Ајдучката трева е повеќегодишно зељесто растение, кое расте исправено со неразгрането влакнесто стебло, цврсто и високо до 80 см.

Цветовите се бели или жолти. Расте на суви и влажни места, планински ливади, ораници, покрај патишта, на височина до 1800 м. има горчлив вкус, а се употребува надземниот дел, листот и цветот. се собира од мај до септември, а најдобра е за собирање во суво и сончево време.

ajducka-treva


СОСТАВ:
Ајдучката трева содржи многу хемиски материи, преку десет активни состојки, содржи салицилна киселина, ментол, ахилеин и ахилетин. исто така, ајдучката трева содржи горчливи материи, танини, слуз, етерско масло кое содржи хамазулен, тујон, пенини, витамин Ц и К и многу други состојки.


УПОТРЕБА:
Ајдучката трева има голема лековита моќ поради што има широка примена во народната медицина, школската медицина и во фитотерапијата. Може да се користи за внатрешна и надворешна употреба. се смета дека ахил прв ја употребил оваа билка и по него го добила името на горчливата материја ахилеин.
Ајдучката трева може да се користи за лекување на многу тешки болести пред се за женски болести, и се препорачува на жените од време на време да употребуваат чај од ајдучка трева, со што ќе бидат поштедени од многу болки. Истата е корисна за млади девојки со нередовна менструација како и за постари жени во преодни години, бидејќи дејствува утеротонично на матката со што ја нормализира обилната менструација.
При болки од воспалени јајници се препорачува седечка купка од ајдучка трева кои ќе поминат за неколку дена. во случај на Миом на матка, бело перење и кај пролапс (испаѓање) на матка, потребно е да се прават седечки купки од ајдучка трева подолго време, а истовремено да се пие по 4 шолји чај од босилек. ајдучката трева ги стимулира дигестивните органи на лачење на сокови и го подобрува апетитот и работата на жолчката и панкреасот.
Билката благопријатно делува при воспаление на слузокожата на желудникот, цревата и дванаесетпалечното црево, како и при колити и други цревни заболувања.
Поради дејството на танините и етерското масло, ајдучката трева се употребува при воспаление на усната шуплина и грлото.
Исто така ајдучката трева може да се користи и при главоболки, мигрена, несвестици, гадење, повраќање, при болки во очите и крварење на нос, за циркулација на крвта, делува поволно на коскената срж за создавање на црвени крвни зрнца.
Ајдучката трева постигнува добри резултати при запирање на крвавења од желудник, бели дробови, хемороиди и др. Благопријатно делува на работата на срцето, го подобрува крвотокот и ја зајакнува работата на срцевиот мускул.
При настинки, температури, болки во грбот, реуматски болки, гихт, анксиозност, несоница, висок крвен притисок, добро е да се пие топол чај од ајдучка трева во поголеми количини. со тоа ќе се постигнат добри резултати, а се користи и за нормализирање на работата на црниот дроб, бубрезите, желудникот, цревата, а исто така поволно делува и при лекувањето на шеќерна болест.

 

Преземено од книгата:
"Лековити растенија - Ваш чудесен лек"
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

lekoviti-rastenija-kniga

Мапа на Мариово

mapa na mariovo

Настани во Мариово

itar pejo kalendar na nastani th

Топ Дестинации

Топ дестинации во Мариово

Топ Дестинации

Лековити растенија

Билки и лековити растенија

Лековити билки

Мапа од Мариово

Најди на мапата

Мапа

Песни од Мариово

Песни од Мариово

Песни од Мариово