сметката излезе точна.
Уште ноќта бимбашијата полека ја прејде реката и во темницата го опколи од трите страни селцето Гудјаково во кое Толе се одмараше. Го остави северниот крај слободен, не за да го пушти Толета да избега, ами да му го поттера на оние јузбашии, што исто така ноќта ја навртеа војската на дветри стотини метра до селцето и залегнаа на пусија во густите смреки и грмушки од Никулица, Нежилово и Клен за да го дочекаат скриени зад карпите.
Кога пукна зората, на 14 октомври 1904 година, кај Цоцовци дотрча селанец и на Толета му рече:
—    Бацко Толе, аскер здола Црна!
Но Толе по својот обичај само нареди побргу да се готви јадењето.
—    Ако умра, баре сит да умра, — му рече на Цицот, како ништо лошо да не гледаше во умирачката.
Бимбашијата јавно ја насочи војската кон селцето и Толе го виде обрачот од трите страни, бидејќи веќе убаво се раздени, та дури и сонцето огреа.
Толе ги собра другарите, го јавна коњот и на очиглед на целата војска го бодна преку страна над село, а бимбашијата сам прв тргна со една од пушките на војниците; беше прилично оддалечен — не го погоди. Отворија оган и војниците, но Толе го преметна ритчето и го фати Кленскиот дол, а Брниклијата фати еден камен за метериз и почна да стрела во аскерот. Овој изналегна во гробиштата крај црквичето, а Толе продолжи нагоре, горе долот, убеден дека и сега лесно му се слизна од раце па бимбашијата. Го позастана малку коњот и виде дека Трајко ги задржа Турците, му ја пушти уздата и го потера полека нагоре, дочекувајќи ги другарите по него, и како секогаш што правеше, си ја викна својата мила песна:
He плачи, мајко, не жалај, мори,
Оти ќе станам ајдутин...
И таман што се заврте да му викне и на Трајка да се прибере, одеднаш од камењата на пет метра пред него загрмеа педесетина пушки.
Co последниот стих од песната на устата Толе падна заедно со коњот и извика така силно што долот одѕена:
— Оооф! ме изедоа мене пците, токо не дај се баре ти, сине. — Во последното издишување се сети дека и син му Велјан е во тие што одеа по него.
Но ниту Велјан, ниту пак друг од неговите другари мрдна погоре од Толета. Од непосредна близина стрелаа Турците и сите четници паднаа наместо.
Брниклијата ја виде клопката и летна надолу низ аскерот. Овој пропука на него, a повеќе се повлекоа лево и десно, та Трајко со еден куршум во десното рамено, но плитко, се извлечка долу долот и куртули.
Се смирија пушките. Бимбашијата нареди и буријата засвире кај црквичето; го повика аскерот на збор. По половина час навртеа оние тројца јузбашии што го отепаа Толета. Еден чауш ја донесе главата од Толета и ја фрли пред нозете на бимбашијата, а чарбаџи Стеван од Крушевица, кого Толе пред десетина петнаесет години го уцени со сто лири пари што и беше престрамил на Ката, а кој цело лето оди со потерите да им помогне да го фатат Толета, восхитено се провикна пред бимбашијата:
—    Еве а, ефенди, главата од вој арамиа! Вимбашијата се стресе од глетката, a полчишкиот зимошен јузбашија чкртна со забито на Стевана и тивко му проговори:
     Тој знае зошто умре, но ти не знаеш зошто живееш, ќерата ниеден!
Да се однесе главата кај трупот! — намуртеио нареди бимбашијата и се распраша колку души паднаа; има ли паднато некој од аскерите, куртули ли некој од комитите...
Откако се извести за се, па и дека куртули еден, ги развлече устите и процеди преку заби:
—    Нека остане некој за семе! — ја собра војската и замина за Дуње, наредувајќи му на коџабашијата да ги закопа отепаните комити „да не се свампират" и да го напаѓаат селото.
Во тој момент му пристапи на бимбашијата Суло, чаушот што ја донесе Толевата глава, што го отепа лично Толета и го замоли:
