МОРИ ОЈ ТИ ВИЛО – Лирска песна

Booking.com

Мори ој ти Вило, ти билбило,

Вило, та ошче ли мома одиш,

Вило, та ошче ли мома одиш?

Вило, мома одиш светот гориш.

Вило, се изгоре се попари,

мори, се изгоре се попари. .

Вило, и изгоре ергените,

Вило, и изгоре ергените, мори,

најповеќе женетите, мори,

најповеќе женетите.

Вило, с’јеставија невестите,

Вило, с’јоставија невестите, мори,

невестите с машки деца.

 

Извор: Книга – Народни Умотворби

Автор: Стале Попов

Booking.com