Кинисува Марко и си нарачува
На негова премлада невеста:
Ој, невесто, мило мое добро,
Ти да станеш утре само рано
Да и скорнеш твојте измеќари,
Да и пуштиш во сури говеда
Да заколат крава јаловица,
Да умесат пет бели погачи,
Да наточат три здравици вино
И оште толко баш лута ракија.
Да си спрегнат таја четврт кола
Та да дојдиш на божио крштене,
Та на сете рака да му бакниш
А на мене рака и колено.
Кој да види млада да завиди,
Кој да чуе млада да заблази:
Балзе си му Марко со невеста!
Али ми е от куќа богата,
Али ми е от рода голема,
Али ми е от Марка учена?
He ми била от рода голема,
He ми била от куќа богата,
Току била от Марка учена.
Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов
Booking.com