НАРОДНИ ПОСЛОВИЦИ

Booking.com

Народните пословици, кои не се ништо друго освен кристализирана народна мудрост – создавана низ долгогодишните животни опити, претставуваат исто така важен дел во областа на народните умотворби.

Еве некои од поупотребливите што селаните ги користат во меѓусебните разговори како поткрепа или засилување на своите мненија:

 

Плуе во устата на змиата (велат за човек којшто знае да говори многу и разумно).

Кини рамено, κрπи колено (за да посочат на снаодливоста на сиромавиот човек).

Едно време на Господ му се скусиле прави луѓе, та кинисал да бара назаем от ѓаволот! Или:

От слеп – όчи, oт куц – нόзи (за заблудата во којашто запаѓа човекот штом се најде пред невозможноста да се извлече од некоја тегоба).

Вистинското грне се држи со една рака, а пушката – со две (за да ја противстават леснотијата на тешкотијата).

И над облаци да леташ, пак ќе те најда (за увереноста во успехот на некое дело).

Да знам по колена ќе се влеча, ама ке го направа (за одржување на виталноста и за презриво однесување кон пречките за постигнување на извесна цел).

Сето море матеница – за нас па нема лажица (за разочараноста настаната по изневерени надежи).

Ако не врни, баре да капи (за неопходноста од материјални придобивки за живеење).

На попот дај му поголема чашка, та ако е и без пашка (за иронизирање на лакомите претензии на попот).

Ка си гт’нал волот, ќе сториш гајрет и за пашката (за привршување на некоја тешка работа).

Ока ма’с – от кај нас (за да му придадат на нешто карактер на корумпираност).

Штό ке ти речи, ни вόда не го носи (за лоши необмислени зборови изговорени на адреса на некого).

Да се измиеш, та да го ватиш (за да обрнат внимание на квалитетноста или убавината на нешто, на некој предмет).

Сете викајат по в’кот и ѓуптинот вика (за да покажат дека лошиот човек заслужува сеопшт презир)

За в’кот зборваме – вкот на врата (алузија за фаталното исполнување на дејствијата и постапките на луѓето).

От устата – во пазувата (антиклетва, за да покажат дека злото, што излегува од устата на оној којшто го кажува, треба да се врати во неговата пазува – да го снајде токму него).

Кола и жена лесно не кинисуат (за да покажат дека стокмувањето или гиздавењето на жената одзема многу време).

 

 

ИЗРАЗИ БЛИСКИ ДО ПОСЛОВИЦИ

Една тепција – стап да закачиш во неа (за да го искажат своето задоволство од изобилната храна приготвена во тепсија).

Co игла нема кај да врлиш от јадене (исто така да го изразат своето чудење од изобилните јадења на трпезата).

Што поган – посилен и от глушец (саркастичен израз адресиран на некого којшто има претензии да го сметаат за многу силен и којшто има постојано застрашувачки тон)

Ќе си истреби забите некој со него (кога за нешто изгубено или украдено претполагаат дека е или ќе биде изедено).

И пепелта от огништето му а изцрпа (за карактеризирање на безбожен кредитор).

Сете да и истепаш и сам да седниш да јадиш (за да покажат дека извесно јадење е многу вкусно).

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Booking.com