Моли се, Досто, моли се,
Моли се на темни темничари
Да дадат темни клучове.
Отклучи темна зандана
Да видиш бело видело
Да видиш рода голема,
Да видиш татко и мајка,
Да видиш браќа и сестри
Како е жалба за тебе:
Co црни крпи на глава,
Како жалајат за тебе.
35) Оваа песна, според пишувањето на авторот, се пее кога во куќата има скорешен мртовец. При пеењето пеачите ги држат рацете спуштени надолу, додека при другите водички песни тие се фаќаат рака за рака и пеејќи потскокнуваат.
Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов
Booking.com