Добро Поле Мариово

Со преместувањето на голем дел од германските единици на западниот фронт во пролетта 1918 година, позицијата на Централните сили на Македонскиот фронт дополнително се влоши.

Моралот кај прегладнетата Бугарска војска бил на ислучително ниско ниво и се повеќе војници дезертирале на другата страна, оставајќи зад себе писмо „Празна раница не чува граница“.
Во ваква ситуација командата на Антантата согледува одлична можност да изврши дополнителен притисок на Германците, кои веќе се повлекувале и од западниот фронт, преку силна офанзива насочена главно кон бугарската одбрана на Добро Поле.
Добро Поле е месност помеѓу врвовите Сокол и Ветерник на Ниџе Планина и многу сојузнички генерали верувале дека нападот на ова место ќе биде самоубиство, затоа што се работело за отворено поле кое лесно се брани. Од друга страна, пробојот на ова место би значел тотален колапс на целокупната Бугарска одбрана, па поради тоа, сојузниците биле спремни да го преземат тој ризик.
Нападот започнал уште на 14 Септември 1918 година со артилериско бомбардирање на неколку позиции, по што на 15 Септември во 05.30 ч следел и нападот на пешадијата. Според кажувањето на локалното население кое во помал број останало во блиските села - „Земјата горела од големиот број на гранати„.
На страната на Сојузничките сили во првиот ред биле 122 Француска пешадиска дивизија, 17 Француска пешадиска колонијална дивизија и Српската Шумадиска дивизија, а во вториот ред биле две Српски дивизии Тимочка и Југословенска.
Бугарите го издржале тешкото бомбардирање, па така Добро Поле морало да биде освоено од пешадијата. Српските војски полека се пробивале по стрмните падини и што повеќе се приближувале, толку повеќе зачестувале Бугарските контранапади.
Со употреба на пламенофрлачи, биле уништени Бугарските митралески гнезда и по осум часовна борба, Бугарската линија била пробиена.

ww1-breaktrough-macedonian-front

ww1-macedonian-salonika-thessaloniki-fronT02-01 1

ww1-macedonian-salonika-thessaloniki-fronT02-01 3

ww1-macedonian-salonika-thessaloniki-fronT02-01 4

ww1-macedonian-front-serbian-army01 2

ww1-macedonian-front-serbian-army01 3

ww1-macedonian-front-serbian-army01 5

ww1-macedonian-front- victims01 2

ww1-macedonian-front- victims01 3

Веќе два дена од почетокот на борбите, одбранбените позиции на Бугарите и Германците на овој простор биле пробиени 25 км во широчина и  10 км во длабочина. Командантот на 11. германска армија, наредил повлекување на германските и бугарските единици на линијата кај село Полчиште.
Десет дена по пробојот на Добро Поле зојузниците го зазеле Градско, главниот комуникациски центар на Централните сили, по што се прекинала комуникацијата помеѓу Германската команда и Бугарската војска.
На 29-ти септември, сојузниците влегле во Скопје и веќе биле на државните граници на Бугарија. Уплашена да не биде окупирана од Сојузниците, бугарска делегација на 29 септември 1918 г. во Солун потпишала примирје со кое борбените дејства меѓу Бугарија и Сојузниците престанале на 30 септември 1918 година.
Иако условите на примирјето биле многу тешки за Бугарија, нивната делегација го потпишала примирјето.
Co потпишувањето на примирјето престанале сите борбени дејства на просторите на Македонскиот фронт. Од друга страна, српската армија ги продолжила борбите со германските и австро-унгарските војски за ослободување на Србија.
Поразите што ги трпеле германската и австро-унгарската војска најнапред предизвикале распад на Австро-Унгарија, која на 4 ноември1918 година потпишала капитулација, односно дошло и до распаѓање на дуалистичката држава и Хабзбуршката монархија.
Неуспесите на Западниот фронт, настаните на Балканот и внатрешната криза и безредија ја принудиле и Германија на 11 ноември 1918 година да потпише примирје со Сојузниците, со кое признава дека е победена.

За Битката на Добро Поле

Последиците од Македонскиот фронт биле исклучително погубни за локалното население во Мариово и навистина поразителен е фактот дека до ден денес не се знае точната бројка на загинати на директен или пак индиректен начин од воените дејствија во овој крај.
Познат е фактот дека со самото поставување на фронтот, населението било избркано од своите домови, а притоа не смеело да носи товар со себе, оставајќи ги полните амбари на Бугарската војска. Потоа, амабарите биле празнети, а граѓата од куќите била употребена за рововите и биле уништени цели села како Градешница, Старавина, Будимирци, Зовиќ итн. Притоа не биле поштедени нити црквите и манастирите кои исто така биле оголени и ограбени.
Дел од населението немало каде да оди и се вратило во своите домови, па така и ден денес во Мариово се разкажуваат приказни од Фронтот.
Постои локална легенда која вели дека одреден Француски генерал со кофа полна со злато го поткупил Бугарскиот генерал од спротивната страна и со тоа го овозможил пробојот.
Во село Градешница добро е позната приказната за споменикот „Бронзена Рака“ кој во 1938 година бил поставен на Добро Поле.
Имено во 1938 година делегација предводена од Louis Cordier го ангажира скулпторот Marcel Ganguilhem - војник кој ја изгубил својата рака при пробојот на Добро Поле, да изработи бронзен споменик кој заедно со Српските власти на 19. Септември 1938 бил поставен на Добро Поле.
Притоа имало и голем број на други церемонијални активности, кои според кажувањата на локалното население биле прекинати од телеграмата која ја добил Louis Cordier, а која известувала за одредена непријателска активност на Германија пред почетокот на Втората Светска Војна.

dobro pole 01

dobro pole 02

dobro pole 03

dobro pole 04

dobro pole 05
Со текот на времето споменикот се изгубил па така денес не постои никаков знак на ова место, кој  би ја обележал неговата историска вредност.
Интересен податок кој говори за важноста на битката на Добро Поле е фактот дека во центарот на Париз, денес постои улица која го носи името на оваа локација од Мариово.

Како до Добро Поле

Патот до Добро Поле е планински пат кој е во исклучително лоша состојба и е достапен само со теренско возило.
Се препорачува придружба на лиценциран планинарски водич или пак изнајмување на џип, затоа што се работи за прилично лош и необележан терен.
Контакт email за повеќе информации:
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

dobro pole 01

Остатоци од ровови на Добро Поле. Photo: Franck ROGER

contentmap_plugin

Мапа на Мариово

mapa na mariovo

Настани во Мариово

itar pejo kalendar na nastani th

Топ Дестинации

Топ дестинации во Мариово

Топ Дестинации

Лековити растенија

Билки и лековити растенија

Лековити билки

Мапа од Мариово

Најди на мапата

Мапа

Песни од Мариово

Песни од Мариово

Песни од Мариово