КАКОВ БИЛ ИТАР ПЕЈО
По кажувањата на „очевидци" (кои никогаш не го виделе) Итар Пејо бил ваков.
На слика: низок, шишкав, со голема глава одоколу бричена, на средето кинеско перче, со широко испупчено чело, со големи широки уши и големи воловски очи, со дебели образи, широка уста, шеплест нос, со надолу наведени рунтави мустаќи. Нозете му биле криви - пајмаклии што се вели за кај коњите, и куси, стапалата мечкини, рацете куси, но дебели во прстите. Широк во плеќите, дебел, а кус во вратот.
Од облека Пејо носел: на главата бела валаница - капа слична на арнаутско кече, широка бела кошула опашана преку половината со сиџимка. Гра-дите, и зиме и лете му биле разградени, но заштитени од студот од честите и дебели влакна - козина. На нозете носел волнени бели гаќи на голо месо, та да не ја стега сиџимката со која ги врзувал и да не го глода по колковите, повеќе ги придржувал со десната рака да не му навртат под колена. Зимно време носел истуткани чорапи и свински опинци, а лете одел бос само по опинци. Одел од кол на кол и во снегот си правел пат со колениците. Спиел по зајачки - со отворени очи, а кога јадел ја кривел долната вилица, наместувајќи ги залаците на здравите заби.
Каков бил во умот Пејо, ќе ни го претстават приказните во оваа книшка.

По кажувањата на „очевидци" (кои никогаш не го виделе) Итар Пејо бил ваков.На слика: низок, шишкав, со голема глава одоколу бричена, на средето кинеско перче,

ОБЛОГ
Две - три прилепски бежиња разбрале за итроштините на Итар Пеја и таман дошол Пејо во Прилеп на пазар, го нашле на анот и, за да го насамарат, му рекле:
- Ајде, Пejo, да се обложиме дека не можеш да преседиш ноќеска на ќерамиди. Ако преседиш, ќе ти дадеме сто лири.
Било зима и многу студено та бежињата си мислеле дека Пејо не ќе се согласи со облогот. Па и ако се согласи да остане ноќеска на јасникот, нема да остане жив.
Арно ама, Пејо го заскокоткаа ребрата за сто лири и си вели:
„Стопанка му. Јас сум сиромав, па сиромав. Ако останам жив, ќе и речам збогум на сиромаштијата, а ако умрам од студ - ќе се спасам од неа. Кога да видиш, жив - умрен, на ќар сум!" И реши да се обложи со бежињата.
Го качија ноќта на една куќа на ќерамиди. Ни сакме ни гуне, ништо не му дадоа да си земе. Тресе Вилици Пејо, тенџере клинци и плочи цела ноќ. Нели пукна зора - се осамна, достиска душа, не умре!
Кога дојдоа изутрината бежињата, за чудо, Пејо еве ти го каде мртка на ќерамидите. Слезе кутриот, се порастрча нагоре - надолу да му се пуштат дамарите, да се позатопли, и им отиде да им ги бара парите.
Овие небаре се зачудија, па му велат:
- А бре, Пејо, како остана жив ти ноќеска? Можеби навали оган на ќерамидите, што ли?
Пејо почна да се брани, па им вели:
- Mope ни оган запалив, ни ништо, туку давајте ги парите, не играјте си мајтап со мене, сиромав!
He, брате. Бежињата сакаат да измрдаат од облогот, а Пејо сака да си ги земе заслужените сто лири. Почнаа да се расправаат: - Бре, си се греел негде! - Бре, не сум ни видел оган. - He, си се греел? - Бре, јок. Најпосле му падна на ум на едно од бежињата и го праша Пеја:
- Ама ич нигде не виде оган ноќеска, бре Пејо?
- А бре, агачко, видов таму негде во планината под Крушово, туку оттаму доовде колку е далеку?
- A, a, а, ах! - повикаа сите бежиња во еден глас. - Ти си се греел, ќерата, цела ноќ, па сакаш од нас пари да земаш, а? Ај, сиктер оттука да не ти ги скршиме коските.
Што ќе прави Пејо, сиромав. Си киниса, си заплака. Се греел од триесет километри далечина. Но што ќе прави: кај е сила - нема правдина.
Оди време, оди, дојдоа истите бежиња на лов по Мариово и ги донесе ѓаволот и во Пејовото село.
Бре ош, бре дрш. Пејо ги пречека како што се пречекуваат бегови, но му падна на ум нивната подигравка па си намисли да им врати мило за драго. Ќе ги вика Пејо, денеска на ручек!
Тие одвај дочекаа мувте ручек, се надеваа дека ќе падне и ракија, алва, и најмногу од се - белки Пејовица е млада да ги послужи. И дојдоа кај Пеја. Се вртка, се шутка Пејо, домаќин е. Носи ракија, кафе и излегува понабргу да види дали е готов ручекот.
Помина дванаесет часот, ручекот уште не е готов. Помина едниот, па двата, па трите, се стори ужина, ручекот од Пеја никако да втаса!
- Ајде бре, ќерата, Пејо, зошто не го носиш ручекот? - прашаа бежињата.
А Пејо се насмевнува под мустаќи и им вели:
- Уште малку, агачко, уште малку, беже, - и излегува почесто да види дали е печено телето. (Така ги излага, дека ќе им пече теле).
Најпосле им се стемни на бежињата, ги сви цревцето за јадење и станаа да видат каде се пече или вари ручекот.
Кога го прашаа Пеја каде е ручекот, тој ги зеде по него и им вели:
- Елате да видите! - И ги одведе во градината под една топола. Под тополата навален оган, а нигде нема ни котел да вари, ни ражен да се врти, ниту пак нешто да мириса на манџа.
- Каде е телето, бре пезевенк? - се разлутија бежињата на Пеја. А Пејо одвај го дочека прашањето, па им вели:
- Ене го ене-е-е-е котелот од телето - и им го покажа со главата на врвот од тополата - туку уште малку не е доварено месото!
Бежињата се налутија и почнаа да се готват да го маваат што ги излага, па му вели едно од нив:
- Кога се видело и чуло, бре ќерата, на врвот од тополата месото, под тополата оганот, па да се свари?
- Ами како се греев јас, беже, од Прилеп, а огнот во Крушево?! Парите, пезевенци низаедни, зашто сите сега ќе ве исколам - им се пофали Пејо и го извади од чорапот својот анџар, со кој си го тераше тромото магаре, дупејќи го во вратот.
Видоа не видоа, бежињата ги одврзаа ќесињата, му дадоа на Пеја сто лири и си тргнаа гладни, та дури во Прилеп.

Две - три прилепски бежиња разбрале за итроштините на Итар Пеја и таман дошол Пејо во Прилеп на пазар, го нашле на анот и, за да го насамарат, му рекле

ИТАР ПЕЈО МОМОК КАЈ ПОПОТ
Во наше Мариово многу убави обичаи има. Еден од нив и до ден-денеска се задржал, и многу е арен. На пример: Кога ќе заколе некој домаќин свиња, ќе им однесе на соседите по едно парче удина, малку црн и малку бел дроб колку за внуш и благослов, со здравје да си го јаде домаќинот крмакот.
Во старо време овој обичај бил уште поарен за поповите. Секој домаќин му носел на попот по едно парче мевце, дропче, па и по некое главче паѓало. Арно ама, кога ќе го заколел попот крмакот, требало да го повика целото село на ручек или на вечера.
Кога бил Пејо момок кај попот, тој намирисал да измрда од овој обичај, да не ги вика селаните на ручек или на вечера, та решил да се посоветува со момокот, што ќе рече тој.
Пејо го разбра попот што сака, па му вели: - Лесна работа, дедо попе. Еве што ќе направиме: ќе ја заколеме свињата, ќе ја исчистиме вечерта и ќе ја обесиме на чардакот да видат селаните кога ќе се враќаат од работа дека утре ќе јадат поповски курбан. А ти ќе ја скриеш през ноќта некаде и изутрина рано ќе викаш дека некој ја украл!
Речено - сторено. Ја заклале вечерта свињата, ја обесиле на чардакот и ја оставиле ноќта да се олади. Само нозете и ги пресекле.
Селаните - кој помина оближи се. Утре ќе јадат пресно месо од поповиот крмак, а што е најглавно, ќе сркнат и од убавото попово винце.
Пејо пак, уште вечерта кога си легнаа попот и попадијата, си стана, си ја зеде свињата цела и си ја однесе дома. Ја суреди убаво и се врати на местото каде што си спиеше.
Кога се разбуди пред зора попот отиде на чардакот да ја скрие свињата - шипинки! Ни свиња, ни од свиња трага. My отиде на Пејо каде што спиеше, го затресе за рамениците и му вели:
- Mope, Пејо, стани! Некој ја украл свињата! Пејо се затркала, се прозевна и му вели:
- Така треба да велиш, попче. Прво мене треба да ме убедиш дека ја украдоа, па после другите селани.
Попот се лути и вика, а Пејо се едно и исто:
- Така треба да велиш, попе!
Што ќе му прави, го остави, нека го носи ѓаволот. Но реши барем да го изнатепа добро.
Каква маана да му најде не знае, сиромашкиот поп? Го натера да ги стави нозете да се варат за ручек. И таман Пејо мрдна некаде, попот дојде, ја извади од тенџерето едната нога и ја скри некаде дома, да му најде кривица да го тепа и да го напади без руга.
Арно ама. кога се врати Пејо погледна во тенџерето и виде дека само три нозе има и се сети дека попот ја има извадено едната за да го натепа. Бргу, бргу отиде во кочината, кај што лежеше другата свиња на попот. Вака со ножот, и ја потсече едната нога и ја фрли во тенџерето.
Попот, пак, се поразмисли и виде дека Пејо не е многу крив за случката, ами тој самиот си го направи за да не им даде на селаните од свињата, се врати назад и ја пушти земената нога во тенџерето. И сега, од една свиња се варат пет нозе!
Кога седнаа да ручаат, пробуричка попот со лажицата и виде пет нозе, па му вели на Пеја:
- Mope, Пејо, колку нозе има една свиња? Пејо се сети и вели:
- Mope, попе, колку нозе имаат две сињи?
- Mope, Пејо, колку нозе има една свиња?
- Mope, попе, колку нозе имаат две свињи?
И се така, и дури попот не кажа колку нозе имаат две сињи, Пејо не сакаше да каже колку нозе има една свиња. И кога попот рече дека две свињи имаат осум нозе, тогаш Пејо извика:
- Ах, така! Да си ми жив, попе! Пет нозе во тенџерето и три на свињата во кочината - токму осум.
Иако не му беше мило, се насмеа попот отсрце и го напади Пеја од дома, ама му плати за сето време што го служеше.

Во наше Мариово многу убави обичаи има. Еден од нив и до ден-денеска се задржал, и многу е арен.

