Откријте го Мариово

Одиле луѓе Маријовци на пазар. Одиле, одиле. На пато си нашле еден саат.

Се прашаа: „Море, бре-е-еј! Шчо ќе да биде овоа, шчо ќе не биде?” Го гледаа, гледаа, и ни-кој не знајеше. Ајде, ќе го прашат Петре Утруманец: тој ќе знаје! „О-ој, Петре! Mope, шчо ќе да биде воа, шчо ќе не биде?” — „Е-еј, будали! Тоа је ѓаволско око! Шчо го гледате? Ќе не иснијат, бре, будали!” И го ватија со стапојите — парам-парче го сторија!

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu