ИТАР ПЕЈО – МАКЕДОНСКИ ШЕГОБИЕЦ И НАРОДЕН СМЕШЕН ЛИК – лаги, смешки, хумор од Мариово


ФУСНОТИ

1. X у м о р (лат. humor) е поим со првобитно значење: влажност во човечкото тело од што според сфаќањата на поранешните лекари претставува душевно и телесно расположение. Во европските јазици влсзен е во секојдневниот говор преку медицинската терминологија. Во средновековната и ренесансната наука со овој збор се објаснуваа разни човечки темпераменти и тоа во духот на Хипократовата и Галеновата традиција, во вид на мешавина на основните човекови особини -“делови” и се бараше хуморот во самото тело во: крвта, жолчката и црниот дроб. Нарушувањето на хармонијата на животните сокови и преовладувањето на т.н. едниот хумор е сметано за предуслов за болест и основа за нервпа настроеност. Оттука зборот хумор покрај физиолошко и психолошко значење: стана поим на човековото расположение.

Поврзување на поимот хумор со комичните (смешиите) ефекти за првмат се среќава во ренесансните комедии. Бем Џонсон (1599) за хуморот рекол: “Ако некого толку го обземе една посебна особина – расположба за да се слеат сите негови чувства, мисли и моќ во едно и потечат во иста насока (пат) со право може да се нарече хумор”.

Формирањето на модермиот иоим на зборот х у м о р се одело по пат на разликување на појавите од мивпите физиолошки осмови. За разлика од разни “настранчиви” (“ќошлести”-нар. израз) луѓе кои не се свесни на своите екцентричности и застранувања a се носители на хуморот стануваат предизвикувачи на смешното додека другите се забележувачи. Хумористот не е настранчив човек како што беше дефиниран во средните векови но творец-писател кој има смисла за смешно и она што е токму смешно умее уметнички да го претстави пред народот. Смешните народни ликови претставуваат сублимација на народниот хумор -интимио претчувство на нештата, како нулта точка на отуѓеност која стално варира. Хуморот секогаш е травестија на митовите, на големите и малите, отстранувања на патетичното, на ореолите, славите и барање на човекот како мера на величието и реалноста. Народот за хумористот, за смешните народни ликови вели: тие се весели, шаливи, духовити, смешни, мријатни, омилени, шеговити луѓе, надарени од бога да го насмејуваат народот и забавуваат.

Народниот хумор игра голема улога во животот на човекот и односите во општеството. Смеата е со поливалентно значење и треба да се разгледува од социјален, психолошки, филозофски, медицински, книжевен и др. аспект. Хуморот открива, разобличува, вади на виделина валкани односи и сб што се лаже народот. Во времето на тоталитаризмот (еднопартијноста) хуморот беше закован, хумористот со скрстени раце, народот имаше затворена уста (“за да не му испаднат забите”, “има болен јазик” итн.). Тој беше затворен извор, дувало и чекаше момент кога ќе потече и порои ќе донесе во смеата. М. Салатников-Шчедрин забележува: “Хуморот, смеата е едно од најсилните оружја во секое време и ништо не може да го затаи. Кога ќе се откријат мотивите за смеа не постои сила да ги затиши и тој што ќе води борба со неа ќе биде жртва на хумористот. Хуморот е едно од најмоќните за разоружување на пороците. Под оружјето на хуморот паѓаат: идоли, венци и корони и под силата на смеата и чудотворната икона, лошо насликана се превртува и потемнува…, додека иародот вели “Шило в торба не се крие”.

Co силата на хуморот и смеата народот ги камшикува нездравите човечки односи, позерството, празната фразсологија, политизираната наука-квазинауката, лажната религиозност и чесност, лицемерјето, политиканството, вообразсноста, простотата, лажната скромност, кукавичлукот, социјалните неправди, феудалните и црковни канони што носат крутост итн., мрзеливоста, животот на туѓ грб… Смеата ја релаксира човековата душа, ја топи тагата, го разубавува животот, внесува ведрина, смеа, волја за живот…

Смеата (хуморот) не го поштедува никого, ни кралеви и цареви, пажеви и слуги, политичари, професори, лекари, свсштеиици, од најодговорни до наједноставни занаети и професии. Го опфаќа целиот живот: од најстари до најмлади: дедовци, баби, родители, синови, внуци, сите видови на роднини и пријатели: тетки, вујни, стрини, сватови и сваќи; разни социјални слоеви: селани, граѓани, богати и сиромаси, умни и умоболни, прости и учени, писмени-неписмени, здрави-болни, лични-грди, вдовици-вдовци, лицемсри-честити, работни -мрзели и се што го сочинува народот; сиоте видови обреди, обичаи: раѓање, свадба, погреби, церемоиии.

Смешното и комичиото се различми процеси. Смешното произлегува од нормалниот живот, објективниот, додска комичиото е мотивирано од субјективна природа.

2)            Секој народ си има свои великани во иародниот хумор: Македонците: Итар Пејо, ИтроМан Пејо, од Градешница-Мариово (1873 г. отпечатена прва книга со акценти за И. Пејо), Србите: Ќоро, Еро, Лала, Босанците Хусо и Хасо, Уигарците: Петар Лажот, Лудиот Мати, Германците: Тил Олештигел и Минхаузен, Италијаните: Бертолучо, Полјаците: Хлопек-Растропек и др. Насредин Хоџа (Турција-мудрост и знасње), Тил Олешпигел (безмерии лаги и ѓаолштилуци), Хлопек-Растропек – (Полска), Пакала и Тандала (Румунија), Стракалас и Такалас (Литва), Ким Сон Дал (Литва), Бсртолучо (Италија), Хитар Петар (Бугарија).

3)            Мариово е планинска област, висорамнинска котлина, расположена меѓу Битолско- прилепскиот и Кавадаречко-меглемскиот крај и зафаќа површииа од 1.392км2. Некогаш, во турското владеиие, претставувала една административна целост, додека во сегашно време (1960-1993 и понатаму) Мариово е поделено на трите општими од градовите: Битола, Прилеп и Кавадарци. Земјата посна, неродна, планините високи пошумени кои ја заградувале оваа област. Сточарството, главна стопапска гранка. Спорсд местоположбата с. Дун.е, Витолишта, Градешница се централни места каде се разменувала стока. Во овие села имало развиено занаетчистно: бојаџиство, коларство, бочварство, терзиството и други занаети.

