Одиле Маријовците на пазар. Ојдоа, појдоа. Кога испаднале од село надвор, на пато си нашле една желка.
Итер Пејо бил позастанал. Таја желка лази низ нива, a онија Маријовци идат по неја и велат: „Ќе одиме, да ја вардеме, кај ќе да оди?” И ја варделе. Таја желка лази, лази, низ нива, низ стрниште, и се пикна во една става снопје. По неја одеја Маријовцитс дур до ставата и си рекле: „Ќе ја чуваме туа, дур да не стаса Пејо; тој ќe ни рече, шчо је ‘воа?”
Најсетне дошол Итер Пејо, ји стасал Маријовците, и тија го прашале: „Е-еј, Пејо, шчо је ‘воа, шчо ќe да биде, шчо ќe не биде ?” А тој му кажа на Маријовците: „Оваја је Света Недела и Чурена Марена, таја шчо гаси и шчо пали! Крстете се, браќо, на неја, и запалете по една свеќа врз неја одзгоре, да не опрости!” И онија се крстија и свеќи си запалија, и — се запали ставата!
Тогај прсна желка да бега од ставата во стрништето. И му вика Итер Пејо на Маријовците: „Крстете се, бре, браќо, и молете се! О, ти, Света Недела, о, ти, Чурена Марена, ти гасиш, ти палиш! Молете се, браќо, и палете па по една свеќа на неја одзгоре, да не опрости!” И оније па се крстија и па свеќи си запалија, и си избега желкеј во друга става снопје, и — таја па се запали!
Желка прсна па да бега од ставата и си избега низ нивје во селото. И тој Пејо па му вика на Маријовците: „Палете па по една свеќа уште врз неја, крстете се и молете се на Света Недела и Чурена Марена, да не опрости! И онија па свеќи си запалија и па се крстија и се молија. А таја желка ошла во стредсело, се пикнала во една слама, и — се запалило од таја слама сето село!
И тогај му вика Итер Пејо на Маријовците: „Нема веќе да не опрости Света Недела и Чурена Марена! 3емите си жени и деца и бегајте брго да испаднеме на некоје си место голо, да нема и нам’ да не изгоре! Избегаја сите од село и му кажале Маријовците: „Бериќет-ворси, Итер Пејо, оти се погоди на тој саат туа, да не спасиш да не изгореме и није!”
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)