Жена и добиток не умират од ќотек, ама лош саат се погоди! – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Чоек секој пат жена и добиток ќe удира, ќe тепа, ќe мава колко што може, и тија не умират од ќотекот!

Ама једен саат ќe се погоди лош, и ќe таксират, ќe да страда! Во двајесе четири саата има једен саат лош, нестреќан. И ако прајиш нешто на тој саат, веднеш ќe се напраји зијан. Тој саат не можеме да го знајеме; а да го знаје, чоек ќe се чува, да не страда на лош саат.
Ѓоа неје лага! Се прикажује, вистина да је било во Маријово. Једен чоек и жена во Галишта зеле да ја вршат бројаница. Оној чоек го врши бројаница на гумното со волови, а онаја жена си работила домашната работа. Тако работиле, работиле. Ама около пладне зело времето да се натурли, за дож да врне. И свикал на жаната тој маж: „Ајде, мори, жено! Што прајиш? Се натурли времето, ќe врне!” Онаја жена уште работи тамо, работи и не оди на гумно, оти си има работа. И оној маж се налути на жената, го измакна стежеро од гумното и се намана на жената десетина пати! На грешка беше тоа; неје сакал да ја отепа, мало ја удрил, ама ѓаволо ја силеше — лош саат се погоди!
И, леле, таја жена умрела од ќотекот, а мажот си останал сам! И тој си збори сеа: „Леле, леле! Јаз си имам два кутла ореји, a сеа, кој ќe ји јаде ореји, кој ќe му ја чува стопанката ?” И од тоа време тој чоек Маријовец, секој  пат кога ќe си оди на пазар, ќe си прикажува на пазарције, оти тако без жена останал, лош саат се погоди, и сеа нема кој да му ји јади ореји!

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

 

Booking.com