Откријте го Мариово

Бог да го бије, Кало, татко ти

што ти продаде, мори, чивликот

та што ти беше, Кало, ујдисан,

ујдисан, Кало мори, погоден.

На малта вратај, Кало, ограда,

во оградата, мори, ливада,

во ливадата, Кало, зелен бор,

под борот седат, Кало, аргати,

аргати, Кало, бели граѓани.

Голем се облог, Кало, ватија,

кој ќе натврли, Кало, зелен бор

тој ќе ја земи бела Калина.

Врли натврли, Кало, стар дедо

сос бела брада, мори, до појас.

Викнала Калај, мори, да плаче:

Улеле, боже, до бога,

та шо ми билој, леле, пишано

стар дедо да ме, море, ќердоса.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu