Откријте го Мариово

Коња вјаа лудо младо,

Коња вјаа дури лета,

В’раци држи сиви сокол.

Што помина крај чешмата

Тамо стрете мало моме,

Поли фрчи, гајтан сфрчи,

Се уплаши сива коња,

My откина сиви сокол,

My откина брза коња,

Та си дојде дури дома

На мајка му на поплака:

Варај, мале, мила мале,

На пат стрету мало моме,

Поли фрчи, гајтан сфрчи,

Се уплаши брза коња,

Ми отлетна сиви сокол.

Варај сину, мили сину,

Сиви сокол ќе долета,

Брза коња ќе си дојде –

Лажи, мами, мала мома

Дури да ја излажиме,

Дури дома да доведиш.

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu