Е, бог да го бије петлето,
петлето рано пејеше,
стари го дедо будеше:
Стани ми, дедо, не станал,
твојата баба шо стори
чудо големо направи,
друго си љубе заљуби.
Е, бог да убије лисицата,
лисицата изеде петлето,
петлето рано пејеше… итн.
Е, бог да убије кучката,
кучката изеде лисицата,
лисицата изеде петлето,
петлето рано пејеше… итн.
Е, бог да убије мечката,
мечката изеде кучката
кучката изеде лисицата
лисицата изеде петлето
петлето рано пејеше… итн.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com