На јанбаро седет, Недо мори,
На јанбаро седет,
Недо мори, Нешо мори,
До тровица Турци!

Се собрале, ајде, се набрале,
Се собрале пусто Маријово,
Се набрале кмети маријовски,
Сите кмети, и земски и селски,
Сите кмети, кмети маријовски,
На Илинден, море, на добер ден,
Се собрале село Градешница!

Нешто ќе те питам, бабо,
Нешто ќе те питам:
Право да ми кажиш, бабо,
Немој да ме лажиш!

Пуштил му, пуштил, пашата:
„Ќак знаје, Стојан да дојде,
„Вардарско Поље да чува,
„Малките моми да луби,
„Ај, калешните невести!
„Баши-бајрактар да оди,

Бог да го јубије капетан Стефан,
Капетан Стефан, ај, Попадијанец!
Испаднал ми Стефан баш арамија,
Црна комита, бре, баш арамија!
Горните планини, горните села,

Што ми излезе Чучук-Сулиман,
Што ми излезе, качак да биди,
Ми се потпишал на јуќумато:
„Ако погинам, да не се барам!

Оздола иди, бре, Алил-ага,
Право ми трга, ај, за чивлига, аман, аман!
Кога го видеја чивлигари,
Ај, сите на нога му стапија, аман, аман!
Само Џанфезиро не му стана!

Калино, кадано,
Каде беше денеске? —

Оздола идат, Митро,
Оздола идат,
Оздола идат, дилбер,
До трој'ца аги!

Петлите пејат како на самнато!
Ќе станам, тенко Тоде, ќе си одам,
Ќе станам, мило добро, ќе си одам! —

Кој во дворо, Недо
Кој под тремо,
 Ти со Сулка,
Ај, на јамбар!

Митуша мајка плетеше,
Ем си ја ука учеше:
„Митуше, чупе мамино,
„Не јоди рано на вода!

Матуше, чупе, Матуше,
Кој ти матеше водата?    
Кој ти матеше водата,    
Кој ти ронеше цвеќето? —

„Невесто, око калешо,
„Не седи близу до река:
„Реката ќe ми дотечи
„И тебе ќe те поноси!" —
„И јаз си чекам реката,  

Извикнал Стојан, надвикнал,
Отаде Кала-Марија,
Отаде Кала-Марија,
Зад таја жолта Дунава:

Коња ми кова    
Назлан Димитри;    
Просто му стоји    
Назлан Марија.

Жали, моме, да жалиме,
Како ќe се разделиме, еј моме!
Ти од мене, јаз од тебе, еј моме!
Како беме посвршени,
Посвршени, ујдисаии, —

Речи, порачај,
Бела Бојано;
Сега сум овде,
Утре ќе одам;
Утре ќе одам
Туѓа туѓина;
Речи, порачај,
Што да ти пуштам
Ал' пари сакаш?
Ал' книга сакаш? –

Хански ти слугар јаз беа,
Крчмарице, мори, млада, ајде!
Крчмарице, мори, млада!

Се собрале тријесе беќари,
Се собрале на ладна мејана;
Слугар му је Јануша девојка,
Чаша дава — чаша не зимаја!

Збор збориле јерген и девојка,
Збор збориле утро во недела:
Да бегаја мошне на далеку,
На далеку, преку три планини!
Девојка му вели јем говори:
„Дејди, лудо, лудо неженето!

Вило, Вило, моме трандавило!
Да ли знајеш, Вило, паметуваш,
Кога беме, моме, на млад заман,
Под селото, Вило, ливаѓето?

Мори, ој невесто, Стојанице,
Што ти јуста подгорела?
Мори, што ти јуста подгорела
Каку платно небелено? —

Девојко, бела Марије,
Што сношти много седовте,
Што мили гости имавте:
Али ви беја роднина?
Али ви беја стројници? —

Јучи ме, мајко мори, карај ме,
Како да лажам Бојано? —
Јучам те, синко море, карам те,
Како да лажиш Бојано:
Наврти Стамбол, синко, чаршија,
Јоткупи дзевгар волови;
Јоткупи дзевгар, синко, волови,

Девојко, мори,
Душа да немаш!
Изведи коњо,
Напој го вода;
Коњо со ведро,
Мене со грло! —

Идам пијан од града,
Велико, мори!
Стретна моме под градо.

Жени ме, мајко мори, 'ваја година,
Ај, ваја година, голема гладија!—
He можам, сине, море синко, не можам,
Ај, 'ваја година, голема гладија,

Помина, мајко, намина,
Низ тоа пусто Кајлани,
Видух си момче Кајланче:
На брзо коњо јаваше;
На брзо коњо јаваше,

Моме, блазе тебе, тешко мене!
Моме, јоти спијеш до зората,
Моме, до зората, пред сонцето,
Моме, до мајка ти, при татка ти!

Девојче тенко, високо, аман-аман!
Нe ситни ситно пред мене,
Нe кревај магли правови, аман-аман!
Доста се моји дертови!
Кај да ји турам и твоји, аман-аман!
Кај да ји турам и твоји?—

Дојди, ќерко, дојди,
Кај мајка на гости!
Мајка ќe те гости,
Мало што си јало;
Мало што си јало
Тарун-топеница;
Тарун-топеница,
Шутер-матеница! —

Кога легнав, моме, кога заспав,
Тога видов, моме, до два сона,
Сон за тебе, моме, сон за мене:
Ти се стори горска јаребица,
Јаз се стори, моме, сиво сок'ле!

Земи ме, моме,
Господ  да те земи!
Јаз имам, моме,
Голема сермија:
Шикла сокница
Полнаја пченица!
И јаз ќe јадам,
И село ќe дадам,
Па се надевам
Свадба да правам!

Мори, мори Злато,
Златна трепетушко;
Златна трепетушко,
Стребрена верушко;
Стребрена верушко,

Ми ја бендисало
Змејче Пелистерче
Неда, бела Неда,
Неда Маријовка!

Се собрале Маријовци,
Се собрале, се набрале!
Ќе ми јадат, ќе ми пијат,
Ќе ми пијат, ќе ми пејат:
Што ќе вечер вечераме?

Јод како се Босна собградила,
Народ трпи јасак, бре, голем:

Останало дете Секуленце,
Останало дете сираченце,

Мапа на Мариово

mapa na mariovo

Настани во Мариово

itar pejo kalendar na nastani th

Топ Дестинации

Топ дестинации во Мариово

Топ Дестинации

Лековити растенија

Билки и лековити растенија

Лековити билки

Мапа од Мариово

Најди на мапата

Мапа

Песни од Мариово

Песни од Мариово

Песни од Мариово