Кузман Кариман маријовски крседар и Мурата арамија – предание

Booking.com

Во тија времиња, кога повелеле Маријово земски кметови, станал некој Мурата арамија. Го пленил Маријово со друзи арамији; многу зулум правеја.

Се собрале сете земски кметови од Маријово, ќе одат во Солун, да го замолат Џеладин-бега, да кладат једен млад крседар, за да го отепа Мурата, турскијо кумит што ја мачил рајата. Како се собрале, сете во Солун отишле при Џеладин-бега. Го замолиле, и он му ји дозволил: „Нека ви биди! Правете што сте сториле вије. Јаз не ви расипувам вашата работа. Бирајте и од сега, како до сега, кого сакате земскијо крседар да ви биди во Маријово.” И они му кажале: „Није го избраме и ќе го кладиме земскијо крседар, војвода да ни биди, Кузман Кариман, тој да се слави Џеладин-бегов кафпедан”.
Тија се вратиле надзад, го повикале Кузман Кариман Џеладин-бегов кафпедан и уште двама другари негови, једнијо Митре Трновче, другијо Тале Бучинче. Они се нашле секој по десет мина верни другари, кој што се јунаци биле, и си тргнале да шетаа пo Маријово, за да го ваќаа Мурата арамија. Co шеесе души другари бил oн. А једнијо од нија, најкатил што бил, што не го пушка дупила и сабја не го сечила, бил Гол-Дервиш. Тој носел некаков нишан, амајлија, кој знаје каков бил? Кузман крседар зел четата другари и отишол горе во планина на Ѓурчиновото бачило.
Тој Ѓурчин бил од Мијаците, тија што одат со овци како Власи. Тамо се погодил и Мурата арамија со неговите другари Турци. Шарено јагне печеле и благо млеко сркале.
Ручеко уште не му ји бил встасан, и Мурата викал: „Ајде, другари моји верни, дури да встаса ручеко, није да малу играме”. Они се танец ватиле, играле и пејале:
„Камо го, море, камо го,
„Камо го Кузман Кариман,
„Џеладин-бегов кафпедан ?
„Камо го Кузман крседар,
,,Џеладин-бегов кафпедан,
„Со таја капа на страна,
„Со тије гаќи пo страни,
„Со тија пинци влечести !
„Каурска пушка не дупи,
„Каурска сабја не сечи!”
Тако ми Турците играле, пејале. А младијо Кузман крседар имал метериз околу Турците здраво ватено со неговите верни другари. И ми извикнал Кузман, надвикнал:
„Чекај да видиш, Мурата,
„Да ли ни пушка не дупи,
„Да ли ни сабја не сечи!?”
Тргнал, згрмел и го удрил Мурата во левата нога колено. И Муратовите другари сете летнале и побегнале, кој кого види, не види, низ ‘наја гора зелена! Угу оној што бил Гол Дервиш, он се загнал со гради да трча, за да го убије Кузман-крседара. Летнал Гол-Дервиш и му викнал, подвикнал:
„Деј ѓиди, море, Кузмане,
„Ако те, море, бре, ватам,
„Жив ќe те, море, изедам!”
Кузман си тоги тргнал, пукал со пушка и на него, ами го пушка не го ваќала, не го дупела, оти си носил нишан со него. Тоги се Кузман исплашил и му викнал на Митре Трновче:
„Држи се, Митре Трновче,
„Ќе не изеди Гол-Дервиш,
„Што ми го пушка не дупи,
„Што ми го сабја не сечи!”

А Митре викал, говорел:

„Деј ѓиди, море, Кузмане,
„Скини петлици од тебе,
„Што се куменџи лејани,
„Што се туфегџи полнети,
„Тури ји пушка дебранка, —
,.Со ни ќе, море, отепаш,
..Ќе дупиш, море, Гол-Дервиш!”
И Кузман го Митра послушал: скинал си стребрени петлици, турил ји во таја пушка дебранка, оти од таков куршум никаков нишан не држи. Тргнал, згрмел и го удрил Гол-Дервиш стреде челото! Тој паднал мртов на земја; што паднал, му отсекол Кузман главата. Кога видел, Мурата летнал да бега со крива нога, a пo него се наватил Тале Бучинче. Потрчал Тале натпревар, тамо го встасал Мурата! Тргнал со пушка дебранка, ми го отспал и него, и му отсекол главата. А тоги ватиле и тија друзи Турци, и сете ји истепале. My отсекле глави на сите друзи Турци и на дрвени колци ји забиле. И ји занесле сете шеесе глави во Солун кај Џеладин-бега. И тој многу бакшиш му дал на маријовски крседар и негови верни другари. Крседар го оставил Кузман Кариман довек да биди, рајата да ја повела во Маријово, качаци да ји ваќа и тепа. И Кузман се славил крседар во Маријово до самијо смртни час.

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com