Откријте го Мариово

„Море Бог да бие дејди мала Менко,

Бог да ги убие вашите селани,

Вашите селани, твоите душмани –

Та што ви кладоа полјак на нивето,

Полјак на нивето, падар на лозето,

Та што го кладоа твоето душманче

Твоето душманче, тој Кара-Мустава.

A Кара- Мустава валба ти се вали,

Валба ти се вали тебе ќе те земи.

Ој, Кара-Мустава, ти луда делио,

До дека ми стои глава на рамена,

До дека ми пулат очи кај небото,

Мадро да си седиш, да не ме задеваш!

Мене ти не можиш ни да ме опулиш

He пак да ме мениш на турската вера.

Бог да а убие сестра и Велика,

Тогај она крена мотика на рамо

Мотика на рамо, вурка за поасот,

Та што а излага голема измама

И ми отидоа во долните лозја

Тамо го најдоа тој Кара-Мустава,

Α Кара-Мустава валба и се вали:

Дејди мала Менко, сега ке те зема,

Сега ке те зема анка да ми бидиш.

Менка му отврјака наземи пулејки:

Бре, Кара- Мустава, ти келаво куче,

До дека ми стои глава на рамена,

До дека ми пулат очи кај небото

Мадро да си седиш, да не ме задеваш!

На турската вера ја не се продавам.

Тогај ми извади тој Кара- Мустава

Тија дребни сачми, дејди мала Менко,

Тија дребни сачми, ситни барутници

Та што ми те удри во белото г рло,

Тија дребни сачми во белото г’рло,

Тија барутници во белото лице”

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu