Откријте го Мариово

Автор: Илија Башески

„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г

Мариово и Меглен се две географски области во централниот дел на Македонија во нејзините историско-етнички граници. И двете области се карактеризираат со многу специфичности и разлики, но едно им е заедничко што нив ги населува едно население – Македонци. Тие, меѓу себе, се разделени со високи планини кои се познати како Мариовско-мегленски планини: Кожуф, Козјак и Ниџе со Кајмакчалан. Природни врски меѓу Мариово и Меглен има на повеќе планински премини меѓу кои најзначаен е преминот Пулевец, преку кој се поврзуваат селата Рожден и Мајдан во Мариово со селото Баово и градот Соботско во Меглен.

Мариово се наоѓа северно од Мариовско-мегленските планини и претставува засебна морфолошка и географска целина. Таа е природно изолирана област од сите страни затворена со средно-високи и високи планини. На север е планината Дрен (Ливада 1.663 м), на исток е долината на реката Блашица, на југ се планините Козјак (Кара Козјак 1.814 м) и Ниџе (Кајмакчалан 2.521 м), а на запад е планината Селечка (Високо 1.472 м). Низ Мариово со правец југозапад-североисток минува реката Црна која го дели Мариово на два дела: Горно (Старо) Мариово и Долно (Ново) Мариово. Горно Мариаво е од десната страна на реката, а Долно Мариово е од левата страна.

Морфолошки Мариово е составено од два дела: планински и котлински дел. Планинскиот дел го сочинуваат околните планини што ја оградуваат областа. Тие се составени од гнајсеви, шкрилци и варовници, а не е ретка појавата и на вулкански карпи: гранити, габро, дијабази, серпентини и др., кои често се пропратени со рудни жици на метали: феро-никел, антимон и др. Поголемиот дел од планините е гол или обраснат со ретка и доста деградирана дабова шума, а има делови каде се наоѓаат и бујни букови и четинарски шуми на црн и бел бор. Co богатство од шуми се истакнуваат планините Козјак и Ниџе. Над шумите се наоѓа бујна тревна вегетација на високопланински пасишта кои се мошне погодни за развој на сточарството, особено овчарството.

Котлинскиот дел го сочинува Мариовската Котлина која се наоѓа на надморска височина од 1.080 метри. Таа е доста дисецирана со длабоките долини на реката Црна и нејзините притоки кои со интензивна длабинска ерозија формирале длабоки долини чии страни формираат клисури или кањони, а нивната височина достигнува и до 800 метри. За време на плиоцентот таа се наоѓала под вода на некогашното неогено езеро кое кон крајот на дилувиумот истекло и на дното оставило дебели наслаги од неоген материјал од дијатомејска земја, лигнит и др. Нив ги има на атарите на селата: Витолиште, Бешиште, Манастир, Старавина и Зович.

Климата во Мариово на котлинското рамниште е умерено-континентална со просечна зимска температура од 0°С, а просечната летна температура се движи до 21°С. На планините климата е планинска со свежи лета и долги и студени со снег зими. Годишната количина врнежи изнесува околу 600 мм, а на околните повисоки планини до 1.000 мм.

Мариово е мошне богато со разновиден средноевропски дивеч, a во реката Црна и нејзините поголеми притоки се среќаваат слатководни риби што овозможува развој на ловниот туризам.

М е г л е н се наоѓа јужно од Мариовско- мегленските планини. И оваа област претставува засебна морфолошка и географска целина. На север го затвораат високите планини: Кожуф (Зеленбек 2.171 м), Козјак (Кара Козјак 1.814 м) и Ниџе (Кајмакчалан 2.521 м). На исток е планината Пајак (Поглед 1.650 м), а на запад ограноци на планината Ниџе, додека на југ е широко отворен кон Солунската Кампања (Солунско Поле). За разлика од Мариово, Меглен се наоѓа на значително помала надморска височина (котлинското рамниште е на 120 до 150 м). За време на неогенот Мегленската Котлина се наоѓала под вода и претставувала помал залив на некогашното големо Егејско Езеро. Во дилувиум водата наполно истекува и на котлинското рамниште реката Мегленица го формира своето корито донесувајќи големи наноси од речен материјал што го таложи на котлинското рамниште. На котлинскиот рам се формирани бројни плавини од притоките на Мегленица на кои се изградени поголем број села на допирната зона меѓу планините и котлинското рамниште.

Планините што ја оградуваат котлината се богати со шуми во понискиот дел дабови и костенови, а на повисокиот дел букови и четинарски шуми. Над шумите е тревната вегетација.

Климата во Меглен е изменета егејска со просечна зимска температура од 4°С, а летната е 25°С. Годишната количина на врнежи изнесува до 500 мм, а на планините 1.000 мм и повеќе.

Население и населби. – Населението во Мариово е хомогено и него го сочинуваат Македонци, додека во Меглен е хетерогено и составено од : Македонци, Грци (главно преселници од Мала Азија и Понд), Власи и др.

Во Мариово, според последниот попис на населението од 1981 година, вкупно живеат 4.662 жители, додека во Меглен, според податоците од 1971 година (no Т. Симовски), регистрирани се 30.098 жители.

Всушност, каква е бројната состојба на населението во Мариово и Меглен, според пописите од 1900 до1971 година, може да се види од податоците во следнава табела:

 

1900

1913

1920

1928

1940

1948

1951

1961

1971

Мариово

14.302

12.504

13682

13403

9730

Меглен

38.762

40715

34002

28268

38482

2621

40056

30089

 

Од непотполните податоци изнесени во горната табела може да се констатира дека вкупниот број население во Мариово и Меглен, по пописни години, покажува значителни осцилации. Така, на пример, во Мариово во 1900 година вкупно живееле 14.302 жители а во 1971 година нивниот број се намалил на 9.730 жители, за да во 1981 година бројот на населението падне на 4.662 жители што изнесува намалување за 9.640 жители или за 325,8%, односно за повеќе од три пати. Ваквото намалување на вкупниот број население во Мариово е последица на силниот подем на индустријата во гравитациските центри за Мариово: Битола, Прилеп и Кавадарци каде се појавува недостиг од работна сила што предизвикува масовна миграција на населението од оваа област.

Во Меглен пак, најголемо намалување на населението имаме во 1928 година кога грчката држава врши масовна миграција на македонското население и македонските муслимани делумно во Бугарија, а дел во Турција, како и во 1948 година по граѓанската војна кога голем дел од македонското население бегајќи од стравот и ужасот на грчката солдатеска масовно мигрира во Југославија и други држави на Европа. На местото на протераното македонско и муслиманско население Грците доселуваат бегалци од Мала Азија и Понд чиј број денес е нешто поголем од бројот на македонското население што и денес живее во Меглен.

 

Вкупно:

7.870

6.282

7.214

7.327

5.633

2.381

Бешиште

1.047

1.101

1.228

1.172

1.016

238

Вепрчани

520

369

410

367

203

62

Витолиште

1.225

1.091

1.343

1.291

1.110

664

Врпско

230

124

135

137

46

5

Гуѓаково

280

119

133

132

41

4

Дуње

1.224

594

713

778

7311

333

Живово

300

225

243

250

79

7

Кален

360

239

287

336

287

110

Кокре

466

195

240

266

206

53

Крушевица

420

555

599

637

595

283

Манастир

208

131

144

232

139

19

Пештани

280

190

221

210

149

63

Полчиште

690

835

914

824

479

192

Чаниште

620

514

614

695

552

348

 

За подобар преглед на движењето на вкупниот број на населението во Мариово и Меглен ќе дадеме податоци по населени места и според административната поделба, што може да се види од следните податоци:

 

 

Број на население по години

Место

1900

1948

1953

1961

1971

1981

Општина Прилеп

Вкупно:

7.870

6.282

7.214

7.327

5.633

2.381

Бешиште

1.047

1.101

1.228

1.172

1.016

238

Вепрчани

520

369

410

367

203

62

Витолиште

1.225

1.091

1.343

1.291

1.110

664

Врпско

230

124

135

137

46

5

Гуѓаково

280

119

133

132

41

4

Дуње

1.224

594

713

778

7311

333

Живово

300

225

243

250

79

7

Кален

360

239

287

336

287

110

Кокре

466

195

240

266

206

53

Крушевица

420

555

599

637

595

283

Манастир

208

131

144

232

139

19

Пештани

280

190

221

210

149

63

Полчиште

690

835

914

824

479

192

Чаниште

620

514

614

695

552

348

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

1900

1948

 

1953

1961

1971

1981

Општина Битола:

 

 

 

 

 

 

 

Вкупно:

4.098

”   4.282

 

4.632

4.559

3.285

2.057

Брник

220

365

 

228

215

 

122

30

Будимирци

618

530

 

520

521

 

396

188

Градешница

1.170

1.013

 

1.085

1.019

 

770

688

Груниште

240

240

 

264

225

 

84

26

Зович

420

338

 

356

388

 

317

151

Ивени

160

145

 

321

316

 

168

41

Маково

280

409

 

455

515

 

390

320

Орле

102

189

 

224

226

 

206

87

Рапеш

388

387

 

428

477

 

427

309

Старавина

500

666

 

741

657

 

405

217

Општина Кавадарци:

 

 

 

 

 

 

 

Вкупно:

2.334

1.940

 

1.836

1.517

 

812

224

Галиште

700

420

 

399

418

 

292

15

Клиново

650

492

 

409

418

 

15

Мајдан

 

 

39

12

‘Ржаново

 

 

20

9

Рожден

984

1.028

 

1.028

681

 

446

188

 

М е с т о

 

 

Број на население по години

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

19001)

19132>

1920

19283′

1940

1951

1961

1971

Баово

560

1.082

978

1.160

1.598

1.549

1.872

1.821

Бериславци

380

970

200

271

413

178

372

393

Бизо-во

800

886

796

503

623

312

394

369

Биџова Мала

700

946

797

427

631

390

435

484

Волчишта

110

118

125

291

457

469

372

503

Габришта

570

852

683

630

888

691

658

680

Горно Пожар

: ■” ■    –

79

159

185

Горно Радиво

200

195

206

326

Горно Турманли

 

103

127

91

91

60

Горно Црнешево 210

710

1.821

426

513

485

463

405

Драгоманци

1.200

1.086

1.015

1.313

1.502

1.572

1.491

1.320

Дреново

‘ –

177

269

247

314

208

Ени Мала

200

70

95

102

75

41

Извор

70

Капињани

1.575

1.886

1.520

1.569

2.156

1.794

2.028

2.049

Кара Дере

 

 

 

 

 

 

 

 

Воденско

165

190

129

Карладово

780

789

605

668

982

904

970

845

Кожушани

1.150

1.132

972

476

716

561

664

628

Костурино

950

747

710

640

850

823

889

944

Лесково

650

492

523

162

146

Лугунци

700

406

331

540

134

160

 

 

 

Маиастир

250

427

348

310

373

132

191

154

Невор

630

717

624

420

635

529

585

604

Новоселци

396

452

377

273

335

164

178

146

Цово Село

80

36

26

114

156

153

224

115

Моти

3.660

3.500

1.607

712

1.098

95

437

440

Ошин

1.500

800

826

786

980

879

840

764

Полјани

1.250

1.439

1.178

1.070

1.553

1.264

1.348

1.155

Попово Село

55

Пребдиште

1.330

1.492

1.176

908

1.178

1.131

1.250

1.345

Продром

430

375

335

202

310

178

205

165

Раииславци

400

426

352

201

244

174

153

87

Рудино

550

449

395

500

694

529

752

569

Ружјани

400

206

233

298

511

448

555

543

Саракиново

700

991

762

730

868

318

390

406

Сборско

880

1.200

172

189

292

198

228

Соботско

1.260

1.658

1.636

1.918

2.644

3.036

3.222

3.555

Северјани

1.330

1.466

1.143

693

963

777

728

790

Слатина

950

697

641

575

825

812

834

613

Старишта

280

506

420

503

738

640

723

744

Струпино

560

700

460

684

984

355

491

463

Тресино

680

1.182

1.166

1.172

1.534

457

733

692

Трстеник

1.000

1.436

1.138

473

717

478

555

466

Тудорци

336

436

354

474

651

792

817

Тушин

1.900

1.075

520

624

1.015

168

147

фуштани

1.800

1.955

1.724

1.160

1.311

776

955

793

Цакони

280

331

291

572

724

402

485

569

Цакон Мала

550

682

526

337

455

340

332

361

Вкупно:

38.762

40.715

34.002

28.268

38.482

26.215

40.056

30.089

Од напред изнесените табели се гледа дека на територијата на Меглен живее значително поголем број население во споредба со Мариово. Во 1900 година во Мариово живееле вкупно 14.302 жители, a во Меглен 38.762 жители што е повеќе за 24.460 жители или за околу два и пол пати. Во 1971 година во Мариово има само 9.730 жители, а во Меглен 30.089 или повеќе за 20.359 жители или за повеќе од два пати итн. Поголемиот број жители на територијата на Меглен е како резултат на значително поповолните природни услови за живеење во оваа област (релјеф, клима и др.)

На територијата на Мариово регистрирани се 29 населени места. Сите тие се селски населби и ниедна нема функција на градска населба Причина за ова е што Мариово административно е поделено на три делови според неговата гравитациска положба и тоа: Прилепски дел со 14 населени места, Битолски со 10 и Кавадаречки со 5 неселени места Карактеристично за населбите е тоа што ниедна не ја надминува бројката од 1.000 жители што значи дека селата во Мариово спаѓаат во групата мали и средни по големина села. До 100 жители има 14 села, до 300 жители 10 села, до 500 жители 4 села а над 500 жители само 2 села. Најголеми села се: Градешница (688) и Витолиште (664) жители.

Во Меглен се регистрирани 47 населени места. Од нив една населба е со градски функции (Соботско), а другите се селски населби.

 

Меѓутоа, 22 села имаат функции на мали неразвиени општини. Според големината на селата во Меглен, главно, преовладуваат со средна големина. Села со број на жители до 100 има 3, до 300 жители 8, до 500 жители 20, од 500-1.000 жители се 18, а над 1.000 жители има 5 села. Co повеќе од 2.000 жители е селото Капињани (2.049), а најголема населба е Соботско (3.555).

Вкупната површина на територијата на Мариово изнесува 1.037 км2, а на Меглен 933 км2.

Историја. -Историјата на Мариово и Меглен е дел од историјата на Македонија и ја делат истата судбина што ја имал македонскиот народ низ вековите. Македонија, наоѓајќи се на најважната крстосница на главните патишта на Балканскиот Полуостров, отсекогаш била арена на судири на разни завојувачи, почнувајќи од најраната историја, односно од античкото време, преку римската, византиската, средновековната епоха, периодот на петвековното владеење на Турците, а и најновата историја сврзана со Балканските војни, Првата светска војна, Втората светска војна која за Мариово значи крај на вековните страдања, додека за Меглен ужасот и страдањата продолжуваат со граѓанската војна која започна во раната пролет на 1946 година и траеше се до есента 1949 година, што не само на Меглен туку и на цела Егејска Македонија и донесе уште поголем страв, ужас, понижување, при што загинуваат повеќе од 20.000 жртви, илјадници луѓе се затворени и подложени на најбезочна тортура, додека повеќе од 50.000 Македонци се принудени да го напуштат своето огниште, својата родна грутка, и да побараат спас во емиграција во Југославија и некои земји во Европа.

Археолошките истражувања во последниве три децении покажуваат дека просторот на Мариово и Меглен се уште од многу одамна населени. Откриениот подвижен и неподвижен археолошки материјал зборува за постоење на живот во овој простор уште од времето на неолитот. Неолитскиот развој е прекинат кон крајот на третиот и почетокот на вториот милениум од старата ера со појавата на нови елементи и на металот.

Од времето на Александар Македонски започнува нова историска епоха кога се чувствува се поголемото влијание на класичната елинистичка култура.

Царско-римскиот период е карактеристичен со се поголемото ангажирање на Рим на Балканот.

За време на византиското владеење во Македонија, бидејќи таа е крстосница на најважните патишта на Балканот, таа добива стратешко значење за Византиската империја. Во овој период изградени се голем број тврдини за одбрана од варварските пустошења кои се се почести.

Кон крајот на V и почетокот на VI век почнува доселувањето на Словените на Балканот. На територијата на Македонија се доселуваат словенските племиња: Березити, Сагудати, Ринхини, Струмјани и др. кои го населуваат целиот простор на Македонија и со тек на времето го асимилираат староседелското население. Дел од староседелците се елинизирани, дел романизирани (тоа се денешните Власи), a најголемиот дел се словенизирани.

На територијата на Мариово се населува племето Березити (Брсјаци), а на територијата на Меглен се населуваат Сагудатите. За словенскиот период, речиси, се до X век имаме малку пишани историски податоци. Многу словенски имиња на места и градови се сврзани со времето на владеењето на македонскиот цар Самоил кој водел чести војни со Византија. Меѓутоа, по битката кај Клидион, на реката Струма, Самоиловата војска е разбиена и на околу 15.000 воини им се извадени очите, односно на секој стотти му е оставено по едно око за да можат да ги водат. Самоил кој се повлекол од боиштето и отседнал во Прилеп, ги дочекал своите ослепени воини и ужаснат од глетката починал на 6 октомври 1014 година, некаде на подрачјето од тогашниот Прилеп. По 1018 година Македонија повторно потпаѓа под власта на Византија која се задржала се до средината на XIII век.

Кон средината на XIII век, Мариово и Меглен се нашле во центарот на настаните и борбите меѓу Србија и Византија за превласт над Македонија.

Во 1334 година српскиот цар Стефан Душан ја победува византиската војска и ја завладува, речиси, цела Македонија. Во 1336 година Мариово се наоѓа под власта на Душановиот жупан Волкашин, а Меглен е под власта на Оливер, син на Углеша.

Кон крајот на XIV и почетокот на XV век, Македонија паѓа под власта на Турците чија власт се одржува се до Балканските војни, односно до крајот на Првата светска војна.

Петвековното турско ропство остава длабоки траги во животот на целото македонско население, а не било поштедено и населението во Мариово и Меглен.

Покрај насилната исламизација спроведувана од турската власт, населението било обврзано со големи даноци. Положбата на македонското население посебно се влошува со колонизацијата на Турци-Анадолци, кои ја одземаат најквалитетната земја без надоместок, поради што македонското население осиромашува. Тешкиот живот под Турците било причина во 1565 година да биде дигната првата буна на Балканот против отоманските угнетувачи. Бунтот го дигнале Мариовци заедно со Прилепчани и е познат како Мариовско-прилепска буна.

Bo XVII век, почнува постепено слабеење на турското царство, што овозможува македонското население поорганизирано да истапува против зулумите на турската тиранија

Во втората половина на XIX век, македонското национално движење навлегува во нова фаза на својот развој. Општествено-политичките промени при крајот на XIX век се причина македонското национално движење да прерасне во борба за уривање на турското феудално општество.

Широкото ослободително движење што ја зафатило Македонија во 90-тите години на XIX век, е причина да се формира тајна револуционерна организација-ТМОРО, а иницијатива за нејзиното формирање дала македонската интелигенција Во овој период речиси, во сите делови на Македонија егзистирале организирани групи од селани за самоодбрана

На 2 август 1903 година кренато е Илинденското востание и е создадена Крушевската република, прва на Балканот. Меѓутоа, Востанието е во крв задушено, а дејството на борбите се пренесува на територијата на Мариово при што е нападнат турскиот гарнизон во селото Витолиште.

По задушувањето на Востанието, доаѓа до разгор на фракциски борби. Особено се зголемуваат апетитите на трите, пораноослободени од Турците, балкански земји: Србија, Бугарија и Грција Сите овие водат жестока пропаганда со цел да го дезорганизираат македонското население, ја омаловажат неговата борба за слобода’, и создадат услови за поделба на Македонија.

Постигнатите резултати од пропагандите на трите ривалски балкански држави било причина по Балканските војни во 1912 и 1913 година, Македонија да биде поделена на три дела: српски, грчки и бугарски. На тој начин, Македонија е ослободена од едно црно ропство, но затоа пак, потпаднала во друго уште поцрно и потешко ропство. Грција го добива северниот дел на Македонија со Солун, Бугарија Пиринскиот дел, а Србија Вардарскиот дел на Македонија

Откако Македонија била разделена на три дела, окупаторите вовеле строг воено-полициски режим и вршеле таква административно-управна поделба, каква што им одговарала на нивните интереси. Новата граница воспоставена меѓу Србија и Грција ги поделува Мариово и Меглен. Мариово потпаѓа под српска власт, а Меглен под Грчка. Последиците од поделбата на Македонија се катастрофални. Таа е не само територијално поделена, туку е прекината нејзината економска целост. Како последица на поделбата започнува масовна миграција на македонското население надвор од Македонија (Америка, Канада).