За топомимот Мариово се врзани повеќе легенди. Римјани те го именувале со зборот Марина (изведено од МАРЕ-значи море). Во Византиските документи се среќава името Мерихова. Според друга легенда името е добиено по Мариовската Марија, посестрима иа турскиот султан Мурат, кој во знак на благодарност и ја дал на нејзиното владение оваа област.

Според археолошки наоѓалишта во Мариово имало живот уште во раните векови кога било населено со Илири и Трачани, додека во VI и VII век го населило словенското племе Брсјаци. Во 1371 г. населбите во Мариово стамале турски тимари посебна автономија со управа на т.н. земски (селски) кметови, што траело се до 1834 год. кога Турците целосно ја презеле власта во свои раце. Мариовци се слободољубиви и борбени и во петвековното турско ропство кренале две буни (1564 и 1689 год.) и учествувале во Илиндемското востание и борбите за своја мациоиална слобода. Од педесетите години во Мариово започна големиот миграционен процес, најпрво во блиските градови, а покасно и во европските и прекуокеанските земји.

4) Виц (герм. Wilz) термин на герм. книжевна критика и наука за книжевност; изведеница од герман. глаголска основа wissen-знас; способност на поединецит за умна и духовна досетка. Во првата пол. на 18 век поимот означува книжевен талент воопшто. Така, кон почетокот на 19 век значењето на овој термин се ограничило на: досетка, секогаш смешна или потсмешлива.

За разлика од смешните приказии вицот е краток-сублимат на една до две или три реченици каде се кажува најважното. Вицот е творба што го крие изненадувачкото, смешното и заради што често вицот се прави од игра на зборови. Основното и главното значење на вицот според Фројд е агресивноста упатена директно против општествената цензура, против т.н. тајните општествсни подрачја скрисните делови на животот. Таму каде што општествената цензура-државната забрана на смеата е слободна вицот нема значење, зашто слободно се кажува и прераскажува. По тематика има и религиозни вицеви. Интересни се оние вицеви каде е доминацијата црквата. Големината на вицот е во неочекуваноста и безизлезноста. Вицот може да биде сосема кус расказ, но и да се состои од две-три реченици. Вицот ќе биде дотолку поефикасен доколку е посиротивен на државната цензура. Тој е борба меѓу немоќните со силните, меѓу простата маса со владетелите итн. Вицот може да биде интересен и кога ја третира спротивноста меѓ-у поединецот со средината, меѓу заостанатоста со модерното. И со вицот, како со анегдотата се критикуваат негативмите каракгери. Вицот се разликува no вид и мотив од анегдотата, и едиоставниот хумор. Смешното се постигиува со помош иа изненадното, ефектното. Вицот се кажува оригипално. Постојат по мотиви вицеви политички, религиозни, еротски, семејни, секојднсвни и др.

За време на тоталитаризмот (комунизмот) постоеше монопол на средствата за информирање, исклучно во рацете ма власта, која манипулираше со народното расположение и со психиката со теидеиција сите треба да бидат истомисленици. Народот, без можност за јавно искажуваи.е почнуваше своите мисли да ги крои според своја мера: но не беше во состојба јавно да ги изнесува. И така: мораше прску аиоиимните талетирани сатиричари започна да составува остроумни, весели, најчесто нецензурирани вицеви кои ја разобличуваа власта разобличувајќи ги насилставата и демагогиите по тоталитаризмот. Се јави нова форма на исмејување, започнаа да се пробиваат страниците на хумористичните весници, меѓусебе народот разменуваше шеги, вецеви; се јави едиа т.н. еротична естетизација на тоа време и во тие цензурирани години започна да заживува хуморот, сатирата и најпосле вицот. Се јавија творби кои се пренесуваа од човек на човек и мимуваат низ власта, низ полицијата, која постојано се потсмеваше и претставуваа своевиден одговор на комунистичката демагогија и насилствата.

Од педесетите до осумдесетите год. на овиј вск Југославија беше земја на конгреси на КПЈ, на Социјалистички сојуз, Младина, Синдикатот. Се воведе самоуправување и секоја година одбор комунисти се состануваа во Крагуевац под името “Црвен бајрак”. Беа измислеми разио-разни состанчења, симпозиуми, собири и други форми за да се замаглат очите на работникот. Народот работеше и од ден во ден осиромашуваше. Југославија се задолжуваше. Тито заедно со своите соработници се шеташе од земја во земја. Бродови, возови, авиони и безброј коли беа ангажирани за неговото патување. Мародот гледаше и таеше. Создаваше вицеви, амегдоти, разни смешни прозии и поетични творби но нсмаше право да ги обелоденува. Co посебен закон беше заштитено имсто на Тито од секакви исмејувања. А народот меѓусобно раскажуваше и прераскажуваше вицеви, анегдоти, песни итн. Заиочпаа да се снимаат филмови за недостатоцитс на комунистите и системот. Се јавија и првите романи, раскази и песми, со тематика исмејувап.е на читетели. Хумористични весници и списанија можеа да публикуваат некои бледи вицеви и карикатури. Имаше автори и уредмици кои беа смели и заради смелоста “плаќаа” со затвор. Тогаш се јави вицот: “Се копа канал од затвореници. Од едната страма копаат оние што кажуваат политички вицеви а од другата тие што слушаат и се смеат”. Партијата бараше разми форми за искористување на работникот. Се одеше по селата и се правеа научни теми за рационално користење на работната способност на човекот. Така во една задруга каде работеше Итар Пејо пристигнаа научници и политичари. Беше време на косење. Пејо Мариовецот косеше. До него дојдоа комунистичките стручњаци. Гледаат и се размислуваат. Тој коси. Тие го запираат и назад му врзуваат едно гребло. Тој коси и со движењето го собира сеното. Тие се задоволни. Вториот пат кога тие доаѓаат Пејо почна да бега. Тие го фаќаат и го прашуваат зошто бега. Тој вели “Се плашам да не ми обесите фенер на “татковото” што се вели мандалото, та и дење и ноќе ќе ме терате да косам”… Весниците се полнеа со демагошки веќавања.

Поимот комунист за народот значеше измамник, демагог и своевиден арамија. Ширеа комунистички идеи, живееја капиталистички a се однесуваа феудално кон народот. Проповедаа еднаквост, а растеа социјалните тензии. Велеа секому според работата, а работиикот живееше мизерно. Измислија разни форми за борба против незаконското богатење и осиоваа општински, републички и сојузми комисии кои за испитување потеклото на имотот на комунистичките буржуи. Но, во тие комисии не влегуваа комунисти и функционери, ами професори и работници. Во една таква комисија бсше и Итар Пејо. На првата седница на комисијата Пејо го кажа следниот виц: “Во зоолошката градика избирале комисија за потеклото на имотот. Ја предложиле за член мачката, а таа му рекла не можам зашто имам дебело и скапо крзно. Го предложиле штркот а тој одбил поради што живеел на “голема нога”. Го предложиле волкот, тој одбил правдајќи се зашто цел век само крадел. Ја предложиле лисицата, таа се оправдала поради нејзината мана – лажењето. Дошло ред на лавот. Тој велел оти е крволочен. На крајот пристанале да бидат во комисијата мајмунот и мајмунката, велејќи “Ти со гол газ и јас со гол газ условите се исполнети”.

Се градеа куќи, викендици.се купуваа скапи возила, се патуваше насекаде во светот. Излезе во мародот изреката “Блазе на омој народ што родил комунистички синови. Нека си ги подвитка плеќите и нека го носи тешкиот товар. Што е комунист, кружеше вицот “Оној што шири партиски идеи, спие со Луј XVI (така се викаше најмодерниот мебсл), се вози во мсрцедес и се облекува во Париз”. Повеќе од четириесет години владееше тоталитаризмот. Беше се во рацете на комунистите. Се изедоа златните раце на работниците, му ја испија потта и крвта. И не само мему, ами на генерации и генерации. Кон крајот на осумдесетите години печатот бележеше државен долг што би се вратил по 200 години. На прво место во светот е Југославија со борч, на прво место со комунистички идеи, на прво место со силна емиграција. Народот сето тоа го преточуваше во зајадливи вицеви, ама не смееше да ги искаже. Никогаш народот не може да ги заборави нивните красноречивости што труеја генерации, генерации. Беа некомпромисни кон потчинетите, а покорни кон своите претпоставени, кон другарите, како се викаа. Започна да кружи вицот: “Комунист е сила светска”: тиранин кон покорените a слуга кон претпоставените…”

По распадот на Југославија, за која гинеа безброј синови започна да се раскуќува народниот имот и премима во приватни бизнисмени. Овој мал труд, онаа фабрика со стари машини, што беше откината од челуста на комунистите се истроши. A тие, бизнисмените секако се некогашиите комунисти кои во странските банки ги ставаа крадените средства. Народот врати со анегдотата: или можеби виц: “Пет века народот наш беше под туѓа власт и дојде ден да се ослободи и преживее, или: За пет века Турчинот што не изеде комунистот само за пет децепии уништи”. Во времето на комунизмот се јавија и првите еротски вицеви како плод на забранетите политички вицеви. Еве еден од нив: “Едно утро Јованка (сопругата на Тито) ги полива цвеќињата и пее. Ја запрашал еден прислужник за поводот на нејзината весела расположба: “Вие сигурно ноќеска од нашиот другар Тито сте доживеале еротска убавина (што би рекол нашиот Пејо итроманецот: сте излубени и “направени”). Таа одговорила потврдно. Тие што прашале се насмеале зашто дошле до констатација – заклучок зошто цела Југославија пее”. Вицевите не се производ на колективно творење но творби на поединци, со посебна дарба и осет на опсервација на негативиите страни, остроумни, што би рекле, безимени автори со чувство на хумор, богата фантазија, талент и творечки способности. По составувањето тие се пласираат меѓу народот, се надополнуваат или искристализираат. Силината на вицот е зависна од мотивот и актуелноста и поприфатлив доколку неговата силииа се движи по нагориа линија. Вицевите во кои носител на дејството е Итар Пејо допрва треба да се изнаоѓаат и разработуваат.

5) Мариовците се брсјачко племе среден раст, физички развиени, остар поглед, со интелектуални способности, емоциоиалии, дружељубиви, солидарни, пожртвувани, лесно прилагодливи во друштво, веселмици, претежно сточари и земјоделци. Од педесеттите години Мариовците започнаа нагло да емигрираат најпрво во блиските градови: Прилеп, Битола, Кавадарци и во Скопје, а покасно во европските и прекуокеанските земји: Канада, САД, Австралија.

6) Популарноста на Итар Пејо уште од минатиот век ја надмина границата на Мариово. Во секое македонско село и град се прават шеги и се врзуваат со неговото име. Во Демир Хисар, област што се наоѓа меѓу Битола, Кичево и Крушево, населена со брсјаци познат со своите ведри досетки, со интелектуални способности, крај од каде излегле голем број писатели, поети, драматисти, политичари и друг вид на интелектуален свет, се отишло до таму да се докажува дека Итар Пејо е роден во Железпец-село од каде извира реката Црна и дека пред стотици, стотици години Пејо си допливал дури до Мариово. Порадо наш интсрес и во прилог на темата го донесуваме во целост искажувањето на Мито Брбоски од с. Прибилци, Демир Хисарско:

Пред сто-двеста можеби и повеќе години Итар Пејо се родил во с.Железнец, каде реката Црна на селаните им е истум до газот. Копилешката Стојна, лична, прелична, бендене девојка, аѕер за мажење, беше останала тешка (бремена н.б.) и самага не знае од кого зашто многумина беше се тркалале со неа кај бучалото (изворот) на Црна Река. Кутрата Стојна како и растел мевот (стомакот) така се срамела и страшела од татка си. Кога дошло време за “олеснување” (породување) таа отишла кај бучалото, писнала колку глас е држи и нешто вреснало и се слизнало меѓу ноѕе. Ќе беше го стапнела ако не го слушнала врескањето на детето. Го завиткала во лисја и тревишта и го скрила во џбунот покрај дувлото. Вечерта кога темницата го покрила селото таа го наместила на една леса и го пуштила по вода. Оттогаш немало потраг од врескалото.