ИТАР ПЕЈО И ГОСТИЛНИЧАРОТ
Пошол Пејо една сабота на пазар во Прилеп со своите Мариовци и излегол в чаршија да се прошета и да ја разгледа. Се запрел пред една гостилница: вриеле тенџерињата со разни манџи. My потекле слинки од убавата миризба, ама немал парички да влезе да повечера. Затоа си извадил од торбата едно парче лебец и отишол кај тенџерињата и почнал да си го топи лебецот на пареата што излегувала од нив, та така поомекнат почнал да си грицка од него. И таман сакал да се истави од тенџерињата, почнал гостилничарот да му вика однатре:
- Еј, побратиме, камо пари што си го натопли лебот?
Пејо се зачуди што му побара пари кога не сркна ни една лажица од манџата. Но гостилничарот истрча надвор и го грабна да го тресе и да му бара да плати за пареата. Пејо почна да се брани и да докажува дека нема зошто да плаќа, но овој го нападна и му рече:
- Ќе платиш како попче што си го натопли лебот. Ако не беше оганот под тенџерињата, немаше да има пареа, а за огнот се потребни дрва за кои јас сум дал пари. И затоа ќе платиш, или ќе ти удрам десет стапови.
Виде Пејо дека на правина ќе јаде ќотек и почна да мисли, па наеднаш ја погледна својата сенка од вечерното сонце и му вели:
- Е, добро де, добро. Ќе ми удриш, ќе ми удриш. Ајде земај го стапот.
Гостилничарот изнесе еден голем стап и сакаше да го налегне Паја за да му ги удри десетте стапови, но Пејо го фати за раце и му вели:
- Удри, побратиме, ако сакаш и сто стапови, по мојата сенка, зашто ако не сум овдека нема да ја имаше и неа.
Сите присутни слатко се насмеаја и го пофалија Пеја, а гостилничарот го викна во гостилницата и го навечера од најслатките манџи поради мудрата Пејова одбрана.
 
Дошол другпат Пејо кај гостилничарот и си порачал една ваганка манџа да си појаде. Кога се наручал Пејо, дошол гостилничарот, си ја зел ваганката и лажицата и му побарал пари за манџата, велејќи:
- Е, побратиме, некни ме измами ти и не плати што си го натопли лебот на пареата, ама сега не можеш да мрткаш. Давај го грошот ваму.
Гледајќи го Пејо како си ги собира ваганите и лажиците, наеднаш се присети на некаква досетка и го извади грошот. Но наместо да му го тури во раката на гостилничарот, тој го удри силно од масата и веднаш си го зеде назад и си го тури в џеб, велејќи:
- Мене грошот, а ти земи си го звукот од него, зашто и ти си ги прибра ваганките и лажицата.
Кога гостилничарот почна да протестира што не плаќа, Пејо го потсети на понапрежниот случај со пареата, па му вели:
- Да не беше мојот грош, немаше да има и звук - и пак измрда од плаќањето.

Пошол Пејо една сабота на пазар во Прилеп со своите Мариовци и излегол в чаршија да се прошета и да ја разгледа. Се запрел пред една гостилница: вриеле тенџерињата со

МАРИОВЦИ - КРШОБОРЦИ
Тргнал Пејо со група свои селани в планина за борина. Арно ама, никој не понесол секира. И кога дошле во планината и ги побарале секирите да сечат, сите почнале да се жалат. Но тука бил Пејо да ја нареди работата и почнал да ги советува:
- Знаете што, браќа. Еве што ми текна мене: јас ќе се качам на боров и ќе го фатам за врв, а вие фаќајте се еден за друг за нозе, првиот за моиве, се разбира. Од нашата тежина борот ќе се искорне и ние ќе си го однесеме дома, цел и ќе си го поделиме. Лошо ли ви викам?
Се качил Пејо на борот и ги фатил за врв. За неговите нозе се фатил еден од селаните, за него друг, за овој трет и така редум до последниот. Борот го иоднаведнал врвот. но далеку бил од корнење.
Тогаш Пејо привикнал одозгора:
- Држете се. браќа, добро да си илукнам на рацете да земеме троа сила - и го пуштил врвот, та сите селани се нашле на земја еден врз друг. Пејо паднал врз селаните, кои мошне се испребиле. Некој скршил нога, друг рака, а еден - и ребрата и почнал веќе да умира, а Пејо го теши:
- Што се смееш, пријателе? И јас си го удрив коленцето - и станал та си отишол дома да им раскаже на жените како се бере борина без секири.

Тргнал Пејо со група свои селани в планина за борина. Арно ама, никој не понесол секира. И кога дошле во планината и ги побарале секирите да сечат, сите почнале да се жалат.

ИТАР ПЕЈО МУ ВАДИ ЗАБ НА СЕЛАНЕЦ
Еден од Пејовите селани го заболел заб Кај ќе оди да го вади ако не кај Пеја?! Отишол и го прашал:
- Знаеш ли, Пејо, да вадиш заб?
- Знам, како да не знам - одговорил Пејо. - Ор тоа полесно што има? Само ти седни на столчево и биди мирен - и му го подаде смрековото столче со три нозе на кое беше провртена на средината дупка да си ги закачуваат жените вртешките кога вијат основа или јаток.
Седна селанецот, а Пејо се засука да работи. Наостри еден кол и го забоде во земјата пред селанецот. Потоа исука еден дебел конец и го врза едниот крај за колот, а другиот за забот од селанецот. Се заврте зад него и си зеде една игла бабушка та полека-полека го боцна од дупката од столот, а забот остана на конецот.
Фаќајќи се селанецот за боцнатото месо почна да вика:
- Т-и-и-и! Колкав корен имал овој заб, дури долу ме заболе - си отиде задоволен од Пејовиот мајсторлак, уверен дека коренот од забот бил долг дури до дебелото месо и дека болките од иглата се болки од извадениот заб.

Еден од Пејовите селани го заболел заб Кај ќе оди да го вади ако не кај Пеја?! Отишол и го прашал:- Знаеш ли, Пејо, да вадиш заб?- Знам, како да не знам - одговорил Пејо.

ИТАР ПЕЈО И ТУРЧИНОТ
Спечалил Пејо некое време и маска и со гордост тргнал и тој на пазар со жито како Мариовците чорбаџии. Арно ама, и маската како стопанот - била улавка. Клоцала, касала, а најголемата маана и била таа, како на сите маски, што не се водела.
Ја дотерал некако Пејо до некаде и ја фатил за огламникот да ја води. Но таа толку се тегнела што просто морал да ја влечка по него.
My се здодеало и почнал на глас да ја колне:
- Муууууц, волкот да те изеде, да рече господ златен да се потурчиш.
Влечкал така, колнел, но назад од гордост не се завртувал.
Кога навртел долу во полето, го настигнале некакви Турци и незабележливо му се приближиле одзади. А Пејо се си вика: „Муууууц, волкот да те изеде, да рече господ Турчин да се сториш".
Го слушнале Турците и полека - полека ја изоглавил еден маската, а другите ја отерале на друга страна сосе жито.
Турчинот што ја изоглавил маската, си го наврел огламникот на вратот, и откако видел дека маската ја отераа другарите, почнал толку да затегнува назад, што Пејо морал да се сврти. И кога погледнал - што да види. Неговата маска навистина се претворила во Турчин. Застанал како скаменет, се завртел спроти сонце, ја симнал својата „валаница", се прекрстил и си рекол: „Ех, сполај ми ти, бре боженце, зашто ми ја слушна молитвата да можам и на Турчин да појавам", и му се завртел на Турчинот да го јавне. Овој почнал да се брани, но Пејо го притенал со огламникот, го репнал по ребра со ластегарката, го изгазил убаво - убаво и го скротил. A овој видел дека лесно може и главата да ја изгуби, та застанал, а Пејо го јавнал по сите мариовски правила на јавањето. Го потерал и право во Прилеп.
Кога влегол в град јаваница на Турчин, целиот град тргнал по него, а тој го дупи во вратот со ластегарката и вика: „Муууц, мууц, волкот да те истури".
Јавајќи вака низ чаршија, го забележале неколку заптии, го симнале од „маската" и го собрале да го тераат кај кадијата. Но Пејо цврсто го држи огламникот да не му побегне „маската".
Излезе пред „честитиот кадија" и Пејо искрено му раскажал како ја колнел маската и како господ му ја слушнал молитвата, та рече дека „таа е господова работа" и што е тој тука крив што го послушал господ и што јава на Турчин.
Кадијата го слушнал и Турчинот на кој начин станал Пејова „маска" и пресудил да му се врати на Пеја маската сосе жито и да му платат една лира денгуба што го задржале од работата. Ако не, Турчинот да остане Пејова „маска".

Спечалил Пејо некое време и маска и со гордост тргнал и тој на пазар со жито како Мариовците чорбаџии.

ИТАР ПЕЈО ЛЕКУВА СЕЛАНЕЦ УКАСАН ОД ЗМИЈА
Во Пејовото време живееле двајца браќа, и, како сите живи луѓе, и тие купувале сол. Арно ама, им се видела солта скапа, та гледајќи како расте житото, решиле да посеат и сол и да не даваат пари за неа. Намислиле и направиле. Посеале цела нива сол, но на нивно „големо чудо" не никнала.
„Ајде, белки семето не чинеше оваа година -си рекле браќата и в година посеале друго семе, поодбрано, но и тоа не никнало. На третата година -исто. Најпосле си рекле браќата:
„Треба нешто да го јаде семето во земјата та што не никнува" и отишле на нива да видат што може да го јаде ова семе.
Почнале да копаат и случајно удриле на една змија.
- Ах, еве го штетникот! - радосно извикале браќата во еден глас. Но за да се уверат дека змијата им го упропасила семето, едниот брат му рекол на другиот:
- Чекај, јас ќе ја лизнам змијата, да видам дали е солена. Ако е солена, значи таа го јаде семето. - И се наведнал да ја лизне змијата. Но како секоја змија, така и оваа, гоукасалаовега за јазикот. Отровот си го направил своето, и овој почнал да стенка, да офка и да се грчи од болки и тежини и да фрла пена од устата.
Здравиот брат се видел в чудо и почнал да го прашува укасаниот што сака да касне.
Извадил од торбата лен и му подал, но тој ни да го помириса.
- Белки сакаш лук, бре брату? - го прашал здравиот и му дал едно главиче лук, но болниот и него не го помирисал. Најпосле го качил на магарето и го однесол дома да го лекува.
Mope, му баеле бајачки; море, го пеал попот за здравје; море, го понадувале со разни понади - но нема лек од ништо.
Ех, кога ни тиква што е тиква не јаде, значи болеста е неизлечива, утврди една од бајачките.
Најпосле се сетил некој од присутните да го викаат Пеја Итроманецот. Тој ако не најде лек, отиде човекот, нема спас.
Пратија човек и по Пеја, и тој дојде. Го разгледа болниот убаво - убаво, ја разбра работата, па им вели:
- Тешка болест, ама ќе се обидам - и го побарал ножот што ги колат маториците. Го понаострил од плочата под огниште и му го даде на брат му:
- На - рече - пресечи му ја главата, да се спаси телото, па после јас друга ќе му турам, ако остане жив.
Мавна братот и му ја отсече главата на болниот брат.
Почекаа сите околу трупот и бидејќи тој без глава не мрдна. Пејо немаше зошто да му клава друга глава на мртвото тело.

Во Пејовото време живееле двајца браќа, и, како сите живи луѓе, и тие купувале сол. Арно ама, им се видела солта скапа, та гледајќи како расте житото, решиле да посеат и сол и да не даваат пари за неа.

ИТАР ПЕЈО И ВЛАДИКАТА
Како сите владици, така и битолскиот ја посетуваше својата „паства" барем еднаш годишно, та еден ден тргна и по Мариово. Патот го одведе и во Пејовото село Градешница. Селаните го пречекаа, како што се пречекува владика: со зелници, со мазници, со кокошки, со јајца итн., и му се испоплакаа од разни зулумџии, та дојде редот да му се поплачат и од Пеја.
- Каде не газат агите и беговите, дедо владика -рече коџобашијата - па и од овој нашиов Пеја дерман немаат селаните. Често ги напаѓа, ги кара, та дури и ги пцуе. Ни е стемнето понекогаш пред очите, та ни иде да се селиме од селото.
My расправи за разни Пејови кавги и пцости, и во името на селаните го помоли владиката да му го бара чарето на Пеја, ако не сака сите да го напуштат селото.
Владиката. како владика, ја сфати сериозно работата, ги смири селаните и му нареди на протуѓерот да му го викне Итар Пеја. Овој му кажа на Пеја дека селаните се жалат на него и дека ќе треба да се поправи. да не ги навредува, да не ги кара и пцуе.
- Така си е, дедо владика - одговори Пејо. -Ама послушај ме и мене што ќе речам, па после пресуди. И почна да си ги брани своите постапки:
- Ако молчи човек кога моите селани тресат глупости, го прават будала. Ако почне да им се смее, што си заслужуваат, го прават улав. А еден умен човек не може да дозволи будалите да го прават од нив побудала и да го газат како што сакаат тие, та ќе гледа некако да се одбрани. И мравката, што е мравка ако ја нагазиш, ќе се заврти да те укаса: а не пак јас жив човек! Морам со нешто да се бранам, па најпосле дури и со пцости. А дека тие го заслужуваат, ќе се увериш и сам ако сакаш.
Кога го ислушал владиката Пеја, му рече:
- Добро, Пејо. Ги слушнав тужбите од селаните, те слушнав и тебе, но јас би рекол да се откажеш ти од тој твој табиет и да не се караш со нив.
- He може, дедо владика, не може! Треба да сум глув или спеп,па да не ги слушам и да не ги гледам нивните глупости, та да не им давам по капата. Нека излезе некој од моите селани и нека докаже пред тебе дали сум го навредил без причина? Тогаш, еве, овде е тенко - и покажа на својот дебел врат - земи го ножот, заколи ме на сретсело.
Владиката поразмисли малку па му рече:
- Слушај, Пејо. Бидејќи сите селани викаат на тебе, а за да се смири селово, ќе дојдеш ти со мене. a јас ќе се погрижам да те одучам од таа мана.
Пејо се согласи и тргна со владиката по другите мариовски села.
Уште на крајот на Пејовото село владиката му даде едно бело камче на Пеја и му рече:
- Кога ќе се налутиш нешто и гледаш дека не ќе можеш да се воздржиш, клај го камчево в уста и држи го под јазик дури да ти помине лутината.
Пејо го послуша владиката и го кладе камчето во устата уште тука, та цело време не проговори ни збор.
На враќање патот го наведе владиката пак преку Пејовото село и Пејо излезе до крај село да го испрати и да се прости со него.
Токму на излегување од селото, од последната куќа истрча едно девојче пред владиката и почна да го моли:
- Дедо дуовниче, дедо попе - мислејќи дека владиката е некој калуѓер или поп.
- Мајка ми многу те моли да почекаш малку.
Запрета една погача во огнот и ете бргу ќе биде готова, ќе ти ја донесе да ти се најде за патем. - Тоа го рече девојчето и си отрча дома. Владиката застана со сета дружина на патот да ја
чека топлата погача. Помина доста време, но од куќата никој не излегуваше. Најпосле почна да вика владиката:
- Ајде моме, ајде побргу, ќе задоцниме. Далеку е Битола.
На тоа викање излезе девојчето на вратата и почна да се смее:
- Ха, ха, ха! Ама сте биле будали! Та каква погача чекате? Таман мајка ми почна да ја насадува квачката и си рече: ..Их. да има сега некој поп да излажам, сите пилиња црни ќе ми се испилат". и вие поминавте па јас ве излагав. Туку одете си. одете си, не чекајте ја погачата. зашто не е ни месена, a камоли печена. - и се скри дома смеејќи се слатко.
- Е,  дедо владика? Што ќе речеш ти сега на ова? Да го плукнам ли сега камчево? - му се обрати Пејо.
Овој се насмевна, го благослови Пеја и му рече:
- Оди. Пејо, и прави како што си правел и досега. Ти си умен и итар човек.
Така Пејо го испратил владиката и се вратил да се расправа со селаните.
 
II
Кога одел Итар Пејо со владиката по мариовските села овој го навредил нешто Пеја, и Пејо, по свој обичај, не сакал да му остане должен, ами намислил веднаш да му се одмазди. Почнал да мисли како ќе го стори тоа и го скроил планот.
Кога беа близу до едно од мариовските села, Пејо го помолил владиката да го пушти малку понапред, да му соопшти на попот дека иде владиката, да се потсуреди домаќинката, да ја подзачисти куќата, да позамете, па... нешто и за вечеринка да приготви. He е шега - владиката иде.
My се свиде на владиката предлогот од Пеја и му дозволи.
На разделбата Пејо како да се поприсети нешто, се врати и му вели на владиката:
- Знаеш што, свети владика. Попчето во ова село има стар татко на кого непара му се дослушува, та ако дојде редот со него да проговориш некој збор, ќе треба повеќе да подвикнуваш ако сакаш да те слушне.
- Добро - рече владиката и си го кладе в ум ова што му го кажа Пејо.
Пејо се раздели од владиката и неговата дружина и се истрча напред да му јави на попот дека вечер ќе има гостин владика. Но не заборави потајно, со дикат, да му шепне на стариот попов татко дека владиката е глув, та ако сака нешто да проговори со него, ќе треба мошне да подвикнува ако сака да го чуе и да го разбере.
И стариот си го кладе ова во умот.
И, како што се пречекува владика, излезе попот со фамилијата и со други селани пред портата. Владиката го виде старецот и се сети што му рече Пејо за него - дека ќе треба да подвикне кога ќе зборува со него. А и старецот исто, та почнаа да се надвикуваат.
- Добро вечер, старчееееее - почна прв да вика владиката колку што може и не може.
Старецот го слушна силниот глас на владиката и си помисли: „Навистина бил глув", та со уште посилен му одговори:
- Дал ти бог, добро, свети владикоооооо!
- Како си, старчееееее!
- Сполај богу, свети владикоооооо!
- Што правиш, што чиниш, се крепиш ли со староста? - го распраша владиката старецот со викање, а овој со уште посилен глас му одговараше.
„Навистина бил глув стариов", си помисли владиката кога го слушаше стариот како вика.
Влезе владиката дома, седна на поставената трпеза, стариот како домаќин седна спроти него, водат разговор за разни работи, но куќата се цепи од викотници.
Најпосле му удри в ум на владиката да го праша стариов:
- Ами одамна ли си глув, старчеееее?
Овој запна уште повеќе да вика и му одговори:
- Ами јас не сум глув, туку ти одамна ли си глув!?
Владиката ја разбра работата и го спушти гласот па му вели:
- А бре и јас не сум глув, туку на душа нека не има Пејо. Обајцата си ги искинавме гркланите викајќи. Нејсе, нејсе. Пејова работа. Навистина човек со него не требало да сади краставици - се насмевна владиката и го симна гласот и разговорот почна „како господ што рекол", пополека.
За сето ова време Пејо и другите селани во другата одаја се држеа за стомак кога ги слушаа како се надвикуваат владиката и стариот попов татко.

Како сите владици, така и битолскиот ја посетуваше својата „паства" барем еднаш годишно, та еден ден тргна и по Мариово. Патот го одведе и во Пејовото село Градешница.

ИТАР ПЕЈО И СТАРИОТ АРАМИЈА
Некојси прочуен арамија слушнал за итроштините на Пеја Итроманецот и решил да го испроба својот- арамиски- занает. Го нашол еден ден в чаршија и му предложил да го научи да краде.
- Добро - му одговорил Пејо, мислејќи си во себе дека не е лошо човек да знае нешто повеќе. И тргнал со арамијата.
Поткраднале што поткраднале ситни работи по чаршијата, отишле и в село. И тука украле по некое јагне, jape, кокошка, јајца и арамијата видел дека ќе го бидува Пеја и за оваа работа, и решил да го подложи на најзрел испит, па му рекол:
- Знаеш што, Пејо. Ти го испече донекаде мојот занает, но денеска треба уште нешто да ти кажам и да те испробам, па ако излезеш и тука како што треба, ќе ти дадам диплома од занаетот. Ене ондека на врбана има страчкино седело, во него има јајца на кои лежи страчката. Гледај ти сега како ќе и ги украдам јас јајцата, а да не сети страчката и да летне. - И се качил стариот арамија, го продупил седалото одоздола и и ги украл сите јајца на страчката без да го забележи и да летне.
Арно ама, во тоа време Пејо се качил по него. Дури арамијата занесен во кражбата, Пејо му ги одврзал бечвите и полека-полека му ги збутнал, та слегол и ги скрил во трњето крај врбите.
Кога слегол арамијата и се видел без бечви, му ја подал раката на Пеја и му рекол:
- Дај ми ги, Пејо, бечвите и оди ми со здравје. Го положи и овој испит одлично.
Така Пејо здобил уште еден занает, но никогаш со него не се користел, зашто не бил арамија по душа.

Некојси прочуен арамија слушнал за итроштините на Пеја Итроманецот и решил да го испроба својот- арамиски- занает. Го нашол еден ден в чаршија и му предложил да го научи да краде.

ИТАР ПЕЈО И СЕЛАНИТЕ РИБОЛОВЦИ (слична на онаа „Магаре јавај - магаре барај")
Тргнале еден ден неколку селани Мариовци да одат на Црна да ловат риби. Ловеле што ловеле, си кинисале да си одат дома. И таман на неколку чекори од реката некој привикал:
- Mope, селани, ние ловевме риби, се буткавме по површината на водата, ама којзнае дали не се удави некој од нас. He правиме лошо да се преброиме.
Го одобриле сите предлогот и застанале, а прелагачот почнал да брои. Еден, два, три, четири... дотерал до осум.
- Ами чаре - извикал тој. - Ние тргнавме девет, a се враќаме осуммина. Значи еден од нас се удавил! - констатирал бројачот.
Почнале сите да бројат - осум па осум. Ниеден од нив сам не се броел. И си тргнале кон селото, и си заплакале. Еден се удавил денеска во Црна, ама кој е ни самите не знаат.
Оделе што пооделе, ги сретнал Пејо и ги видел уплакани. па ги прашал:
- Што сте така уплакани, бре, кршоборци? Овие му раскажале дека еден се удавил денес-
ка, но не знаат кој е.
Пејо ги прашал колкумина тргнале утрината и веднаш ја разбрал работата, но решил да ги насамари за нивната глупост, па им рекол:
- Лесно ќе провериме, џанам. Ајде легнете тука на песокот и забодете ги носевите во него. Колку дупки ќе направите - толкумина сте живи.
Легнале селаните, ги заболе носевите во жешкиот песок и направиле по една дупка. Кога станале, почнал Пејо да ги брои - излегле девет!
Се израдувале селаните зашто никој не се удавил и му дале на Пеја од рибите да му ја платат мудрата постапка што открил дека се нема удавено ниеден од нив.

Тргнале еден ден неколку селани Мариовци да одат на Црна да ловат риби. Ловеле што ловеле, си кинисале да си одат дома. И таман на неколку чекори од реката некој привикал:-

ИТАР ПЕЈО И ГОРДЕЛИВИОТ БОГАТАШКИ СИН
Како секаде што има богаташки синови што не работат ништо, така и во Прилеп имало во старо време некој таков. Дали тој бил од Бомболовци, Аџи-Здравевци, Аџи-Ристевци, Аџи-Илиовци, Тепајмајковци, Палисламовци, Корвезировци, Колимагаревци, не би можело точно да се каже, но главно бил чорбаџиски син: ништо не работел, ами секое утро си одел на кафе и, кога било топло времето, си седел пред кафето и си пиел кафе, чај, си пушел тутун на голем скапоцен чибук со голем килибар.
Врвејќи Пејо еднаш по сокак пред кафето, го забележал и му дал еден селјам:
- Добро утро, цар на веков - му рекол тој.
На овега му поласкале овие зборови, го викнал Пеја кај себе и му дал грош да се напие едно кафе или ракија.
Пејо разбрал дека му ласкаат овие зборови на богатиов, та и утредента тоа го повторил. Пак добил грош и си отишол на анот и не само ракија и кафе, но со грошот си го плаќал целиот трошок за тој ден.
My се заарнило на Пеја, та продолжил со оваа работа цел недела и месец.
Арно ама, за несреќата од Пеја, богатиов син се оженил.
Излегол пак пред кафето и го чека Пеја да го поздрави со пријателскиот поздрав. Но, Пејо разбрал дека се оженил и место познатиот поздрав „добро утро, цар на веков" му запнал едно „добро утро, слуга на веков".
Се растревожил богатиов и го прашал Пеја:
- Зошто ме направи ти мене слуга на веков?
- Зошто ли? Ќе видиш од утре кога ќе ти забрани жената да седиш вака слободно пред кафето. A остави, пак, кога ќе ти се народат деца, ќе видиш каков слуга ќе станеш.
Овој се налутил, но пак му дал грош на Пеја. Станал, си отишол дома и си ја избркал невестата, а утредента пак седнал на своето место пред кафето и одвај чекал да помине Пејо и да го поздрави како понапред со „добро утро, цар на веков". Но Пејо ја разбрал и оваа работа и уште оддалеку му викнал:
- Добро утро, резил на веков!
Овој скокнал од столот и му се приближил на Пеја готов да му удри една преку очи што го навредил. но решил првин да го праша:
- Зошто сум резил на веков, бре пријателе?
Пејо се насмевна. се поистави два-три чекори и му одговори:
- Зар има поголем резил од овој да си избркаш златна невеста за едно „добро утро, цар на веков"?
Но тоа не можеше да го разбере горделивиот богаташки син, а Пејо не сакаше да му го полни умот понатаму, си го јавна магаренцето и си отиде во своето Мариово да им раскажува на Мариовците какви горделиви и глупави луѓе има на светов.

Како секаде што има богаташки синови што не работат ништо, така и во Прилеп имало во старо време некој таков.

ИТАР ПЕЈО И НЕГОВИТЕ ШУРЕВИ
Како сите ергени, така и Итар Пејо решил да се ожени макар и во позрела возраст (30 години). Нашол убава мома, мариовка (се разбира), која имала двајца браќа. Кога дошло време да ја доведат невестата, Пејо им нарачал на шуревите: „Невестата да ми ја доведете ни гола ни облечена, a од мираз, ни малку ни многу".
Почнале да се чудат браќата, што ќе биде оваа порака од зетот, но најпосле се присетиле и ја облекле сестра си во пезивол (мрежа за ловење риби), та така првиот услов од зетот го исполниле, бидејќи навистина невестата изгледала ни гола, ни облечена. А како мираз и заврзале во едно шамиче еден гулаб.
Кога ја довеле невестата така облечена, Пејо се насмевнал и ја завртел главата во знак на чудење што ја погодиле шуревите му неговата прва мисла, па веднаш ја прашал што мираз му носи. Таа му го подала со десната рака шамичето и Пејо, мислејќи дека се лири или франги, бргу-бргу ги одврзал. Но штом го одврзал гулабот, овој летнал во облаците, а Пејо си ја поткасал долната дебела муцка и си рекол за себе: „Аха, и овие не биле за фрлање! Ке си имам расправија со нив понатака". И почнал да се готви да се надлажува, да се надмудрува па и да се наткрадува со шуреви си.
Кога дошло време Пејо да си оди со невестата на првиче кај шуреви си, нашол едни рогови од голем јарец и ги врзал со едно ортомче, а ортомчето засамарот од маската на која јавал, и така ги однесол роговите кај шуреви си, и уште оддалеку им се пофалил како им носи подарок голем јарец. Но кога отрчале шуреви му да го одврзат јарецот, ги нашле само роговите.
- Лесна работа! - почна да ги теши Пејо. - Нели се тука роговите, јарецот мора да си дојде по нив.
И таман се успале сите во куќата, Пејо станал и го украл од нивниот булук најголемиот јарец и го врзал за ортомчето, фрлајќи ги роговите на буништето да ги глодаат пците.
И кога се разбудиле изутрината шуреви му, што да видат. Навистина си дошол ноќеска јарецот по роговите! Се израдувале на големиот „подарок", си го заклале јарецот и се нагостиле сите првичари од Пејовиот „подарок".
Се свршило првичето, си отишол Пејо со невестата. го испратиле шуреви му со пиење, со јадење, и отишле кај овците да си ја бркаат овчарската работа. Кога го побарале најголемиот јарец - го нема.
„Бре, што се стори јарецот, бре кој го украде, волкот ли го изеде?" - се жалеле луѓето, но најпосле се досетиле дека таа работа Пејо им ја направил. „Тој го има украдено и никој друг", си заклучија двајцата браќа и почнаа да мислат како да му се одмаздат.
И како што е редот, и Пејо ги покани шуреви си на првиче, и, за да ги пречека и да ги нагости што поубаво, закла едно теле и го обеси на горната греда во куќата. Дојдоа шуревите, се поздравија, седнаа на трпезата, но Пејо сети дека сега пак тие му кројат некоја подмама или кражба, та не ги пушти од око да мрднат, ни да си проговорат нешто сомнително меѓу себе.
Арно ама, нели е пусти домаќин, му се наложи да стане, да донесе борина, нешто за пиење, за јадење, да и помогне на жена си. И кога стана да излезе и стори ишарет на жена си да слуша што ќе зборуваат или што ќе прават браќа и. И таман тој излезе низ вратата, помладиот брат се опули во телето и му вели на постариот.
- Облачно било тука, бацко.
- Ќе се изјасни ноќеска - му одговори постариот и почнаа да си јадат и да си пијат како првичари.
Кога си легнаа вечерта, Пејо ја праша жена си што зборуваа браќа и дури тој шеткаше надвор. Таа не знаеше да му каже ништо друго, освен што го рекоа дека било облачно и дека ноќеска ќе се изјаснело.
- Ах, жено, ќе го украдат ноќеска браќа ти телето - се притапка Пејо погодувајќи ги мислите на шуреви си.
- Mope, како ќе го украдат кога и така за нив го заклавме - почна да го теши жената.
Уште разговараа вака, нешто тропна на врата. Пејо рипна од постелата и и вели на жената.
- Станувај жено, го зедоа браќа ти телето.
И дури станаа, дури Пејо излезе, браќата веќе излегуваа низ портата со телето на рамо.
Бидејќи навистина телето беше тешко, тие се договорија едниот да го носи, а другиот да трча празен напред за да го земе одморен и да бега да не ги настигне Пејо.
Арно ама и на Пеја му текнало што мислат, та на превар некако излегол пред нив и го видел тој празниот како трча напред. Го пропуштил него да помине, а кога дошол тој со месото му се приближил во темницата и му шепнал:
- Дај да го поносам јас, а ти трчај напред да се поодмориш.
Овој, мислејќи дека брат му е празен, му го дал на Пеја телето и се загнал колку што може и не може да трча. Кога излегол на неколку стотини метри го нашол брата си и овој го прашал:
- Камо го, брату, телето?
- Ах, пезевенк Пејо, ни го зеде телето - си рекоа браќата и со трчанка, сега пак тие по кусиот пат, го преварија Пеја, и како беше прала Пејовица дента, најдоа во дворот една нејзина кошула, и набрзина едниот се преслече во неа, се преправи во Пејовица и седна на прагот да го чека Пеја. И навистина Пејо си дојде со телето на рамо сиот испотен, штом го виде „Пејовица" почна да плаче и да тажи:
- Mope, пусто да остане телето, ги удави сите говеда и волови. Кај беше, браќа ми ги собраа сите од говедарникот.
Пејо го бапна телето пред „неа" и отрча право во говедарникот. Кога погледна, сите говеда кај си лежат и кај си преживаат, трчанка си дојде дома и ја најде жена си каде лежи во постелата.
- Камо го, мори жено, телето? - ја праша со остар глас.
- Какво теле, бре мажу? Од каде од мене го бараш, кога го украдоа браќа ми?
- Ама нели преѓеска ти го оставив, мори утко, кога ми рече на прагот дека ги отерале говедата -почна да ја кара Пејо.
Таа му објасни дека ни станала, ни излегла ноќеска од дома откако отрча тој по телето. Пејо разбра дека и тука шуреви му го надмудрија.
He губејќи ни минута, се истрча пак напред, ги престигна пак, се соблече гол, застана насред пат поткачен на еден камен, ја крена едната нога назад, ја направи опашка, a со рацете направи рогови и се здрви на местото. И се зададоа шуреви му со телето.
Кога го видоа „ѓаволот" насред пат го бапнаа телето од земја и си рекоа за себе:
- Бегај брату, да бегаме и ѓаволот на Пеја му помага!
Така Пејо си го зеде теленцето и си го однесе дома, та сами со Пејовица си го искркаа, бидејќи шуреви му од срам не се вратија да го продолжат првичето.

Како сите ергени, така и Итар Пејо решил да се ожени макар и во позрела возраст (30 години). Нашол убава мома, мариовка (се разбира), која имала двајца браќа.