Периодот меѓу двете светски војни за Македонците е катастрофален. Во Македонија се врши масовна колонизација на немакедонско население. Грците во Меглен доселуваат бегалци од Мала Азија и Понд, присилувајќи го македонското население да ги напушти своите домови и да мигрира во Бугарија и Србија Се смета дека од Егејскиот дел на Македонија во Бугарија се преселени 33.000 Македонци, а околу 10.000 во Србија. Македонците во Бугарија, главно се колонизирани во приморските делови на Црно Mope каде се подигнати нови населби: Влас, Равда и др. со чисто македонско население.

За време на Втората светска војна поголемиот дел од Македонија се најде под Германо-бугарска окупација, а помал дел под Италијанска окупација. Во окупираниот дел воспоставен е комплетен полициски и воен апарат. Непосредно по окупацијата започна засилена експлоатација на македонскиот народ, а воедно вршена е. и интензивна денационализаторска пропаганда, особено во деловите окупирани од страна на бугарскиот фашистички окупатор.

При ваквата политичка состојба почна да се дава отпор на окупаторите, а народот да се подготвува за ослободително востание. На чело на тој отпор, во Вардарскиот дел на Македонија застана Комунистичката партија на Југославија, додека во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија Комунистичката партија на Грција и Бугарија немаа изграден став по прашањето за борба против фашизмот.

Во тој период на територијата на Мариово и Меглен почнуваат да се формираат партизански одреди и диверзантски групи. За почеток на вооруженото востание во Македонија може да се смета воената акција на Прилепскиот партизански одред над бугарскиот полициски участок, извршена на 11 октомври 1941 година во Прилеп. Првата партизанска група во Пиринска Македонија е фодмирана во јуни 1941 година, а во текот на летото, низ целата територија на Егејска Македонија се формирани партизански групи. Поради поделбата на Македонија и историските околности, Македонците од Егејска Македонија, покрај оваа општа за сите Македонци задача, требаше да се борат заедно и со грчкиот народ, убедени дека било во текот на борбата било подоцна во новата антифашистичка Грција ќе им се признаат нивните национални права, кои се извојуваа во борбата против заедничкиот непријател, германскиот, италијанскиот и бугарскиот окупатор.

Меѓутоа, Македонците во Егејскиот дел на Македонија уште еднаш бескрупулозно се излажани и од страна на антифашистичките сили на Грција се правеше се да се задушат таквите стремежи и барања на Македонците. По договорот во Варкиза од 12 февруари 1945 година, антифашистичките сили на Грција го положуваат оружјето, a Македонците се наоѓаат повторно под многу тешка состојба. Над нив почнува да се применува застрашување, терор, убиства и прогонство преку границата, а крајна цел беше да се ликвидира идејата за слобода на македонскиот народ во Грција. Голем број македонско население во Меглен се протерани во Југославија и други земји на Европа, а некои села се, речиси, наполно запустени.

Теророт врз Македонците и врз грчките демократски сили е причина да се дојде до граѓанската војна во Грција. Таа траеше повеќе од три и половина години, односно од раната пролет 1946 до есента 1949 година која заврши со поразот на демократските сили. Последиците од граѓанската војна се катастрофални, особено за Македонија. Беа разурнати десетици македонски села, а десетици илјади емигранти бараат спас во европските земји.

Co крајот на Втората светска војна и граѓанската војна во Грција уште еднаш започнува македонската голгота за населението во Егејскиот дел на Македонија, а не е поштедено и населението од Меглен. За ова ни зборуваат и бројките од пописите кои се дадени во предните табели при што се гледа осетна осцилација на вкупниот број население во областа Меглен.

За разлика од Меглен, Мариово по Втората светска војна за прв пат во својата долга историја добива целосна слобода во рамките на Социјалистичка Република Македонија.