Кутрото детенце качено на лесата се меткало од камен до камен мо реката се пикало во вртлоците и по месец два матните менливи води го одмеле се до Мариово, до Завојот. My се наполнале очињата, ушињата, носето со кал, песок и други матежини. Дење се потпикнувало во вртлоците, а ноќе, кога месечината го одбележувала патот лесата се мрдала и така стигнал до еден вртлог, пред едно суво врбово стебло што ја попречувало реката. Претало, претало детулето ама ништо-си останало во вртологот ноќе спиело а дење пискало колку глас го држсло што би рекле барало помош. Стојан, овчарот на Мигревци во Ивени, родум од с. Градешница, како што ги навраќал овците покрај реката слушнал детски пискотници и се стрчал кон реката. Кога се поткачил на сувата врба и што ќе види: “детуле, цело помодрсмо”. Брзо-брзо се маведнал го грабнал и го свиткал во гуната. Било приквечерина, заладувало, а ваму есено време: врнело шушлек-дожд мешано со снег. Стојан се извардил да не го видат и се затскрил под едно дрво, та ја отворил гуната, го подзачистил детулето од калта, му извадил едно чудо песок од устата, ушите, носето а тоа кога збрало душа вреснало. Отишол до другиот овчар, што бил близу, го замолил да ги приварди овците и колку душа го држело трчал се до Градишница кај жената. “Жено, привикиал, Господ не сакал и ни пратил детуле”. Тие си немале пород та Стојаница се израдувала до немај каде и брзо-брзо го скрила детулето. Така беше го криела од “Криви очи” рамно девет месеци. За да биде тајното вистинско како велела таа, се преселила на котари кај Стојана и секое слегување во селото клавала по едма перница под клашенци покажувајќи се тешка пред жените селски. Кога дошол денот таа го истопорила малото пред селаните. Тие беше се измачудиле од неговата големина. Митрејца чешитката во селото едно погледнување извикала “Божеле колкаво дете! Ами кај го носеше мори сестро?” се прекрстила. Мајката се фалела оти уште во меот тоа јадело сланинки и бакрданик и миело млеко козјо зато уште со раѓаето имало и заби и коса. На Пејо името му го клал дедо Петко, да бил умен и среќен како него. He го однесле ни в црква, нити кај матичарот. Го гледале како очите свои што се вели. Што побарало тоа имало. Го намравиле дебело како цуце, го разгалиле а тоа се сторило ми лук ни киселима. Затоа честопати ќе речеше Пејо во одминатите години: “To шчо не зна да работа се криви татко и мајка оти не ме оставаа ни сламка да крена”.

Митре таткото остаре, обеле, се подгрбави и го јадеше јанѕа за тајната што ја чуваше во себе. Веќе беше изнемоштен и одвај ги распознаваше луѓето. Лежеше цела една година на постела кај плевната. Го повика Пејо и почна да блада. He се разбираше ни самиот себе. Пејо ја вртеше жално глаучката, ронеше солзи и рикаше од жал за татка си. Митре склопи очи замина иа оној свет и не успеа да ја каже вистината. Ha неделата пo умирањето на Митре и жена му дамлоса и умре. И таа ништо не кажа, ја однесе тајната в”гроб.

Лична Стојна седна чупа уште две-три години. Изроди уште две деца и ги фрли по реката Црна. Потоа ја мажија во Прибилци кај чорбаџијата Богослав. Тој ја зеде за синот Дамјана десетина години од неа помал. Направија свадба за приказ. Ја наружаа се со златници: гушници, обетки, руба срмајлија. He роди повеќе. Нити погледна во реката Црна зашто и се ококорувале некои детски очиња и и се завртуваше умот. Мажот и кога порасна замина во Стамбол на печалба. Таа остана сама со свекорот оти свекрва и умре на зелено од муабетите селски за невестата и мажот и што си ги копале очите. Целата општинска власт коначеше кај нив. Стојна си беше бела-црвена. Мезе за вдовците селски, за шумарите, даскалите, за жандармите, на ајдутите и комитите посестрима. Се прикажуваше оти на рамо клала пушка берданка и кај изворот на реката Црна преноќувала. Убивала Турци-поганци од реда. Власта дала потера и награда за оној што ќе ја убие или жива донесе. Ама не ги добил златниците никој оти трупот и го нашле во Црна дури кај селото Градиште. Една вечер таа… така се наведнала на водите пенливи и се стаписала: гледа очиља на детуле каде се џарат во неа. Излегуваат од водата две рачиња и ја прегрнуваат. Таа се подала, паднала и не станала. И таа не ја кажа вистината за Итар Пејо. По раскажување на Мито Врбовски од с. Прибилци, тој сказната ја слушал од дедо му, а тој од неговиот татко, кој бил комита во четата на Јордан Пиперката. (Забележано во 1986 година од авторот во с. Прибилци, Демир Хисарско).

7)            Анегдотата е слушана од Петко Сукалоски, стар на 85 год. Собирачот на анегдотите (автор на текстот Т.Огненовски) престојуваше во с. Градешница на воена вежба во времето од 20-30 мај 1987 година. Анегдотата Пејо и анката на Насредина се пренесувала од постарите Мариовци со желба да се зачува за навек.

8)            Пејо за прниатклава гаќи е анегдота слушана од Петко Сукалоски од с. Градешница, во 1987 година. Амегдотата обично се раскажува кај Мариовците кога треба да потенцираат дека Мариовците се вистински мажи и сакани заради наивната машкост.

*) Мотивот на анегдотата Пејо и јадењето кај чорбаиијата е општо познат. Преиравањето на итреците во бог за да се оствари нивиата желба е прикажувано на разни начини. Во бугарскиот фолклор постои анегдота каде “Бај Иван се преправил во дедо Бог за да си ја облуби својата свеска”. Меѓу Македонците е анегдотата “Преправање во господ за да се земат златниците од богатите”. Преправени во Господ Бог арамиите (облечени во црни долги облеки, со брада и мустаќи и голем сгап во раката) тропаат пред мортите на богатите, се закануваат “ако не им се дадат златниците ќе им изгори куќата, ќе им умре најмилото и ќе им поцрка стоката”. (Амегдотага е забележана во 1987 година од Петко Сукалоски с. Градешница).

