Пејо во Мариово, Прилеп и овде-онде во својата земја
Итар Пејо претставува мариовска гордост. Тој е способен ем да надитри, ем да го оправда мариовското име што си го носи: здрав, прав, и секогаш подготвен за шега. Насредин Оџа не заминал по војните балкански во Турција, ами останал во Битола и честопати одел во Прилеп со желба “да го исчеша јазикот”, да се пошегачи со Пејо, а овој народен делија нарочно слегувал од мариовските планини за да го надитри оџата7) и задоволен да се врати. Оџата и фрлил мерак на Пејовица и чинел на секоја средба штипнија за образите, пофатија за задникот. Како што се случувало секогаш кај овие два шегобијци да се врти шегата Пејо скроил план и му вратил на Насредина мило за драго.
На повеќепати Насредин Оца му ја штипнал жената на Пејо. Ем ја штипнал, ем ја подмавнувал по дебелите меса. Пејо се ежел од нервоза и скроил да му врати, та отишол во Битола ја нашол оџовата анка и преку глуждовата дупка од портата ја насладил.
Анегдотата е развиена и во неа се помешани две надитрувања. Во првиот дел е враќањето на Пејо за штипење “буцкање на анката со рокче”, додека во вториот дел Оџата му наместува стапица на Пејо и му го подгризнува “чешалчето” (“дупалчето”) со заби од риба. Пејо на тоа не останал должник на Оџата и му ставил рог во задникот. Анегдотата има прикриена еротичност и зајадливост.
Веднаш по ослободувањето (по Втората светска војна) Мариовците влегуваат во колективи и чинат шеги со новото општествено уредување и носител на смешни случки е Итар Пејо. Од народните умотворби исчезнуваат турските ликови: оци, заптии, валии, кадии и др., а место нив “доаѓаат” нови: македонски писари, претседатели, матичари, учители и други, додека поповите и попадиите и понатаму се учесници во Пејовите стории. Шегите не се чинат по патиштата и на средсело ами на улиците, во кафеаните на плоштадите, во канцелариите и задружните домови. He постојат надигрувања на национална основа (Македонци со Турци), но ривалства меѓу богати и сиромаси, учени и прости. Поповите се понижени, навредени и за општеството непотребни. Се раскажуваат анегдоти со тематика од социјален карактер како: “Итар Пејо за прв пат клава гаќи”,8) “Пејо и јадењето кај чорбаџијата”.9) Овде нема надитрување, туку смеење на своја сметка и својата немаштија. За прв пат Пејо става гаќи на себе кога решил да се жени. Купил платно, мајка му му сошила гаќи и тргнал право во другото село кај својата свршеница. На пат му се посакало “да се олесни”, ги слекол белите гаќи и ги обесил на еден трн. Во тој момент видел зајак и потрчал по него, заборавајќи на обесеното на трнот. Кога стигнал кај мајката на свршеницата ја поткренал кошулата и се пофалил: “Погледни бабо, дома имам уште четири метра”. Секако Пејо мислел на платно. Бабата се изненадила кога погледнала, а кога слушнала и за четирите метра оставени дома се прекрстила и помолила богу за спас”. Анегдотата се раскажува по мариовските села и Прилеп. Според искажувањата на Мариовците: момчињата ставале гаќи- кога ќе се оженеле, што значи можно е анегдотата да е мотивирана од вистинска случка, со препишување на Пејо. Итроманецот Пејо спаѓа во редот на најсиромашните Мариовци. Згора на тоа тој бил неработник, легач и живеел само од шегачењето. My се пријало месо и измислил итроштина. Дошол во глуво доба до прозорецот на чорбаџијата преправајќи се дека е чорбаџискиот покоен брат кој му порачува на чорбаџијата да го повика Пејо и “задуша” да го нагости. Така станало. Во оваа анегдота Пејо се нагостува со надитрување на богатиот. Мотивот е општо познат и во Македонија и во Бугарија (каде главен јунак е Бај Иван кој си ја обљубува својата свеска Анегдотите се прераскажуваат во педесеттите и шеесеттите години кога економските прилики го опустошија Мариово, а Мариовци се распрснаа по земјата и светот. Ведрите Мариовци се најдоа во европските и прекуокеанските земји10) емигрирајќи за корка леб. Меѓу другото тие со себе во мислите “го понесоа” и Пејовиот лик. Селата останаа во рушевини, планините без стока, полињата пусти. Во новите средини – во македонските градови (Прилеп, Битола, Скбпје, Кавадарци и др. места) и во светот Пејо се јавува во ново руво.
Во Прилеп се јавуваат нови анегдоти непосредно поврзани со Пејо. На заминување кај селото Кокре (Мариовско) Пејо за последен пат ќе му веќава волна на Мариовци, онаа “што ќе ја собере од трњето кога овците ќе ја остават при чешањето, но мора да почекаат дури сите се исчешаат”. Пејо ќе се вработи во ресторанот и ќе се расправа со гостинот на кој му носи чорба со прстот пикнат во паницата. Тој го опоменува а овој кажува дека си го топлел. Пејо во Прилеп го излагал Стојана од Вранче. Стојан симидарот се среќава со Пејо и му се клешти (бие шега) в очи, а Пејо му враќа со тоа што му скренува внимание дека токму над него летаат авроплани (авиони) а тој кутри Столе додека гледа во небото Пејо на минувачите му дели бесплатно симиди и часкум се изгубува. Дрцко месарот (познат шегобиец од Прилеп) се смее на цел глас држејќи го огламникот Е раце сметајќи дека до него е магарето. Околу него се зафаќа громка смеа од прилепските шегаџии, велејќи му се смее “дронко на мрсулко”, и тебе Пејо те насамари, носи го сега самарчето од магарето што ти го вјавна мариовскиот шегобиец.
Booking.com