АЈДЕ СЕ ПРОШЕТА– Лирска песна

Booking.com

Ајде се прошета, се рашета

од Дрина, мори, до Морава,

како тебе, мори, не сум нашол,

Јовано, мори, Јованке де.

Ајде имам жена, мори, како тебе,

ќе ја остава, мори, заради тебе,

зарад твојата,мори, убавина,

Јовано, мори, Јованке де.

Ајде не виткај се, мори, не кршкај се

како змиче, мори, во тревата,

како кравче, мори, јаловиче,

како коњче, мори, не вјавано,

како рипче, мори, во водата,

Јовано, мори, Јованке де.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Booking.com