10)  По завршување на колективите народот од Мариово започна да емигрира по градовите: Прилеп, Битола, Скопје, Кавадарци и други места а покасно во европските земји: Франција, Гермаиија, Шведска, и др. Од Франција тие се преселуваа во Америка, Австралија и Канада. Селата опустеа: се враќаше по некој старец или сакат “за грев”, “не токму” – умствено заостанат. Залуди беа донесените планови и програми на тогашната комунистичка власт за развој на неразвиените краеви. Се предвидуваа специјални фондови кои се трошеа за подигање модерни овчарници, и патишта за искористување на рудните богатства и шумите. Рудата се носеше во Прилеп. Шумите се сечеа, а нови не се засадуваа. Фондовите се трошеа за правење разно-разни проекти кои завршуваа во архивите на општините, заводите, институтите и други оргаиизации. Додека се најдеше некое решение народот емигрираше. Co нив одеше и Пејо Итроманецот. Се пресели прво во Прилеп, па во Скопје, а навраќаше и во Битола. Кога и таму не се наоѓаше корка леб и засолниште фати вит-виделина, како велеше тој во џенем-буџенем по белиот свет. Шегите Пејови останаа меѓу прилепските мајтапџии. Некои се подзаборавија, а други се преправаа, дотеруваа по мера на народот. “) Анџиството во Прилеп беше се до седумдесеттите години. Го водеа повозрасни луѓе и со задоволство кажуваа шеги за минатото. Кога започнаа автобусите да сообраќаат и кога намалија Мариовци да слегуваат во градот замреа и ановите.

Анегдотата Пејо и ненаситната анџика е слушана од прилепчани, а забележана во 1982 година од Стојан Ѓуровски, роден во Мариово, долгогодишен мариовски учител кој се смеел со Пејовите итроптилоци. Авторот ја искажува благодарноста за отстапената анегдота на господин Стојан Ѓуровски, жител на Прилеп-партиец, шегобиец, прав Пејов пра-пра внук.

12)          Македонците во Америка, раскажуваше Стеван Лајманов од с. Ѓавато, долгогодишен печалбар (од 1906 до 1985) работеа секакви работи. Беа земјоделци, работници, занаетчии, трговци и се што ќе притребаше. Работеа на одржуван.е дворовите кај побогатите Американци, поправање чешми, молерисување, вршеа сервисирање на потешки поправки: канализација, одвод итн. Анегдотата за Пејо и копањето на градината кај богатата вдовица беше ја слушнал од Стојан Шошев, негов соселанец кој уште во 1910 година се оженил со некоја си Русинка и со неа заминал во непознат правец. Стојан Шошев знаел многу сказни за Пејо Мариовецот. (Забележана во 1976 година од Стојан Лајманов при престојот во Битола).

13)          Пејовата женидба со машко е анегдота слушана во 1980 година во Битола од Трпе Велев, од с. Градешница кој прво започнал со печалбарење во Америка а потоа, откако се оженил, отишол во Австралија.

14)          Пејо во бербериица слушана од Трпе Велев во 1980 година во Битола.

15)          Мариовците роднинството го сметаат по појаси. Обичај било во Мариово појасот од детето да се наследи од еден внук кој бил поинтелегентен, поразбран и подомаќин. Одлуката за давање појасот ја донесувал лично дедото. Анегдотите од Австралија се слушани во 1988 година од Перо Миленковски, печалбар, родум од с. Жван, Демир Хисарско, емигриран во 1970 година заедно со семејството (жената и децата). П. Миленковски е автор на голем број песни со патриотска содржина и учесник на Струшките.вечери на поезијата во 1988 година. Во Австралија П. Миленковски редовно контактира со македонската емиграција, го познава нивниот мемталитет и ведар дух. Меѓу македонската емиграција во австралиските градови: Мелбурн, Сиднеј и други се наоѓаат и голем број Македонци од Мариово и Меглен кои се мераклии да раскажуваат анегдоти, да пејат македонски песни и да играат ора од своите краеви.

16)          Анегдотата Насредин Оџа и чевлите на Емине е слушана во Прилеп во 1979 година, на научниот собир посветен на Марко Цепенко. Емине си била негувана анка. По цел ден дома си седела се дотерувала, се бањала, се црвела и белела и си пречекувала “гости” (мажи мераклии) оти оџата си бил многу повозрасен од неа и некуветлија. Кога се враќал Н. Оџа во својата куќа гледал преку прозорецот женски ноѕе кренати нагоре како лесно се креваат нагоре-надолу. Еден ден тој купил чевли од хартија и и ги подарил на анката Емине. Се нишкаат де ваму – де таму. Таа вчудоневидено прашала “што ќе ми се вакви чевли?!”. Тој и одговорил: “Чевлите од кожа се за одење по земја а од хартија за одење по воздух”.

17)          Алија заптијата од Прилеп бил по карактер лош човек, што ќе рече Пејо песосан. Чинел големи штети и пакости no селата. Насредин Оџа и Итар Пејо решиле да му се осветат, да го насамарат, како тие велеле. Го сретнале близу с. Дуње и му го продале магарето од Пејо велејќи му дека сере златници. Алија ги дал двата коња вранци (црни по боја) за едно старо магаре. Кога видел оти бил насамарен (излаган) ги тужел двата итроманци. Тие на кадијата му одговарале: Што ќе клајш в уста тоа ќе извајш од задникот”. Кадијата не можел да се разбере со нив и ги  слободил.

(забележано во 1987 година).

18) Ристо Дрцко од Прилеп имал касапница во пазарот. Сите Мариовци купувале кожи, месо, пастрма од кај него, оти тој знаел “мајсторски” да ја прави пастрмата и меленото месо. По карактер си бил скржав, поткусувач и арамија. Насредин Хоџа и Итар Пејо биле на неколкупати прелагани од касапот. Решиле да му вратат  та го заклале мулето и му го продале за јаречко месо. На Стојана му се бендисувало црвеното месо, го сомлел и на Св. Ѓорѓија ги повикал роднините и пријателите на гости. За нецел саат време му се збурбатило и почнале едно за друго да го посетуваат алето (клозетот). Еден оди друг врати се чинеле. He ги спасило ни кожни гаќи: беше се берботосале та Лајреката прилепска ја извалкале. Од тогаш се вели оти оваа река ја викаат Лајнарка. (Забележано во 1989 година од Мирко Николовски од с. Витолиште Мариовско), р. 1924 г.. а слушана од неговиот татко Ристо (1896-1985 г.).