Меѓутоа, Мариово и Меглен иако имаат едно население-Македонци, тие живеат под различни општествени и економски услови. Населението во Меглен и натаму е подложено на тортура, не им се признава македонската самобитност и принудено е да зборува и учи на грчки јазик. За разлика од Меглен, македонското население во Мариово зборува на својот мајчин јазик, а децата учат и се образуваат на мајчиниот јазик што претставува и наЈголема придобивка од Револуцијата.

Стопанство. -Стопанството во Мариово и Меглен се развива под различни општествено-економски услови. За Мариово е карактеристично развојот на стопанството да се врши во социјалистички-општествено-економски услови, додека во Меглен тоа се врши во услови на капиталистичко производство.

М a р и о в о располага со големи природни богатства од пасишта, шуми, руди на метали и неметали, обработливи површини, но неговото стопанство во основа е базирано врз искористувањето на пасиштата и обработливите земјоделски површини. Спрема тоа, основна гранка на занимање на населението во Мариово е сточарството, особено овчарството за што има и најповолни природни услови, а потоа земјоделското производство. Додека ресурсите од руди и шуми ги искористуваат бројните општествени производни претпријатија од градовите кон кои деловите од Мариово гравитираат. Шумското богатство го искористуваат Дрвно-индустриските претпријатија: Современ дом од Прилеп, Треска од Кавадарци итн, а рудното богатство го експлоатира претпријатието Рудници и фабрика “Партизан” од Прилеп.

Сточарството во Мариово има водечка улога во стопанскиот развОЈ на оваа област. Некогаш Мариово изобилувало со млеко. За 120 дена, 60 илјади овци давале над милион и пол литри млеко, а од козите се добивало уште повеќе. Млекото се преработувало во бачилата и дома, во куќниот двор. Се произведувало сирење кое со неговиот квалитет било прочуено на пазарите во Македонија.

Условите за земјоделство се ограничени, бидејќи, Мариово не располага со квалитетна обработлива земја за некое поголемо и поинтензивно земјоделство. Климатските прилики дозволуваат да се одгледуваат секакви култури, но денес најзастапени се житата: пченица, пченка, ‘рж, јачмен и др. На пазарите во Прилеп и Битола се продавала мошне квалитетна пченица, a со земените пари се купувало пченка и јачмен кои биле поевтини за да може населението да се прехрани во текот на целата година.

Иако Мариово се уште не е доволно рударски истражено, се претполага дека тоа изобилува со разновидни руди.

Од рудите на метали, засега најмногу има никлоносно железо и антимон кои се откриени на атарите на селата ‘Ржаново, Рожден и Мајдан (во Кавадаречкиот дел на Мариово), железо во околината на Витолиште, а на локалитетот Алшар откриени се резерви на ретки метали: лорандит, злато и др.

Неметалите ги има во големи, речиси, (неограничени) количини. Откриени се и во фаза на експлоатација се рудите: дијатомејска земја, перлит, фелдспат и др., додека големи резерви има од лигнит непосредно до с. Витолиште чии резерви се ценат на повеќе од 100 милиони тони. He мали резерви има на варовници, мермери, гранити и др. кои во иднина треба да се искористуваат. Во реонот на Рожден откриени се траги на злато и се преземаат мерки за негова експлоатација. За рудното богатство на Мариово, денес, се заинтересирани и голем број странски фирми кои се готови да вложуваат сопствени средства за откривање и експлоатација на рудите во оваа област.

Шумското богатство на Мариово е големо, особено се значајни иглолисните шуми од црн и бел бор кои се наоѓаат во фаза на интензивна експлоатација. Само индустриското претпријатие “Современ дом” од Прилеп, годишно експлоатира и до 40 илјади м3 квалитетно дрво.

Меѓутоа, засилената миграција што го зафати Мариово во последниве дваесетина и повеќе години се одрази мошне негативно врз целокупниот економски и општествен развој на ова подрачје. Голем број села се во фаза на тотално раселување, а некои се веќе и раселени, што, секако претставува сериозен проблем за општините кон кои Мариово административно припаѓа. Ако под итно не се преземат соодветни мерки може да се случи Мариово за брзо време наполно да биде раселено.

Меглен. -За разлика од Мариово, Меглен има значително поповолни природни услови економски повеќе да се развива. За ова придонесува Мегленската Котлина која располага со значително поголеми и поквалитетни обработливи површини. Меглен располага со околу 28.000 ха обработливи површини, шумите зафаќаат 33.740 ха, a на пасиштата се паѓа 31.120 ха, додека неплодните површини зафаќаат 7.140 ха.

