ИТАР ПЕЈО – МАКЕДОНСКИ ШЕГОБИЕЦ И НАРОДЕН СМЕШЕН ЛИК – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Итар Пејо се среќава во анегдотите, приказните и во последниве десетолетија во вицевите и афоризмите. Тој е комплексна личност-производ на креативната дарба и талент на народот и претставува олицетворение на снаодливоста и духовитоста на Мариовците кои смешно приоѓаат на проблемите. Од анализата на анегдотите и вицевите се забележуваат карактерните белези на Пејовиот карактер, итрост, духовитост и способност во определени состојби да се снајде и преку хумор да ја открие и искаже вистината. Мудар и брз во решавање на проблемот; секогаш снаодлив, ведар и насмејан и во најтешките состојби итромански излегува победник.

Bo анегдотите Пејо на своевиден начин ги жигосува индивидуалните и колективните мани и недостатоци: глупавоста, скржавоста, горделивоста, алчноста, мрзеливоста, страстите за лесен живот – посебно потенцирана духовитоста и остроумноста.

Главните ликови во анегдотите на Пејо се испејаните: глупави мажи, аџии, анџии, анџики, владици, попови, попаи од Прилеп и Битола, “посестримки” (жени кои имале интимни врски со Пејо), оџи (Насредин Оџа), заптии, кадии (судии), валии (претседатели) пазарџии, гостилничари, глупави селани, арамии, трговци, бербери, касапи и др. разни занаетчии, офицери, војници (во српско, бугарски), и други. Во жигосувањето на недостатоците доминираат: наивноста, примитивизмот, глупавоста, мрзеливоста, тапоглавоста, лесноверноста, незнаењето и други настанчиности. Пејо го среќаваме: ученик на Насредин Оџа, овчар, шегаџија, безделник, момок, слуга, берберин, кадија, војник, стражар, бабица, кувар, писар, бакалџија и во други занаети и професии.

Основна цел во делувањето на Пејо е: успешно да го реши моментниот проблем и да се спаси од критичната состојба: да се нагости и наужива, да го насмее, разоноди и расположи народот поради што е почитуван. Пејо никогаш не надлажува и не зема од сиромав, ниту надитрува нетокму (умоболен), не се потсмева со сакат (инвалид) и слеп, туку напротив: за нив тој е заштитник, дарежлив, човекољубив, што би рекле Мариовци со мека душа. Спротивно на тоа никогаш не влегува во соработка со богат и претставник од власта. Така, кога му било забележано од стопанот на чизмите (позајмени) му ги вратил: “На ти ги, чорбаџи, твоите чизми, јас ќе си играм со моите – и го поведе танецот бос”.28) Пејо не исмејува но насмејува, не е саркастичен, ами хумористичен. Хуморот му служи за духовно и ведро расположение и за создавање ведра и пријатна атмосфера.

Македонскиот народ во ликот на Итар Пејо го собрал и овековечил целокупното свое животно искуство и се спротивставил кон класнополитичките и општествените состојби кои секогаш раѓале класно социјални конфликти приоѓајќи со својот јасен, концизен, смешен и духовит начин.

Анегдотите на Итар Пејо го откриваат животот и приликите на времињата уште од минатите векови од времето под отоманското ропство (којзнае можеби и пред тоа постоел овој смешен лик), од времето на Балканските и Светските војни; од периодот на социјализмот и комунизмот се до денешни дни и понатаму. Преку него е претставен животот и снаодливоста на мариовските веселници во турско, бугарско, српско време, во време на колективизацијата и по неа општо животот во нашата земја и странство: во европските држави (Германија, Шведска, Данска и др.) во прекуокеанските: Америка, Австралија, Канада и во други земји каде стапнала мариовска нога. Така тие, Мариовците и во ропството и во слободијата и во Мариово и по белиот свет се снаоѓаат во животот, опстојуваат и моментните состојби ги решаваат во своја корист на својствен нивни ведар и смешен начин. Така е со сите и со нивниот итроманец Пејо снаодлив и правичен и со своите смешни постапки пријатен во средината. Тој е посебен карактер: кога прави смеа, надитрува или надлажува, смирено гледа на нештата, не се возбудува, никогаш не го фаќа паника и страв, нити се разочарува од неуспехот, само кисело ќе се насмее и продолжува со своите итроштини. Свесно пристапува кон работите и со желба да истрае докрај во што му помага неговата снаодливост и итрост. Никогаш не се пожалил на здравјето и својата немаштија-сиромаштија. … “Стопанка му (вели Пејо). Јас сум сиромав па сиромав. Ако останам жив ќе и речам збогум на сиромаштијата, а ако умрам од студ ќе се спасам од неа. Кога видиш жив умрен пак ќар сум”,29) што значи бил задоволен и со малку. Пејо секогаш бил упорен во сите подвизи и во надитрувањата и во облогот. Така, кога се обложил со бежињата дека ќе ја преседни студената ноќ над ќерамидите тој “достискал душа” и ја добил опкладата. Работите ги сфаќал лесно и така ги решавал. Враќал мило за драго но со мера само до исмејување без да прави штета. He бил алчен, ни кавгаџија, ни сплеткаш, ги мразел подлизурковците и многу кон господа бога не бил наклонет.

Итроманецот Пејо никогаш не се однесувал силеџиски, сурово, неупотребувал сила и оружје, освен што беше ја “подмавнувал” жената му Пејовица кога му се инаетела и спротивставувала “колку за да и покаже заби”. He е борец за слобода и човечки права, оружјето го смета “сатанско”, сака да живее со секого (дружељубив) и не само што не се жали од сиромаштијата ами ја оправдува со мислата “така му било пишано од бога”. Во поповите не верува, нити пак има почит кон црквата. Знае да биде нескромен и дрзок дури и во христијанскиот храм и да се подигрува со поповските проповеди. Никогаш не ги сакал поповите, тие ги сметал лажливци, лакоми а попадиите дрчни, алчни заради што ги исмејувал и насамарувал. Тој уште како дете (кога.бил главен момок) се биел шега со поповските недостатоци, поготово со пијанството30). He се срамел да посака обувки за да се фати на оро (“Пејо во туѓи чизми”). Се оженил за сиромашна девојка и колку можел ја почитувал. Како сите Мариовци така и тој имал булук деца на кои не му ги запомнал ни имињата. Немал ни смисла за семеен живот зашто не се грижел ни за деца, ни за жена. Народот не го прикажува ни орач, ни копач, ни жнеач, но само како итроманец кој живее од опклади, надитрувања и надлажувања. Заскитан низ Мариово, со своите ведри досетки го разонодува народот. Покрај другите тој се бие шега и со простотијата на своите Мариовци (“ги качува на дрво за да го симнат”, “ги поредува покрај река за да јадат варени риби”, “ги наговорува да се фрлат во маглата мислејќи дека е волна” итн.), но со желба и самите на себе да си се насмејат. Тие не се налутиле на својот херој Пејко и понатаму продолжиле и продолжуваат со почит да се однесуваат кон него и да го прашуваат за некои работи сметајќи го поумен и познаен од нив. Тој се гордее со “своето знаење” и со почитта што му е укажана и одговара на нивните прашања, па макар да не знае. Покрај тоа ги советува да бидат работливи, дружељубиви (скараните ги помирува), да си помагаат едни со други, да ја работат земјата и на крајот да им рече “Вие не гледајте го вашиот батко Пејо, тој ќе си најде корка лепче и на трнче!”. Се смее на мариовската нечистотија, ги советувада се бричат и стрижат иако лично тој не си бил многу по хигиената велејќи им: “Мене господ ќе ме искапи, кога ќе заврни, а кога ќе ми присмрдат овие мечешкиве (мислел на нозете) ќе скокна до Црна Река ќе ги збрчка и баму а после мискрјна мирисат”.