19) Bo Австралија Пејо ce вработил прво кај една богата Англичанка. Работата не била тешка, ама смешна, што велел тој. Во летно време кога сонцето печело таа одела на плажа каде што се капеле голи без ништо на снагата. Пејо облечен во куси гаќи одел по неа и носел куферче со кремови, крпи и други марифети за мачкање и триење, чадор за сонце, разни сламени шамки, гумени работи кои и тој отпрво не им ги знаел ни името, ни употребата. Оди Пејо по неа и се варди да не го видат нашинците. А тие (Мариовци) чиниш се смешале со народијата гола и очи не видат од Пејка нивни. Англичанката ќе одберела ситен песок, и ќе му покажела на Пејо, а тој ќе го наместел сонцебранот, ќе испостелел и откако таа ќе се спружела ќе почнел да ја мачка со разни мачкала. Мачка Пејо и трие од горе до долу по плеќите, крстот, дебелите месишта, ноѕете и пак од почеток. После таа ќе се превртела на плеќите и мачкањето продолжувало. Таа се кроти и се смешка. Кога ќе дојдел со триење таму долу, кај што била лепена, демек кај срамното место, ќе вртел околу него загледан во волништето. Сеирџиите мариовски ќе се доближеле до него и го задирале: “Што правиш бре Пејко?”. А тој “Орам”, “Ами кога ораш бре ископачи ги трљето?”. “Кои трње бре простаци?”. А тие: “Овие море кај што ја држиш раката!”. Кога ќе видел Пејко каде му е раката, кај што не е голо, ами обраснато, ќе се здрвел од срам и ќе ги збркал. Од тој ден Пејо го викале “Пејо бањарот и мачкалото”. Такви се Мариовци негови, свој леб јадат, туѓи трље, демек срамни месишта гледаат”, се лутел човеков и од нив бегал ден далеку за да не го задираат. (раскажал: Перо Миленковски, во Битола во 1988 година).

20) Пејо, како и сите нудисти во Австралија во слободното време, кога Англичанката се одмарала се слекол огул гол, легнал и се покрил со песок, оставајќи ја само главата да му ја пече сонцето и да гледа голи жени. Врви една: прескокни го, друга: препни се и на него и падна врз него, трета се опчекорила над неговата глава, а нему му текнало и му се кренало да простите таквото она де мочалото. Народот полегнал еден до друг како риби во конзерва а на Пејо тоа срамотното му се исправило како кол, тики како стожер во гумно. Врват редарите за да чинат ред на плажата и го забележуваат Пејовото мочало исправено и извишено над песокта. Еден од нив го подудрил и го опоменал: “Што е бре ова, не смееш овде на плажава да правиш демек срамни работи!”. “Кое бре? – одговорил Пејо, тоа не е море бреј што мислите вие, ами е саат”. “Каков саат бре?”, тие налутено пак прашаат. “Саат што работи на сонцето”, одговорил Пејо. “Кога е саат кажи колку е часот?”, налутено викнал редарот. Пејо погледнал во сенката и одговорил: “11, 30″ мин.”. Редарот погледнал на својот часовиик и забележал: “Назад е, сега е 12,30”. А Пејо на тоа: “Бре, јас будалиика, заборавив да го курдисам”. И почнал да го лачка и точка. Тоа пустинското нараснало уште повеќе и тој задоволно додал: “Е сега е точмо 12,30 часот” и си прилегнал. Редарите се насмеале и го оставиле мирно да се одмора.

(Анегдотата е раскажаиа во 1989 година од Драги Огненоски, печалбар од Демир Хисарско во Гелонг, Австралија).

21)          Перо Миленковски кажуваше за Пејо дека едно време работел на една фарма и бил оженет за стопанката која била вдовица. На еден саем во Мелбурн Пејо беше купил автоматска млекомолзачка и задоволно се враќал во фармата. Пред врата го пречекала жена му и му се развикала: “Зошто ти е овој апарат, нели ни пцовиса кравата?”. Пејо одговорил дека вместо таа да му го лапа и цица таквото (мочалото), оти ваму во Австралија и тие работи Пејо беше ги научил, тоа ќе го прави млекомолзачката. Вечерта Пејо се подготвил за спиење, ја поставил машината и му идело убаво. Арно ама машината никако да престане, а него почнало да го боли. Го кренал телефонот и прашал на саемот како се исклучува млекомолзачката. Тие му одговориле дека сама ќе исклучи кога ќе се наполни кофата. Пејо од страв падмал во бесвесна состојба.

22)          Во Гермамија се кажува оти Пејо отпрво слугувал кај една стара Швабица и главна задача му била грижата околу нејзината кучка: исхрана, хигиена, прошетка, контрола на здравјето, поправка на забите, носење на психијатар итн. Секое утро него го среќавале пријателите во близината на паркот како ја води кучката и ја шета точно во определено време. На два дена одел на ветеринарен лекар за контрола на кучкиното здравје. Секој петти ден ја носел на забар, а кога почнала многу да лае беше ја однел и кај психијатар. Тој претскажал скорашна смрт. Така се случило за неколку дена кучката пцовисала. Се направил голем погреб на гробиштата за кучиња. Газдарицата негова толку многу се депримирала што ја испратиле на санаториум за опоравка, а Пејо во нејзино отсуство, секое утро положувал свежо цвеќе на гробот на кучката. По завршувањето на сите церемонии: давањето помен на три дена, седум дена па четириесетдневно сеќавање Пејо бил отпуштен од работа. Сите Македонци беше се смееле со Пејовата кучкарска работа (Во 1990 година анегдотата ја раскажа Душко Јанкуловски, печалбар од Битола во Штутгарт, Германија.)

23)          Фидан Шемовски, родум од с. Могила, Битолско, печалбар во Штутгарт-Германија, кажуваше дека Итар Пејо бил на работа токму во градот Штутгарт кај некој си фабрикант за пиво и чинел разни смејурии и улавштини. Анегдотата “Ќе се чуе утре” долги години се прераскажувала меѓу Македонците во Германија.

Пејо го молел газдата за време на ручекот да му дава по едно бесплатно пиво. Тој му давал со наплата Се налутил Пејо и сакал да му врати. Една приквечерина Пејо зел бонсек и почнал да стружи на катанецот. Поминал стражарот и го прашал: “Што правиш?”. А тој: “Свирам?”. “Како бре свириш кога не се слуша музика”. Пејо му одговорил: “Ќе се чуе утре!”. Меѓу македонските печалбари останала изреката: “Ќе се чуе утре”, мислејќи дека ќе биде затворен.

