Откријте го Мариово

Мори, деветнајсет села шетам, леле,

осумнајсет моми љубам.

Мори, осумнајсет моми љубам, леле,

секое село, мори, посестримка.

Mope, секое село посетримка, ајде,

Дервен Дуње, мори, ручок ручам,

Мори, Дервен Дуње ручок ручам, леле,

во Бешишча вода пијам.

Ајде во Бешишча вода пијам, леле,

горно мало кај Макревци, леле,

каде тија трите чупи.

Mope, каде тија трите чупи, леле,

зарди Доста, леле, јем Дунавка,

мори, заради Доста јем Дунавка, леле,

зарди Нешка најмалата.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu