Ув Галишта, Клино и друзите села маријовски — Боже, скини се с небеса, да видиш чудеса!
— се женат јергени на девет-дванајесет години, море и сега ош на четиринајесет години, а моми се мажат на двајесет и пет години! А за да се направи свадбата, понапред ќe биде токмење: ќe ја пазарат невестата како магарица шо се пазари!
Било једно токмење ву Галишта. Отишол таткото на момчето при таткото на момата и му вика: „Е-е~еј, Петко! Синоќе, к’а си отидо дома, ‘а гледам таја мојата жена и мојето дете, седнале уфилене. „„Добро вечер”” му реко. Ни чуа, ни одговорија. После ‘а праша: „„Мори, шо је ‘ваа работа?”” Жената ми рече: „„Море, на Петка момата вија некоји ден ќa ја токмеле, па ‘воа нашето дете се мерактисало со неја, чуло и се плачејиќи си дојде!”” А јаз му реко на жената и на јергенот: „„Море, де, де; таа работа лесна је, ќа ја искалпиме.”” И сега дојдо при тебе, Петко, ајде, ми го дај чупето за мојот јерген!” — „Море, бре, ќa ти го дадам чупето”, вика Петко, „фекат да ли ќa се погодиме? Јаз му сакам скапо!” Рекол и се задумал, како на пазар шо ќe праји, колку пари ќе сака за ќерка си?
„Е, де, де, да те чуам, море, коуку скапо сакаш?” му вика тој шо си пазари чупето. — „Ами, неје скапо”, вика Петко, „туку ќа дајиш мене и на мојата жена по једно рало пинци; на мојте синови, тројица мина, на сите по једна сакма; а за свадбата ќa ми дајиш три тенеќији гра, двајесет оки вино, тријесет оки ракија, и тоа црното јунче шо го имаш ќа го дајиш да го заколам за месо; и, напокон, пет ж’ти озгора ќe фрљиш”
„Е, бре-е-еј, каква је таја чупа тоуку скапа! Е, се, се ќa ти дадам, ама јунчето не го давам ” — „Е, нека се скрши и таја чупата”, вика Петко;„лели не го даваш јунчето, оште једен овен дај озгора и земи ја, нека се скапи!”
,Е ајде, аирлија нека биде! Ќа ти давам шо сакаш!”
— „Аирлија чупата! — „И тебе зетот аирлија!
И тије двајица Маријовци си направија токмење -пазарлак!
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)