ИТАР ПЕЈО И НАСРАДИН-ОЏА
Се нашле некако како се нашле Итар Пејо и Насрадин-оџа и се договориле да одат по мариовските села да лажат и да надлажуваат, та да видат кој од нив двајцата поубаво ќе лаже. Тргнал напред Насрадин со своите луѓе, a по него Пејо.
Кога дошол Насрадин-оџа во едно село, се собрале селаните и почнале да го распрашуваат за едно, за друго, што видел, што чул по светот каде што поминал. И Насрадин почнал да им расправа:
- Кога бев во тоа и тоа село, дувна еден толку силен ветер та ги крена сите магариња и ги однесе во облаците.
Се зачудија селаните, но гледајќи го Насрадин така стар, со бела брада и коса, некои и поверуваа.
Преноќева Насрадин во селото, си појде изутрината и си замина за друго село.
Вечерта по мракот довтаса и Итар Пејо со својата дружина. Го опколија селаните и него како Насрадина, и некој го праша дали навистина во фиљан село ги дигнал ветрот магарињата во облаците.
Пејо се сети дека таа лага е од Насрадин и одговори:
- Лебами, дали ветрот ги кренал магарињата, јас не видов. Да ве лажам - срамота е, наши луѓе сме. Ама кога поминав таму, видов дека паѓаа самари од небото.
„Навистина било што кажа Насрадин" - си рекоа селаните и му поверувале на стариот лажач.
Во тоа време Насрадин веќе беше во соседното село и им прикажуваше на тие селани како во фиљан село, во фиљан земја, имало џамија толку висока та орлите ги колвале ѕвездите кога ќе застанале на минарето.
Уште неотиден Насрадин, втасал и Пејо и селаните го обиколиле да им каже дали навистина џамијата во тоа и тоа село била толку висока, како што рече Насрадин.
Пејо ја разбра и оваа лага од Насрадин и им одговори:
- Дали орлите ги колваат ѕвездите, јас браќа, не можам да тврдам. Ама знам кога ја довршил мајсторот џамијата и ја фрлил теслата од врвот на минарето, дури да падне на земја рачката беше изгнила. Сега сами ценете колку е висока таа џамија.
Се потврдиле лагите од двајцата лажговци и селаните ги нагостиле вечерта убаво. Дури им месиле и еден мариовски зелник.
Во тоа село им се придружил и некој друг трчи-лаж и им се замешал и во зелникот. Но зелникот бил голем, како мариовски, и вечерта не можеле сиот да го изедат. Но тоа што останало од зелникот било малку за сите тројца, та Насрадин решил со лага и лукавство да го изеде сам, па им предложил на Пеја и на новиот гостин и другар: кој ќе сонува ноќеска страшен сон, тој да го изеде зелникот.
Сите легнале, и утрото почнал Насрадин прв да го раскажува страшниот сон:
- Кога дојдоа ноќеска два орли, кога ме кренаа, како ме вишија, вишија дури во облаците, та кога ме пуштија одозгора, уште малку ќе ми излезеше душата да не бев се разбудил - рече Насрадин и длабоко воздивна, уверен дека од тој сон пострашен не ќе може да сонува никој од неговите ортаци на зелникот.
Новиот другар го раскажа својот сон:
- A јас пак, пропаднав на дното од морето. Mope, кога ми се набраа разни морски животни: риби, жаби, китови, крокодили, се знае ли уште какви ли не, одвај ја достискав душава да не ми излезе. Да не се разбудев, навистина ќе ми излезеше.
- Аха! И тоа е страшно - продрдоре Насрадин и му се обрна на Пеја:
- А ти Пејо, што сонуваше?
Пејо одвај го дочека прашањето и одговори:
- Јас пак, кога видов дека тебе, оџа, те кренаа орлите и те однесоа во облаците, а другаров овдека, пропадна во морето, станав ноќеска и го изедов зелникот. Што има да ве чекам кога нема да се вратите?
- Ах, ќерата, Пејо - се провикна оџата, но зелникот Пејо беше го откраднал уште на полноќ.
 
II
Шетале што се шетале Пејо и Насрадин во Мариово. Лагале што лагале, најпосле дошле во Прилеп. Бидејќи биле гладни, а пари немале да ручаат во некоја гостилница, почнале да се договараат како да дојдат до јадење.
Најпосле Пејо се досетил и му вели на оџата:
- Седи ти тука во анов и вали го огнот, a јас ќе одам да донесам некоја риба да испржиме.
И отишол на рибни пазар. Пазарил цел кош риби и му рекол на рибарот да го прати калфичето за да му даде пари и да си го прибере кошот. Овој се согласил и го испратил детето со Пеја. Арно ама, Пејо го свртел патот крај црквата и му рекол на детето: „Постој ти, малечок, тука да ми ги препее попот рибиве, зашто ми се за на гробишта, умре татко ми". Детето застанало, а Пејо низ другата врата излегол со кошот и право кај Насрадина во анот.
Чекало детето да излезе Пејо, чекало, и кога видело дека го нема, влегло и тоа в црква да го побара. Таму го нашло стариот поп како чита некоја голема книга. Штом го видел попот детето, веднаш го наврел епитрахилот на вратот, му тутнал една свеќа и крст во рацете и почнал да му чита некаква молитва. Одвај се разбрале дека тоа го бара Пеја со кошот риби. Се разбира дека попот не можел да му помогне на детето и тоа си отишло кај својот мајстор без пари и без кош.
Пејо ги однесол рибите кај Насрадина, но треба и масло за да се пржат. Па излегол, зел еден голем сунѓер и отишол во истата црква. Оттаму, оттука, го намакал сунѓерот во три-четири кандила и однесол некоја полока зејтин! Ја опнале тавата, ги напржиле рибите, но им притребал леб, а потоа им се присакало и винце. My порачале на анџијата и едното и другото и убаво се накркале. Кога дошол калфата да му платат, тие почнале да се прегрнуваат и да се препираат кој да плати. Најпосле Пејо му рекол на калфичето:
- Знаеш, што, малечок. Ние сме добри пријатели и другари. Подобри дури и од браќа, та не можеме да се погодиме кој да плати. Ами ајде ти да ни помогнеш. Ќе ти ги врземе очите со шамијава и кого ќе го фатиш тој ќе плати.
Калфичето се согласило, му ги врзале очите и почнало да ги бара по широката одаја, а Пејо и Насрадин во тоа време ја фатиле вратата и се изгубиле во градот.
Чекал, чекал анџијата да се врати калфата со парите и кога видел дека го нема, отишол дома да види што станува. Кога влегол во одајата, детето го слушнало по стапките и му се фрлило, викајќи силно: „Е, не мрдај, ти ќе ја платиш сметката".
- Јас ќе ја платам, ами кој друг, уште кога ти ги врзале очите - му одговорил анџијата и ја одврзал шамијата од детето, смеејќи се слатко на остроуми-ето од двајцата светски лажговци.

Се нашле некако како се нашле Итар Пејо и Насрадин-оџа и се договориле да одат по мариовските села да лажат и да надлажуваат, та да видат кој од нив двајцата поубаво ќе лаже.

ИТАР ПЕЈО И БЕРБЕРОТ
Дошол во еден пазарен ден Итар Пејо во Прилеп на пазар и решил да се избричи, та влегол во една берберница. Бидејќи го познаваа сите како шегаџија, берберот реши да се пошегува со него, та го кладе на столот спроти сонце и место да го сапуни како што му е редот, тој почна да му ја топи брадата со плунка. Така насапунет спроти сонце почна да го бричи, дури на Пеја не му се стемни на очите од болка. Го замоли да го пушти небричен и му го плати рупчето, колку се беа погодиле.
Кога Пејо излезе од берберницата на половина бричен, низ градот се разнесе смеа и шега, а берберот се држеше за стомак што успеа да го излаже и да го насамари овој мариовски мудрец.
Пејо ја разбра работата и си рече во себе: „Чекај си ти, пакосен бербер, ќе ми те сошијам јас тебе со самарна игла, ич да не се сетиш" - и отиде кај друг бербер да се добричи.
По една година од горната случка, пролетта, во лозја кроење, си го зеде Пејо сорот и помкна покрај берберницата во која се бричеше лани и почна да бара работа, да му го ореже лозјето на берберот, и тоа за евтини пари. Овој си помислил дека пак ќе го излаже Пеја и го пазари. Го одведе на лозје, го напои ракија, го наруча убаво, па и винце му даде и го остави да работи, не заборавајќи да му нареди и паричките да ги изнесе на крајот, откако ќе го ореже.
Кога си отиде берберот, Пејо почна со работа, но наместо да го реже лозјето, тој ги искорна сите пењушки од корен и ги изнесе на крајот како што му рече стопанот. Околу ужина отиде во берберницата да си ги прибере парите за денешната работа.
Берберот сиот радосен дека за евтини пари Пејо му го орежа лозјето, пак го напои и на разделување го праша:
- Убаво ли го орежа, Пејо лозјето?
- Многу убаво, чорбаџи, многу - одговори задоволен Пејо - уште еднаш не ќе треба да го режеш.
- А дали го исчисти убаво, Пејо? - пак праша берберинот.
- А, ха! Ни прачка, ни пењушка не остана на земјата. Чисто е како тепсија - одговори Пејо.
- Ами плаче ли, Пејо?
- Плаче ли? Уште прашаш, пријателе мој! He само лозите што плачат, ами кога ќе отидеш ти, ќе зареваш кога ќе го видиш колку убаво сум го орежал. А тоа ти е, пријателе, за она ланското бричење на суво и спроти сонце - му објасни Пејо и си побегна во Мариово да си мудрува.

Дошол во еден пазарен ден Итар Пејо во Прилеп на пазар и решил да се избричи, та влегол во една берберница. Бидејќи го познаваа сите како шегаџија, берберот реши да се пошегува со него,

ИТАР ПЕЈО, ПОПОТ И АЛВАТА
Служел Пејо кај некојси поп. Попот, како поп, често си правел алва. Арно ама, еден ден направил повеќе отколку што можеле да изедат со Пеја, та скоро половината им останала. За да не ја изеде Пејо останатата алва сам кога ќе излезе попот некаде по работа, овој намислил да го заплаши Пеја со нешто и му рекол:
- Слушај, момочко. Јас во алвата турив отров. Да не те лаже умот да каснеш без мене, зашто ќе се отруеш.
Го викнале попот в црква да крсти, на гробишта да пее, да закопува некого, а Пејо останал сам дома и намислил да ја изеде сам алвата, сигурен дека никаков отров не турил попот во неа. А за да може да се оправда пред попот и тој смислил една лакрдија.
Како што цепеше дрва во дворот, стана, ја скрши намерно дршката на секирата, отиде, ја изеде сета алва, и продолжи да цепи дрва со скршена дршка.
Кога се прибра попот и виде дека алвата ја изел Пејо, почна да се кара и да го пцуе, а Пејо почна да му се правда.
- Ја скршив - вели - дршката од секирата, и плашејќи се да не ме караш и биеш, решив да се отрујам, па затоа ја изедов алвата.
Попот се насмевна, иако не му беше за смеење, и му прости на Пејо и за двете штети што му ги направи во тој ден.
 

Служел Пејо кај некојси поп. Попот, како поп, често си правел алва. Арно ама, еден ден направил повеќе отколку што можеле да изедат со Пеја, та скоро половината им останала.

