ИТАР ПЕЈО – МАКЕДОНСКИ ШЕГОБИЕЦ И НАРОДЕН СМЕШЕН ЛИК – лаги, смешки, хумор од Мариово


Пејо меѓу Македопците во дијаспората

Народот вечно се смее на самиот себе и меѓу себе; се надитруваат едни со други; се исмејуваат на национална, верска, социјална, економска и друга припадност на свој начин или со т.н. преземен хумор. Она што е смешно за еден народ други не се смеат. Или на трет вид (форма) на исмејување т.н. комбиниран хумор од домашниот (туѓиот) со донесениот (свој) хумор од татковината. Така е со емиграцијата од сите земји во светот така е и со нашите Македонци во странство. Тие градат свои огништа во Германија, Данска, Шведска, Канада, Америка, Австралија, се облекуваат, хранат и се однесуваат според новите услови, се грижат да говорат на туѓиот јазик, додека меѓусебно говорат на мајчиниот, a посебно Мариовците и на својот дијалект. Во нивните паметења, останале живи слики за родниот крај, за своите блиски и подалечни роднини, за своите пријатели и за својот Итроман Пејо. Тој не може да живее сам во пустелијата мариовска и заминал кај своите во белиот свет.

 

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -