Едно време не знам пред колку години дедо ми расправаше една прикаска. Он ми кажуваше дека некое време си имало змеови како човек да шетат.

Змејот би истиот као ние што сме. Дошло времето тамака у битолското село Старавина ja бендисал змејот некоја девојка и фаќа ja окрадува. Ja открадол, ja занесол во планината. А Змејот ка ја откради момата мајка му му ja плакала, ja пустила.

 

Стана една година, две години, не можеа да ja најдат никаде. Каде ja однесе, што ja стори? Змејот оди за во Солун, зева за да ja рани. Змејот оди во Скопје, за да ja рани. Дошло времето добиле чедо. Добиле чедо и детето таму у пештерата си ране.

Едно време ловачите од село Старавина, Градешница одат по лов зимно време и по планината како оделе ja нашле момта у една пештера. Ja нашле со дете машко и тамака питат, рече:

- Шо, мори, правиш тука?

- Ништо - рече.

- Ми каде е момчето? Кој те фати, кој тој?

Рече:

- Змејот!

- Ми каде е он?

Рече:

- Во Солунското, не знам.

- Море, ел си со нас за дома.

- А, не можам, ja ми го детето, цело дете, как да го оставам. Ме ране, секое нешто ми носе.

Се чудиле лудите, се чудиле и неќе да си дојде. И да си дојде пак ќе ја земе.

Вие ловачите станват, си идат. Си идат дома у селото. Му викат на мaјка му на момата:

- Baкaj, вакај. Ќерка ти е на филан место и дете има. Maјка му и послушува и станува. Одат со ловачите тамака и ќерката ја виде:

- Керко - рече – шо прајш?

Го зеват детето го милува, го пусте, как да бега?

- Maјко, и да бегам, пак ќе ме фате.

- Ми чаре?

- Чаре, мајко, ништо. Не можам од него да куртулам, туку така било речено од бога и он е. Кути човек е вој. Еве колку пари има. Ќе зеве пари, ќе оде во Прилеп и ни накупва работи!

Му вели мајка му:

- Синко, ти многу така со политика, со туку со друго да можеш да го питаш од шо му е смртта?

За да го отрујат.

Дошло времето некоја година, две, му веле:

- Бре, мажо, смрт за тебе нема?

- Е, нема! - рече.

Кога он си идел од Солун и од друго место она му наполнувала едно ведро вода и се криела кога си идел он, за да не ja најде на вратата. Ако ја најде ќи ја испие неја. Ќи се скрие во дупката, а две ведра ќе му ги кладе тамака со вода. Туп едното, туп другото, ќи си ги испије и тогин ќе оде при таа.

- Е, добро - рече - jac вика, жено, да ти кажам мојта смрт е од една ока сол. Да ми клајш во ведрото кога си идам, да го кренам ведрото и да го испијам. Е, таа ми е смртта. Друго - вика - нема за мене смрт.

Дошло времето и мајка му на мома станува и оде при неа:

- Е, мори, ќерко, научи, шо не?

- Мајко - веле – нејната смрт била од една ока сол. У ведрото да му ja турам да се напије - па да умре. Инак нема смрт за него.

И му рекла:

- Синко, jac ќе ти донесам една ока сол.

И си оде мајка  му. Зеве една ока сол. По неколку време му ja донесува. Boj шетал, не стоел ич тамака, за да виде кој иде, шо иде. И му ja дава солта. Ja клава жента солта во ведрото. Ja изматува у водата и му ja клава на вратта у пештерта. Ка дојде времто, си дојде. Го крева ведрото, го испи. Едно го испи и фрли очте од кaj жена му и од кaj детто и му рече:

- Aj, да даде господ камења да станте!

И како ги проколна, така станаа камења и ден денеска се у таа пештера. Дедо ми ja кажуваше, во наште планини.

 

ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР „МАРКО ЦЕПЕНКОВ" - СКОПЈЕ

МАКЕДОНСКО НАРОДНО ТВОРЕШТВО

НАРОДНИ ПРЕДАНИЈА

КНИГА 1

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРЕДАНИЈА

Подготвил

ТАНАС ВРАЖИНОВСКИ

СКОПЈЕ - 1986

Мапа на Мариово

mapa na mariovo

Настани во Мариово

itar pejo kalendar na nastani th