Излегол Шаќир војвода

по таја Ниче планина,

пособрал верна дружина:

дванајсет млади комити

се одбир млади јунаци.

Доста ми време пошета

по таја Ниче планина,

кај аскер тамо не оди,

кај Турчин тамо не шета.

Ми слезе Шаќир, ми слезе,

во това поле Прилепско,

по цела Пелагонија,

по тија турски чифлици

со бегови да се расправа,

аграро да го решава.

Малку ми време прошета,

ногу ми мајки расплака,

беговите тој ги натера

ноќе од чифлик да бегат

и назад да се не вратат.

Шаќира ми го фатија,

однесле ми го в Битола,

во Битолските зандани

во тија тесни долапи,   ,

со тежок синџир на нозе

и белезии на раце.

Малку ми време полежа,

многу се фалби пофали

пред триста души апсови,

апсови се Арнаути:

Малку сум време прошетал,

многу сум мајки расплакал.

Секој ден на суд караја

и пред паша го носеја.

Тешка му казна дадоја,

во Прилеп да го обесат,

во Прилеп среде Атпазар.

Пашата праша Шаќира:

Слушај бе, Шеќир капитан,

многу зулуми си сторил,

ако те пуштам што мислиш?

Пашо ле, пашо ефенди,

јас имам уште работа,

пак пушка в(о) раце ќе земам

со бегови да се расправам,

аграро да го разрешам.

Тогај се паша налути,

тешка заповед издаде:

Земете овој катили

пак во долапи носете,

брго ќе абер да дојде,

од Царо од Цариграда

во Прилеп да го носиме,

во Прилеп среде Атпазар,

тамо за да се обеси

народо за да го гледа.

Пашо ле, глава голема,

пашо ле, пашо ефенди,

ако ме царо обеси,

за мене никој не плачи

народот песни ќе пее.

 

Извор: Книга - Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

made with love from Fuerteventura
FacebookTwitterRSS Feed

Прочитајте повеќе за...

Најди во Мариово

Custom Search
 

za-mariovo-malapesni-od-mariovomariovo-mapaistorija-na-mariovo-malodestinacii-malacrkvi-i-manastiri-vo-mariovo-malaitar-pejo-mala

Посетители

Имаме присутни 64 гости и нема членови

dzip-baner-160-600

Links

macedonia-logobitola-tourist-logobesiste logomakedonska-riznica-logowhat-is-logo