Аронијата е грмушка или дрво висока и преку 2,5 метри, со разгрането стебло.

Листовите се срцести, на врвот остри, цветовите се бели во соцветија на врвовите на гранките. Плодот е вкусна бобинка со дршка во темна боја.
Аронијата кај нас се култивира, но ретко е застапена, а татковина и е Русија и Монголија. Ова растение е многу отпорно на ниски температури и многу болести. Цвета во април и мај.

 

Booking.com

СОСТАВ:
Аронијата содржи витамин П, шеќер, органски киселини, каротин, железо, магнезиум и други корисни состојки, витамини и минерали.

 

УПОТРЕБА:
За лек се користат плодовите и цветовите, но можат и да се користат и другите делови од растението. од плодовите можат да се изработуваат овошни сокови, мармалад, компоти и слично, а од сувите плодови квалитетен чај.

aronija
Аронијата може да с користи како диуретик при болести на бубрезите и црниот дроб, за намалување на крвниот притисок, слабокрвност (анемија), за зајакнување на организмот при тешки болести, истоштеност, нервна слабост, стомачни проблеми, ја подобрува циркулацијата на крвта во вените и главата, за мигрена и главоболка, за подобра работа на штитната жлезда, против висок шеќер, воспаление и проширени вени, чир на желудник и за подобра работа на панкреасот.

 

Преземено од книгата:
"Лековити растенија - Ваш чудесен лек"
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com

Мапа на Мариово

mapa na mariovo

Настани во Мариово

itar pejo kalendar na nastani th

Топ Дестинации

Топ дестинации во Мариово

Топ Дестинации

Лековити растенија

Билки и лековити растенија

Лековити билки

Мапа од Мариово

Најди на мапата

Мапа

Песни од Мариово

Песни од Мариово

Песни од Мариово