—    Изим, бимбаши ефенди, да останам ноќеска овдека, оти нозете не ме крепат веќе. Ќе си дојдам утре сам.
Бимбашијата ја заврте главата, но го остави со целата негова десетина и овој се нагости дента и вечерта од оние кокошки и мазници што ги нарача Толе за себе и другарите.
—    Само на селото никаков ќедер! — строго му заповеда бимбашијата и тргна пред аскерот, разделувајќи се со витолишкиот јузбашија, кој по истиот пат се врати назад во Витолиште и му ја соопшти пријатната новина на стариот мудур Арслан беј.
—    Ех, сега нека земит душата ала! — се провикна Арслан и го прегрна Сефедина, на кого исто така му се симна еден голем товар од грбот.
Сулочауш стана утредента и го викна коџабашијата:
—    Ајде, коџабаши, да одиме да покажам каде сет арамиите, да видиш и да закопаш, да не плашиш веќе од Толе Паша, — и тргнаа само двајцата.
Оти, мајката, чаушот не зе ни еден од аскерите — се запраша коџабашијата, но не му рече ништо.
Уште на одењето чаушот си ја зеде пушката на готовс.
—    Еден, два, три, четири, пет, шест седум... — ги изброја Суло труповите и почна да се чуди.
—    Ај анасени, бре коџабаши! Јас оставив осум вчера, каде побегнал едниот? — му се обрна на коџабашијата и почнаа обајцата да се ѕверат низ смреките, затресени од страв да не им скокне сега тој што го нема.
И уште така наеежен, коџабашијата се вџаши и ожолте како восок. Сакаше да се врати назад, да му рече на чаушот дека ништо нема, ама овој ја забележа неговата забуна, се стрчна со навртена пушка пред себе и го виде ранетото момче. И само што требаше да оптегне за ногата, да пукне, му се сретнаа очите со паднатиот и Суло го задржа прстот.
—    Ставај, бре комито, ставај да носам жив кај бимбашијата, — почна да го скорива Суло младото петнаесет шеснаесет годишно момче, кое ги вргалеше очите во небото и случајно ги фрли во Суловите. Лицето му беше отунато во крв, десната рака скршена, а на устата му вриеше шапка пења. Градите високо му се креваа и спуштаа, а од грлото се слушаше потајно стенкање.
—    Па овој готов, зошто да арчам куршумот, бре коџабаши? — се провикна Суло, ја наметна пушката преку рамо, и дигна еден камен од дваесет триесет оки, та му го фрли на главата на момчето. Коџабашијата се фати за очи од глетката.
—    Вака требит за нив. Да столчиме главите како на змии! —
Се наведе и втор камен да земе, но Боше коџабашијата не му даде тоа да го стори. Co светкавична брзина го јавна одѕади, го стисна со двете раце за врат и го удави како волк јагне. Co ова братучедот Боше го освети својот братучед Велјана, помалиот Толев син, на кого Суљочауш му ја столчи главата.
Си ја наметна мамзерката од чаушот и уште вечерта го најде Брниклијата во Галишките колиби и му се придружи. Го „суредија" чорбаџијата Стевана од Крушевица и поп Ристета од Чаништа, па потоа ги положија и своите глави.
Колку да беше суров Толе и колку самоволии да направи, народот пак запеа:
Жалајте го, браќа
Толета војвода
Којшто Толе падна
За нашата слобода...
По два дена од смртта на Толета, ја најдоа Митра обесена на една греда, долни крај, во татковата и куќа. Таа си достоја на клетвата дека без него нема да живее.

Мапа на Мариово

mapa na mariovo

Настани во Мариово

itar pejo kalendar na nastani th

4х4 Екскурзии низ Мариово

Откријте ги големиот број на живописи локации преку незаборавни 4х4 екскурзии низ Мариово Повеќе информации...
Топ Дестинации

Топ дестинации во Мариово

Топ Дестинации

Лековити растенија

Билки и лековити растенија

Лековити билки

Мапа од Мариово

Најди на мапата

Мапа

Песни од Мариово

Песни од Мариово

Песни од Мариово