Откријте го Мариово

Еј, Златковице невесто,

Имате село големо,

Встред село – вода студена.

Имате отбор јунаци,

Се отбор млади момчаци;

Имате моми убави

И црнооки невести

И калешвици вдовици.

Деј гиди, земски војвода,

Наистина село големо,

Встред село – вода студена,

Имаме отбор јунаци

И црнооки невести

И калешвици вдовици.

Немаме моми убави

Угу 36) сестрица Божана

И таја ни е свршена

В’земенне келар ни седи.

Еј, Златковице невесто,

Ја ќе ти дада натдада

Да м’ја Божана излажиш,

Ја ќе ти купа сагија

Сагија от бугасија.

И Златковица невеста

Бргу се назад поврати,

Викна сестрица Божана:

Излези, мори сестрице,

Сестрице, бела Божано,

До високото буниште

Да видиш чудо големо

Сете ми мртви станале,

Сиви галаби кај носат,

Бела пченица ми к’ват

Злато и стребро блувајат,

Еве и јазе си набрав.

Тогај Божана с’излага

Излезе надвор до надвор,

На високото буниште.

Тогај ја Татар узело,

Узело млада Божана.

Кај што Божана одеше

Црна се земја цепеше,

Кај што Божана плачеше

Крвава роса росеше.

36) угу (диј.) – освен, само.

37) сагија од бугасија – саја (женска облека без ракави) од коприна.

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu