1.         Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширни пописни дефтери од 16 век том 5, книга 3, Скопје 1982 година

Booking.com

 

според податоците на Никола Николовски

Џумба                                     јужно од селото

Горна Круша                          југозападно од Брдо

Во текот на септември 1944 година од Брник беа мобилизирани во редовите на партизанските единици околу 20 младинци, меѓу кои Петко Видан Бошковски.

За време на Првата светска војна Мариовскиот крај претставуваше едно од главните средишта на воените дејствија на силите на Антантата и Централните сили или поконкретно тука се водеа жестоките борби меѓу бугарската и српската армија и нивните сојузници.

Абер ми дојде од Стамбол дур' Битола,

дури Битола, дури кај валијата:

Револуционерниот бран што ја зафати Македонија кон крајот на XIX и почетокот на XX век, не го одмина и Мариовскиот крај.

Селото Брник и воопшто целиот Мариовски крај речиси не беа зафатени од Илинденското востание од 1903 година.

Селото Брник како населба отсечено од сообраќајни комуникации, тешко проодниот планински терен како и оскудноста од обработливо земјиште не дозволувале да се развие во поголема населба. Така, според пописите и податоците од крајот наXIX век и од известувањата на повеќе автори се гледа дека селото Брник било мала селска населба. Според Јанаки Стрезов, во 1880 година, се бележи дека Брник имало 20 куќи со 87 жители. Стефан Верковиќ во 1889 година го регистрирал со 75 мажи и 83 жени, додека австроунгарскиот конзул Аугуст Крал во 1897 година го бележи со 25 куќи и 114 жители. Васил К'нчов во 1900 година Брник го забележал со 196 жители.
 
За периодот од 1900 - 1950 не располагаме со релевантни податоци за движењето на бројот на населението во Брник.
 
Со пописот од 1953 година во Брник регистрирани се 228 жители од кои 123 машки и 105 женски, а  писмени само 72 жители.
 
Од пописот во 1961 година регистрирани се 215 жители, 117 мажи и 98 женски и 23 доселени-мажени во Брник.
 
Во годините од 1961 до 1982 година има масовно иселување, претежно во Битола, Австралија и по блиските села околу Битола.
 
При нашата посета на селото Брник во 1986 година, Бино Стојановски ме информира дека селото во тој момент има уште 17 жители од кои најмладиот жител беше 40-годишен.
 
Во 2003 година останаа уште тројца жители, брачниот пар Спасе и Доста Марковски и Бино Стојановски. Таа година, на 18 април, се случи грозоморното убиство на Доста Марковска 65 годишна, од Давидовиќ Мартин од Кумановско.
 
Во 2004 година Брник го напушти и последниот жител на селото 82 - годишниот Бино Стојановски. Со тоа згасна животот на оваа повеќевековна селска населба. Брник остана без брничани. Останаа голите камени ѕидови немо да сведочат за изминатите векови на селото и за идиличниот живот на брничани.
 
 
Слика 6
Кита и Трајан Бошковски и Кита Куртова снимени 19454 г.
 
 
 
Слика 7
Брничани на железничката станица во Битола во шеесетите години при исселувањето
 
 
Слика 8
Спасе Марковски пред  семејната куќа во Брник

Селото Брник како населба отсечено од сообраќајни комуникации, тешко проодниот планински терен како и оскудноста од обработливо земјиште не дозволувале да се развие во поголема населба.

Селото Брник како населба го среќаваме во турските пописки дефтери од XVI век. Но, како што рековме, поради оддалеченоста од комуникациите, Брник за разлика од други села поретко се спомнува во турските документи и историската литература. Така, селото Брник во турскиот пописен дефтер од 1570 година го среќаваме како тимар (имот) кој му припаѓал на некој си спахија Оруч2.
2.Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширни пописни дефтери, том 5 книга 3, Скопје 1982 година, стр. 469
Според истиот документ во таа година селото било должно да плати данок на споменатиот спахија и се наведуваат лицата кои требало да го платат данокот.
Јано Богдан, Димитри Јано, Димко Богдан, Стале Ѓурко (неженет), Димитри Велко, Пејо Думко, Петко Поп (неженет), Данко Петко (неженет) и Гурко Стале (неженет).
Слика 4
Семејната куќа на фамилијата Марковски
Приходот од селото Брник за 1570 година изнесувал :
-испанџе (паричен данок) 7 семејства износ 175 акчиња
-испанџе од 6 неженети 150 акчиња
-за пченица 18 товари 450 акчиња
-мешано жито 20 товари 300 акчиња
-уров 1/2 товар 15 акчиња
-данок за градинарски култури 14 акчиња
-данок за сено 70 акчиња
-свадбарина, полјарник и тапија за земја 68 акчиња
_________________________________________ Вкупно : 1242 акчиња
Од наведениот документ може да се види: Како се именувале луѓето без денешното вообичаено презиме, какви имиња се употребувале и какви житни култури се одгледувале тогашно Брник.
Во пописот од 1844 година на рајата од Прилепската каза во која припаѓало и селото Брник, се вели дека заради трговија се уште не се вратиле доста селани во своите места на живеење, заминувајќи во други кази и законското џизие (назив за редовен државен данок) го плаќале во местото каде што се наоѓаа. Така, од Брник, Јован Бошко 55 годишен, 11 месеци се наоѓа во Солун и неговиот 20 годишен син, Кочо Стојан 55 годишен три години е во селото Оптичари - Битолска каза заедно со неговиот 20 годишен син Марко3.
3. Турски документи........ од 19 век, Скопје 1998 година, стр. 159
Слика 5
Семејните куќи на Нишалџиовци и Бачовци
Селото Брник како населба го среќаваме во турските пописки дефтери од XVI век.

