ДРАГАНА – Лирска песна

Booking.com

Драгана во двор седеше, леле,

славеј на дрво стоеше

и на Драгана велеше:

Драгано, моме јубаво

Ајде, Драгано, да пејме,

да пејме да с’ натпеваме.

Ако ме, Драга, натпејиш,

да ми пресечиш крилцата,

крилцата до раменцата,

ночките до коленцата.

Ако те, Драга, натпејам,

ќе ти пресечам рачките,

рачките до лактињата.

Пејале три дни три нбќи.

Драгана славеј натпела.

Славеј Драгана молеше:

Драгано, моме јубаво

сечи пресечи ночките,

крилцата не ми ‘и сечи.

  1. Акцентот во песните, таму каде што го има, го поставил Стале Попов.

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Booking.com