Натемате, синко, во дуњата,
шо продаде, синко, татков имот,
три чивлига, синко;
секој чивлиг, синко, по сто лири,
по сто лири, синко триста лири.
He карај ме, мајко, не к’ни ме!
Сега влегу, мајко, млад спаија
по селата дваес села, мајко, држа,
осумдесет моми, мајко, љубам.
Сете моми, мајко, киски носат,
сете моми, мајко, киски носат,
киски носат, мајко, за појасот
Киски носат, мајко, за појасот
мома Ѓурѓа, мајко, киска носи
за главата.
Сете киски, мајко, расцветени,
Ѓурѓината, мајко, овената:
Дали Ѓурѓа, мајко, болна лежи.
Дали Ѓурѓа, мајко, друго љуби?
Ај спреми ми, мајко, брза коња
ја ќе ода, мајко, нејно село…
31. На Почетокот од песната Стале Попов забележил дека ја чул од дедот Кулета. Поблиски податоци нема.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com