Конисала Тода, леле, на вода да јоди,
јоф леле, леле Тода, на вода да јоди,
на вода да јоди Тода од белана чешма,
јоф леле, леле, Тода, од белана чешма.
На пат ми сретила Тода силна потера,
јоф леле, леле Тода силна потера.
Од пат се Тода, леле, назад вратила,
јоф леле, леле Тода, назад вратила,
назад се вратила Тода во двор стигнала,
јоф леле, леле Тода, во двор стигнала.
Стани ми Ѓорѓи,море, да би не станал,
јоф леле, леле Ѓорѓи, да би не станал,
ми те сардиса, Ѓорѓи, силна потера,
јоф леле, леле Ѓорѓи, силна потера,
силна потера, Ѓорѓи, јод сите страни,
јоф леле, леле Ѓорѓи, јод сите страни.
Седи си, Тодо мори, гајле не бери,
јоф леле, леле Тодо, гајле не бери,
дури ми стое, Тодо, глава на рамена,
јоф леле, леле Тодо, глава на рамена,
глава на ремена, Тодо, пушка на рамо,
јоф леле, леле Тодо, пушката на рамо.
Еднаш ќе викна, Тодо, двапати ќе пукна,
ќе ме чуе, Тодо, верна дружина,
ќе ми растера, Тодо, силна потера.
35. Чуена од дедот Кулета. Забелешка на Стале Попов
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com