ИТАР ПЕЈО BO БЕРБЕРНИЦАТА
Дотпол Итар Пејо во Прилеп на пазар да продаде нешто, да купи нешто и да однесе некоја пара дома да му се најде за зол час. Ги нарами дисаѓите на рамо и две грнчиња в раце и пукара-чу-кара дошол. Дошол и никаде на ан не се вратил, бидејќи не терал добиток да го врзе, ами така, со товарот на рамо влегол во една берберница да се потстриже и избричи, па после ќе оди да бара муштерии за стоката што ја носел во дисаѓите и грнињата. А не еднаш Пејо наоѓал муштерии за својата стока и тука по берберниците и други дуќани, та ја арчел без да оди на пазар и да плаќа дулие и други дажбини.
Влегол во берберницата каде што ги познавал добро берберот и калфата и ги оставил дисаѓите и грнчињата до столот за бричење. Калфата штотуку добричувал еден муштерија и веќе го пудрел кога Пејо седнал на столот и берберот го прашал:
- Да го симнеме руното, Пејо? - и веќе му ја симнал валаницата од главата и почнал да му ја бушави и инаку бушавата коса.
- Ќе го потсимнеме, ама не сосем. Сакам да ме направиш угич. Знаеш како ги стрижиме ние во Мариово угичите? Co самарче на грбот... Така сакам да ме направиш - му одговори Пејо.
Берберот почнал да му ја врзува крпата околу вратот и го продолжи разговорот.
- Ех, јас не знам! Зошто сум бербер ако не ги знам сите чешити стрижења и бричења. Ти само седи, ќе видиш што угич ќе те направам, - и си ги зел ножиците, обрнувајќи им се на калфите и на добричениот муштерија Тома:
- Го слушате Пеја наш како сака да го стрижам? Како угич, вели. Сака да се рогуши пред мариовките како угич меѓу овците. Е, ќе го направам, луѓе, и сам да не може да се познае - и си почнал да го стриже Пеја напратје како што се стрижат јарците и козите.
Пејо отпрвин почнал да се кремши, да трепка со очите, да гледа во огледалото, но веднаш се тргнал и му ја фатил раката на берберот, викајќи:
- Стој, побратиме стој - почнал уште повеќе да се ѕвери во огледалото, да ја врти главата подобро за да го види стрижењето, па му се врекнал:
- Ти така напразно си се фалел, побратиме! Изгледа абер си немаш како се стрижи брав-угич, a како прччепиш. Јас ти реков да ме стрижиш како угич, а не како прч напратје.
Берберот се тргнал од Пејовото викање и небаре почнал да се чуди:
- A, а, сега знам, знам! Co самарче сакаш, нели?
- Ти реков, де! Co самарче, не вака напратје...
- Е, е! Ти само седи и мирувај! Ќе те направам како што сакаш - почнал да го потстрижува високо, така што на Пеја му останала коса само на темето, нешто налик на китајско перче.
Пејо се погледнал во огледалото и почнал задоводно да се смешка:
Ете така! Ова се вели угич. Сиот потстрижен, само по грбот самарче. Ox, ox, ох! - издивнал Пејо и си ја\истресол косата.
Берберот си ја симнал крпата од Пејовиот врат па го прашал:
- И бричење, Пејо зар не?
- А, ха! - потврдил Пејо со главата. Берберот пак му ја клал крпата околу врат на
Пеја и му се обрнал на калфата:
- Ајде, дете, насапуни го братучед ти Пеја да му го тргнам бричот.
Во тоа време муштеријата Томо беше станал од столот и сакаше да си оди, но сакаше прво да види што ќе стане со Пејовото бричење, та кога берберот му рече на детето да го сапуни Пеја, Томо се замеша во разговорот.
- Зошто да го сапуни? Толкав маж, јунак, ќе го сапуни. Срамота е. Како ме избричи мене на суво, ќе го избричиш и него. He дека е тој почурук од мене?
Пејо веднаш пламна: - Кој почурук од тебе? Пејо од Мариово подолен од еден јорганчуџук-граѓанец?
Кога ги слушна овие зборови берберот почна и тој со своите шеретлаци:
- Навистина, Пејо, твоите селани сите насуво се бричат. Само ти којзнае дали ќе издржиш. Да не ти е лута брадата, та да ми го искршиш бричот?!
- Лута -не лута, барај си брич. Кога можат тие насуво да се бричат, зошто пак јас да не можам? Ајде, и инаку имам брза работа; не задржувај ме со тоа твое лигавење - сапунење - му одговори Пејо и чекаше да го бричи.
Берберот го зеде бричот и место да го точи, тој почна да го аби од каменот. Тргна еднаш-двапати и брадата почнала да прска настрана, а Пејо да се мурти од болки.
Во тоа време на вратата влезе друг муштерија, чорбаџијата Мито со 2-3 пилиња в раце. Ги остави пилињата во ќошот и им се приближи на берберот и Пеја.
- Добар ден, мајстор Димче - го поздрави Мито берберот и продолжи: - Машала, машала и Пеја си го налегнал денеска. - Го погледна во главата Пеја и се насмевна: - Ама си го направииил! Цел угич, машала! Има да блеат Мариовките по него...
Пејо го искористи разговорот со чорбаџи Мита и му ја задржа раката на берберот, а му се обрна на чорбаџи Мита:
- А бре, чорбаџи Мито! Зошто сте толку злобни вие чорбаџиите? - му рече и му се втренчи право в очи.
Мито стана сосем сериозен, па му одговори: -Оти, бре Пејо?
- Оти? Ами, ете, оти! He оставате да живее сиромав покрај вас.
- Ама што е, Пејо? Барем ти ништо лошо немаш видено од мене.
- А бре, јас! Остави ме мене, туку другите сиромаси не можат да се омрсат од вас чорбаџиите - му одговори Пејо.
- Е, што не можат да се омрсат? Кажи де? -почна да се мурти Мито.
- Ех, што не можат да се омрсат! Ене гледам си купил пилиња, тоа што можат и сиромасите да купат. Ами ти си чорбаџија човек; ти дал господ пари со товари, што се вели зборот. Купи ти нешто друго што не можат да го купат сиромасите. Остави им ги ним пилињата.
- Што да купам друго, бре Пејо? Од јагне и пиле има нешто послатко? - му одговори Мито.
Пејо одвај го дочека она прашање и со најсериозен тон му се обрна на чорбаџијата:
- Ами што да купиш... Купи... купи... (се замисли за миг, па како навиен будилник отпетла): Купи едно магаре да има цела недела да јадеш... Остави им ги пилињата на сиромасите...
При овие Пејови зборови сите четворица почнаа да се смеат, а чорбаџи Мито се намурти и му врекна на Пеја.
- Ќе купам магаре, Пејо, ама ти да го јадеш, а не јас, гиди едепцез ниеден. He знаеш што зборуваш. Кој јал магаре, та и јас?
- Ама така се велит лафот, та сигурно нема да купиш магаре, ниту пак ќе го јадеш, ами јас реков да ти напомнам да не им го земаш залакот од уста на овие сиромаси - почна Пејо да го успокојува чорбаџијата и му ги покажа со глава берберот и калфата.
На овие Пејови зборови чорбаџијата се поразведри, та дури и тој почна да се смешка, ако не му беше право што го насамари Пејо.
- Има и за нив, Пејо, има. He жалај ги ти нив. Ете, за едно стрижење - бричење, ќе им ја наполниш тавата јајца, ако не ти го земат и грнчето - рече и погледна кон грнињата, па продолжи: - Навистина, што донесе, Пејо, на пазар од Мариово?
- Што имав - тоа донесов! Да не сакаш и тоа да им го земеш од пред носот? - му одговори Пејо и пак погледна во дуќанџиите.
- Co пари, Пејо, со пари. He им го откинувам јас, ниту пак ти гачкам, господ да чува. Туку, речи што има во грнчињава?
- Што им треба на чорбаџиите има! - му одговори Пејо и почна да сесмешка под мустаќ.
- Маст? Мед? - веднаш погоди чорбаџијата.
- Токму тоа: маст, мед, што не јадат сиромасите. Мито почна да се оближува кога Пејо му рече дека има мед:
- Ами, цеден е медот или пити?
- И медот е цеден и маста е топена, туку прашај го мајсторов дали ќе ти отстапи, зашто јас немам пари за стрижењево и бричењево...
Мито веднаш му се обрна на берберот.
- Ќе го земеш. Димо, или да му дадам пари да ти плати?
Берберот пак го навали Пеја на столот да го подбричува. Почна да трга со бричот така на суво.
а Пејо пак почна да се мурти, дури и солзи му навреа во очите.
- Зедов јас, чорбаџи утринава, не ми треба - му одговори берберот на чорбаџи Мита, и му се обрна на Пеја:
- Што е Пејо, што се муртиш? Да не те боли? -го праша и престана да го бричи.
Пејо се подисправи на столот и почна да си ги брише солзите:
- А бре, не ме боли... туку знаеш што? Навистина и јас сум од Мариово, ама посмртче сум роден, та не сум јунак колку другите мариовци што се бричат насуво. Ако е кабил, насапуни ме малку да не ти го расипам воздухот во дуќанов - му рече на берберот, па му се обрна на чорбаџи Мита:
- Почекај ме, чорбаџи, ако сакаш да ги земеш маста и медот.
Берберот виде дека Пејо не може да издржи насуво бричење и му нареди на калфата:
- Ајде, дете, насапуни го Пеја дури да ја испушам цигарава. - Си извади цигара, та му даде и на Тома и на Мита и подена со нив разговор во еден агол во дуќанот, а калфата почна да го сапуни Пеја. Но наместо да го натопи со вода, почна да му плука в лице и да трие со тврдата четка. Берберот, Мито и Томо, гледајќи што му прави калфата на Пеја, почнаа да се кикотат, а Мито продолжи со разговорот:
- Го слушнавте што едепцез е? Купи, вели, Maгape да јадеш цела недела. Да би срчка го изела, да бог да даде. Ќе јаде тој трици овесови, a јас ќе јадам пилиња, и маст и мед. Баш за инает што ме насамари. налегајте да му ги земеме поевтино, па ако сакате и да ги делиме.
- Земи ги, чорбаџи, земи ги. Јас зедов изутрина малку; доста ми е. Па, право да ти кажам, и пари немам за трошење. Ми треба некоја пара... - му одговори берберот на Мита, но затоа пак Томо му рече:
- Да ги земеме со мене. Јас маста, ти медот. Само гледајте да го налегнеме на цената. He дека пак тој знае за цена?
- Знае тој само шеретлаци, а за друго, ќутуци се сите Мариовци - му одговори чорбаџи Мито, a берберот го праша калфата:
- Ајде, дете, готов ли си?
Калфата го изнаплука Пеја, го истркала со четката и му одговори на берберот:
- Готов, мајсторе, готов. Повелете!
Сите тројца тргнаа кон столот на Пеја и берберот почна да го точи бричот, а Мито му застана на Пеја зад грб и го праша:
- Навистина, ќе ми го продадеш ли медот, Пејо?
- Јас пак за маста сум муштерија - веднаш по Мита го праша Томо Пеја.
- Почекајте нека ме избричи мајсторот, па ќе го правиме муабетот - им одговори Пејо на обајцата муштерии.
Мито и Томо седнаа зад Пеја и во еден глас го замолија берберот:
- Ајде, мајсторе, побрзај, да свршиме работа со Пеја.
Берберот почна безмилосно со бричот по Пејовата брада. Набрзина го избриче, му ја симна крпата од вратот и му рече:
- Ha здравје, Пејо!
Пејо издивна длабоко, се фати за лице, се огледа во огледалото и му одговори: - Здравје да имаш, ама...
- Ама не издржа на суво, а? - му рече берберот. Пејо почна да ја врти главата заканувачки: - Ти реков де! Посмртче сум роден, затоа не сум јак колку другите мариовци. Туку... што правиме сега за плаќање: јас немам готови пари...
- Еве, ќе земеш од чорбаџиите за маста и медот, - му одговори берберот.
Пејо почна да се мисли: - He, море! Тие пари треба да ги однесам дома на Пејовица. Ами носам
десетина јајца. Да ти дам пет-шест ако е мунасип.
Ете нека му се прави ќефот и на чорбаџи Мита, што рече преѓеска, навистина ќе ти ја наполнам тавата. Берберот ја заврте главата: - Најпосле и така нека биде, Пејо. И инаку денеска е пазар, не одиме со калфата дома на ручек. Ќе ги испржиме тука на мангалот. Ама ќе дадеш осум. Толку на есапот ќе дојде: осум јајца по пет пари таман грош колку што чини стрижењето и бричењето.
- Седум ќе ти дадам, седум. Види им го аирот и со здравје да си ги јадеш - му одговори Пејо.
- Аирлија нека е, Пејо! Едно јајце, ја било ја не било - се согласи берберот и Пејо стана од столот и извади од дисаѓите седум јајца и му ги кладе на калфата во фесот.
Кога Пејо му плати на берберот, чорбаџи Мито го праша Пеја:
- Ајде, Пејо, колку пари му бараш на медов? Колку ока има?
- He сум го мерил, ни пак знам од ока-полока! Гутуре ќе го платиш десет гроша... - му одговори Пејо.
Чорбаџи Мито се приближи до грнињата, го поткрена едното, му го поткрена капачето, пробу-ричка со прст и лизна од медот.
- Велиш има две оки, та да го платам десет гроша?
- Ти реков, де? Една, две, три - гледај ти. Јас сакам десет гроша сосе грне. He можам да го чекам да препразнуваш дома. Знаеш каде е Мариово. Треба бргу да си одам. Me чека Пејовица.
Мито пак го поткрена грнето. My се стори дека има над три оки мед. И тоа цеден мед, па му рече на Пеја:
- Да ти дадам осум гроша, Пејо?
- Само десет, чорбаџи!
- Ја девет, бре Пејо?
- Реков јас дека вие чорбаџиите сте стипци! He јадеш ти, чорбаџи, цеден мед за три гроша ока, не...
На овие Пејови зборови чорбаџијата Мито се поразлути:
- Е, да видиш дека ќе јадам, Пејо. Аирлија нека е. Го зедов. Десет - десет! И го извади ќесето, та му изброја на Пеја десет гроша.
- Ја масва, Пејо, колку пари? - го праша чорбаџи Томо и го поткрена и тој другото грне; зеде со    прст и ја проба.
- Десет гроша, чорбаџи - отсечно му рече Пејо.
- Маста е поевтина од медот Пејо, и полесна.
- Маст е маст - медот е мед! Јас сакам и за неа десет гроша; ако ти чини - земи ја. Ако не... ене ми го маст-пазар; што е мое - ќе земам...
- Ајде нека е аирлија. Me бендиса, чиста стока, ќе ја земам - му рече чорбаџи Томо.
Кога Томо рече дека е чиста стока, Пејо се заврте настрана, си ја кладе раката на устата и почна да се кикоти и сам да си зборува за себе:
- Чиста е, чорбаџи, чиста. Само гаќникот бачот што си го омаца во врвот, инаку многу е чиста. Тоа што лижеа пците од неа, не дека е гнасно!
Во тоа време чорбаџи Томо веќе го извади ќесето и му ги брои десетте гроша на Пеја, зборувајќи му:
- Повели, Пејо, и со здравје да си ги потрошиш. Пејо си ги пушти парите во џебот од кудријата и тој го благослови чорбаџијата Тома:
- Сполај ти, чорбаџи, сполај ти! И ти со здравје да си ја јадеш...
Мито и Томо си ги зедоа грнињата, се подбуцнаа, му намигнаа на берберот дека го излагале Пеја. Чорбаџи Мито си ги зеде пилињата и си излезе од берберницата, поздравувајќи се со берберот и Пеја:
- Збогум, мајсторе, збогум, Пејо!
- Co здравје, чорбаџи, со здравје да си ги јадете маста и медот - ги испрати и Пејо и почна да се кикоти па некако како да се присети нешто, му се обрна на берберот..
- Да не имаше едно време кадраџија тука кај тебе, мајсторе? Сакам да се кадросам вака убаво стрижен и бричен...
- Како не, Пејо, како не! - извика мајсторот божем восхитен. - Еве го надвор кај чека муштерии! - А кон калфата: - Оди, дете, викни го кадраџијата да го кадроса Пеја.
- Веднаш, мајсторе, веднаш, - одговори калфата и истрча низ врата.
За миг влезе фотографот во берберницата.
- Повелете, мајсторе, да кадросам некого? -праша и се погледна во Пеја и се насмевна.
- Побратимов Пејо сака да се кадроса, туку многу се брза. Ако можеш набрзина да го чкрапнеш. И за плаќање - со јајца плаќа.
- Таман денеска немам ништо за ручек. А за бргу ако сака, имам јас и готови. Може да си избере, да не чека.
- Аман, де? - извика Пејо. - Уште поарно. Дај да ги видам тие готовите, да не губиме време, ни ти ни јас...
Фотографот извади едно топче слики од мажи и му ги даде на Пеја. Овој ги преврќа, загледувајќи се во секоја, па при крајот се задржа на една убава слика од младо момче селанче:
- Еве, оваа личи на мене. Ќе ти дадам три јајца за неа - му рече на фотографот.
- Пет ќе дадеш за неа, Пејо. Гледаш што е убав? Ете каков сум те кадросал! 'Рслан! Чевен момче, зар не?
- Три, три! Толку останаа. Ни половина повеќе немам. А и да имам не давам повеќе за готова слика...
- Аирлија нека е, Пејо! Давај ги - се согласи фотографот.
Пејо си ја кладе сликата в пазуви, ги зеде дисаѓите, ги извади трите јајца и му ги даде на фотографот, пак со истиот благослов:
- Алал нека ти се, и со здравје да си ги јадеш... - си ги крена дисаѓите на рамо и си излезе од берберницата; завртувајќи се од вратата му довикна на берберот:
- Збогум, мајсторе, и добро видување до пазар...
Берберот го испрати со насмевка:
- Збогум, Пејо, и гене бујрум до пазар. Доведи ја и Пејовица да ја направам угич и да се кадроса.
Пејо си излезе, а берберот почна да разговара со фотографот.
- Ама будала Мариовец! Готова слика зеде; три-четири оки мед и мас им ги даде за по десет гроша. Да знаев дека толку евтино ќе ги дадеше, ќе ги земев јас...
- Такви се тие горјани. Ни есап ни ќесап не знаат. Се ѓутуре продаваат - ѓутуре купуваат. Туку... како ќе ги готвиме ние сега јајцава? Вие двајцата имате седум, јас три. Горе-долу по токму сме. Ајде да ги испржиме заедно, а јас ќе давам полока вино што му ги зедов на Пеја за бадијала. Вие ќе ја дадете пак маста!
И берберот му нареди на калфата:
- Распретај го, дете, мангалот и земи го тавчето; тури малку од маста што ја зедовме утринава.
Калфата го донесе мангалот на сред берберницата, го распрета жарот, ја донесе и тавата со маст, ја кладе да се топли. Берберот ги зеде јајцата и еден пјат да ги крши во него и да ги мати за да прави кajгана. Зедоа столови обајцата со фотографот и седнаа крај мангалот. Калфата ја држи тавата. Берберот му рече на фотографот:
- Ќе ги изматиме во пјатов да збувнат. Десет јајца - таман манџа што велела итрата невеста. - И почна да крши две јајца едно од друго. Уште со првото удирање едното пукна, а берберот се вџаши. Го поднесе под нос, го помириса и се намурти, обрнувајќи му се на фотографот, му рече:
- А бре ми, ова - смутка пустињево? - и му го поднесе под нос и тој да го помириса. Кога го мирисна, и тој се намурти, па веднаш ги чукна и неговите две ама веднаш и тој ревна:
- А бре ми, и ова?
- Ах, суртук Пејо, туку чекај да видиш, ако ми стапнеш уште еднаш во дуќанов - почна да му се заканува берберот на Пеја и ги искрши сите јајца, ама сите излегоа смутки. Така навреден берберот, почна да си зборува:
- Е, луѓе, за колење е откај вратот овој Пејо. Ем, ако ми дојде другпат, ќе му го тргнам бричот како на jape. Види како не насамари објацата... почна да ја врти главата заканувачки и да цука.
Дури така цукаа и се чудеа берберот и фотографот, ене ти го на врата се појави чорбаџи Мито и почна да вика:
- Кај фати, бре тој лажго; сортата негова мариовска! - и дојде до мангалот. Го погледна берберот и двајцата почнаа да се смеат.
- Смутки? - го праша, покажувајќи со главата на искршените јајца.
- Сите до едно - му одговори берберот. – A тебе?
- Мене?.. уште побетер, верата негова мариовска. Погоди што ми продаде. Берберот ги крена рамениците. - Откај знам!
- Смола борова, брату, смола. Ама така личи на цеден мед, та слинките ќе ти протечат кога ќе ја видиш. А, кладе ли в уста една капка - пелин не и е рамен. Горчи, пелин, ти велам!
Дури сите се изнасмеаја убаво, на вратата се појави и другиот чорбаџи Томо и тој ја разбра работата, та почна и тој да се смее. Берберот и него го праша:
- А тебе, чорбаџи Томо?
- Се знае моето, урда. Го наполнил син мајчин три череци урда, а два три прста маст одозгора и ми ја тапоса сега место маст.
- Затоа ги продаваше и медот и маста сосе грниња!.. - се сети сега чорбаџи Мито, па продолжи:
- Најпосле, нека ни е на здравје на сите. He соши тој маж со самарна игла; нека ни е за ум да го лажеме Итар Пеја од Мариово...

Дотпол Итар Пејо во Прилеп на пазар да продаде нешто, да купи нешто и да однесе некоја пара дома да му се најде за зол час. Ги нарами дисаѓите на рамо и две грнчиња в раце и пукара-чу-кара дошол.

ИТАР ПЕЈО - КАДИЈА
Пак дошол Итар Пејо од Мариово во Прилеп и поминал крај една фурна. Се разбира дека бил изморен и гладен, та кога ги фрлил очите на тезгата и кога му замирисале топлите сомуни, симиди и тави со разни печива, слинки му протекле, а цревата почнале уште толку да му кркорат. A кога видел на тезгата една убава дебела гуска во една тава, за мерак испечена, веќе не можел да се воздржи.
- Чија е гускава, фурнаџија? - го прашал фурнаџијата со полна уста слинки.
- Од кајмакамот - му одговорил фурнаџијата, и тој голтајќи ги слинките кога погледнал во гуската.
- Како би било да и се гостиме ние сега? - го прашал Пејо фурнаџијата и му покажал со главата на гуската.
- Како ќе се гостиме, слепче, ќе не одере кајмакамот.
- Драл-не драл, таа ќе биде, туку да не губиме време. Внеси ја во одајата и земи еден топол сомун... - просто му наредил Пејо и се мушнал во одајчето од фурнаџијата. Влегол и почекал да ја донесе фурнаџијата гуската.
Фурнаџијата го знаел Пеја како шерет човек, но сега сакал да разбере што шеретлак крои, та го прашал:
- Ами кога ќе ја побара кајмакамот, што ќе му одговорам?
Пејо не се ни замисли:
- Ке му речеш дека гуската летна од тезга сосе тава печена.
Фурнаџијата се насмевнал, и, повеќе за шерет-лак, се согласил. Ја внесол гуската кај Пеја и за миг ја растргнале на парчиња. Почнале да јадат и да се смеат, но фурнаџијата пак се стрелушил... „Како ќе излезе оваа работа? Кој ќе му верува нему дека летнала гуска сосе тава, и тоа печена?" Затоа почнал да го испитува Пеја како да се правда пред кадијата, зашто сигурно кајмакамот ќе го тужи и ќе мора да оди на суд кај кадијата.
- Ама кога ќе ме отера кај кадијата, што велиш ти, Пејо, како ќе поминам таму? Ќе ме умрат од ќотек со кајмакамот, та остави што ќе ме осуди да ја плаќам.
- He грижи се - спокојно му одговорил Пејо. -Ти само кркај - да се накркаме, другото јас ќе го редам.
- Ти ќе го редиш, ама галиба по мојов грб - се жалел фурнаџијата.
- Немај гајле, немај. Пејо мислел и за тебе кога ти зборувал...
- А, како немај гајле, џанум? Кажи што мислиш?
- Ај, казан ти на глава! Што мислам и ќе направам; влакно од главата да не ти падне, тоа мислам.
- Е, како! Ќе поверува кадијата дека летнала гуската сосе тава?
- Ќе поверува како ништо. Ама зошто ќе речеш, зашто јас ќе бидам кадија.
Фурнаџијата уште толку се зачудил. Откаде - накаде Пејо од Мариово - кадија? Ама Пејо не го оставил да се чуди:
- Кадијата овие денови се смени. Новиот многу личи на мене, а ми кажаа дека изутрина отишол во Битола по анчето. Во кадилакот не се ни јавил. Јас сега оттука ќе појдам кај Насрадина, ќе се облечам во неговите алишта, ќе ја турам неговата капа и чалма и ќе станам поарен кадија од самиот кадија. Ќе појдам во кадилакот, нема да ме препознаат. И кога ќе те дотера тебе кајмакамот, јас ќе ти судам. А како ќе пресуди кадијата, така ќе биде. Разбра сега зошто ти велам да кркаш и да не бериш гајле?
Фурнаџијата се посмирил малку, но сепак загрижен си ја почнал редовната работа, чекајќи го кајма-камот по гуската и крајот на Пејовиот шеретлак.
Некој час пред ручек време, еве ти ја слугинката од кајмакамот:
- Готова ли е гуската, Василе? - ја побарала прво таа.
Васил почнал да го трлка грбот од фурната. Го пријал, значи ќе јаде ќотек, но нема што, почнал како што го научил Пејо:
- Ax, вие да сте живи со кајмакамот; гуската летна сосе тава кога ја извадов од фурна печена.
Слугинката почнала да се смее, па му рекла:
- Ајде извади ја, не играј мајтап со мене. Летнала печена гуска! Како можела да летне заклана, искубана, па дури и печена гуска?
- Така, летна од тезге. И тоа сосе тава. Се залепила за тавата, та и неа ја понесе во облаците.
- Ќе го кркаш копанот ти денеска, гледам... -почнала да се лути и да му се заканува слугинката.
- Од гуската? Ако... - и потфрлил фурнацијата.
- Mope од кајмакамот, та за од гуската и јас сакам, туку види, извади ја зашто гладен е, та ми рече макар и недопечена да ја однесам.
- Навистина, навистина летна - сосем сериозно и рекол фурнаџијата. - Оди така кажи му на ефендијата. Што сака нека прави. Било таксират -ќе купам една гуска и ќе му ја вратам...
Слугинката ја завртела главата и си отишла, та му кажала на кајмакамот како што и рекол фурнаџијата.
Кога ја слушнал кајмакамот слугинката зоврел од лутина.
- Како можела да летни гуска од тезга и тоа печена и сосе тава? - ревнал и го грабнал грбачот, та му отишол на фурнаџијата:
- Камо гуската, бре ќерата? Како летна мојата гуска сосе тава, а? Гуската, зашто сега ќе ти ги кршам коските, жими вера! - и му влегол внатре во фурната и замавнал со грбачот, викајќи колку што може: - Гуската, гуската, камо гуската, бргу ваму гуската...
- Летна, кајмакам ефенди, што сум виновен јас?
- А бре, како летна, бре заклана гуска, искубана гуска, па и печена летнала и тоа сосе тава, бре! Мене најде да ме маслосуваш? Гуската, зашто сега ќе ти ја потсечам главата на прагот - и пак почна да мава.
Фурнаџијата ја наведнал главата, се фатил со раце за неа и истрчал на улицата и почнал да бега по улица. Кајмакамот се втурнал по него да го брка, не престанувајќи да мава по грб, викајќи патем:
- Држете го фурнаџијата, народе, држете, држете...
Бегајќи така по улица, фурнаџијата удрил во едно тесно сокаче што било преполно со народ и доби-ци, бидејќи бил пазарен ден. He можејќи да помине низ добиците, фатил едно магаре за опашка за да го поистави од патот, и така силно му ја оптегнал опашката што му ја скинал. Се загнал по него и стопанот од магарето да го брка што му ја скинал опашката на неговото магаре. Се сториле двајца со кајмакамот.
Бегал понатаму кутриот фурнаџија и поминал крај една маска на која јавала една анамка. Маската била ујлија, се потплашила од него, рипнала и ја фрлила анамката сосе малото дете што си го држела на скутот. Паднало детето несреќно на калдрмата и наместо издивнало. Се загнал и таткото од детето да го брка фурнаџијата. Се сториле тројца гонители по фурнаџијата.

Пак дошол Итар Пејо од Мариово во Прилеп и поминал крај една фурна. Се разбира дека бил изморен и гладен, та кога ги фрлил очите на тезгата и кога му замирисале топлите

ИТАР ПЕЈО ГО НАДМУДРУВА „ГОРНИОТ"
Ум царува Ум робува Ум гуски чува (Народна пословица)

"Ум царува Ум робува Ум гуски чува (Народна пословица)

 Од сите живи суштества на земјава наша, само човекот е надарен со ум и разум.

ПЕЈО CO ТУЃИ ЧИЗМИ HA ОРО
На еден Велигден Пејо немал чевли за на оро, та позајмил едни чизми од соседот - чорбаџија

На еден Велигден Пејо немал чевли за на оро, та позајмил едни чизми од соседот - чорбаџија , дошол на сретсело и се фатил на танец.

ИТАР ПЕЈО ПОЗАЈМУВА КАЗАН ОД КОМШИЈАТА
Позајмил Пејо од еден комшија -чорбаџија казан да си свари сапун. Го позајмил и го задржал подолго време кај себе. Стопанот не го побарал и Пејо решил некако да не му го врати - ако се може.

Позајмил Пејо од еден комшија -чорбаџија казан да си свари сапун. Го позајмил и го задржал подолго време кај себе. Стопанот не го побарал и Пејо решил некако да не му го врати - ако се може.

ПЕЈО НЕ ГЛЕДА НОЌЕ
Го виде нашиот Пејо жешкото на фронтот и почна да си крои план како да измрда некоја и друга недела.

Го виде нашиот Пејо жешкото на фронтот и почна да си крои план како да измрда некоја и друга недела. Крои - шета, не знае што мана да си најде и најпосле дувна во тутунарката која беше полна тутун и си ги наполни очите.

ПЕЈО ВОЕН ГОТВАЧ
Виде нашиот Пејо дека таинот што го даваат на фронтот одвај за едно јадење стасува, та намисли некако да се погрижи за својата благотробна менза.

Виде нашиот Пејо дека таинот што го даваат на фронтот одвај за едно јадење стасува, та намисли некако да се погрижи за својата благотробна менза.

ПЕЈО СИМУЛИРА
Како на сите војници така и на Пеја наш, колку и да беше „патриот" непара му се седеше во окопите, та реши да поклинчи некој ден и друг во заднината. Се знаеше дека здрав војник тешко пуштаат на одмор.

Како на сите војници така и на Пеја наш, колку и да беше „патриот" непара му се седеше во окопите, та реши да поклинчи некој ден и друг во заднината. Се знаеше дека здрав војник тешко пуштаат на одмор.

ИТАР ПЕЈО КМЕТУВА
За време на Првата светска војна навратија неколку бугарски војници во Пејовото село и го побараа кметот.

За време на Првата светска војна навратија неколку бугарски војници во Пејовото село и го побараа кметот.

ЗА СТАЛЕ ПОПОВ
Приказните не би биле тоа што се, ако освен чувството на задоволство кај слушателот (подоцна и кај читателот) не би предизвикале често и повеќе од тоа.

Приказните не би биле тоа што се, ако освен чувството на задоволство кај слушателот (подоцна и кај читателот) не би предизвикале често и повеќе од тоа.  

За прв пат Пејо става гаќи на себе кога решил да се жени.

Итар Пејо си имал посестримки во секое село и при едно минување покрај плевната на посестримата Дафина забележал

Пејо беше познат во Мариово и Прилеп и како маж кого го сакаат посестримите поради неговата како тие велеле машкост.

Алија заптијата од Прилеп бил по карактер лош човек, што ќе рече Пејо песосан.

Ристо Дрцко од Прилеп имал касапница во пазарот. Сите Мариовци купувале кожи, месо, пастрма од кај него,

Bo Австралија Пејо ce вработил прво кај една богата Англичанка. Работата не била тешка, ама смешна, што велел тој.

Пејо, како и сите нудисти во Австралија во слободното време, кога Англичанката се одмарала се слекол огул гол,

Го довел татко му Пеја во Прилеп на пазар да го главува момок.

Еден од Пејовите селани го заболел заб. Кај ќе оди да го вади ако не кај Пеја. Отишол и го праша:

Една година излегол владиката од Битола и тргнал по мариовските села на таканаречената „Канонска визитација"

My се случило еднаш на Пеја наш да оди и тој во Белград.

Пак го донесла сарата Пеја да оди некаде со воз.

Остана Пејо една година без паричка, та почна да размислува како да дојде до некој грош.

Една година Пејо заклучи договор со воената единица што беше во Мариово да доставува за аскерот месо и дрва.

Еден ден пресекол Пејо еден даб во својата нива, ама немал шумска дозвола.

Се облече нашиот Пејо во војнички алишта и стана војник од глава до пети.

Како сите другари, и Пејо требаше 1914 година да положи клетва за верност на кралот и татковината Србија.

Нели е војник и тоа ќе му се случи — да стражари. И наш Пејо редовно си ја вршеше оваа должност.

Ретко некој по Мариово да не знае да свири на гајда или барем на шупелка.

Се скина Солунскиот фронт на Добро Поле и „храбрата бугарска армија" со трчанка се разотиде по сите краишта на отечеството.

Работел Пејо долги години и најпосле затиштил и тој извесна сумичка пари. Затиштил и се задумал што да прави со нив.

Остарел веќе Итар Пејо и почнал да мисли за „Оној свет".

Мапа на Мариово

mapa na mariovo

Настани во Мариово

itar pejo kalendar na nastani th

Топ Дестинации

Топ дестинации во Мариово

Топ Дестинации

Лековити растенија

Билки и лековити растенија

Лековити билки

Мапа од Мариово

Најди на мапата

Мапа

Песни од Мариово

Песни од Мариово

Песни од Мариово