Мило Којче, малечкаво,
Бог да бие твојта мајка,
Што те пушти на планина,
На планина сос дружина.
Дружина е разгодила
Кој јаловар,24) кој мазничар
-Којчета го нагодиле
Со дробните шилежиња
Из ситната детелина,
Из честата чумерика.
Викна Којче та заплака:
Леле Боже, дур до Бога,
Ка ќе појда, ка ќе кажа
На мојот ми стари татко,
На мојата стара мајка!
Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов