Итар Петар ји сотрел Маријовците во магла! – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Ји собрал Итар Петар Маријовците, да ‘и шета по планините. Се качиле на еден камен многу висок.

Угope, над камен, солнце грејало, а удоле, под камен, магла притиснала. Итар Петар му вели на Маријовците: „Море, шчо је волна! Брго да си ја собериме за дзиври!” И оније отрчаа на вро, и еден, поитар од друзи, рипнал од камен удоле во маглата и се скрил! Итар Петар видел и му вика на Маријовците: „Море, тој пропадна во волна! Ајде, брго, ќе ја собери тој сета!” Тогај и друзите сите рипнаа од камен удоле, да си ја соберат волна и тије — и сите се истепаа! Тогај му текна на Итар Петре во умот, оти сите се истепаа од камен во маглата, и рече: „А, бре, се истепаја Маријовците!”

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com