Маријовци, Итар Петар а бабино клајенче – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

Кинисале Маријовците со Итар Петар да одат за борина. Си зеле секирите и кинисале.

На пато нашле еден клајенец. Кога видел, Итар Петар ‘и рекол: „Еве го бабиното клајенче, полно со машченица! Ајде, да го надробиме и да си јадиме попара! Седнале, надробиле, јале. Си замешале нозите и не знајат да станат! Поминал еден поп, и го повикале, да му и раздели нозите. Попо му и рекол: „Ако ми дајите секирите, ќе ви разделам нозите”. И тије се кандисале, му дале секирите. Попо си тоарил на којно секирите. После го зел еден голем стап и почнал да мава по нозите; и секој си собрал негојите! Тогај станале да одат за борина, ама без секирите!

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com