Маријовци, Итер Пејо и мачка – лаги, смешки, хумор од Мариово

Booking.com

На Итер Пејо селото, Градешница во Маријово, служило ден.

Имало некој човек од Поље шчо одел тамо на гости. Одејќи пo пато, си нашол една мачка; тој бил много сирома, и ја зел. О’шол кај Маријовците во Градешница. Стасал на повечерно. Тије не можеле да вечерат од глувците. Кога седнале да вечерат, сите си земале стаповите, да се бранат од глувците. Излегле глувците, а Маријовците вечерале и мавале со стаповите на глувците. Тогај ја пуштил тој Пољанин мачката на трпеза, а глувците сите побегнале. Тије му рекле: „Колку пари сакаш за тој дзверчето, да ни го дајеш! А тој му ји рекол:„Не се докупва!”
Утре кога станаа, му дале Маријовците еден шиник злато за мачката. Тој Пољанин си зел шинико злато, си оставил мачката на Маријовците и си о’шол. Мачката из-легла из врата, се качила на една црница и зела да се мазни. Ја видел Итер Пејо и свикал по сељаните: „Излегајте, браќо, шчо је онаја дзвер на црницата!?” Излегле сите и викаа по тој шчо му ја продаја: „Е-е-еј, шчо да му дајеме на дзверчето да јади?” Тој Пољанин беше подалеко заминал, се пулил надзад кај селото и му вика на Маријовците: „Мас, мас!” Пејо и тијене чуле арно — му се сторило, да не му вели: „Вас, вас!” И Итер Пејо си стори работа: ји собрал сите сељани, со жени, со деца, и си избегале, и го запалиле селото да гори, за да изгори мачката, да не ји појади како глувците!  И си останале без куќи.  Тако го сотрел Итер Пејо својето село!

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

 

Booking.com