О’шле Итер Пејо со двајица другари Маријовци на лов, ќe го бркаја волко. Е, го нашле, го удриле некаде волко.
Се пикнал волко во некоја капина и не го дотепале. Што ќе прават? Итер Пејо, к’о најитер, свлекол гуна, се пикнал во капина, да го извади волко. Волко го вати и му ја скина на Итер Пејо главата! А тој првнијо другар Маријовец вика: „Чека го-Итер Пејо, нема го да излези!” Признал другијот Маријовец во капината и му рекол: „Море, мрда!” — „Море, оди, вати го за нози, да го извлечиме надзад Итер Пејо”, вика првнијо Маријовец. Вторијо отиде, го извади Итер Пејо од капината. Виде тој првнијо и го праша вторијо: „Ама, бре, камо му ја главата?” — „Кој знаје, имаше ли глава, немаше ли ? Се думале, думале, ама не му ји текнало, да ли имаше Пејо главата, да ли немаше? И се договорија: „Ај, ќе одиме, да ја прашаме Пејовица; таја ќе знаје!” O'[le и ја прашале: „Пејовице, мори, да ли имаше Пејо глава, да ли немаше?” — „Кој го знаје? Ќe ми текнува! Од Велигден на Велигден си купуваше од град по једна валаница. Ама, да ли имаше Пејо главата, да ли немаше, не го знајем!”
Сега тије двајица Маријовци, што останале без другар, па се вратиле и се думале: „Море, ај, да видиме, што му ја изеде главата?” А ич не му текнува, оти волко му ја скинал главата! Отидоа во капините, волко беше вeќe избеган, и најдоа једен срп! „Море, ‘вој житојадец му ја скина главата на Итер Пејо,” вика првнијо Маријовец. „Камо го, да го видам; донеси го, ќe го след’ваме, оти тако направи?” вика тој другијо. Отиде првнијо, му го даде срп на вторијо. Гозеде тој: „Чекај, бре, ти му ја изеде на Итер Пејо главата!” Мавна од једен камен једнеш, уште једнеш, и го скрши преку стредина. „Е”, вика, „Итер Пејо без глава, ама ти без половина!”
Поодиле тије двајица Маријовци уште малце таки. Нашле једна лубеница. „Што је’воа ?” — се прашат. Једнијо вели: „Камилино јајце, море!” Другијо: „Ај, ќe го земиме, ќe го квачиме, да ни излези камилче”. — „Ами, ајде!” вика првнијо. Ами, кај ќe го квачиме ! праша вторијо. — „Ене, ‘намо, на оној камен остер ќe го туриме и ќe го квачиме.” Отидоа тамо, го кладоа на каменот. Првнијо Маријовец турна гаќите, да го квачи, за да излези камила. Седнувајќи, Боже, да го квачи, тоа се завалка камилиното јајце; а тој со раци му стори ‘вака под себе, Боже, ќe го вата, падна од камено и се отепа!
Тој вторијо Маријовец, што остана уште живијо од ловско друштво, виде једен зајек од камен ќe бега. „Е, тоа пусто јајце квачено било! Ено го камилчето, ќe избега, ја го!” И тој, викнувајеќи, се наведе, и, наведувајеќим, си ја удри ногата, и му вика на тој првнијо што умира ‘здола под камен: „Море, стани, бре, јаз си го улина коленцето, a на ти ми се прозеваш!”
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)
Booking.com