Ќе одиме ново село,
ново село Градешница,
на Илинден, на добер ден.
Ќе видиме која носи,
која носи ногу стока,
ногу стока седум ока.
Видан Вида Витолишка,
Зачевата посестрима,
она носи ногу стока,
ногу стока седум ока
седум ока бел карагрош.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com