Од вкупната обработлива површина на жита се паѓаат 16.235 ха, 8.936 ха се под индустриски култури, a 2.829 ха се со градинарски култури, винова лоза и др.

Водечка гранка на стопанството во Меглен е земјоделското производство. Поволната клима и можностите за наводнување, речиси на целокупните обработливи површини, овозможуваат годишно да се добиваат и по две жетви. Од земјоделските култури најголемо значење имаат пченицата и пченката кои се основна храна на населението. На послабите почви, особено на падините на околните планини се одгледуваат ‘рж, јачмен, овес и др. кои се искористуваат како сточна храна.

Од индустриските култури најзначајно место заземаат тутунот и индустриската пиперка со што Меглен е познат ширум цела Грција со производство на оваа култура. За таа цел е изградена и голема фабрика во градот Соботско за производство на црвен пипер.

Како меѓу култури мошне се одгледуваат грав, слануток, леќа и др. кои се мошне барани на пазарите во соседните градови.

Значајна гранка претставува и овоштарството. Погодната клима овозможува да се одгледува средоземно (калинка, смоква) и средноевропско овошје (сливи, круши, јаболка, кајсии, ореви, костени).

Лозарството е мошне развиено и главно, се одгледуваат вински сорти на грозје.

Сточарството е втора стопанска гранка по значење во подрачјето. Во планинските делови на Меглен, главно, се одгледуваат овци и кози, додека во рамничарскиот дел на Котлината се одгледува крупен добиток кој е со мошне добар квалитет. Ползата од крупниот добиток е двојна: се користи како работна сила, а и за производство на млеко, месо, кожа и др.

Дека сточарството имало големо значење за подрачјето може да ни послужи податокот дека имало домаќинства кои одгледувале по 300-500 овци, а кај влашкото население бројот се движел и по неколку илјади грла. Се преполага дека порано во Меглен имало повеќе од 150.000 овци и кози и повеќе од 30.000 грла крупен добиток. Во некои села под Кожуф и Пајак Планина се одгледува и свилената буба и Меглен е познат по производство на квалитетна природна свила.

Шумарството е значајна гранка на стопанството во областа. Шумите се искористуваат како индустриско дрво, за огрев, или за производство на дрвен јаглен.


Bo поглед на рударството Меглен се уште не е доволно истражен иако во последниве десетина години се прават напори да се откријат што повеќе руди. Денес на подрачјето се откриени лежишта на железна руда, хромна руда и бакарна руда, но овие се уште не се во фаза на експлоатација. Од рудите на неметали откриени се резерви на мермери и шкрилци, а броЈните каменоломи даваат материјал за изградба на куќи и други објекти.

Од изложеното може да се констатира дека Меглен располага со големи резерви на природни богатства но истите треба максимално да се искористуваат. Засега ориентацијата на грчката власт е кон искористување на суровини од ова подрачје, додека за развојот на индустријата се уште малку се инвестира.

ЗАКЛУЧОК

Од досега изложеното за Мариово и Меглен може да се заклучи дека станува збор за две специфични области чие заедничко е еднородно население-Македонци, но со многу природни специфичности и разлики. Мариово е повеќе ридско-планинско подрачје со големи природни богатства, особено руди, шуми и пасишта кои треба допрва да се валоризираат. Но, миграцијата на населението што го зафати ова подрачје во последниве години се заканува со тотална депопулација на просторот, поради што се наметнува како императив на надлежните органи и организации подрачјето да се витализира и да стане економски развиено, што го бара денешното време. Меглен пак, за разлика од Мариово, има значително поповолни природни услови за економски развој, но наоѓајќи се надвор од границите на матичната земја, тоа е препуштено на позабавен економски развој за што, секако, влијание има грчката власт чиј интерес е повеќе свртен кон другите области на ГрциЈа. Во колку македонското население во ова подрачје добие извесни права на самобитност, макар и во рамките на Грција, тоа секако би било поттик за поголема активност на населението што е од интерес не само за подрачјето, туку и за Република Грција, а тоа е факт кој не може да се пренебрегне.

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu