HA АТПАЗАР во Прилеп оваа сабота вриеше од народ. Пазариштето беше полно со секаков крупен добиток, та „одвај ја држеше земјата на своите плеќи".

Booking.com

BO КОНАКОТ каде што ги затворија грабнатите деца настана страшна пискотница. Затворените деца Мариовчиња исплашени од јатаганите на сејмените патема, се смирија и влегоа во конакот како јагниња во трло.

УТРЕДЕНТА, по пленувањето на децата, дедото Богдан си отиде в село. Син му Трајко и снаа му Велика ги видоа добиците на портата и излегоа да ги пречекаат пазарџиите радувајќи се што си дојдоа навреме и што свршиле работа.

ТОКМУ BO ТАА ЕСЕН кога Сирмевци се приготвуваа за свадби, седеа група агалари во едно од прилепските кафиња и слушаа како еден од нив раскажува; кога, одеднаш се разнесе силна смеа во кафето:

- А-А-А-А! ОВАА HE ЈА БИВА ВАКА - се замислија повидните луѓе од сите мариовски села на чело со земскиот кмет Димитрија Сталев и почнаа да мислат како да ја избегнат опасноста: со спогодба - покорност - или одбрана.

КОГА СУЉО ПРИСТИГНА пред портата на кадилакот, кадијата веќе беше во својата канцеларија и седеше крај својата работна масичка над ќитапот - единствениот закон по кој ја делеше правдата на сите што идеа пред него.

ПОМИНА ЦЕЛА ГОДИНА, завлезе во втората откако Анѓа пропадна во харемот на кадијата, и се што можеше направи тој да ја наговори да се потурчи, па да ја нареди во редот на своите законити анами, ама не успеа.

КОГА СИ ОТИДЕ КАДИЈАТА дома, ја најде портата затворена, а во конакот веќе беа запалени свеќите и светеа прозорците од горните одаи преку решетките.

ОД ПУСТОШЕЊЕТО на Чаништа и одведувањето на Анѓа се потресоа селаните и решија да се бранат. Но не престанаа да мислат и за ослободување на пленетите момчиња, моми и невести. Сите мислеа за сите, а секој за своето изгубено чедо.

СУЉО АГА ИЗЛЕЗЕ од Прилеп, та не разбра што стана со неговиот кадија сношти. Го бодна својот коњ по битолско, леринско, воденско, солунско, серско џаде и дојде по две недели на Босфорот.

ПО РАСПРАВИИТЕ со кадијата и ослободувањето на Анѓа ослободувачите се вратија дома заедно со неа.

СУЉ-АГА СЕ ВРАТИ од Истанбул по истиот пат по кој и отиде и му го донесе на кадијата, тој веќе беше пооздравен, светото решение за фаќањето на бунтовничките водачи.

КАДИЈАТА му се израдува на извештајот од Аџи-Јанета, но за ваква голема акција од сите четири страни, едно што немаше доволно вооружена сила, и друго, едната страна на нападот не беше под негова власт.

ПРЕСЕДОА АГИТЕ преку зимските месеци, појадоа, попија, се науживаа на кулите по чифлизите со младите измеќарки, а во конаците во Прилеп и Битола со младите кадани и се подготвија да ја дочекаат пролетта, која ги отвори вратите на дејствата.

Поради тие причини некако се ублажи положбата и луѓето се поразмрдаа.

ЕДНА НЕДЕЛА по Илинден, во еден од најжешките дни на месец август поминаа преку Прилеп тринаесет мажи и две жени исповрзани со дебели синџири за гуши,

АТПАЗАР и овој петок вриеше од народ и стока. Покрај продавачите и купувачите пазариштето уште од рано утро се исполни со луѓе што немаа никаква врска ни со купување, ни со продавање.

УШТЕ ИСТАТА НОЌ по спалувањето на поп Јакова и Трајка кадијата нареди да се спреми потребен број сејмени што ќе ги затера бунтовниците во Цариград.

HA СЕФЕДИНА му беше вторпат да доаѓа кај султанот, та не му беше тешко да го најде неговиот палат. Го најде и се пријави, но му кажаа дека стариот султан умре уште пред два месеца, а новиот отиде на боиштето.

A

абер - вест, порака

авур и ар - штала, просторија за чување добиток

ага - виден граѓанин од турското население

Кога се свртуваме кон едно од делата на македонскиот писател Стале Попов (1900-1965), секако, треба да го имаме предвид времето во кое тој го зазема своето место во македонската литература.

Калеш Анѓа

Калеш Анѓа - Масло на платно - автор - Дејан Макриевски

Мапа на Мариово

mapa na mariovo

Настани во Мариово

itar pejo kalendar na nastani th

Топ Дестинации

Топ дестинации во Мариово

Топ Дестинации

Лековити растенија

Билки и лековити растенија

Лековити билки

Мапа од Мариово

Најди на мапата

Мапа

Песни од Мариово

Песни од Мариово

Песни од Мариово