Стои невеста стреде двори
Стреде двори на мрамори,
На чорапи прошарени,
Co налони шиклосани.
Ка што стои с’зи рони
Прсти крши, коси корни.
А догледа свекрва и:
Ој невесто, мила снао,
Што си стоиш стреде двори,
Стреде двори на мрамори,
На чорапи прошарени,
Co налони шиклосани?
Варај мале, мила мале,
Дел ме питаш, ќе ти кажа
Срце ми е изгорено
Оти пуста рода немам,
Мој еснафки деца имат
Кој по две, а кој по три,
A ја немам нито едно.
Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов
Booking.com