Кинисала мома желка, дос дос
да ми јоди на работа, дос дос
на работа во сабота, дос дос
во сабота на орање, дос дос
да ми носи зелен зелник, дос дос
зелен зелник копривалник, дос дос
Ја пречека ерген еже, дос дос
шо подрипна та ја счипна, дос дос
ем потскакна та ја бакна, дос дос.
Се налути мома желка, дос дос
ќе го суди ерген еже, дос дос.
Шо си појде при кадија, дос дос
при кадија, при муфтија, дос дос
Ој кадија бре муфтија дос дос
Криво седи право суди, дос дос
Јас си оде на работа, дос дос
на работа во сабота, дос дос
во сабота на орање, дос дос.
Me пречека ерген еже дос дос
шо подрипна та ме шчипна, дос дос
шо подскакна та ме бакна, дос дос
Мори, кој е мома седи дома, дос дос
кој е ерген така прави, дос дос.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com