ИТАР ПЕЈО – МАКЕДОНСКИ ШЕГОБИЕЦ И НАРОДЕН СМЕШЕН ЛИК – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Итар Пејо плаќа в пазар

Се договориле со трговецот земената вересија да му ја плати в пазар, но не одредиле точно кој пазарен ден. Трговецот го тужел, а Пејо на суд му ветил дека ќе му плати в пазар. Така се влечело со години се додека на Пејо му дошла добра мисла да си го плати земеното.

Во Скопје, во седумдесеттите години од овој век продава еден постар човек книги меѓу кои и книгата “Еротски приказни” и збирката народна поезија “Секој петок урда јадам”. Ги рекламира книгите и додава “Ја су ти Пејо Мариовецот, се шчо е пишано е за мене”. Оваа попадијава ушче е жива и здрава и гледајте како е кадросана!” Се збрал народот и еден по друг купуваат ли купуваат книги. Така се распродале сите книги. При продажбата Пејо зборува и мариовски и модерно. На крајот ќе наплати и ќе рече “Охеј” (место океј), Чаво (место Чао) итн.

Современите форми на анегдотите се разликуваат од поранешните по јазикот, стилот и мотивацијата. И во нив доминираат итроштините на Мариовците, нивната духовитост и снаодливост, во разни моменти од животот, искажани со помош на хуморот што им претставува средство за потенцирање на вистинитоста

Секако и во современите анегдоти каде е носител на случката Итар Пејо главен мотив на опишување се неговите итроштини, духовитоста и ведрото расположение, проткаено со хумор.

Еротските анегдоти поврзани со Итроманецот Пејо почесто се среќаваат во последните децении од овој век. Анегдотите “Итар Пејо со туѓа жена на куќа” и “Пејо и ненастината анџика” е со доза на хумор што се јавува по откривањето на лагата или метафоричното искажување на случката Се потенцира и Пејовата машкост т.е. “способност до немајкаде”.

Во првата анегдота се раскажува како си имал посестримки во секое село и при едно минување покрај плевната на посестримата Дафина забележал дека таа со мажот и се качиле на покривот од плевната и го поправаат, ја дотеруваат ‘ржаницата Пејо гледа од долу во дебелите месишта на Дафина и се оближува Крои како да дојде до неа и привикува: “Еј вие таму шчо правите за страмота?”. Мажот се правда дека не прават ништо срамно. Пејо му вели да слези долу и да гледа кога тој ќе се качи на неговото место. Мажот долу, а Пејо горе и почнале да се грвалат со посестримата. Мажот гледа и се чуди велејќи дека “Пејо бил во право”.

Пејо беше познат во Мариово и Прилеп и како маж кого го сакаат посестримите поради неговата како тие велеле машкост. Анџиката Стојна од Прилеп дознала оти со Пејо може да си офнува од наслада колку што си има прсти и отповеќе. Таа го подлажила, го втерала во аурот, го легнала на сламата и му наредила да трае се додека не изофка колку што си има прсти. Пејо прашал како ќе знае колкупати е офнато, а таа му одговорила дека за секое леснење ќе има по еден прст свиткување. Пејо простичок и добричина чинел како му се наредило. Анџиката нечесна и алчна го лажела: за две офкања еден прст виткање, и го осудувала оти не знае да брои до десет. Пејо се сложил со нејзиниот напад и и предложил да отпочнат со прсти виткање отпочеток. Кога слушнала за предлогот се стаписала и побегнала. И Пејо и анџиката се преусилени ликови, додека мотивот за првпат се среќава Пејо е прикажан како вистински и здрав маж. Пејо не е главен носител на дејствието, не ја исмејува анџиката Нејзината цел е исполнета со што добивка има и Пејо. Еротскиот нагон кај Итар Пејо бил неисцрпен, постојан, животворен. Тој е жед за живот, космичка енергија и мотив за творење на народниот раскажувач.

 

Booking.com