Надворешната страна на Итар Пејо31) се поистоветува со неговиот карактер. По раст си беше низок, шишкав, (полничок), никогаш не го запетлуваше кошулата, нити врзалката (учкурот) од гаќите. Беше силен и авторитетен (“Пејо кмет”), со големи воловски очи (“Пејо не гледа ноќе”), сиромав, горд, духовит и добар играорец (“Пејо и туѓите чизми на оро”), издржлив и достоен на зборот (“Облог”), со дебели муцки и ретки заби (“Пејо и  берберот”), лаком без наситка (“Пејо, попот и алвата”), смел, правичен и строг што не трпи неправди (“Итар Пејо кадија”), добар мудрец и знаен (“Итар Пејо го надмудрува “горниот””, “Пејо в затвор”, “Итар Пејо на ручек кај царот” итн.), нозете куси, дебели, широки (зашто секогаш бил качен на магарица), рацете полни, здрави (никој не можел да натфрла камен со него), лице дебело-црвено, меслесто, (“лажеше очи и кај попадии и кај анџики, анки и други мариовски посестримки”). Беше Пејо лика и прилика-гордост на целото Мариово, со младите млад, со средновечните токму, со старите стар. Се прикажува дека уште од млади години беше го фатил косопасецот, дури пак го запомнале со бујна и остра коса, мустаќите Пејови беа за приказ: на младост црни бујати и кога ќе го погледнеш од далеку како јагне в уста да лапнал. Таков бил Пејо: личен, маж четворен, во народот секогаш стрчел и со беснеење и со итрост. Знаел да биде пријател и другар со секого, знаел да муабети и да се надитрува и со Турците, и со Србите и со Бугарите и со нашите (се мисли на Македонците, б.н.). Пејо лесно се прилагодувал со средината и со народот, можел да се носи со тешкотиите, ведар, оптимист со вербата дека и за него и за Мариовци негови ќе дојдат подобри времиња. Во разговорите што ги водел со своите Мариовци Пејо секогаш завршувал со мислата “А бре брајќа, ќе дојдат и за нас убаите денои!”. “Еве војната заврши (се мисли на Втората светска војка) си ја дочекавме слободијава, можеме да си зборуваме на нашннски, даскалине се наши, претседниците исто така се од селиштава наши, тие велат сите да бидеме среќни. Така велат оние шчо зборват по конференциине”. Имаше и такви што ги учеа за некој си Маркс, Енгелс, Ленин, Мариовци многу не се по политиката, та Пејо ќе удрел некоја шега32) и на нив сите громогласно ќе се изнасмееја. “Празни зборови-празни села”, велел потоа Пејко кога гледал илје-милје Мариовци како го исправаат патот за кон град, a оттаму за белиот свет. На заминување Пејо ги одвраќал, ама тие не го слушале, исто тој си бил човекољубив по душа.

Како се селел Пејо од град в град, од држава во држава така го менувал и речникот свој. Најпрво ги заборавил мрсните мариовски псовки, лутпте клетви и надвикувања. Говорел течно, разбирливо со употреба на модерните зборови: “океј”, “јес”, “чао” итн. Турцизмите веќе ги подзаборавил. He ги заборави мариовските пословици и поговорки, нити анегдотите, нити песните и приказните. Бил послушен и почитувал сите законски норми од државата каде престојувал-мирност, сталоженост, пе се надвикувал, нити размавнувал со рацете. Говорел асоцијативно, таинствено во искажување на мислите, (отиде да прави плитари вместо умре), со двојни изрази (му се расипа апаратот за слушање-за непослушност), внесувал пејоративност (вместо дебел човек-мечка), ироничност (се изнаплачи на гробот од султанот – вместо се радуваше). Во последните години употребувал и некои надреалистички изрази: (мислата низ очите му излегува, “волна низ уши му расте” итн.), сликовитост при раскажувањето (устата му е сува како корупка), бел како apart (контраст), хиперболика (се слуша дури до небеса); се чинеше да биде интересен, современ и пријатен во друштвото. Неговите Мариовци не можеле да го препознаат некогашниот архаичен, месласт, растурен, размавтан итроманец. Итар Пејо е загадочна личност. Колку повеќе се другарува со него толку помалку се знае за него. Тој не се наоѓа на страниците на историјата меѓу војсководителите, борците, политичарите, партијците ами во спомените на народот. He оставиле неговите врсници сонародници пишувани документи за неговото раѓање, женидба, умирачка. Којзнае дали и умрел. За кралевите, царевите, војсководителите и другите државници се пишуваат спомени, мемоари итн. додека веселниците, како нашиот Пејо, живеат во мислите на својот народ. Напишаните во историјата се бесмртни, додека итроманците се вечни зашто нивниот живот продолжува во народот. Co Пејо во последниве децении на веков не е така. Веќе се подзаборава. Овде-онде ќе се забележи по некоја анегдота или виц од неговите миленици и толку. За Насредина Турците прават разни средби, пишуваат дебели книги, градат смешни споменици. За другите веселници во светот (Минхаузен, Бертолучо и др.) се снимаат филмови, се прават сликовници за најмладите, еротски филмови за возрасните, фантастични стрипови, се градат специјални домови, се пишуваат студии, романи, раскази а во дневниот печат се појавуваат анегдоти, вицеви и афоризми поврзани со нивните имиња и на тој начин им го продолжуваат векот.

Ќе живее ли понатаму мариовскиот шегобиец Пејо? Секако. Се додека постојат Мариовците Пејо ќе живее и ќе се јавува со нови досетки, вицеви и афоризми. Ќе се јавува од Скопје, од Битола, од Прилеп, од Америка, Австралија, Канада, Германија и од сите страни на светот каде се распрснати Пејовите пра-правнуци. Пејо ќе живее векутума века или речено: до векот на вековите, додека народната мудрост умува. А народот и во најтешките моменти од животот изнаоѓа меѓа. На крајот со право ќе забележиме дека присутноста на ликот на Итар Пејо меѓу Македонците во земјата и во белиот свет претставува потврда за неговата популарност.

На крајот општите карактерни одлики на Итар Пејо и Мариовците сублимирано би биле следните:

Во македонските анегдоти, вицеви, афоризми и други видови прозни состави непосредно поврзани со итроманецот Пејо реално е прикажана судбината на Мариовецот, животот проткаен со сиромаштија, немаштија, поробеност, обесправеност, живот исполнет со макотрпија и вековната борба со скржавата неродна и посна мариовска земја, со усет на хумор, итрост и способност нештата да се предадат на смешен начин со оптимизам за подобра утрешнина.

Итар Пејо е будалетинка, шегобиец, итрец, лажливец, провокатор, напати осветник, напати циник, женкар, неработник, лаком итн. итн., а во спомените на Мариовците останат како ведар и способен шегобиец, мудар и закрилник. Во неговиот лик се сублимирани: смелоста, остроумноста, чистиот ум, бистриот поглед, здравиот разум, веселиот дух со стремеж кон слобода на изразот, горделивоста и вековната жед за хумор и смеа на народот. Тој е борец за правда, но не со пушка в рака но со острицата на хуморот, страстен вљубеник во својата земја и народ, со весел карактер, со добродушна и секогаш хумана итрост. Кон своите доверлив, кон туѓите со сомнеж. Отворен и близок пријател на Мариовците; целиот исполнет со духовна разонода и смеа. Кон своите секогаш насмејан а кон туѓите дипломатски настроен. Своите ги разбира, им одобрува и проштева, додека на туѓите им пркоси, се шегачи и им прави незгоди. Кај него се слеваат во едно и мислите и чувствата и моќта и потекуваат преточени во хумор. Тој е: весел, шаллив, смешен, итер, духовит, омилен, надарен од бога да кажува и насмејува

Пејо е мудрец кој најпрво ги надитрува своите Мариовци, па: претставниците на турската власт: од султанот се до агите, беговите, заптиите, оџите (Насредин Хоџа) еднакво се шегачи со поповите, владиците и секој што ќе му застане на патот. Во една анегдота го надмудрува дури и “горниот” (бога). Co својата итрост, талент за хумор (надмудрувања и ведри кажувања) тој успева да се наметне и да доминира во средината. Знае да ја разликува вистината од лагата, љубовта од омразата, смешното од жалното, светлината од темнината, итроштината од глупавоста итн.

Анегдотите за Пејо не се директно земени од народниот фолкорен извор, но дошле преку прераскажувања, што би рекле се исфилтрирани. Така: Стале Попов, Милан Ристески и други собирачи и запишувачи се јавуваат дури и автори на некои Пејови анегдоти. На Пејо се припишани голем број анегдоти и вицеви што се однесувале на други итреци, за што тешко може да се изнајде вистински доказ.

Мотивите во анегдотите поврзани со ликот на Пејо се најразлични: тој се обложува (опкладува), слугува, момокува, е в затвор, на стража, изигрува бабица, врши служба на кадија и излегува пред кадија, берберин, претскажува, ученик на Насредина и другарува со него во надитрувањето, добродетел, лажливец, шегобиец, играорец и ред други професии.

Формите на прозните состави се најразлични: од раскажувачки подолги дела, преку пократки анегдоти со дијалози, до вицеви, афоризми, поговорки, прашалки итн.

Ликот на Итар Пејо е вечен: дамнешен (некогашен), скорашен, сегашен, современ и идеен, спремен да насмее и развесели. Hero ќе го бараме во мариовските пустелии, во Прилеп, Битола, Скопје и во сите земји по белиот свет, а ќе го најдеме во весело друштво каде прикажува, раскажува и громогласно се смее. Современиот Пејо потешко ќе го препознаеме зашто се помодерил и отишол во чекор со времето. Многу одамна го оставил магарето и хаварисаните воени камиони со кои носеше трупци и руда од мариовските планини. Кога се пресели во македонските градови не момокуваше и слугуваше ами вршеше разно-разни занаетчиски работи: Ѕидаше куќи, станбени згради, викендици за други, асфалтираше улици, работеше на хидроцентрали и термоцентрали, учествуваше во собири, симпозиуми, конференции, состаноци, фестивали и разни турли среќавања и збирања.

Во странство започна да работи на трасирање железнички линии, подигање висококатници, ас^фалтирање автопати и автобани, работеше во нуклеарни централи, возеше и патуваше со разни видови превозни средства: коли, автобуси, авиони дури и ракети. Којзнае дали и одлета на месечината. Ќе очекуваме да се јави преку радиоврски, ТВ и другите современи медиуми.

 

Booking.com