Во дамнешни времиња некој човек имал три сина кои своите стада овци и кози ги паселе на денешните локации на селата Маково, Рапеш и Брник. Едниот од нив ги пасел на денешната локација на Старо Маково, другиот на локација на село Рапеш, а третиот во денешното село Брник. Тој што подоцна се населил во местото кое потоа го нарекол Маково бил на голема мака - оттаму Маково; другиот што се населил понаисток бил Рајат-Раат, па подоцна од тоа и произлегло името Рапеш. Третиот брат кој имал многу кози со брни под брадата, па оттоа произлегло името Брник1. Оваа легенда ја раскажуваа постарите жители во сите три села уште во 1986 година.
1. Според кажувањето на Бино Стојановски
Слика 2
Водопадот на Брничка река
Слика 3
Изобилство на пасишта и ливади
Во дамнешни времиња некој човек имал три сина кои своите стада овци и кози ги паселе на денешните локации на селата Маково, Рапеш и Брник.

Брник се наоѓа на четиринаесетина километри источно од Битола, сместено во источните ограноци на Селешка Планина. До селото се стигнува по патот за село Новаци, преку селата Маково и Рапеш. Десно од тој пат по стрмна кривулеста шумска патека и по околу изминати четири километри.
Оддалеченоста од сообраќајните комуникации и скриеноста во планински предел имале пресуден одраз во историскиот развиток на селото, така што и историографските податоци се оскудни. Вода за пиење добиваа од една единствена чешма градена 1924-та година и два-три кладенци кои во сушните периоди пресушуваат, нема струја, пат-патеки или некоја градба што би наликувала на денешните посовремени куќи. Таму се добива впечаток како да е средновековие, како да застанало времето на историјата.
Меѓутоа, селото Брник има и свои убавини: здрава и еколошка и чиста околина, планински чист воздух, пространи тревнати пасишта (за жал целосно неискористени), дабова шума со разновидни шумски плодови, печурки и погодни услови за лов на диви животни.
Брничката Река е чиста и еколошки незагадена, а живописната долина го надополнува пејсажот со Брничкиот водопад, реткост во овие краишта. Неговата убавина и атрактивност е и во тоа што се наоѓа во мошне живописна околина во кањонот на Брничка Река. Водата на водопадот слободно паѓа од 18 метри височина и целокупниот амбиент на мир и спокојство го надополнува романтичното доживување при престојот во Брник.

Брник се наоѓа на четиринаесетина километри источно од Битола, сместено во источните ограноци на Селешка Планина.

Автори:
НИКОЛА МИНОВСКИ
ВЛАДО ТЕМЕЛКОВСКИ
 
 
 
 
 
Издавач:
Н.У. Завод и Музеј - Битола
 
Главен и одговорен уредник:
Валентин Соклевски
 
 
Автори:
НИКОЛА МИНОВСКИ
ВЛАДО ТЕМЕЛКОВСКИ
 
Фотографии:
Славе Стојанов
Љупчо Петревски
 
Компјутерска обработка:
Билјана Кулевска
Жико Калпаковски
 
Корица и дизајн:
Зоран Николовски
 
Печати:
“Гутенберг”
 
Тираж:
500 примероци
 
 
Финансирано од Министерството за Култура на РМ
 
 
 
ЦИП- Каталогизација во публикација
Матична и универзитетска библиотека
“Св. Климент Охридски”, Битола
 
Н. Миновски, В.Темелковски
СЕЛОТО БРНИК БЕЗ БРНИЧАНИ
 
ISBN: 9989-242-1-0

Автори:

НИКОЛА МИНОВСКИ

ВЛАДО ТЕМЕЛКОВСКИ

Мапа на Мариово

mapa na mariovo

Настани во Мариово

itar pejo kalendar na nastani th

Топ Дестинации

Топ дестинации во Мариово

Топ Дестинации

Лековити растенија

Билки и лековити растенија

Лековити билки

Мапа од Мариово

Најди на мапата

Мапа

Песни од Мариово

Песни од Мариово

Песни од Мариово