24)          Љубе Стојменовски, роден во Велес, на печалба во Синделфинген, Германија, ја раскажа следната анегдота за Итар Пејо:

Викендите во Германија се многу важни, поготово ако се поврзани со некоја си фешта (фестивал). Таа сабота беше фестивалот на пивото и го зедовме Пејо со нас зашто не знаеше да вози кола. Се јадеше и пиеше до наситка. Пејо си беше дрчен и алчен. Пиеше пиво колку можеше и неможеше. Чинеше испи неколку кригли пиво и отрчај до реката и олесни се. Полицаецот Ханс го забележа Пеја и пред да стигне на местото на леснењето се скри. Кога почна Пејо да офка задоволно од леснењето Ханс се појави пред него и го праша: “Што правиш?” А Пејо: “Еве ја солам рекава за да не се смрдат рибите!” и задоволно се насмеа. Полицаецот не ја сфати шегата и го казни Пеја 200 герм. марки заради загадување на животната средина. Од тогаш Пејо си носеше специјален полски клозет и се што вадеше од себе го враќаше назад и тураше во домашниот тоалет.

25)          Ѓорѓи Лазаревски, македонски учител во Германија, по потекло од Мариово, има забележано повеќе анегдоти со Пејо Мариовецот. Тој вели дека во ликот на Пејо се кријат сите Мариовци од Германија и другите земји. Тие ќе се насмејат и ќе постават некое интересно прашање за да добијат смешен и “мрсен” (како тие велат) одговор. Во прилог на кажаиото наведуваме неколку од интересните прашања:

1.            Како можеш од исто шише да се напиеш и комова и сливова ракија? Одговор: “Навечер ќе си ја слечеш жената гола, ќе ја седнеш до тебе и од шишето ќе се напиеш една чаша комова. Потоа ќе налиеш една чаша ќе и истуриш над папокот. Кога ракијата ќе врви долу кај нејзината (“сливата”) ќе ја ставиш под неа чашата и ќе ја собереш па ќе си се напиеш сливова ракија”.

2.            Што е разликата меѓу коса и волна? Одговор: “Косата се дотерува со чешел, a волната од жената со вретено!”.

3.            Зошто на жените таквите (се мисли на долните) им се цепени надолу а не попреку? Одговор: “За да не ракоплескаат кога се качуваат по скалите”

4.            Зошто на скакулецот му се подолги задните ноѕе од предните? Одговор: “За да не ги тријат мадињата по стрништата”.

Посебно се интересни поговорките на Итар Пејо искажувани по некоја случка. Од нив ќе ги одвоиме тие шти биле забележани од Ѓорѓи Лазаревски:

1. “Пријателите кои плачат на туѓи гроб не им се насмеал животот”. Така си е со нас Македонците: малтретирани, поробени, угнетени затоа плачот ни е на носот, додека Германците се ладни по табиет: “нити на умрен плачат нити на жив се смеат”.

26) Отишол во Германија еден поп од Скопје и “за да заработи лесно” кренал цела вреќа на рамо, полна со најлон кесички со земја и влегол во клубот на Пејо и почнал да продава, Давал една кеса за десет герм. марки велејќи дека оваа земја ја носел дури од Макединија, од градот Охрид ископана од кај гробот на Св. Климент и затоа е света земја. “Тој што ќе купи, викал попот, ќе го следи среќа во животот и семејството”. Беше ја продал целата земја и другиот ден пак дошол со нова вреќа земја. На Пејо му станал сомнителен и третиот ден го следел и го фатил како полни кесички со земја од дворот на Љубе Стојменовски. He му рекол ништо тогаш, ама вечерта кога почнал да ја продава земјата пред сите го кажал и го истерал. (Љ. Стојменовски, Германија, 1990 год.).

27) Афоризмите поврзани со локот на Итар Пејо претставуваат длабоки мисли со сликовит израз и ја искажуваат авторовата (народна) духовитост и остроумност. Всушност тие по форма се своевидни интелектуални пословици. со одлика на: изворност, остроумност, духовитост и отвореност. Во искажувањата се користат успешно бројни стилски фигури како: антитеза, хипербола, компарација и други. Всушност тие се куси, содржајни, мудри поуки кои се јавуваат заедно се настаните, времето и личностите и секогаш третираат актуелни проблеми. Анегдотата “Пејо и туѓите чизми”, Стале Попов, Одбрани дела, 11, Раскази, Скопје 1966 год. 18 стр.

29)          Анегдотата “Облог”, Стале Попов, Одбрани дела, 11, Раскази, Наша книга, Скопје 1966 год. 10 стр.

30)          Во неговото село врвел еден пијан поп качен на маска и на Пејо му посакал расолница за да се трезни. Пејо потрчал до дома и му донесол цела шутка расолница. Попот ја испил и го блосоил Пеја. А тој му рекол: “Ако сакаш ќе ти донесам уште два, оти ние не ја пиеме”. Кога прашал попот зошто, Пејо му кажал дека во кацата се удавиле стаорци. Попот ја треснал шутката од земја и таа се скршила. Пејо почнал да плачи. Попот пак го прашал: “Зошто плаче?” а Пејо: “Како да не плача отсега нема во што да се моча баба ми во ноќно време!”. Попот јадосан и насекиран ја боднал маската и фатил усвет.

31)          Стале Попов својот јунак Итар Пејо го прикажал: “На лика: низок, шишкав, со голема глава, одоколу бричена, на средето кинеско перче, со широко испупчено чело, со големи широки уши и големи воловски очи, со дебели образи, широка уста, шаплест нос, со надолу наведени рунтави мустаќи. Ноѕете му биле криви-пајмаклии…стапалата куси мечкени, рацете доста куси, но доста дебели во прстите. Широк во плеките, дебел, а кус во вратот.

Од облека Пејо носел: на главата бела валаница-капа слична на арнаутско кече, широка бела кошула опашана преку половина со сиџимка, градите и зиме и лете му биле разградени, но заштитени од честите и дебели влакна-козина. На ноѕете носел волнени бели гаќи на голо месо, та да не ја стега сиџимката секоја ги врзувал и да не го глоди по колковите… Зимно време носел натуткани чорапи и свински опинци, а лете одел бос само по опиици…спиел по зајачки – со отворени очи…” (Ст. Попов, Раскази, 11, Скопје, 1966 год. 9-10 стр.)

32)          Секоја втора вечер доаѓале во с. Градешница политичари и говореле за Маркс, за Ленин, за Тито и за колективите како и за социјализмот кој кога ќе прерасне во комунизам по земјата ќе тече мед и млеко. Селаните, вратени од полските работи и од планината со стоката, ќе слушале, слушале и ќе задремеле. Политичарите се нервирале на незнаењето и незаинтересираноста на селаните и ќе привикале: “Простаци, не знаете нити за Маркса, ни за Ленина, ни за никој. Ништо не знаете!” Пејо го погледнал политичарот и кренал рака. “Браво, привикал политичарот, еве и кај вас да се најде некој да знае”. Пејо станал и рекол: “Стојко, не е така оти не знаеме ништо и не знаеме ти што не знаеш, еве јас знам, знам со кого ти се вала жената твоја додека ти одиш од село в село со тие твои Маркс, Енгелс и другите како ги викаат по име и прекари…”

 

ЛИТЕРАТУРА (Библиорафски едници за “Итар Пејо-македонски шегобиец, смешен лик”)

1.            БАЈРАКТАРЕВИЌ.С. – Насредин хоџин проблем .В. Прилози за књижевност, језик, историју и фолклор, Кн>. 14. св.1 и Н, Београд, 1934.

2.            Итар Пејо. Хумористични народни приказни. II. Издание. Скопје, Книгоизд. “Кочо Рацин”, 1956, стр. 65.

3.            Итар Пејо. Хумористични народни приказни. Забелешки Стале Попов. (Скопје) Книгоизд. “Кочо Рацин”, 1954, стр.65.

4.            Итри, будалести и секакви. (Хумористични народни приказни). Приредил Кирил Пенушлиски. Скопје, Изд. “Кочо Рацин”, 1964, стр.48

5.            Итри, будалести и секакви. (Народни приказни). Приредил Кирил Пенушлиски. Скопје, Изд. “Македонска книга”, 1967, стр.82.

6.            Народни песни. Песните ги забележал Константин Поповски. сп. Развиток, 1982/ХХ, бр. 5-6, стр. 261-268.

7.            НАСРЕДИН XOUA, његове досетке и будалаштине у причама. Скупио С.(Стеван) С (Сремац). Београд, 1895 (друго изд. 1952,1955)

8.            НАСРЕДИН ХОЏА, његове шале и лакрдије у приповеткама. Од Мехмеда Тевфика, Београд, 1922 (друго зд. 1952,1955)

9.            НАСРЕДИН ОЏА, приредил Васко Анастасов, НИО “Детска радост” Скопје, 1956, 66 стр.

10.          ОГНЕПОВСКИ, Трајко, – “Итар Пејо и Насредин Хоџа во македонската книжевност, предавање-реферат на Семинарот за фолклор по балканологија во гр. Есхишехир, Турција, 1983 год. 2-9 мај 1983 г., на македонски, турски и англиски јазик.

11.          ОГНЕНОВСКИ, Трајко, – Итар Пејо Мариовецот, Во: зборник “Мариово и Меглен” – вчера, денес, утре, изд. Друштво за оргаиизирање мариовско-мегленски средби, Прилеп, 1990, 215-226

12.          ПАНОВСКИ, Доне. Првите печатени приказни за Итар Пејо. Во: зборник “Научна Мисла” II, издание Друштво за наука и уметност-Битола. Битола, 1981, стр. 451-456.

13.          ПЕЈО гајдаџијата. Македонија, 1987/XXXIV, бр. 414, стр. 39.

14.          ПОПОВ, Стале. – Мариовци и Појанец. сп. Стремеж, 1955/1, стр. 2-5, Прилеп, 1955

15.          ПОПОВ, Стале. – Итар Пејо. Скопје, изд. “Кочо Рацин”, 1965, стр. 30.

16.          ПОПОВ, Стале. – Итар Пејо. Скопје, изд. “Наша Книга”, 1967, стр. 53.

17.          ПОПОВ, Стале, – Итар Пејо (за мудриот македонски шегобиец) – Видое Подгорец, Скопје, (изд.) “Наша книга”, 1972, стр. 57+/7/; 20×14

18.          ПОПОВ, Стале, – Итар Пејо (Стале Попов: “Итар Пејо”. Г:П. Скопје, (изд.) “Култура”, 1972, стр. 83+/3/

19.          ПОПОВ, Стале, – Итар Пејо. Скопје “Мисла”, Детска радост”, “Култура”. “Македонска книга”, “Наша книга”; 1987, 78 стр.

20.          ПОПОВ, Стале, – Пејо со туѓи чизми на оро. Згоди и незгоди на Пејо Итроманецот. Македонија, 1987/XXXIV, бр. 413, стр. 30.

21.          ПОПОВ, Стале, – Битното за мене да го изнесам животот, разговор во в.”Нова Македонија” од 16.X.1960 год.

22.          РАДОВАПОВИЌ, Војислав, -Маријовци у песми, причи, шали. Скопје, 1932.

23.          РИСТЕВСКИ, Милан и Драган, – Ведри кажувања на Итар Пејо, кн. I, НИО “Студентски збор”, 1984, 84 стр.

24.          САЗДОВ, Томе, – Заедмичкото и специфичното во анегдотите за Насредин Оца и Итар Пејо. Во кн.: Фолклористички студии. Скопје, 1986.

25.          СТЕФАНОВСКИ, Гоце, – Народниот хумор во “Евангелие по Итар Пејо” од Славко Јаиевски, – Македонски фолклор, 1978/XI, бр. 21-22

26.          ТЕВФИК, Мехмед, – Насредин Хиџа, Његове шале, досетке и лакрдије у приповеткама, Нови Сад 1909 год.

27.          ХАЛИД – Ашароглу, А. – Насредин-хоџа. Приче и досјетке, Скупио. Сарајево. 1953.

28.          ЦЕПЕНКОВ, Марко, – Македонски народни умотворби во десет книги, кн. шеста: Народни приказни, Редактирал д-р Кирил Пенушлиски, Скопје, 1976.

29.          ШАПКАРЕВ, Кузман, – Избрани дела во пет книги, том V: Приказни, изд. “Мисла”, Скопје, 1976.

Забелешка: Во делата посветени на Насредин Хоџа се среќава и Пејо Итроманецот.

 

Автор: Трајко Огненовски, Битола

„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г

  • - - - 
Прочитајте повеќе: Туристички атракции во Мариово...
  • - - -