Коњарка е излетничко место во близина на село Скочивир на 38 км од Битола.
Етно музејот во с. Градешница постои од 2 Август 2009 г и претставува збирка на етно елементи од живеењето и културата на населението, како и остатоци од оружје и предмети користени во војните.
Во близина на село Паралово се наоѓа и еден од најубавите манастири во овој крај - Св. Ѓорѓи, надалеку познат по своите конаци.
На ова место во близина на врвот Кајмакчалан на 25 август 1944, во херојска борба на VII-та Македонска ударна бригада против Бугарската
фашистичка окупаторска војска, својот живот го дадоа:
Родната куќа на познатиот писател Стале Попов е сместена во близина на една од најпознатите Македонски цркви – Св. Илија, во веќе иселеното Мариовско село Мелница.
Расимбеговиот Мост претставува атрактивна локација во Мариовскиот крај, т.е место за кое се поврзани голем број на легенди и преданија.
Еден од симболите на Македонскиот непокор - Тврдината Пешта, се наоѓа на 52 километри од Битола, помеѓу селата Градешница и Старавина.
Кајмакчалан е највисокиот врв на планината Ниџе во Република Македонија (2,521 м) и во текот на Првата светска војна бил една од клучните позиции на Македонскиот Фронт.
Во минатото манастирскиот комплекс Чебрен бил еден од најбогатите и најпознатите во Мариово и пошироко. Неговата поволна стратешка позиција и фактот што во Мариово за време на турското владеење немало исламизација на населението, го направиле еден од најбогатите во Македонија.
Во непосредна близина на Црна Река, на околу 30 мин. пешачење од Рапешкиот Мост, на чистата и незагадена Брничка Река, се наоѓа
Брничкиот Водопад.
На местото на сегашниот Камен мост, до 1950 година постоел дрвен мост кој не бил многу сигурен и бил тесен.
© 2018 FavThemes