Мори дојди, Митро, русокосо момиче,
мори дојди, Митро, русокосо гугувче,
мори иди кажи на мајкати, Димитро,
мори иди кажи на мајкати, гугувко,
мори да не раѓа друго чупе как тебе
мори да не гори друг сирома как мене.
Мори ме изгоре, ме попари, Димитро,
мори ти ме стори суво дрво, Димитро,
мори суво дрво јаворово, Димитро.
Мори земи брадва, пресечи ме, Димитро,
мори земи брадва, пресечиме, коконо.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com