Итар Петар, Маријовци и бунар – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Зел Итар Петар да шета со Маријовците. Шетале, шетале. Си нашле еден бунар.

Итар Петар се пулил во бунаро и и рекол: „Море, шчо је машченица! Полн је бунаро! Ајде, да го надробиме со леб. Дај, ќе сркаме!” Зеле Маријовците една вурна леб, да го дробат во бунаро во машченица. Отуа го надробиле. Кога биле азар, Итар Петар му рече на Маријовците: „Ајде, земете лајците, да сркаме!” И почнале да влегуват во бунаро, да ја сркат машченица! И, еден по еден, еден по еден, сите пропаднале во бунаро; сите се издавиле, само Итар Петар остана! Тој Итар Петар и сотрел Маријовците во бунаро, да сркаат машченица!

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com