Мори, ој невесто црноока,
Што ти уста подгорела
како црепна негорена?
Што ти очи пропаднале
Како шлупка ореова?
Што ти лице повенало
Како лимон во пазуа?
Mope, ој Стојане, мој стопане,
От твоите неправини –
Мене водиш – друго љубиш.
Мори, ој невесто црноока,
Ако љуба друго либе
Да ми пукни машко дете!
Ој, Стојане, мој стопане,
He к’ни се в’машко дете,
Машко дете – заедничко,
Зак’ни се в’црни очи!
Ој, невесто црноока,
Ако љуба друго либе
Да ми пукни брза коња!
Ој, Стојане, мој стопане,
Брза коња – пчошка рана
Зак’ни се в’твојта мајка…
Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов
Booking.com